дома блог страница 5247

Прилеп преплавен од народ:Манипулациите паднаа во вода

image-0-02-01-b5291cf8f94d00fe054767dcb1ae957ea84be3f8bb8d83a4a78ff81a2f42febb-V

Реки од народ вечерва се слеаа во Прилеп, во тек е втората фестивалска вечер на Пиво Фест.

После силната олуја, вечерва ерупција од луѓе.

Манипулациите паднаа во вода, комуналните претпријатија експресно ги решија последиците од силното невреме.

ЕДЕН Е ФЕСТИВАЛОТ!

Повелете во Прилеп!

image-0-02-01-8fede4f59ea1de9b28ed76c3b18e452b494de61ad966458a7602d63f87ab3973-V

Најпотресната фотографија од нападот: Татко рони солзи до мртвото дете (ФОТО)

1234 (1)

Ова е најпотресната фотка од нападот кој се случи синоќа во Франција и го потресе светот. Терорист кој возел камион удрил во толпа луѓе во францускиот град Ница синоќа при што убил најмалку 80 лица, меѓу кои и деца и повредил десетици.

Околу 23 часот по локално време голем камион удрил во толпа луѓе кои биле на шеталиште во јужниот француски град Ница и кои очекувале огномет поради национален празник.

Терористот возел околу два километра во толпата.

Бројот на убиените во нападот извршен за време на француски национален празник, според најновите информации е 80. Педесет се повредени од кои 18 во критична состојба. Меѓу повредените се и деца врз кои во Детската болница во Ница се извршени сериозни операции.

За жал, загинаа и дечиња. Ова е најпотресната фотка од татко кој седи и рони солзи до телото на неговото загинато детенце.

Ова е незапаметена трагедија.

123

Македонското девојче вечерва ќе блесне во Прилеп:Kaролина Гочева најави вистинско уживање

_DSC1913 (Copy)Втората фестивалска вечер на “Пиво Фест 2016” ќе ја краси настапот на македонското девојче Каролина Гочева.

_DSC1923 (Copy)

На пресконференцијата Каролина истакна дека после неколку години конечно се усогласил нејзиниот распоред и дека се чувствува премногу мило што ќе настапи на фестивалот на скарата и пивото во Прилеп.

_DSC1921 (Copy)Поради временските неприлики Каролина патувала повеќе од два часа, но не го криеше задоволството што се наоѓа тука.

_DSC1928 (Copy) _DSC1932 (Copy)

Градоначалникот Марјан Ристески најпрвин упати жалење и сочувство за загинатите во терористичкиот напад што синоќа ја потресе Франција, а потоа упати благодарност до комуналните претпријатија во градот, кои за кратко време експресно ги совладаа последиците од страшното невреме што го зафати Прилеп попладнево.

_DSC1949 (Copy)

Локалната самоуправа приреди и изненадување за македонското девојче, на Каролина градоначалникот и подари икона со ликот на Св. Никола.

Втората фестивалска вечер ќе ја одбележат и настапите на Самостални Референти, балканскиот шармер Хари Мата Хари и лудото диџеј дуо oд Грција Bang La Decks.

_DSC1961 (Copy)

 

 

 

Eкспресно исчистен центарот во Прилеп: Пиво Фест нема да трпи од невремето

Центарот во Прилеп и плоштадите “Методија Андонов – Ченто” и “Александрија” за кратко време беа исчистени откако Прилеп го зафати силно невреме и попладнево истите беа поплавени.

13692244_10208549050315216_1455455059_o

Благодарение на експресната интервенција на Локалната Самоуправа и ЈКП Комуналец Прилеп, забавата на фестивалот на пивото и скарата ќе продолжи без проблеми.

Иако некои медиуми манипулираа со јавноста дека наводно фестивалот ќе биде прекинат, фотографиите од центарот на Прилеп моментално покажуваат нешто сосем друго.

Ова говори за беспрекорната организација на Пиво Фестот и за посветеноста на Општина Прилеп се да помине во беспрекорен ред.

13717998_10208549050675225_1970673647_o

13728520_10208549050515221_807824967_o

СБ ја смени одлуката: Не чека избори, ќе ги финансира капиталните проекти во Македонија веднаш

Светска банка на Македонија и ги стави на располагање средствата од Проектот за подобрување на општински услуги 2. Ова значи дека Македонија од денеска има пристап до овие средства од Светска банка во висина од 25 милиони евра, кои се наменети за поддршка на капитални проекти во општините во Македонија, информираат од Министерството за финансии.

 

ministerstvo-finansii

Иако Бордот на Светска банка, користењето на овие средства првично ги услови со одржување на парламентарните избори, односно да ги стават на користење по завршување на изборите, сега ја сменија одлуката и средствата стануваат ефективни од денес.

-Министерството за финансии во најбрзо можно време ќе објави јавен повик до општините за аплицирање за овие средства.Преку првиот Проект за подобрување на општински услуги МСИП 1 успешно се финансирани 70 проекти во 54 општини, во рамки на кои беа изградени училишта, градинки, локални улици, водоводи, канализации и други капитални проекти за подобрување на животот во македонските општини, стои во соопштението на МФ.

СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО ПРИЛЕП: Поплавена огромна површина од градскиот плоштад – ФОТО

13728447_10208548621184488_222158123_o

Силно невреме го зафати Прилеп, проследено со пороен дожд, ветар и грмежи.

Дождот поплави поголема површина од градскиот плоштад и предизвика проблеми на просторот каде се одржува фестивалот на скарата и пивото.

13728290_10208548621384493_717074588_o

13647232_10208548621264490_283275075_o

13718071_10208548621544497_844598221_o

13720542_10208548621504496_377086213_o

Марјана и Жаре блескаа на фестивалската сцена – ФОТО

_DSC1552Markukule

И оваа година водителското дуо на Пиво Фест изгледа совршенио. Жаре и Марјана се уникатен спој кој ја краси фестивалската сцена.

Додека Марјана ги остави без здив сите со својот проѕирен фустан, Жаре како и секогаш во негов стил, комично, се дружеше со публиката како на сцената, така и во бек стејџот.

_DSC1455Markukule

_DSC1459Markukule

_DSC1462Markukule

_DSC1464Markukule

_DSC1505Markukule

_DSC1550Markukule

_DSC1716Markukule

_DSC1720Markukule

Трансфер бомба ја потресе Европа: Игуаин се договорил со Јувентус!

Иако ретко кој веруваше дека најдобриот играч на Наполи, Гонзало Игуаин може да го засили италијанскиот шампион Јувентус, информациите кои вечерва ги пласираат речиси сите релевантни спортски медиуми од Апенините говорат дека аргентинскиот напаѓач е пред трансфер во Јувентус и дека веќе е постигнат договор помеѓу “бјанконерите“ и напаѓачот.

 

gonzalo-iguain-640x360

Како бомба одекна вечерва информацијата на италијанските медиуми дека Игуаин се договорил со Јувентус и од следната сезона ќе го облече “црно-белиот“ дрес на торинскиот гигант. Тие пренесуваат дека постојат три опции за реализирање на овој трансфер.

Првата е Јувентус да плати 75 милиони евра и во Наполи да го прати играчот од средниот ред Роберто Переира, со што ќе ја исполни откупната клаузула на Игуаин која изнесува 94 милиони евра. Переира, чија цена на трансфер пазарот изнесува околу 20 милиони евра веќе подолг период се поврзува со Наполи.

Втората опција е дека Јувентус на Наполи ќе му отстапи тројца свои фудбалери, напаѓачот Симоне Заза кој се проценува на сума од 25-30 милиони евра, Роберто Переира (20 милиони евра) и дефанзивецот Даниеле Ругани (25 милиони евра). Дополнително, при оваа варијанта, Јувентус би  требало да доплати плус 25 милиони евра.

Третата и последна опција е Јувентус да не доплати ништо, односно покрај Заза, Переира и Ругани, во Наполи да го испрати и играчот од средниот ред Стефано Стураро, чија цена на пазарот се проценува на 20 милиони евра, со што би се исполнила откупната клаузула на аргентиснкиот напаѓач.

Останува да видиме дали во следните денови ќе дојде до конечна реализација на овој трансфер, со кој Игуаин би станал убедливо најскапиот фудбалер во историјата на Јувентус. Со тоа, Игуаин речиси за двојно би го срушил клупскиот трансфер рекорд, ако се земе во предвид фактот дека Јувентус досега во историјата најмногу пари има дадено за ангажманот на Џанлујџи Буфон во 2001-ва година, кога за голманот на Парма плати 53 милиони евра. Дополнително, со ваквиот спектакуларен трансфер Јувентус сака да покаже дека е семоќен во Италија и може да ги доведе дури и оние фудбалери од најлутите ривали кои се сметаат за недопирливи.

Откако на почетокот од трансфер периодот успеа на Рома да и’ го одземе нејзиниот надобар фудбалер од минатата сезона, Миралем Пјаниќ, за кого ја исплати клаузулата од 38 милиони евра, Јувентус сега е на добар пат да ги шокира фановите на Наполи и потпише со нивниот најдобар фудбалер.

Доколку дојде до реализација на трансферот, италијанските медиуми најавуваат дека тоа ќе значи дефинитивно разделување на Пол Погба со Јувентус, бидејќи дури ни торинскиот гигант нема да може без последици да помине од енормната сума платена за Игуаин.

За Погба веќе подолго време се оговори дека за сума од 120 милиони евра ќе го засили Манчестер Јунајтед, но доколку Јувентус  успее да го задржи и плус успее да го доведе Игуаин, тогаш “бјанконерите“ создаваат тим кој не само што ќе треба да доминира во Италија, туку би требало и да биде рамо до рамо во ЛШ со останатите гиганти.