[Best_Wordpress_Gallery id=”302″ gal_title=”NokenzivotPrilep02062016″]
130 МИЛИОНИ ПРЕГЛЕДИ: Цело семејство живее од ова видео веќе 6 години – ВИДЕО
“David after Dentist”, или “Давид после заболекар”, е едно од најпознатите видеа на Јутјуб.
Пред 6 години го сними Давид ДеВор постариот, кога видел во каква состојба е неговиот син после посетата на стоматолог.
Иако напочетокот сакал само да и го испрати видеото на сопругата Теси, на крајот го објавил на Јутјуб. Иако во моментот кога го објавил немал профил ниту на Јутјуб ниту на Фејсбук, се одлучил да го објави и да го сподели со целиот свет.
Видеото само во првите три дена собра повеќе од три милиони прегледи, додека денес брои 130 милиони.
Давид помладиот денесе е средношколец, а неговото семејство живее од видеото кое настанало во 2009 година.
А.Г.
Како да заштедите на летувањето?
Иако во моменти на опуштеност, тешко е да се воздржите од нагонот за купување и трошење пари некогаш е важно да не се препуштите на стихијата. За многумина годишниот одмор е време во кое трошат повеќе пари отколку што сакаат.
Ви препорачуваме неколку начини како можете да „заштедите“ и на годишниот одмор:
-Патувајте со пријатели – секогаш е поевтино доколку на пат одите повеќе лица.
-Резервирајте евтини летови – букирајте го својот лет преку некоја нискобуџетна авиокомпанија и заштедете пари.
-Во авионот не Ви требаат ниту кафе ниту сендвич – тоа дополнително ќе го платитите доколку летате со авиони на евтините авиокомпании, почекајте да слетате па одете во некој киоск.
-Пронајдете евтино патно осигурување – било какво патно осигурување е подобро од ниту едно. Во тој случај, доколку нешто се случи – ќе имате покриени трошоци.
-Истражете го приватното сместување – немојте веднаш да резервирате хотел.
-Обидете се да изнајмите куќа или апартман, ако одите на подолго време – поевтино е од хотел.
-Размислете за тоа во хотел да преспиете со цимер во соба. И поделете го трошокот напола.
-Поздравете се со мобилниот – немојте да го користите и заштедете на роминг.
-Проверете го својот пасош – доколку наскоро треба да истече, на време извадете нов.
-Пред да тргнете во сопствен аранжман, проверете ги и понудите на туристичките агенции. Ништо не Ве чини, а може да биде поевтино.
Ангажирајте туристички водичи.
-Доколку фатите WI-Fi, јавете се кај семејството преку Wats ap или Вибер.
-Користете страници за споредување на цените на летови и хотели.
-Паметно да ги трошите вашите пари – стиснете на запирачката кога ќе видете дека буџетот Ви се тенчи.
-Доколку патувате повеќемина – купете само еден шампон и паста за заби.
-Симнете ги бесплатните апликации за разгледување на градот.
-Доколку не морате на авион, размислете да заминете со автобус или автомобил. Може да биде поевтино, особено ако одите повеќемина.
-Бидете пофлексибилен! Прилагодете се на се и не лудувајте.
-Патувајте ноќе – не одете на долги автобуски патувања преку ден бидејќи ќе го загубите цел ден, а ќе морате потоа и да платите ноќевање.
-Запознајте се со локалните луѓе кои ќе ве упатат на најевтините ресторани и клубови.
-Доколку сте студент, понесете ја својата студентска картичка или индекс.
-Ако имате време и немате работа, размислете за тоа на патувањето да најдете работа – кој знае животот што Ви подготвува!
-Ранецот на грб и одете каде нозете ве носат. Шаторот од рајот излегол.
Потценети фудбалски мајстори: Најефтините играчи кои се покажале како најкорисни – ФОТО + ВИДЕО
Кога сите овие играчи би се собрале, Роналдо и Меси би ги купиле сите со неколку месечни плати.
Додека некои се платени со тешки милиони, а не работат ништо специјално на теренот, други вредно одработуваат и се трудат да го заработат секој денар и играат многу, многу подобро.
Тоа е чест случај во денешниот фудбал. Сепак, големите великани направиле и големи грешки на фудбалскиот пазар, од кои се срамат.
Меѓутоа, овој пат, за разлика од оние најскапите и најекстравагантните, се решивме да ве потсетиме на оние играчи кои во нивните клубови пристигнале за “ситница”, а се покажале како дијаманти.
10. Ријад Махрез – Од Ле Авр во Лестер за 500.000 евра
Феноменалниот Махрез е еден од најзаслужните за трофејот на Лестер во Премиер Лигата.
2. Хенрик Ларсон – бесплатно пристигна во Барселона
Искусниот голгетер донесе и повеќе од тоа што се очекуваше за Каталонскиот гигант.
8. Роберт Левандовски како слободен играч потпиша за Баерн Минхен
Што повеќе да се каже за играчот кој може да постигне 5 голови во 9 минути.
7. Андреа Пирло исто така без обештетување пристигна во Јувентус
Мајсторот за слободни удари, неповторлив освојувач на женските срца.
6. Ијан Рајт бесплатно потпиша за Кристал Палас
Многуте постигнати голови во понизок ранг го испратија во Арсенал, каде стана еден од најдобрите стрелци на тој клуб во историјата.
5. Естебан Камбиасо, за џабе во Интер
Нема кој не го сака келавиот Аргентинец.
4. Николас Анелка- за 630.000 евра од ПСЖ во Арсенал
Со свои 17 години премина во Аресенал и одигра 3 одлични сезони, особено последната во која постигна 17 погодоци.
3. Алесандро Дел Пиеро – од Падова во Јувентус за 275.000 евра
За тоа време тоа не било баш мал трансфер, но ако се соберат сите успеси на Дел Пиеро, тоа е најдобриот трансфер на сите времиња за “Старата Дама”.
2. Пол Погба – бесплатно од Манчестер Јунајтед во Јувентус
Погба денес вреди повеќе од 80 милиони евра.
- Петар Шмајхел – Од Бронби во Манчестер Јунајтед за 635.000 евра
Неверојатните осум сезони за “црвените ѓаволи”, го претворија данскиот голман во еден од најдобрите во 20-от век.
А.Г.
Има само 6 години, а прави сладолед за кој му нудат 2.000 долари – ВИДЕО
Шестгодишно момче кое стана популарно благодарејќи на своите рецепти кои ги постави на Јутјуб, доби понуда од Фејсбук, вредна 2000 долари, за откуп на авторските права.
Maлиот Нихал Раџ од Индија, познат под надимакот “кича”, започнал да готви кога имал само четири години, а го инспирирала неговата мајка која е професионален готвач. Кича направил свој сопствен блог за готвење, а од 2015 година има свој Јутјуб канал, каде ги поставува своите рецепти.
Најголемата слава ја постигнал кога го поставил видеото на кое прави сладолед во форма на Мики Маус со вкус на манго.
Погледнете го ова слатко детенце:
А.Г.
Прилепчанка се натпреваруваше на Вимблдон
На светскиот тениски турнир број еден, Вимблдон, првпат учествуваше прилепчанка. Таа е Амра Садиковиќ. Родена е во градов, во 1989 година, а сега живее во Швајцарија. Репрезентативка е на таа земја и настапува во Федерејшен купот
– Родена сум во Прилеп, но никогаш не сум живеела тука. Моите родители долго живееле во Десово. Сакам да доаѓам во тој крај, затоа што имам пошироко семејство. Претходната година бев во Македонија, во Десово. Роднините ме однесоа во Охрид, на езеро. Беше преубаво и ќе ми остане во спомен – вели Садиковиќ.
Почнала да игра тенис на девет години. Нејзиното име летово одекна во јавноста токму со настапот на најголемиот турнир, против најсилната противничка, Серена Вилијамс. Резултатот беше 2-0, но со силен отпор, во првиот сет 6-2, особено во вториот 6-4 за Американката. Претходно Садиковиќ успешно ги помина квалификациите.
На ВТА листата е на 148. место, а целта í е да биде меѓу 100. најдобри во светот.
Извор: НЕДЕЛНИК ЗЕНИТ
Резултати од државната матура до 15 јули
За десеттина дена или најдоцна на 15 јули ќе бидат објавени резултатите од државната матура, еден месец откога учениците од завршните години го полагаат третиот предмет предвиден со концептот: физика, хемија, биологија, бизнис, историја, филозофија или естетика велат од Државниот испитен центар.
Незадоволните учениците од оценките ќе имаат можност да поднесат приговор до училишната комисија,кој пак, ќе ги чини 1000 денари. Оние кои нема да се жалат, оценките ќе им се сметаат за конечни. Со испитот на зрелоста беа опфатени близу 17 илјади матуранти, тестирани беа по задолжителниот предмет мајчин јазик како и по предметот математика или странски јазик во зависност од изборот на ученикот. Надлежните рекоа дека тестирањето се спроведе без проблеми, со оглед на тоа дека е деветта година како се полага матура.
По завршувањето на екстерното тестирање пак, за учениците од четврто одделените до трета година средно до Државниот испитен центар поднесени биле 1.824 приговори, односно приговарано информираат оттаму е на 0,5% од тестовите. Прифатени се 18,4%, делумно прифатени се 21,2% од приговорите, додека 60,4% биле неосновани.
Најмногу приговори 1.000 поднесени се за предметите: математика, македонски, информатика, биологија и природни науки, a најчесто ученици се жалеле дека им недостасува 1 или 2 бода за петка. Прашањата за кои е констатирано дека се проблематични од технички или содржински карактер, а поради кои беа и усвоени дел од приговорите, ќе бидат избришани од базата на прашања соопштија од ДИЦ.
Оправдано отсутните ученици како и оние кои поради технички проблеми во училиштата не биле во можност да го завршат успешно тестирањето ќе бидат тестирани во августовската сесија , на 19 и 22 август.
Интервју со Сара Нешкоска, млад автор матурант гимназијалец кој неодамна го напиша својот прв роман
Mладоста е предност за многу работи, шанса за реализација на зацртаните планови, можност за сонување, но и за творење, за отворање и спознавање на нови светови. Матурантката Сара Нешкоска веќе започна да открива нови светови и преку мирисот на мастилото и хартијата да ги доловува новите тајни на сите останати. Неодамна го заврши својот прв роман насловен како “Дали се сеќаваш ?”, a за нас открива кои и се главните приоритети во иднина и што можат да очекуваат следно читателите од неа.
Од кога се занимаваш со пишување?
Со пишување започнав да се занимавам уште од мои 9 години започнувајќи со поезија, а потоа се повеќе и повеќе ме привелкуваше прозата и се свртив кон неа.
За што се работи во романот?
Самиот роман е проследен со љубовна тематика. Воглавно љубовта игра главна улога низ страниците, но не се изоставени и социјалните елементи.
Која беше инспирацијата за да го напишеш романот?
Насловот е тој кој одигра голема улога и ме предизвика да го создадам овој роман. Можеби носталгичноста по некои денови, моменти, личности… направи да го земам пенкалото и да почнам да творам.
Колку време ти беше потребно за да го завршиш?
Идејата за романот како и почетокот за истиот беше на 16 години, а го завршив една година подоцна.
Што би им препорачала на оние кои сакаат да пишуваат?
Би апелирала да пишуваат, да творат со огромна љубов, бидејќи пишаниот збор испратен од срцето никогаш не лаже. Има нешто магично што се крие во него: некоја идеја, некоја поука, некое чувство, сoживување, некаква смисла и моќ што привлекува да продолжиш да читаш и пишуваш, и потоа прераснува во навика која станува зараза и не те остава никогаш да се откажеш. Убаво би било кога на корицата од секоја книга би пишувало: Книгата е твој пријател, читањето не убива!
Што следно да очекуваат читателите?
Засега знам дека не би се откажала никогаш од пишување, бидејќи пишувањето ме исполнува, ме охрабрува и ми е верен пријател. А за во иднина се надевам дека овој роман ќе биде само навестување за наредни романи.
Ти благодараме и ти посакуваме многу успеси во иднина, како и многу други вака добро спакувани дела.
Благодарам и јас.
Следува промоција на романот на 4 јули во 18 часот во ресторант Македонска куќа.
Саботно кафе во Прилеп – 02.06.2016
[Best_Wordpress_Gallery id=”301″ gal_title=”СаботнокафеПрилеп02062016″]
„Македонија се сака на точак“: Испратете фотка и освојте 500 евра
Во тек е наградниот натпревар под мотото „Македонија се сака на точак“ организиран од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).
Наградниот натпревар се одвива преку социјалната мрежа Facebook, каде треба да се прикачи фотографија со велосипед, која не е направена при управување на велосипедот, но е направена на територијата на Република Македонија.
Повеќе од 100 учесници се пријавени на натпреварот а вкупната бројка на фотографии изнесува повеќе од 240.
Натпреварот ќе трае до 15 Септември 2016 година додека победниците ќе бидат објавени по завршување на наградниот натпревар.
Наградната игра може да се најде на следниот линк.
Изборот за највисоката парична награда (во вредност од 30.000,00 денари) ќе биде наменета за најубавата фотографија избрана од жири комисија составена од 5 члена, додека парични награди од 18.000 ден, 12.000 ден и 6.000 ден ќе бидат доделени на фотографиите кои ќе освојат најголем број на гласови/лајкови.














































