дома блог страница 5255

ГАЛЕРИЈА: Во Прилеп за прв пат се одржа “Македонски иселенички фестивал”

20

За прв пат оваа година градот под Марковите кули беше домаќин на Македонски иселенички фестивал, на кој настапија голем број на музички имиња од Европските земји и Австралија.

Организаторот и уметничкиот директор Орце Ристевски вели дека ова е негова идеја, стара 45 години и дека конечно го реализира фестивалот за македонски иселеници.

Градоначалникот Марјан Ристески ја поздрави иницијативата, посочувајќи дека со овој фестивал се негуваат корените на сите иселеници не само од градот туку и од земјава. Организаторите најавија, овој нов музички фестивал во Македонија ќе стане наша тредиција.

[Best_Wordpress_Gallery id=”313″ gal_title=”ИселеницкиФестивал”]

 

ЛЕТААТ НА СИТЕ СТРАНИ: Вака се убиваат терористи на патот на смртта во Алепо – ВИДЕО

Izdvojena-alnusra

Патот Кастело, последниот коридор на терористите кон Алепо, кој Сириската армија го стави под своја вооружена контрола, се претвори во пат на смртта за борците на Ал Нусра. Според нивно признавање, само во текот на последниот обид да го ослободат коридорот и да ја потиснат Сириската армија, загинале 72 борци на оваа терористичка организација, од кои 7 се високи офицери.

Сириската војска, со силна поддршка на руската авијација, цврсто ја држи под контрола фармата Малах, од каде има јасен поглед кон патот Кастело и ги уништува сите кои се движат по него. Сириски официјални извори потврдија дека без руската поддршка од воздух, не би успеале да ги задржат своите позиции на сверот во Алепо.

Погледнете го ова уништување на борците на Ал Нусра:

А.Г.

Дали знаете што се наоѓа во пакувањето за прва помош? Еве што се продава – ВИДЕО

11

Пакувањето за прва помош може да биде клучно за спасување на живот при сообраајна незгода или за санирање на било каква повреда при патување.

Видеото кое следи ќе ве натера веднаш да оттрчате до вашиот автомобил и да го проверете вашето пакување за прва помош.

Еве што се продава низ Србија:

А.Г.

ФОТО: Оваа банкнота од 50 динари може да ја замените за 8000 евра

Станува збор за банкнота која датира од 1914, за која колекционерите тврдат дека вреди 8000 евра. Во прашање е пара која е рачно насликана од српската импресионистичка сликарка Бета Вуканович и е позната по својат розе-виолетова боја.

 

banknota

Банкнотата е позната под името „пегавац“, па доколку некогаш наидете на некоја стара и пожолтена пара од вашата баба, распрашајте се која е ејзината вредност, можеби чини мало богатство.

EКСКЛУЗИВНО ВИДЕО+ФОТО – Вознемирувачка содржина од екстремните скокови на “Meрмерното езеро”

Meрмерното езеро  во селото Беловодица во Прилеп, привлекува и по неколку стотици посетители во текот на денот. Особено за викендите, тука е преполно. Прилепчани својот излез од топлотната жега го пронајдоа над малото заборавено селце Беловодица, во езерцето кое настана на местото на некогашниот рудник за мермер.

13633473_10208515273310812_1510375016_o

Прилепското “Памук Кале” како што популарно се нарекува месетото, го привлече вниманието и на неколку нуркачи, кои во текот на вчерашниот ден констатираа дека длабочината на езерото е 15 метри.

13621371_10208515273270811_687433699_o

Освен оние кои доаѓаат и ја почитуваат природата, сакајќи ова место да остане чисто, достапно и да не се предизвика проблем, поради кој ќе биде забрането, има и такви кои доаѓаат и ја предизвикуваат природата, правејќи различни егзибиции на мермерните етажи.

Поранешните вработени во рудникот за мермер Беловодица предупредуваат, дека не е познато колкава е стабилноста на огромните мермерни блокови кои се издигаат над езерото, па реагираат по социјалните мрежи на ваквото однесување на поединци.

13616305_10208515273230810_1934034940_o

Ние исто така ќе апелираме посетителите да внимаваат, да ја зачуваат оваа недопрена и кристално чиста природна околина, да не фрлаат отпадоци и да се однесуваат покорно кон природата, затоа што таа може да биде добар слуга, но и строг господар.

13639388_10208515273190809_1429652171_o

Ваквите слики на теренски возила кои  висат по мермерните блокови и адреналисти кои скокаат од истите, го загрозуваат престојот на сите други кои се разладуваат во тиркизната вода на езерцето.

 

Повеќе од 200 уапсени во протести во САД

Повеќе од 200 луѓе се уапсени во САД за време на протестите минатата ноќ против полициското насилство врз Афроамериканците, соопштија локалните власти.

protesti-teksas

Гневот на Американците поради убиството на двајца Афроамериканци минатата недела од страна на полицијата не стивнува, а меѓу уапсените демонстранти се наоѓаат и истакнати активисти на движењето „Животите на црномурестите се важни“.

Повеќето протести биле мирни, а најмногу демонстранти се собрале во Њујорк, Лос Анџелес и Сан Франциско.

Властите тврдат дека во Сент Пол во Минесота избиле големи немири, во кои се уапсени 102 лица.

Демонстрантите блокирале автопат и ги нападнале полицајците со камења, шишиња, пиротехнички средства, Молотови коктели и метални шипки.

– Во судирите се повредени 21 припадник на полицијата, а еден од нив се здобил со повреди откако од еден надвозник врз глава му било фрлено парче бетон од 12 килограми, изјави портпаролот на полицијата Стив Линдерс.

Во градот Батон Руж биле уапсени над 100 демонстранти.

СООПШТЕНИЕ ОД ФУДБАЛСКИОТ КЛУБ ПОБЕДА: Мегленски и Карчески остануваат

13649487_10209923294662968_422778054_n

Ја известуваме фудбалската јавност дека на радост на клупското раководство на ФК Победа, доцна синоќа успеавме да договориме продолжување на договорите со Мегленски и Карчески. Тие ги прифатија првично понудените услови и нема да играат за ,,без пари,,. Мегленски покрај играч ќе биде и помошник тренер за развој на млади фудбалери. Тие се битни фудбалери кои оставиле трага во фудбалската историја. Благодарност и до дел од НК ,,Мајмуни,, кои помогнаа во решавањето на целата ситуација. Нашата цел е да направиме достоен клуб составен претежно од прилепски млади фудбалери кои во иднина ќе бидат носители и на клубот, но и на македонската фудбалска репрезентација и таа клупска политика почнавме да ја реализираме, но потребно е трпение и време. ФК Победа не е еден фудбалер и никогаш нема да зависи од поединци кои се ставаат над сите. Тоа од вчера на сите им е јасно!

Со почит, ФК Победа

Екипата е веќе во Банско на седум дневни  подготовки, каде ќе одигра пријателски натпревари со Пелистер на 12-ти и Академија Пандев на 17-ти јули.

 

Сообраќајна незгода на булеварот “Гоце Делчев”: Ауди удри во жена со велосипед

DSCN0919Markukule

Вечерва околу 20:00 часот на раскрсницата помеѓу булеварот “Гоце Делчев” и улицата “Јоле Андоноски” во Прилеп, се случи сообраќајна незгода во која возило марка Ауди А4 удрило во жена на велосипед.

Според податоците од очевидците жената ја преминувала улицата со велосипедот, кога на неа налетало црно Ауди, при што од ударот жената летнала неколку метри на асфалтот.

Брзата помош со голема брзина ја пренела повредената во општата болница во Прилеп. За сега нема информации со какви повреди се здобила.

Полицијата е на лице место, врши увид и распит на возачот на автомобилот.

DSCN0920Markukule

Дете тешко повредено во сообраќајка во Прилеп

Во Прилеп на ул.„Цане Коњарец“ вчера се случила сообраќајна незгода.

soobrakajka-pesak-640x360-40115

Во незгодата С.Н.(1986) од Прилеп, управувајќи возило„Хонда“ со прилепски регистарски ознаки, удрила во пешакот на возраст од 8 години од Прилеп.

Во незгодата со тешки телесни повреди (фрактура на глава) се здобил пешакот кој од Општата болница во Прилеп е препратен во Клинички Центар-Скопје за понатамошно лекување.

Увид на лице место извршила екипа од полициската станица во Прилеп.