[Best_Wordpress_Gallery id=”311″ gal_title=”NokenZivotToniZen”]
ВИДЕО – Во штикли реди со топка подобро од Нејмар и Роналдо
Бразилскиот топ модел, Ракел Бенети постави на социјалните мрежи видео на кое во штикли реди со топка, а тоа го прави толку добро, што би и позавиделе дури и Нејмар и Роналдо.
Ракел е голем познавач на фудбалот, но не само теоретски, туку и во пракса. Покрај редовното следење на натпревари, згодната Бразилка зема и топка, со цел да му покаже на светот дека и таа умее исто како и фудбалерите. Дали умее со топката подобро од нејзините сонародници Роналдо, Нејмар или Роналдињо, не е ни битно, но сигурно е поатрактивна од нив.
РК Прилеп намето во Челинџ ќе се натпреварува во ЕКФ купот
Наместо во Челинџ, екипата на Прилеп ќе настапува во европскиот ЕХФ куп. Измената е поради откажувањето на МАКС Струмица, екипа што требаше да биде во таа улога, со оглед на освоеното трето место од суперлигашката табела. Откажувањето е од финансиски причини. Прилеп, како четвртопласиран тим, прифати да учествува за еден степен во посилниот куп.
– Новата ситуација изнуди две измени. Наместо МАКС Струмица ние сме во ЕХФ купот. Нашето место во Челинџ купот го зеде Пелистер, бидејќи подобропласираните Охрид и Работнички откажаа – информираат од Прилеп.
Лани во овој куп македонски претставник беше токму МАКС Струмица. Во првото коло немаше противник, а во второто, во октомври, со два пораза се случи елиминација од исландскиот Хаукар. И некогашниот Тутунски има учествувано во истиот куп. На дебито, во далечната 1993 во првото коло отпадна од словенечкиот Андор Јадран Козина. Ждрепката за овогодишниот ЕХФ куп веројатно ќе биде кон крајот на месецов.
– Ова е мало изненадување. Се подготвувавме за Челинџ, а сега е ЕХФ купот. Построги се критериумите за сала и слично. Подготвени сме за организација на највисоко ниво. Останува да се обезбеди салата – истакнуваат во Прилеп.
Одморот трае, а две – три засилувања се очекуваат до првиот собир кон крајот на јули или почетокот од август.
Извор:НЕДЕЛНИК ЗЕНИТ
Поранешен вработен во рудникот за мермер упатува предупредување за капачите во Мермерното езеро
На социјалната мрежа Фејсбук, Душко Галески кој работел во мермерниот рудник, односно местото каде е настанато денешното Мермерно езеро во селото Беловодица во Прилеп, упати предупредување до капачите кои секојдневно го посетуваат езерото и се разладуваат.
Покрај како атракција, на ова место треба да се гледа и од една поинаква страна, а тоа е безбедната. Имено, не е познато колку се стабилни мермерните блокови кои се издигаат еден врз друг, а капачите ги користат како скокални.
Па поради тоа бидете внимателни, не ја предизвикувајте природата и бидете еколошки свесни, затоа што гревота е вакво недопрено место да биде загадувано со пластика и разен друг отпад.
А.Г.
(Вознемирувачко)НЕМА МИЛОСТ ЗА ТЕРОРИСТИТЕ: Во Русија елиминирана група терористи, која имала задача иста како оние од Диво Насеље!
Во четвртокот рано изутрината на просторот Карабудакентскиот регион, кој се наоѓа во составот на Република Дагестан, прогласен е режин на контра-терористичка операција. Имено, оперативците на НАК (Национален анти-терористички комитет) откриле и лоцирале поголема диверзантско терористичка група. Оваа група е лоцирана во реонот на селото Парул, на околу 2 километри од селските куќи, во густа листопадна шума.
По приемот на точните координати на кои се разместиле специјалците од НАК, специјалните тимови на ФСБ со поддршка на локалниот СПН, извеле тактичко опколување на оваа група поради нејзина потполна блокада и елиминација.
Во селото Парул и долж комуникацијата на која се наоѓала непосредно под зафатениот реон, на линија излегле и борбени оклопни транспоретери и специјални возила, поради обезбедување на операцијата.
При јуришот, терористите отвориле оган по што набрзо биле целосно и без дискриминација елиминирани.
Основната задача на оваа група била атентати, бомбардирање на полициски станици и јавни места, заседи на моторни возила, односно истите задачи кои ги имале и терористите од Диво Насеље. Инаку оваа група била поврзана со ИСИС.
Ќе се градат подземни контењери во градскиот пазар во Прилеп
Три подземни контејнери со капацитет од три кубици ќе се изградат во пазарот за хигиенско и полесно депонирање на сметот. Локалните власти дадоа виза за градба на објектот на нивото на улицата во пазаришниот простор. Инвестицијата не е скапа и ќе ја носи ЈП Пазари. Новиот начин за ослободување од сметот е пробен и ќе се користи во непазарните денови. Додека во пазарните, фрлањето ќе се одвива преку голем контејнер кој ќе се носи навечер во среда и во сабота и ќе се одвезува ноќта.
Според директорот Пецо Димоски, станува збор за поставување на три подземни контејнери на длабочина од два метри.
– Контејнерите ќе бидат херметички затворени на длабочина од околу два метри на нивото од пазарната улица. Во непазарните денови хигиеничарите ноќе ќе ги полнат со смет и истата вечер ќе се креваат машински од дното да ги преземе камион на Комуналец. Со овој систем ќе се забрза работата на чистачите, кои досега отпадот го носеа на 200-300 метри оддалеченост. Новиот систем нема да ја загадува околината и ќе влијае на одржување на чистотата – вели Димоски.
Овој метод е успешно имплементиран во некои градови во земјава, а во нашиот пазар ќе биде експериментален. Ако се покажи ефикасен, ќе се постават под земја уште неколку контејнери во близина на џамијата.
Извор: НЕДЕЛНИК ЗЕНИТ
Дејан Манасков избран за најдобар ракометар во Европа
Како најзаслужен што Македонија ја надмина негативата од шест гола од првиот натпревар со Чешка, па со победата од 34-27 во Скопје се пласираше на мундијалот во Франција, Манасков беше фантастичен во репрезентативните настапи, во време кога клупските обврски мируваа.
– Морам да признам дека ова е голема работа за мене бидејќи станува збор за признание што го доделува ЕХФ. Се надевам дека и во иднина ќе следат нови вакви награди, не само за мене туку и за останатите македонски ракометари. Знаевме дека нема да ни биде лесно на тој реванш, но ако се земе во предвид нашата игра на првата средба беше очигледно дека бевме многу слаби. Тие шест гола негатива ни беа повик за будење, на домашен терен ја презедовме иницијативата и славевме пред нашите верни навивачи – изјави Манасков.
Бабунски- Вистинска ѕвезда во „Црвена Ѕвезда“
Црвена Ѕвезда го одиграа последниот подготвителен натпревар во Словенија пред квалификациите за Лигата на Шампиони.
Комбинираниот состав на „црвено-белите“ го совлада словенечкиот нисколигаш Радомлје со 3-1, а главна ѕвезда на натпреварот беше нашиот Давид Бабунски. Ова беше последна проверка на тренерот Миодраг Божовиќ, кој на овој меч настапи без стандардните првотимци, шанса добија тие од кои очекува да бидат голема конкуренција во тимот и да се борат за влез во првиот тим.
А токму нашиот млад репрезентативец, Давид Бабунски максимално ја искористи својата шанса. Одигра одличен меч, беше стрелец на два и асистент на еден гол.
Првиот гол го постигна во 19. минута од пенал. Во финишот на првото полувреме Бабунски одлично нафрли од корнер, по што Урош Рачиќ зголеми на 2-0.
Во 65. минута Давид имаше извонреден соло пробив по што биеше прецизно, постигнувајќи го својот втор гол и заслужено епитетот „играч на мечот“.
Фудбалерите на Црвена Ѕвезда во вторник патуваат во Малта, каде ги очекува дуелот од 2. коло во квалификациите за Лигата на Шампиони против тимот на Валета.
Саботно кафе во Прилеп: Се чувствува фестивалско распложение – 09.07.2016
[Best_Wordpress_Gallery id=”310″ gal_title=”СаботноКафеФлаери”]
Дефиле на моторциклисти и симулативна показна вежба во центарот на Прилеп – ФОТО
Мото клубот “Sons of thunder MC Macedonia – Prilep” во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата и Министерството за внатрешни работи, денеска во центарот на Прилеп организираа заеднички проект насловен како “Безбедноста на моторциклистите во сообраќајот”.
[Best_Wordpress_Gallery id=”309″ gal_title=”Motordzii”]
Настанот опфаќаше:
- Презентација на целокупната опрема која треба да ја поседува секој кој управува со мотор, скутер…
- Симулативна показна вежба од страна на Црвен крст и Итната медицинска помош на сообраќајна незгода на моторциклист
- Дефиле на моторциклисти со полна опрема
Прилепчани за момент се преплашија од сирените на итната медицинска помош, па се насобраа на купче да видат што се случува.
Мото клубот “Sons of thunder MC Macedonia – Prilep” е активен и редовно организира настани, случувања, дружење, едукација и запознавање со моторџискиот начин на живот и возењето на две тркала.
A.Г.


































