дома блог страница 5265

Склучена Балканска зделка на векот: Динамо Загреб продава тандем за 35 милиони евра

Договорот е постигнат, сега се чека согласност од играчите. Се покажа уште еднаш дека Динамо Загреб е пред сите останати клубови на просторите на екс Југославија.

12

Звучи неверојатно, но медиумите од Италија добија потврда дека делегација на Наполи патувала во Загреб и склучила голема зделка со Динамо. Наполитанците понудиле 35 милиони евра за Марко Пјаца и Марко Рог, а челниците на Динамо Загреб се согласиле.

Двајцата играчи имаат по 21 година, двајцата се репрезентативци на Хрватска, сумата за нив е навистина голема, па останува уште да се согласат тие и ова да биди зделка на летото во Сериа А.

Рог е поблиску до синиот дрес од Пјаца, кој сепак гледа кон поголемите клубови. Него го сакаат клубови од Премиер лигата, но за него се заинтересирани и Јувентус и Милан, што секако е попримамливо од Наполи.

Како што пишува италијанскиот новинар Алфредо Педула, останува уште Наполи да најде заеднички јазик со овие двајца квалитетни играчи, а како уште една опција се спомнува и Анте Чорич, кого исто така сакаат да го доведат, но тој бил бил опција само ако Пјаца замине во друг клуб.

Како и да е, Здравко Мамич од Динамо Загреб одново им покажа на останатите клубови како се работи на пазарот. Ваков трансфер е незамислив, но за Динамо станува рутина.

 

А.Г.

Крици, вресок и неверување: Нова необјавена снимка од терористичкиот напад на кулите близначки (ВИДЕО)

erijytdjhf

Не е познато зошто оваа снимка до сега не беше објавена, но од неа, од сосема нов агол се гледа као изгледаше страотното рушење на двете кули од Светскиот тговски центар на 11 септември 2001 година.

Случаен минувач го снимил моментот кога авионот удира во една од кулите и не можел да верува што гледа. Јасно се гледаат и луѓето што се испаничени, исплашени и бараат помош.

Погледнете го видеото:

ВИДЕО – Навивањето на Исланѓаните кое целосно од одзема здивот!

navijanje-na-islandu-foto-printscreen-1467637915-942921

Исланд со поразот од Франција од 2:5 се прости од Европското првенство во Франција, но без разлика на тоа, фудбалските репрезентативци на оваа земја се херои на нацијата.

Navijači u Rejkjaviku posle eliminacije fudbalera nisu bili tužni, naprotiv, više od 10.000 ljudi pozdravilo je njihov uspeh prepoznatljivim uzvikom.

Навивачите во Рејкјавик после елиминацијата на фудбалерите не беа тажни, напротив, повеќе од 10 000 луѓе го поздравија нивниот успех со препознатливото навивање.

Погледете го видеото кое со сигурност ќе ви го одземе здивот:

А.Г.

 

Лејди Гага конечно положи за возачка дозвола: Погледнете колку оригинално го прослави тој момент

Популарната пејачка имала така наречена возачка дозвола за почетници, односно можела да вози, но секогаш со надзор на возрасна личност.

lejdi

Откако го положила возачкиот испит, пејачката излегла од автомобилот и се фрлила на колена. Потоа објави фотографија на Инстаграм преку која му се заблагодарува на Бога.

gaga

A.Г.

 

УЖАС: Магионичар го згреши трикот, водителката вриштеше од болка (ВИДЕО)

Полска водителка се превитка од болка кога магионичар ѝ ја наби раката на шајка.

 

1

Марзена Рогалска му асистираше на магионичар во емисија во живо, но трикот не заврши според планираното.

Водителката требаше да избере коjа кеса да ја згмечи со дланката (во една од кесите имаше шајка). Магионичарот самоуверено ѝ ја турна раката надолу, но таа започна да вика од болка.

Со цел да ги увери своите фанови дека е во ред, Марзена објави фотографија по посетата на болница, каде примила инјекција против тетанус и добила преврска на раката.

 

2

Владина поддршка за лицата со инвалидност за набавка на автомобил

Од денеска па до 30 септември лицата со инвалидност во центрите за социјални работи ќе може да аплицираат за новиот владин проект преку  кој ќе добијат поддршка за набавка на автомобили.

700

На  лицата со најмалку 80% инвалидност на долните екстремитети, потполно слепите лица и глуви лица и лицата со умерена, тешка и длабока интелектуална попреченост ќе им бидат рефундираат средства до 180.000 денари платени за царински давачки, данок на додадена вредност и акциза за набавка на патнички автомобил.

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов истакна дека овој проект ќе овозможи  полесна мобилност на лицата со инвалидност и вклученост во заедницата.

-Почнувајќи од денес секое лице кое припаѓа на некои од наведените категории или пак родител или старател може да поднесе барање до надлежниот Центар за социјална работа кое ќе биде разгледано од комисијата за рефундирање на средства за набавка на патнички автомобил, рече Спасов.

За рефундирање на средства за набавка на автомобил лицата со инвалидност ќе треба да ги поднесат следните документи:

-Наод, оцена и мислење од надлежна комисија за утврдено телесно оштетување од најмалку 80% на долните екстремитети, за утврдена умерена, тешка и длабока ментална попреченост, за потполно слепило и потполна глувост.

-Примерок или заварена копија од царинска декларација не постари од 12 месеци од денот на подмирување на царинските давачки и акцизи при увоз на патнички автомобил, издадени од царински орган.

-Доказ за платен данок на додадена вредност при набавка на патничкиот автомобил и друга пропратна документација.

-По завршувањето на огласот посебна Комисија ќе изврши увид во домот на барателот , а откако ќе заврши рокот за доставување на барање Комисијата за рефундирање на средтвата за набавка на патнички автомобили ќе одлучува во однос на поднесените барања и извршениот увид во домот на лицата, истакна Спасов.

Спасов посочи дека ќе бидат рефундирани средства за 50 автомобили, а приоритет ќе имаат лицата со инвалидност  кои што имаат пониски приходи, оние кои активно бараат работа или пак во семејството имаат повеќе лица со инвалидност.

-Со овој проект се реализира уште едно ветување за лицата со инвалидност, се реализира уште едно барање на националните сојузи на лицата со инвалидност, и со него ќе продолжиме да го подобруваме животот на лицата кои имаат најголема потреба од поддршка, рече министерот за труд и социјална политика.

Тој ги повика сите заинтересирани да ја искористат оваа можност, со која, како што рече, ќе им овозможи заштета на финансиски средства.

Дополнителни информации за огласот, заинтересираните можат да добијат во МТСП, на веб-страната на Министерството и во сите центри за социјална работа.

За реализација на овој проект Министерството за труд и социјална политика од буџетот изводи 9.000.000 денари.

Невидени сцени во финале- општа тепачка меѓу грчките и хрватски ватерполисти

Хрватските јуниори се победници на меѓународниот турнир во ватерполо кој се одржуваше во Белград. Хрватите водеа со 11:9 против репрезентацијата на Грција на четири минути пред крајот на финалето, кога започнала општа тепачка во базенот.

vaterpolo

Грчката страна вели дека судиите постојано им гледале низ прсти на хрватските натпреварувачи, кои покажале посебно груба и агресивна игра.

Кулминацијата се случила кога еден хрватски играч удрил Грк. Тогаш сите од клупата се фрлиле во базенот каде неколку минути траел општ хаос.

Кога нередите се завршија, натпреварот продолжи со стариот резултат, по што Хрватите беа прогласени за победници.

Добивале плата, а 15 години не доаѓале на работа

Двајца вработени во Градскиот совет на Херез де ла Фронтер, во покраината Андалузија во Шпанија се отпуштени откако беше утврдено дека речиси 15 години не се појавиле на работните места.

administracija-spanija

Двајцата мажи во текот тој временски период уредно примале плата, а грешката е откриена кога било утврдено дека возачот и градинарот не работеле од јануари 2015 година до мај 2016 година.

Со понатамошните истражувања утврдено е дека периодот на нивното отсуство е многу подолг и дека во последните 15 години не дошле ниту еден ден на работа.

Генералната унија на работници наведува дека вработените едноставно ги искористиле насобраните прекувремени часови кои се претворени во слободни денови и дека целиот случај е целосно легален.

Унијата дозволува размена на слободни денови меѓу работниците и наведува дека мажите исто така ги искористиле слободните денови на своите колеги.

Од друга страна, Градскиот совет образложи во соопштението дека едноставно сака да се елиминираат неправедно стекнатите навики на работниците кои предизвикуваат значителна штета, како и на самиот совет и неговите услуги, така и на ошетената градска каса.

Во истата покраина минатата година е казнет 69-годишен Шпанец откако функционери на јавната администрација каде што работел открија дека шест години не се појавил на работното место.

Диета за забавување на стареењето

Причината поради која повеќето луѓе држат диета е потребата да загубарт вишок килограми или неколку сантиметри, но постојат диети и начини на исхрана дизајнирани за да влијаат врз здравјето поинаку.

dieta1

Постојат докази дека драстичното кратење калории и исхраната на одреден начин пет пати дневно всушност ги забавува ефектите на стареење и го намалува ризикот од заболување како што се рак, срцеви болести и дијабетес.

Диетата се нарекува „диета што имитира пост“ и експертите наведуваат дека истата е во состојба да го трансформира телото на личноста.

Питер Бовс, кој учествувал во студијата спроведена за докажување на корисните ефекти на оваа диета објаснува дека овој начин на исхрана не треба да се гледа како диета, туку како „инвестиција во иднината“. Ова наводно ги поттикнува регенеративните процеси во организмот и го подобрува здравјето на подолги патеки. Доколку оваа теорија се покаже како точна, диетата го намалува ризикот од рак и од дијабетес, го зајакнува имунолошкиот систем и ги подобрува когнитивните способности.

Луѓето што ја држат оваа диета го губат вишокот килограми, но тоа, како што наведуваат експертите не е приоритет, туку споредна појава.

Диетата всушност е мошне едноставна. Пет последователни дена во месецот учесниците треба драстично да го намалат внесувањето калории, до две третини од просечниот дневен износ. Првиот ден консумираат 1.090 калории (10 отсто протеини, 56 отсто масти, 34 отсто јаглени хидрати), а од вториот до петтиот ден 725 калории (9 отсто протеини, 44 отсто масти, 47 отсто јаглен хидрати). Најголемиот дел јаглен хидрати доаѓа од зеленчукот.

Сепак, оваа диета не е ниту лесна, ниту едноставна. Бовс пишува дека поголемиот дел од учесниците во студијата на почетокот имале главоболки и дехидрација или исцрпеност, но и подобрени ментални функции. Останатите 25 учесници во студијата се исхранувале вообичаено.

Студијата траела три месеци, а Валтер Лонго, професор по геронтологија и б иологија смета дека бенефитите од ваквиот режим би можеле да се постигнат ако програмата на исхрана се следи три до четири пати месечно.

Ќе ве насмее до солзи: Направена жива комедија од синоќешниот пенал на Симоне Ѕаѕа – ВИДЕО

simone-zaza-italy-ireland-euro-2016_5iuyk346se141rknaizd4xqj4

Германија и Италија одиграа не толку атрактивни 120 минути во претпоследниот четвртфинален меч на Европското првенство, но затоа пенал рулетот беше доста неизвесен и долг.

Многуте промашени удари од белата точка и понекоја одбрана на голманите, беа причина за победникот да се дознае после деветтата пенал серија.

Едно такво големо промашување имаше и италијанскиот напаѓач Симоне Ѕаѕа, кој влезе во последните моменти на натпреварот, токму за биење на пеналите.

Неговиот удар наиде на низа шеги и потсмев, па само во еден ден се направија многу пародии од изведбата на овој пенал.

Погледнете ја според нас најдобрата:

А.Г.