дома блог страница 5253

Заспал чекајќи авион па рушел се пред себе: Драма на скопскиот Аеродром

aerodrom-aleksandar-veliki-patnici-640x339

Вистинска драма се одвивала на Аеродромот „Аеродром Александар Велики“- Скопје утрово во 04 часот и 30 минути. За излез од Македонија кон Виена се пријавил Французин кој се упатил на Гејт 201 каде чекал да ги повикаат патниците кои ќе патуваат за Виена. Патникот  чекајќи заспал на столиците и го пропуштил летот, а откако се разбудил и сфатил што се случува, во паника почнал да вика во гејтот и во еден момент почнал да трча и удира по вратите, насилно ја отворил вратата и се упатил на мостот сакајќи да влезе во авионот каде вратите биле затворени, но кога видел дека авионот е приклучен на возило “пуш- бек“ почнал насилно да тегне по вратата и го напукнал стаклото од неа.

Потоа, Французинот се симнал по помошните скали и насилно отворајќи ја вратата од мостот излегол на платформа каде почнал да трча по авионот на кој во моментот му биле вклучени моторите. Возачот на возило “пуш – бек“ во „ТАВ“ во моментот на поставување на воздухопловот на позиција за полетување го забележал лицето како трча и вика со неразбирлив јазик на висок тон, по што истиот излегол од возилото и го спречил да се упати кон него, па повикал обезбедување.

Од страна на обезбедувањето истиот бил фатен и предаден на Полицијата во Петровец за понатамошна постапка.

Средното економско училиште „Кузман Јосифоски Питу“ со нови инвестиции

123

Градоначалникот Марјан Ристески заедно со претставниците на Делегацијата на ЕУ: г-дин Мауро Ди Вероли раководител на оддел за Регионален развој, социјална политика, земјоделство и прекугранична соработка, г-дин Димитар Малиновски и Државниот секретар од Министерството за локална самоуправа на РМ, Г-ѓа Билјана Цветановска Гугоска, денеска го посетија СОУ „Кузман Јосифоски Питу“ и го означија почетокот на новиот проект за средното економско училиште кое добива 137.000 евра за обнова на зградата и фасадата на училиштето со термоизолација, покривната конструкција и дограмата за штедење на енергијата. Општина Прилеп е партнер во проектот „Tематската мрежа на oдржлива енергија на прекуграничните локални власти“ – ЕНЕРЏИНЕТ кој е во фаза на имплементација. Проектот е одобрен за финансирање од ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Грција. Во проектот како партнери се вклучени пет општини во прекуграничниот регион: Велес и Прилеп од Република Македонија и Лерин, Ираклија и Висалтија од Република Грција. Вкупниот буџет на проектот за сите 5 партнери изнесува околу 745.000 евра, а буџетот предвиден за Општина Прилеп е околу 128.000 евра. 85% од финансиските средства се обезбедени од Европската унија, преку ИПА програмата а 15% е национално кофинансирање. Во рамките на овој проект планирани се повеќе активности како работилници и презентации за подигање на јавната свест за одрживата енергија, работилници и семинари за размена на искуства, изработка на акциони планови за одржлива енергија за сите 5 општини, енергетски проверки на јавни објекти и др. а за секоја општина е планирано да се реализира по еден инфраструктурен пилот проект во кој практично ќе се применат мерки за енергетска ефикасност. Во Општина Прилеп како демонстративен пилот проект ќе се реализира проектот за Реконструкција на Средното училиште „Кузман Јосифоски Питу“, а зафатот опфаќа замена на старите прозорци со нови ПВЦ прозорци и термопан стакло, поставување на термоизолациона фасада, замена на покрив и изолација на покрив, како и поставување на нова громобранска инсталација. Вкупниот буџет за оваа реконструкција изнесува околу 80.000 евра. Денес го означуваме отпочнувањето на градежните активности за Реконструкција на училиштето и спред плановите истото треба да биде завршено пред отпочнувањето на новата учебна година. Овој проект ќе има големо значење за подобрување на условите за одржување на настава во ова училиште, а со примената на сите мерки за енергетска ефикасност ќе се придонесе и за заштеда на финансиски средства

1234567 1234 12345 123456

ВИДЕО: Како е разбиена криминалната структура во акцијата „Лотос

Министерството за внатрешни работи ја реализираше оперативната акција „Лотос“, при што беше сузбиена криминална структура од подрачјето на Велес чиј организатор освен што и самиот продавал наркотични дроги на уживатели и дилери, воспоставил и мрежа на препродавачи низ повеќе градови во Македонија. Имено кон крајот на 2015 година, по добиени оперативни сознанија за лица кои препродавале наркотични дроги хероин и марихуана, како и синтетичка дрога амфетамин беа преземени мерки и активности за обезбедување на материјални докази.

lotos

Во рамки на ацијата која траеше до рано изутринава беа извршени претреси во дом на 24 локации кај исто толку лица, од кои 11 на подрачјето на Велес, четири  во Скопје, три во Свети Николе, две во Кочани и по еден на подрачјата на Штип, Кавадарци, Гевгелија и Струга.  При претресите беа пронајдени и со потврда одземени околу 5500 евра,  околу 100 грама хероин, 160 грама смеса од кофеин и парацетамол, ваги, како и паковки хероин и марихуана спремни за продажба.

По преземените мерки беше утврдено дека 40 годишно лице од Велес кое се јавува во улога на организатор од засега непознати лица набавувал хероин и марихуана кои во својот дом ги препакувал во помали количини и по претходен телефонски договор ги продавал на лица дилери и уживатели на дроги на договорени средби во повеќе градови и тоа за цена од околу 1000 денари за грам хероин и 500 денари за паковка марихуана.

Исто така првоосомничениот кон крајот на 2015 и почетокот на 2016 година организирал мрежа на препродавачи и посредници при што ангажирал уште три лица сите од Велес да вршат продажби на хероин и марихуана со цел стекнување со противправна имотна корист. Лицата по добиените инструкции и по извршената продажба на дрогата дел од заработката ја задржувале за себе, а поголемиот дел му ја носеле на првоосомничениот во неговиот дом.

Освен денешните претреси во претходниот период беа реализирани уште два случаи на недозволена трговија со наркотични дроги во кои беа запленети скоро 30 килограми марихуана, 40 паковки хероин и уште 7 паковки марихуана во рамки на акцијата. Исто така беа поднесени 14 кривични пријави против 20 од лицата, кај кои е пронајдена помала количина наркотична дрога, одземени беа четири ПМВ и два мотори, а во периодот од воспоставување на оперативната акција до денес, изречени се прекршочни санкции во висина од 14.000 евра.

Остро око и страшен сенс за добра фотографија – Интервју со Петар Кироваков

Петар Кироваков е млад фотограф кој иако нема долго искуство со фотографирање, е голем талент и носи неверојатен инспиративен дух во себе, што допрва во иднина ќе го развива и усовршува. Неговите фотографии имаат душа, за миг ќе помислите дека лицата кои се фотографирани ќе ви проговорат. За себе, своите досегашни искуства, награди и идни планови, Петар говори подолу во интервјуто.

12366331_10203683491326239_244795639639609715_n

Петар ти си млад фотограф, но со доста искуство зад себе, развиeно око и сенс за фотографија. Кажи ни од кога почна да се занимаваш со фотографирање и како се навлече на фотоапаратот?

Со фотографирањето започнав да се занимавам пред неполни две години. Бев поканет на традиционалната клубска изложба на уметничка фотографија на Фoто Кино Клубот – Прилеп, наречена – “Јордан Зазоски – Зазо”. На таа изложба членовите од ФКК ги претставуваат своите фотографски дела кои ги реализирале во текот на претходната година.Тие фотографии кои беа изложени ме инспирираа и тоа беше клучен фактор за јас да започнам со фотографирањето. Моите основни знаења ги стекнав во ФКК – Прилеп и еден голем поздрав до него.

 Што треба да се поседува како квалификации и како може да успее некој кој започнал да се занимава со фотографија?

За почеток треба да поседуваш само разбирање,  односно да ги прифаќаш критиките кои ти ги даваат поискусните фотографи. Како за почеток јас сметам дека тоа е најпотребно.

thumbnail_imagesize

Кои се твоите досегашни одликувања, награди и признанија како фотограф, кои си ги освоил на натпревари?

Најголемото достигнување го направив пред два месеци, односно го освоив првото место на дражвно ниво, во областа на фототехника (државен првак на РМ). Исто така имам земено многу награди на изложби и моментално сум втора класа фотограф (го имам тоа звање, прво имав трета сега втора), а се стремам моментално да земам звање на прва класа фотограф. И покрај тоа имам земено доста дипломи и признанија од најразлични настани каде сум бил присутен како фотограф.

12974507_10204345708641258_6058769317184452831_n

Тешко ли е да се добие инспирација за добра фотографија и како најчесто ти добиваш инспирација?

Јас едноставно излегувам, го земам фотоапаратот со мене и шетам низ градот за да направам добра фотографија, а нашиот град е исполент со многу стари архитектури, куќи и секогаш можеш да направиш добра фотографија. Не треба да добиеш и да имаш некоја инспирација за да направиш добра фотографија. Додека шеташ, додека се движиш, на ум ми идат многу идеи и едноставно така се инспирирам и создавам добра фотографија.

thumbnail_DSC_0308

Што е пресудно за да се направи убава фотографија, дали секогаш технологијата и софистицираните фотоапарати и програми за обработка се пресудни?

Скап фотоапарат не те прави добар фотографер. Тоа е правило број еден на почеток. Без разлика колку скапа опрема имаш, кога незнаеш да ја употребуваш, џабе е. Кога се фотографира треба да извадиш високи 80-90 проценти од успешна фотографија од самиот апарат, а останатите 10-15 проценти да бидаат со помош на програма за обработка на фотографија.

thumbnail_DSC_0483

thumbnail_13433067_10204668867520028_4058053546662412491_o

Кои се твоите желби и афинитети во иднина, дали сакаш професионално да се занимаваш со фотографирање и во иднина?

Па во иднина би сакал да продолжам со фотографирањето и цело време да достигнувам се поголеми успеси. Имам различни желби и планови за во иднина, но сеуште не сакам да ги споделувам.

thumbnail_imagesize4

Што досега имаш сработено како свој проект, дали си се претставил пред публика со своја изложба на фотографии?

Во иднина се стремам да направам една успешна уметничка изложба и со тоа да се претставам пред публика. Исто така имам работено различни проекти, еден од нив ќе биди излезен во текот на следната недела, не сакам сеуште да ви откривам за што станува збор.

Сметаш ли дека човек може да живее од фотографирање, доколку народски кажано го бидуваи е талент или е потребно и нешто друго?

Па доколку е талентиран и го бидува се разбира дека може да живее од тоа.

thumbnail_imagesize 22

За крај кажи ни дали во нашиот град има повеќе талентирани деца за добра фотографија, односно каква е конкуренцијата во нашиот град и дали постои добар натпреварувачки дух?

Во нашиот град моментално има конкуренција и има добар натпреварувачки дух. Има навистина добри и млади фотографи, кои исто така се членови на ФКК – Прилеп, па конкуренцијата ја има цело време.

А.Г.

Центарот на Прилеп големо градилиште: Започнаа подготовките за “Пиво Фест” – ФОТО

13652682_10208288407462252_117337881_n

На два дена пред почетокот на најголемата манифестација во државата “Пиво Фест 20016”, во центарот на Прилеп денес забрзано се поставуваат штандовите, каде посетителите по 14-ти пат ќе имаат можност да ја вкусат најдобра скара и различни видови на пиво.

Општина Прилеп е подготвена уште еднаш  беспрекорно да одговори на целосната организација и да пречека повеќе од 350.000 посетители во четирите фестивалски денови.

Фестивалот на скарата и пивото во Прилеп е репер како треба да изгледа една манифестација во Република Македонија и е случување со кое особено се гордеат прилепчани.

Од четврок 14-ти до недела 17-ти јули, повелете во Прилеп, уживајте, забавувајте се и понесете како и секогаш пријатни спомени од убавините на градот под Марковите Кули.

ЕДЕН Е ФЕСТИВАЛОТ !

13652658_10208288407182245_937508210_n

13664577_10208288407222246_1068210832_n

13644173_10208288407422251_1724836460_n

13649696_10208288407622256_733866754_n

А.Г.

ПРИЛЕПСКИ СРАМ: На 2 метра има паркинг, а “окупира” пешачка зона и влез на дуќан

1

Нова срамна слика од центарот на Прилеп. Покрај толку слободни паркинг места оддалечени на две метра од него, се одлучил да ја “окупира” пешачката зона и влезот на дуќан.

Речиси секој ден до нас стигнуваат вакви фотографии од читатели, со цел ваквите појави еднаш за секогаш да се искоренат, а Прилеп освен европски изглед да добие и европски граѓани.

13644006_10202469797903794_331223711_n

 

ПРЕПОРАКИ И СОВЕТИ ДО ГРАЃАНИТЕ ЗА МАНИФЕСТАЦИЈАТА “ПИВО ФЕСТ 2016“

 

пол

Во интерес на безбедноста на сите граѓани-гости на претстојната Манифестација, Секторот за внатрешни работи Битола, Ви препорачува да ги почитувате следните совети и препораки:

– Ако конзумирате алкохол или планирате да конзумирате алкохол – не управувајте со никакво превозно средство!
– Не дозволувајте да станете жртва на кражба! Внимавајте на својот паричник и својот мобилен телефон!
– Паркирајте ги возилата на безбедни места. Следете ги упатствата на службата за паркирање.
– Не оставајте вредни предмети на видни места во автомобилот! Тие ги предизвикуваат крадците.

Не е дозволено:
– неовластено пукање со оружје,
– употреба на пиротехнички средства,
– учествување, предизвикување или поттикнување друг на тепачка, оддавање на пијанство на јавно место или нарушување на ЈРМ во пијана состојба,
– уживање во опојни дроги,
– точење алкохол на малолетници
– Внимавајте на подметнување на фалсификувани пари!

За сите безбедносни настани, пријавете на 192 или обратете се кај најблискиот полициски службеник.

Поважни телефонски броеви :

192 – Полиција
193 – Пожарна
194 – Брза помош

 

Meрмерното езеро во Прилеп предизвик и за одење по јаже – ФОТО

13652783_10206637857093109_1118892666_n

Кристално чистото мермерно езеро во селото Беловодица во Прилеп станува се поатрактивно деновиве.

Освен капачи, пред два дена езерото го истражија и нуркачи кои утврдија дека максималната длабочина е 15 метри.

Вчера пак прилепското “Памук Кале” било атрактивно и за одачите по јаже, кои направиле одлични фотографии над тиркизната вода на езерцето.

13650379_10206637856813102_1463308567_n

Ваквите убави авантуристички слики ќе ги гледаме постојано, само ако ја зачуваме оваа недопрена природа и ако ја поштедиме од уништување и загадување.

13672348_10206637857013107_847438397_n

13649465_10206637854853053_1722522918_n (1)

13672365_10206637855013057_1308343614_n

 

Советот на Млади на Општина Велес ја oдбележа првата успешна година постоење

13652826_10207041847699771_1457444891_n

На 09.07.2016 година Советот на Млади на Општина Велес одржа Свечена седница по повод една година од своето постоење. На седницата присуствуваа Градоначалникот на Опптина Велес, г – дин Славчо Чадиев, претседателот на Советот на Општина Велес г – дин Александар Колев, советници на Советот на Општина Велес, претставници на институции и установи, пријатели, здруженија и организациии како и поединци со кои Советот на Млади има развиено соработка.

13652640_10207041847619769_327973053_n

13639620_10207041847819774_1494631737_o

Во една година постоење и работа спроведовме низа на проекти и настани кои искрено се надевам делуваа во насока на унапредување на развојот на младинските политики и интересите на младите во Општината. Ќе споменам само дел покрупните проекти. Проектот Здрави навики – здрав живот, реализиран во соработка со Студентскиот парламент на Технолошко – техничкиот факултет од Велес, каде успеавме да анкетираме 1200 млади велешани за нивниот начин на исхрана, а подоцна преку едукации и работилници истите да ги информираме за придобивките од здравата исхрана и здравите навики. Проектот Летна школа за млади копаничари и етно работилници, во соработка со ЗГ „Разбој“, со којшто преку 70 ученици од основните и средни училишта, 10 дена ги изучуваа старите традиционални занаети кои со години се негувале во Велес. Повеќе хуманитарни настани, театарски претстави, спортски турнири, трибини и презентации… изјави Филип Спиркоски – претседател на Совет на млади на Општина Велес.

13664782_10207041847739772_1152221269_n

Во рамки на одбележувањето на годишнината, Советот на млади при Општина Велес беше домаќин на делегацијата од Долни Милановац од Република Србија. Иако најчесто врските на две држави, на два народа, на два града започнуваат како по правило преку културата и културните манифестации, соработката на Велес и Долни Милановац започнува со соработка на младите. Советот на млади при Општина Велес и младинската иницијатива „Сакам – можам “ од Долни Милановац потпишаа меморандум за соработка што ќе биде темел за активностите кои ќе следат во нареден период.

13625210_10207041847979778_459991212_n

 

Во црквата „Св. Петар и Павле“ во Варош одбележан денешниот празник

6

По повод христијанскиот празник Св. апостоли Петар и Павле градоначалникот Марјан Ристески ја посети најстарата населба Варош каде традиционално секоја година во црквата Св. Петар и Павле се слави овој празник.

3

1

2

Изразувајќи, ги своите желби за добро здравје благосостојба и напредок градоначалникот Ристески посочи дека секој свет храм во населбата Варош има културно – историска димензија. Инаку, денеска е Св. апостоли Петар и Павле. Во народот овој празник е познат и како Петровден, а него завршува еден од четирите повеќедневни пости во годината, кој е врзан за празникот на Апостолите.

8

4

5

7

Денес црквата ги слави двајцата врховни апостоли Петар и Павле. А и историски нивниот празник се утврди пред празникот посветен на 12-те, т.е. на сите апостоли. Апостолот Петар се прославува како образец на цврстата и искрена вера, а Павле како оној кој најмогу се потрудил во проповедањето на распнатиот и воскреснат Исус Христос. Инаку тие, како и сите останати апостоли, имаат свои посебни празници во текот на богослужбеното годишно време.

11

10