дома блог страница 5254

Поради повредата, Роналдо пред рекордна пауза во кариерата

Најдобриот играч на Португалија, Кристијано Роналдо најверојатно ќе помине пет месеци надвор од терените.

 

ronaldo-povreda-640x864

Вчера дел од медиумите објавија информација дека Роналдо поради повредата во финалето на Европското првенство одржано во Франција најмалку еден месец ќе биде надвор од терените, но ден подоцна алармантни информации стигнуваат од Мадрид.

Извештаите од Шпанија, но и од португалските доктори, велат дека при повредата дошло до парцијална руптура на предниот вкрстен лигамент, што доколку се потврди ќе значи пауза од 5 месеци за Португалецот.

Потврдата на ваквата повреда значи дека Роналдо покрај Супер купот на Европа, ќе го пропушти почетокот на шпанската лига, но и Лигата на шампионите.

Денеска е Петровден – помолете се и заблагодарете се

Денеска е Св. апостоли Петар и Павле – Петровден.

petar-i-pavle

Со овој празник завршува еден од четирите повеќедневни пости во годината, кој е врзан за празникот на Апостолите. Денес црквата ги слави двајцата врховни апостоли Петар и Павле. А и историски нивниот празник се утврди пред празникот посветен на 12-те, т.е. на сите апостоли. Апостолот Петар се прославува како образец на цврстата и искрена вера, а Павле како оној кој најмогу се потрудил во проповедањето на распнатиот и воскреснат Исус Христос. Инаку тие, како и сите останати апостоли, имаат свои посебни празници во текот на богослужбеното годишно време.

Еден од најзначајните настани на Петровден е почетокот на традиционалната Галичка свадба.

За Петровден, според фолклористот Марко Kитевски, постарите луѓе одат во црквата, а кој постел во петровденскиот пост се причестува. На овој ден може и да се работи зашто е во време на најголемата жетва, а според верувањето, дури и светецот (Св. Петар) тој ден зел срп и жнеел. Некој го држат празникот само до пладне, а попладне работат. Во Галичник Петровден се сметал за голем празник, тогаш доаѓале печалбарите и тогаш се правеле и свадбите. Останало забележано дека некогаш во еден ден имало 50 свадби, а удирањето на тапаните се слушало дури во Албанија, објаснува Kитевски.

Четири општини од македонскиот исток секоја година со богата програма ги одбележуваат општинските празници Петровден и Павловден. Kочани и Kонче го слават Петровден, а Павловден е празник на Пехчево и на Виница.

Интересни обичаи и верувања поврзани со Петровден се забележани во Kуманово. Тој ден рано наутро уште пред изгрејсонце оделе во бавчите и нивите, особено оние со бостан и од сите четири страни фрлале ситни камчиња. На тој начин според верувањето засновано на принципот на имитативната магија се влијае врз бостанот многу да врзува и брзо да расте. Исто така, бостанот, но и другите култури се прскале со вода од извор за да растат силно како водата што извира. Во овие петровденски верувања интересно е и фрлањето измет од стоката врз бавчите и нивите со земјоделски култури. Изметот земен од местото каде што стоката пладнувала (меризувала), или од пазарот се верува ќе влијае врз родот да биде густ и обилен како што била стоката на тоа место.

Според Kитевски, во гевгелиско за јадење на овој ден правеле млечник за да бидат цела година благи како млекото, а во Скопска Црна Гора се верувало дека кој ќе се омрси во петровденските пости ќе се скрастави. Во овој крај ако било сушно времето на овој ден, носеле крсти (литии) и со песната „Kрсти носам бога молам“ се молеле за дожд.

Kитевски забележува дека Павловден жените го држеле како празник повеќе од Петровден. Во некои места на овој ден не се работело за да не бидат каснати од пајак бидејќи се верувало дека човек каснат од пајак на овој ден тешко ќе оздрави. Затоа овој ден е познат и како Пајаковден.

На иконите двајцата апостоли се претставени заедно, Петар со клучеви од рајот, а Павле со меч, симбол на сопствената смрт. И двајцата држат отворени книги. Според фолклористот Мирко Kитевски, на празникот му претходи петровденскиот пост, чија должина зависи од празникот Велигден. Овој пост е еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината, а започнува од првата недела по Духовден, а бидејќи овој празник е со непостојан датум и зависи од Велигден, така и петровденскиот пост секогаш не трае исто.

Апостолот Петар се прославува како образец на цврстата и искрена вера, а Павле како оној што најмногу се потрудил во проповедањето на распнатиот и воскреснат Исус Христос. Инаку, тие, како и сите останати апостоли, имаат свои посебни празници во текот на богослужбеното годишно време.

Kитевски смета дека светиот апостол Павле е особено значаен за Македонија. Тој своето прво патување надвор од Азија го направил во Македонија. Тоа започнало во 51, а завршило во 54 година. При своите патувања апостолот Павле организирал нови христијански општини, а старите ги утврдувал во новата вера.

Во книгата „Дела на светите апостоли од светиот апостол Лука“, што е дел од Светото писмо, се истакнува дека кога светиот апостол Павле се наоѓал во Тријада, една ноќ имал видение: „…стоеше пред него еден човек Македонец, кој го молеше и му велеше: ’Премини во Македонија и помогни ни!’ По тоа видение, веднаш посакавме да тргнеме за Македонија, бидејќи разбравме дека Господ н` повикал таму да го проповедаме Евангелието (Дела 16-9,10).

Kако што стои во ова сведоштво, една богобојазлива жена од градот Тијатир, по име Лидија, прва се покрстила заедно со своите домашни, а потоа ги поканила апостолот и неговите соработници во нејзиниот дом. „Ако сте ме признале за верна на Господа, тогаш влезете и живејте во мојата куќа!“, им рекла таа. Потоа и многу други жители на овој град биле покрстени со што се родила првата христијанска општина во Европа. Kитевски смета дека поради тоа може да се рече дека Македонија е вратата низ која христијанството влегло во Европа. Во Македонија тоа ги совладувало првите тешкотии, се судрувало со старите пагански обичаи и верувања.

Рецепт: Пица со домати и сирење

pica-domati-kozjo-570x396

Оваа пица со домати и со сирење е мошне едноставна за подготвување, а ќе ви бидат потребни 20-тина минути.

Исто така, можете да користите готово тесто за пица, или пак да го подготвите сами.

Состојки:

3 големи лажици маслиново масло;
450 грама домати, по можност отстранете ги семките и исечете ги на тенки кришки
3 тенки парчиња козјо сирење
Свежи листови босилек
Подготовка:

Подгответе го тестото за пица. Пуштете ја рерната да се загрее на 230 степени Целзиусови. Стевете го тестото во плех што претходно сте го премачкале со масло и сте го напрашиле со брашно.

На пицата распоредете ги доматите и козјото сирење и печете околу 5-10 минути.

Премачкајте со малку маслиново масло и декорирајте со листови босилек.

Ако го чувате овој телефон , не сте свесни дека имате вистинско мало богатство- погледнете зошто

123 (1)

Овој мобилен телефон вреди право мало богатство, еве и зошто

На сите интернет портали за технологија и форуми Нокиа 1100 е на врвот на листата најбарани мобилни на денешницата. Произведена во средината на 2002 и почетокот на 2003 година, нејзината првобитна продажна цена изнесувала 75 евра.

Денеска се поставува прашањето зошто Нокиа 1100 која покрај опциите како калкулатор, штоперица и телефонски именик со 50 празни места, е толку интернесна и достигнува цена до неверојатни 50.000 евра.

Хакерите смислиле начин како да ја кракуваат оваа Нокиа, која би им помогнала во извршувањето на незаконските работи како илегален трансфер на пари, пратење на странските повици, прислушкување и слилно, од таму е и толкавата цена на телефонот, чија реална пазарна вредност не повеќе од 10 евра.

Одлуката стапува на сила од полноќ: Нови цени на горивата во Македонија

123

Бензините поевтинуваат за 1,5 односно 2 денари по литар, додека од полноќ, дизелот е поевтин за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 2,00 ден/лит, односно за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 27.06.2016 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,00 ден/лит, додека малопродажната цена а на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)се намалуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 27.06.2016 година и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 49,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 37,50 ден/лит

Треба ли Македонија да се откаже од името за да стане дел од злосторничко здружување?

makedonski-manifest

Ако ги тргнеме настрана кратките владеења на Александар Македонски и Цар Самоил, оттогаш, па до најнови времиња, Македонија не водела освојувачки војни, а македонскиот народ не бил окупатор. Така беше сè додека политичките елити на Република Македонија не одлучија дека сакаат да ја зачленат државата во НАТО алијансата, посочуваат од граѓанска иницијатива Македонски манифест.

Соопштението ви го пренесуваме во целост:

Дури и без да станеме членка на овој воен сојуз, Република Македонија испрати свои војници во освојувачко окупаторските мисии на НАТО. Македонија стана окупатор на држави како Ирак и Авганистан со кои никогаш не сме имале непријателства или политички спорови.

Она што е трагично и крајно апсурдно е фактот дека Република Македонија има политички спор токму со НАТО алијансата.

И покрај тоа што ние војуваме на нивните окупаторски фронтови за кои деновиве читаме извештаи дека се класични воени злосторства против човештвото, НАТО алијансата одбива да нè прифати за своја членка, иако вели дека сме ги исполниле сите услови за членство, само затоа што Република Грција не го признава нашето уставно име и вековен идентитет.

НАТО стои на страната на Грција. Бара од нас да си го смениме името за да нè прифати како членка. А ние учествуваме во нивните валкани војни.

Дека сами себе како држава се доведуваме во крајно бедна и мизерна положба се докажа и на последниот НАТО самит во Варшава. Повторно нè потсетија дека за нас нема место во избраното друштво додека си го носиме вековното име и идентитет. И покрај фактот што на наша страна е пресудата на меѓународниот суд во Хаг. Затоа што НАТО не ги признава судските одлуки на највисоката судска инстанца на Обединетите нации. Како што не ги почитува ни самите Обединети Нации. Ниту почитува туѓи теротории, држави и животи.

Македонски манифест го поздравува потегот на претседателот Ѓорѓе Иванов да нè учествува на самитот на НАТО, но сметаме дека крајно време е да се повлечат и други, поконкретни потези. Македонија мора да и рече збогум на алијансата. Јасно и гласно треба да кажеме дека веќе не сакаме да сме дел од окупаторска воена организација. Затоа што не сакаме еден ден и врз нас да се срушат страшните вистини од некои идни Чилкот извештаи.

Но, и заради фактот дека изгледаме како малоумни кога бараме да нè примат таму кајшто нè сакаат обезличени без идентитет.

А потоа со наведната глава мора да им се извиниме на ирачкиот и авганистанскиот народ, затоа што сме биле дел од злосторничко здужување.

 

Во овие земји може да патувате само со лична карта

licna-karta-mk

Македонските државјани наместо со патна исправа, може да патуваат со важечка лична карта во Србија, Албанија, Косово и Црна Гора.
Со овие четири држави Македонија има потпишано билатерални договори.

Доколку се одлучите набрзо да патувате надвор од границите на Македонија треба да поседувате доволно парични средства (во готово, кредитни картици, травел чекови и слично) за издржување во планираниот период за престојот во странство.

За доволно парични средства не е пропишана сума бидејќи таа е индивидуална во однос на стандардот на земјата каде што се патува но вообичаено е да се пресметува педесет (50) евра од ден. Средствата може да бидат во готовина, травел чекови и кредитни картички кои ги поседува граѓанинот и валиден документ од банка за поседување парични средства.

ВИДЕО – Погледнете какви услови побара Жарко Димитриоски, водителот на “Пиво Фест”

12043663_10206570990384954_3178820_o

Најпопуларниот водител и шоумен моментално во државава Жарко Димитриовски, по втор пат ќе биде водител на фестивалот на скарата и пивото во Прилеп, “Пиво Фест 2016”.

Друштво повторно ќе му прави Марјана Станојковска.

Жаре ексклузивно за маркукуле.мк испрати видео во кое ги објасни условите кои ги побара за повторно да се појави на фестивалската сцена на “Пиво Фест”.

Погледнете:

 

 

ФОТО+ВИДЕО: Дојран вриеше од туристи викендов

dojran-11-650x396

Викендов голем број туристи го посетија Дојран. Топлото време го наполни Дојран, илјадници туристи решија да го искористат убавото време и да се разладат во водите на Дојранското езеро.

И покрај забраната за капење издадена од Институтот за јавно здравје, голем број туристи се одлучија да влезат во водите и да се разладат, а коментарот меѓу сите беше речиси идентичен: Водата во езерото никогаш не била почиста и поубава!

dojran-1-2-640x400

Телевизијата Канал 5 објави видео со изјави од туристи што викендов беа во Дојран, проследете ги нивните изјави:

Како што може да се забележи на видео снимките и на фотографиите, во езеротомеѓу најбројните беа токму најмладите.

dojran-1-5-640x400

Родителите без никаков страв им дозволуваа на дечињата да се бањаат, сигурни дека водата во езерото е безбедна за нив. Голем број посетители и капачи во езерото може да се забележат и на снимката со дрон од крајбрежјето.

Големиот број туристи беа задоволни како од плажите така и од ниските цени достапни за сечиј џеб.

dojran-1-6-640x400

За разлика од минатите години, годинава може да се забележи уште поголема организираност и уреденост на плажите. Дојран со секоја година е се поподготвен за големиот број туристи кои одлучиле да дојдат и да уживаат во овој туристички центар во Македонија.

Инаку, годинава Дојран како град на културата ќе биде домаќин на голем број културни манифестации и настани, а централен настан се очекува да биде фестивалот Д-Фест што ќе се оддржи следниот викенд и кога се очекува уште поголем број на туристи.

 

Марјан Ристески за Република: Сакам да ги донесам “Металика” во Прилеп на “Пиво Фест”

111

Во Прилеп веќе се чувствува фестивалското лудило, се подготвува четиринаесетото издание на “Пиво Фест”. Oд 14-ти до 17-ти јули, Прилеп е центарот на сите случувања во државата и на Балканот. Овогодинешното издание на фестивалот на скарата и пивото, според програмата, ќе биде едно од најгромогласните, најлудите и најпосетените.

Општина Прилеп која е организатор на фестивалот и оваа година ќе направи се за фестивалот да помине беспрекорно како и сите години уназат.

Градоначалникот Марјан Ристески во интервју за весникот Република говори за целата организација околу фестивалот и неговите желби за во иднина.