СООПШТЕНИЕ ОД ФУДБАЛСКИОТ КЛУБ ПОБЕДА: Мегленски и Карчески остануваат

13649487_10209923294662968_422778054_n

Ја известуваме фудбалската јавност дека на радост на клупското раководство на ФК Победа, доцна синоќа успеавме да договориме продолжување на договорите со Мегленски и Карчески. Тие ги прифатија првично понудените услови и нема да играат за ,,без пари,,. Мегленски покрај играч ќе биде и помошник тренер за развој на млади фудбалери. Тие се битни фудбалери кои оставиле трага во фудбалската историја. Благодарност и до дел од НК ,,Мајмуни,, кои помогнаа во решавањето на целата ситуација. Нашата цел е да направиме достоен клуб составен претежно од прилепски млади фудбалери кои во иднина ќе бидат носители и на клубот, но и на македонската фудбалска репрезентација и таа клупска политика почнавме да ја реализираме, но потребно е трпение и време. ФК Победа не е еден фудбалер и никогаш нема да зависи од поединци кои се ставаат над сите. Тоа од вчера на сите им е јасно!

Со почит, ФК Победа

Екипата е веќе во Банско на седум дневни  подготовки, каде ќе одигра пријателски натпревари со Пелистер на 12-ти и Академија Пандев на 17-ти јули.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.