130 МИЛИОНИ ПРЕГЛЕДИ: Цело семејство живее од ова видео веќе 6 години – ВИДЕО

david-nakon-zubara-printskrin-1435176540-686715

“David after Dentist”, или “Давид после заболекар”, е едно од најпознатите видеа на Јутјуб.

Пред 6 години го сними Давид ДеВор постариот, кога видел во каква состојба е неговиот син после посетата на стоматолог.

Иако напочетокот сакал само да и го испрати видеото на сопругата Теси, на крајот го објавил на Јутјуб. Иако во моментот кога го објавил немал профил ниту на Јутјуб ниту на Фејсбук, се одлучил да го објави и да го сподели со целиот свет.

Видеото само во првите три дена собра повеќе од три милиони прегледи, додека денес брои 130 милиони.

Давид помладиот денесе е средношколец, а неговото семејство живее од видеото кое настанало во 2009 година.

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.