дома блог страница 5267

ТИ ЌЕ МИ ШПИОНИРАШ ВО ЗЕМЈАТА: Руски полицаец му го скршил рамото на Американски дипломат – сорабтник на ЦИА!

Американскиот весник „The Washington Post“ објави дека соработник на руските служби за државна безбедност во центарот на Москва нападнал дипломат на САД, тврдејќи дека припадникот на ФСБ кој бил во униформа исто така се нафрлил врз американскиот дипломат кој влегувал во зградата на амбасадата на САД во Москва.

rus-amerikanac

Најверојатно „американскиот дипломат“ во тој судир се здобил со скршеница на рамото, па бил принуден да ја напушти Русија поради лекување.

„Вашингтон пост“ припадникот на ФСБ го нарекува „припадник на службата за обезбедување на објекти“ и пишувајќи за причината за нападот, нагласува дека најверојатно Американецот работел на шпионуирање за САД, криејќи се зад статусот дипломат.

Министерството за надворешни работи на Русија соопштува дека „американскиот дипломат“ според кој, како што пишуваат американските медиуми, во Москва применил сила и како соработник на ЦИА нападнал полицајци кои ја обезбедуваат амбасадата во Москва.

 

„Познато е дека тој дипломат е во суштина соработник на ЦИА. Таа ноќ маскиран се враќал од разузнавачка операција. И, дали бил премногу нервозен па сакал едноставно без легитимација да влезе во амбасадата, и поради тоа дошло до инцидентот? Кога бил застанат почнал да „мафта“ со рацете. Всушност, соговорниците на „Вашингтон Пост“ не кријат дека позади дипломатскиот пасош се крие оперативец на ЦИА. А, скршеното рамо е само „научна фантастика“. Како би можел дипломат со таква повреда, кога веќе влегол во амбасадата, можел мирно да си ја поправи фризурата, стоејќи пред огледало? А, токму тоа се гледа на снимката која ја покажаа Американците“, вели Марија Захарова, портпарол на руското МНР.

„Нашиот полицаец кој бил дежурен и ја обезбедувал амбасадата на САД, сакал да ја провери документацијата на човекот кој изгледал сомнително, за да се увери дека не постои закана по дипломатското претставништво на САД. Меѓутоа, Американецот со лакт го удрил во лице наместо да му ја покаже легитимацијата! Дошло до тепачка во која оперативецот го оттрунал полицаецот и се сокрил во амбасадата“.

„Вашингтон бараше Русија да ја обезбеди амбасадата на САД во Москва со полициско обезбедување“, вели Захарова нагласувајќи дека руските полицајци совесно ја штитат територијата на амбасадата од упадите од надвор, и дека САД треба да бидат благодарни на полицаецот кој ја работел својата работа и му го покажале местото на „дипломатот“ кој се однесувал како хулиган.

 

ФОТО ГАЛЕРИЈА – Започна Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“

11

Со дефиле на учесниците и нивна изведба на изворни народни песни во центарот на Прилеп вечерва започна 42-риот Меѓународен фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“.

Од преку 500 пријавени, годинава учествуваат околу 350 поединци и групи од цела Македонија и од Србија, Бугарија, Русија и од Австралија.
Според уметничкиот директор Родна Величковска од Институтот за фолклор од Скопје, Фестивалот успешно ја негува и ја зачувува изворната фолклорна традиција во Македонија, а таа се пренесува на младите поколенија.

„Доказ за тоа се големиот број нови млади учесници на Фестивалот кои се заинтересирани да ги изучуваат народните инструменти и песни, посочи Величковска во својата изјава.

[Best_Wordpress_Gallery id=”300″ gal_title=”ПецеАтанасоски”]

Утре напладне во киното „Мис Стон“ ќе се одржи реконструкција на стар градски обичај „Тајане Бојане“ по повод празникот Иванден, обичај со длабоки корени во традицијата на прилепскиот крај.
Утревечер од 18 часот на Рудина кај Долнени ќе се одржи втората фестивалска вечер.

Во меѓувреме на Фестивалот трета година по ред се одржува Семинарот за изучување на народни инструменти и изворен мелос на кој 30 учесници од Македонија, Русија и Србија теоретски и практично ги изучуваат инструментите гајдат, кавал, тапан и зурла.

Фестивалот ќе ги награди најдобрите учесници, ќе додели Гран при награда, а странски гајдаџија ќе ја добие „Гајдата на Пеце Атанасовски“ што ја доделува општината Долнени.

Сите ги обожаваме, но дали знаете што се има во гумите за џвакање?

CWA7MD Young woman blowing bubble gum

Првата гума за џвакање е патентирана во САД, во далечната 1869-та година, а денес ретко кој може да замисли да го помине денот без познатите мастики.

 

CWA7MD Young woman blowing bubble gum

Тие се постојано присутни кај сите генерации, како за младите така и за повозрасните.

Неодамна многумина се загрижија од сознанието дека гумите за џвакање без шеќер содржат аспартам, супстанца што некои ја нарекуваат „благ отров“ што се прави од пластика.

Гумите за џвакање се произведуваат на база на гума, засладувачи, материи за омекнување и за згуснување, ароми, средства за боење и конзерванси. Поливинил ацетат е една од состојките на гумите за џвакање, а се користи и за изработка на лепак.

Oткриена најголемата тајна на светот: Нафтата е измама, пронаоѓач од Бразил вози мотор на вода – ВИДЕО

motor-na-vodu-640x411

Неодамна се прошири веста дека Бразилецот Том Оглеа  вози мотор кој како гориво користи исклучиво вода. Сигурно не е во прашање нешто ново, но нафтените компании обично ги подмитуваат луѓето или таквите поединци настрадуваат под неразјаснети околности.

Нафтата никогаш не ни била потребна како гориво. Поседуваме технологија со помош на која можеме да патуваме целосно бесплатно, користејќи вода.

rikardo-azevedo-brazil

Toj го покажа својот магичен мотор пред целиот свет. Оваа магична направа може да помине и до 500 километри со само еден литар вода.

Погледнете го видеото:

 

Не тргнувајте на одмор без неопходните лекови

Годишните одмори се во полн ек, а најголем дел од македонските граѓани кои ќе патуваат во странство ја подготвуваат домашната подвижна патна аптека.

lekovi-odmor.jpg-700

Заради високите температури први на листата се кремите против изгореници, но и препаратите за заштита од каснување од инсекти. Во летните торби за прва помош се присутни и лекови за висока температура, против болки, за настинка, крвен притисок, стомачни тегови, пролив и повраќање, најчесто “линекс” или други видови на пробиотици, но и прашоци – електролити за дехидрација и при дијареа.

Задолжително дел од приборот се и спреј за рани и изгореници, крема за заштита од медузии, алергии, заштита од сонце, гел за миење раце…

Лекарите од дополнителниот прибор ги препорачуваат очилата за сонце, капа или шапка, а истовремено и препорачуваат да се пие флаширана вода.

Во летната аптека може да се најдат: фластер, завои, електронските апарати за заштита од комарци, од вирусот зика, нилска треска и маларија, но и друг вид на инсекти. Но доколку хемикалиите пречат и создаваат алергии може да се користат и природни лекови. Меѓу нив се нането, лавандата, ајдучката трева и камилицата кои содржат есенцијални масла кои имаат способност да ги блокираат центрите за дишење на комарците и така штитат од каснување.
Комарците се најактивни во зора и во самрак, односно кога ветерот е најслаб и кога има најмногу влага. Кремите и лосионите за заштита од комарците на кожата делуваат до 90 минути.

За да нема изгореници по телото, дерматолозите препорачуваат за заштита на лицето да се користи крема која има заштитен фактор 50, а за тело може и со помал фактор, 30 или 20.

Матичните лекари препорачуваат хронично болните лица да си ја носат со себе редовната терапија. Бебињата и малите деца внимателно да се сончаат и во периодот од 11 до 17 часот да не се носат на плажа. Модерните времиња носат и нов начин на комуникација со матичните лекари. Голем број лица кога се во странство преку интернет или телефонски се во контакт со своите матични лекари и се советуваат каква терапија да користат во одредени состојби.

Тие потсетуваат дека кога се патува во странство во земјите каде што Фондот за здравствено осигурување на Македонија има потпишано договор за здравствено осигурување, да не се носат медикаменти, но задолжително да се поседува потребната потврда која ќе им овозможи бесплатни здравствени услуги.

Со Грција ваков договор не е потпишан затоа се препорачува патничко осигурување од некоја осигурителна куќа, бидејќи со нив може да се покрие секоја медицинска услуга.
Лекарите исто така советуваат на своја рака да не се користат антибиотици, бидејќи некој од нив како што е антибиотикот “цитерал“ може од дејството на сонцето да предизвика алергиски реакции, па дури и гушење.

Сончево и топло, попладне со пороен дожд

Времето во Македонија претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност.

soncevo-leto

Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме. Позастапени процесите ќе бидат во крајните источни делови.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 20, а дневната од 28 до 36 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне и во вечерните часови нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температура до 19, а дневната ќе достигне до 34 степени.

Од недела до вторник ќе преовладува стабилно време со слаб до умерен, а во понеделник повремено засилен северен ветер. Дневната температура ќе биде во благо опаѓање.

ЗАСТРАШУВАЧКО ВИДЕО: Бизон му се одмаздува на лав во неверојатна борба до смрт

Screenshot_7-63-640x449

Лавовите обично ги ловат бизоните, бидејќи поради големината им обезбедуваат храна за неколку дена. Иако бизоните се далеку поголеми животни, тие се држат што подалеку од лавовите. Сепак, во овој случај, што е вистинска реткост, токму бизонот се одлучува на напад и одмазда.

Погледнете:

А.Г.

Maкедонски филм на пат да го освои првото место: Гласајте и вие!

Den 2

Единствениот македонски филм на натпреварот „MyRodeReel“ во моментот се наоѓа на 14тото место од вкупно 1225 филмови !

3

Останаа уште само 2 дена гласање, да им помогнеме на овие наши млади уметници!

Краткиот филм на метафоричен начин ја покажува бесмисленоста на војната и се обидува да ги долови најосновните чувства на оние погодени од истата.

DSC09567

Тие го направија своето, ред е на нас!

За да гласате кликнете на следниов линк:

http://www.rode.com/myrodereel/watch/entry/2728

Poster-JPEG-Web

Дечките од филмот беа многу добри да ни пратат како точно ја креираа сцената во пост продукција, истата можете да ја погледнете подолу:

Ново финале за македонските одбојкари

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија повторно се пласира во финалето на Европската лига.

 

makedonski-odbojkari-640x294

Македонските одбојкари ја победија Австрија во полуфиналето на завршниот „Фајнал-фор“ турнир во Европската лига со 3-2 во сетови.

Избраниците на селекторот Жарко Ристовски по голема борба го добија првиот сет со 25:23, но Австријците возвратија во иста мерка во вториот сет (23:25). Во третиот лошата игра пред се во нападот резултираше со само седумнаесет одвоени поени (17:25), по што Австрија поведе со 2-1 во сетови. Сепак црвено-жолтите не се предадоа, па по четвртиот сет кој го добија со 25:19 се вратија во игра.

Во решавачкиот пети сет, нашите одбојкари ја искористија третата меч топка, па откако го добија сетот со 15:13 и мечот со 3-2 во сетови можеа да го прославуваат своето второ во низа учество во финалето на ова натпреварување.

А во финалето кое на програмата е во недела од 17 часот, Македонија за противник ќе ја има подобрата селекција од вториот полуфинален меч кој се игра попладнево, а во кој домаќинот Бугарија се среќава со Естонија.

Трагедија: Македонец починал од маларија – се разболел во Африка

komarec-800x510

Маж почина од маларија. Пред два месеци со симптоми на тешкото заболување, во Македонија му била потврдено дека болеста е од комарец, што предизвикува маларија. Болниот бил на работа во Африка каде се разболел, пренесе Канал 5.

Доктор Караџоски од Институтот за јавно здравје објаснува дека во Македонија маларија нема.

Во Македонија нема маларија, туку сите случаи се увозни што значи заболените биле во земји каде ја има маларијата. Најчесто работат на нафтени платформи или прашуми. Кај нас болниот се хоспитализира така да не може да се пренесе каснување од комарец од заболен, вели д­р. Жарко Караџоски.

Докторите со порака сите оние кои одат во земји каде има вакви заболувања, задолжително да се информираат во центрите за јавно здравје за потребни вакцини, бидејќи некои болести завршуваат со смрт.

Никој од нив не бил заштитен со терапија, пред да заминат. Секој кој оди во вакви земји треба во центрите за јавно здравје да се информира дали и какви заболувања има, како да се заштитат, како да ја земат терапијата, вели др. Караџоски за телевизијата.

Во 2016 година од Македонија тројца луѓе се со маларија што ја добиле додека работеле во африканските земји, пренесе Канал 5.