дома блог страница 5248

Вечерва на ПИВО ФЕСТ: Македонското девојче, луди момци, балкански шармер и бесно диџеј дуо

По богатата и луда прва вечер, втората фестивалска вечер на Пиво Фест ќе биде уште позабавна и поатрактивна.

karolina-goceva5-640x361

Втората фестивалска вечер е пред нас. Гледајќи кои изведувачи ни престојат, се очекува вистинска кулминација на Пиво Фест во Прилеп.

Вечерашната забава ќе ја започнат гостите од Белград Самостални Референти.

Веднаш после нив настапува македонското девојче Каролина Гочева, а потоа следува балканскиот вечен шармер Хари Мата Хари.

Kулминацијата и вистинското лудило  ќе ги приредат гостите од Грција, диџеј дуото Bang La Decks.

fbbcb1d0fb4b4f89cfd1c5a9414c4580

A.Г.

 

ФОТО – Тропико Бенд приредија спектакл на фестивалската сцена во Прилеп

_DSC1602Markukule

Публиката громогласно го проследи настапот на Тропико Бенд на првата фестивалска вечер на “Пиво Фест 2016”.

Mногу забава, пеење, еуфорија, скокање …. беше само дел од атмосферата за време на настапот на гостите од Србија.

Момците од бендот се сплотија со македонската публика и во еден глас ги пееја нивните, но и хитовите на најпознатите пејачи од регионот.

 

Остануваат 3 вечери ! Прилеп ве очекува ! Еден е фестивалот !

Наздравје !

_DSC1682Markukule _DSC1572Markukule _DSC1577Markukule _DSC1581Markukule _DSC1584Markukule _DSC1598Markukule _DSC1602Markukule _DSC1636Markukule _DSC1637Markukule _DSC1638Markukule _DSC1641Markukule _DSC1653Markukule _DSC1661Markukule _DSC1671Markukule

A.Г.

ФОТО – Реге звуци и ладно пиво: Гостинот од Јамајка Рафаел со одличен настап на Пиво Фест

_DSC1487Markukule

Пристигна од далечната Јамајка и својот настап ги маѓепса посетителите на првата фестивалска вечер на “Пиво Фест”.

Рафаел со својот бенд приреди мал спектакл за љубителите на реге музиката. Ладното пиво и реге звуците и годеше на публиката.

_DSC1519Markukule

_DSC1467Markukule

_DSC1471Markukule

_DSC1483Markukule

_DSC1497Markukule

_DSC1503Markukule

А.Г.

ФОТО – Прилепскиот бренд “Crossroad Blues Band” со прекрасни блуз звуци ја разнежни публиката на Пиво Фест

_DSC1439Markukule

Честа да го отворат овогодинешното 14-то издание на фестивалот на скарата и пивото во Прилеп, “Пиво Фест 2016”, ја имаа блузерите од домашниот прилепски бренд “Crossroad Blues Band”.

Прилепчани и гостите на првата фестивалска вечер имаа одлична можност да уживаат во прекрасните блуз звуци, што претставуваше вистинско разнежнување пред понатамошната програма.

13699941_10154378271812082_8987584286544564568_n

13680943_10154378271687082_9036478205662163440_n

13686733_10154378213002082_5556486646211799600_n

13692688_10154378213062082_1329805862067387170_n

13692700_10154378271887082_114823047124502322_n

_DSC1410Markukule

_DSC1437Markukule

А.Г.

Жешките романски танчарки го запалија Прилеп – ЕКСКЛУЗИВНО ФОТО

_DSC1750Markukule

Финалето на првата фестивалска вечер на “Пиво Фест 2016” го приредија гостите од Романија “Fly Project”, а нивната придружба, двете аткрактивни танчарки, го запалија Прилеп.

_DSC1786Markukule

_DSC1737Markukule

_DSC1740Markukule

_DSC1743Markukule

_DSC1760Markukule

_DSC1781Markukule

А.Г.

Прва вечер “Пиво Фест” – Громогласно отварање на фестивалот на скарата и пивото (ГАЛЕРИЈА)

[Best_Wordpress_Gallery id=”315″ gal_title=”Pivofest1″]

Неверојатна и супер забавна прва вечер на фестивалот на скарата и пивото во Прилеп. “Пиво Фест 2016” започна громогласно. Организацијата перфектна, изведувачите ги исполнија очекувањата, а публиката уживаше во секој миг.

Фестивалот го отворија “Crossroad Blues Band”, следуваа реге звуците на гостинот од Јамајка, Рафаел, па популарните Тропико Бенд, за крај да следува големото финале. “Fly Project” синоќа го “запалија” Прилеп. Публиката уживаше и во еден глас ги пееше супер хитовите “Тоca Toca”, “Мusica”, “Like a star” …..

Пред нас се уште 3 фестивалски вечери, а вечерва на сцената ќе настапат “Самостални Референти”, македонското девојче Каролина Гочева, мега популарната балканска ѕвезда Хари Мата Хари и за крај повторно многу адреналин, настапува диџеј дуото од Грција, “Bang La Deck”.

 

ФОТО+ВИДЕО: Марјана Станојковска со гаќичките го запали Пивофест

marjana-1uykm67i67yji67i67i67

Марјана Станојковска, атрактивната лото-девојка, уште еднаш докажа зошто е најдобра риба во Македонија. Таа со прекрасната тоалета, змиското тело и гаќичките ги запали сите на Пивофест и социјалните мрежи.

Нов оглас на МВР за вработување на 600 полицајци

Министерството за внатрешни работи распишува оглас за вработување на 600 нови полицајци, дознава. Огласот, е објавен во утрешните изданија на дел од дневните весници.

policija-8

Како што може да се прочита од огласот, станува збор за прием на „600 извршители на работното место полицаец“, за работа во Министерството за внатрешни работи.

Најголем дел од кандидатите, односно 100 од нив, кои ќе ги поминат обуките и ќе бидат примени, според огласот, ќе бидат распоредени во организациските единици со седиште во Скопје, потоа 165 во Регионалните центри за гранични работи Север – Скопје, Југ и Запад, 50 полицајци ќе бидат вработени во Секторите за внатрешни работи во Охрид и Струмица, додека останатите ќе бидат распоредени во безмалку сите полициски станици во Скопје.

Во огласот се наведени условите за пријавување на конкурсот, како и методологијата за селекција на кандидатите.

mvr2

По селекцијата, избраните кандидати за полицајци ќе склучат договор за основна обука, која ќе трае една година, а на неа ќе бидат упатени „за 10 отсто поголем број на кандидати за полицаец од бројот на слободни места за кои е распишан огласот“.

И лани во јули МВР распиша конкурс за прием на 600 полицајци.

По стапувањето на функцијата техничкиот министер Олибрр Спасовски лицемерно пред мкадите полицајци говореше дека тие се иднината на македонската полиција за потоа да одбие да им ги потпише решенијата поради што тие мораа да штрајкуваат пред МВР.

Во мај годинава министерот Митко Чавков, веднаш по повторното преземање на функцијата ги потпиша договорите за вработување на 400 полициски службеници.

НОВ ШОКАНТЕН УДАР ЗА ЕУ: Орбан ги повика членките на излез од унијата

Viktor-Orban-1-e1455882194210

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја обвинува Европската комисија за кризата во Европската унија и ги повикува државите членки да ги повлечат овластувањата од рацете на Брисел.

Орбан, во текстот кој во целина ќе биде објавен во германскиот весник “Frankfurter Algemajne Cajtung“ во понеделник, повикува да се стави точка на “идеализирањето на европскиот проект” и укажува на излегувањето на Велика Британија од ЕУ како доказ на пропустите на Европската комисија.

Унгарскиот премиер во текстот вели дека кризата во ЕУ настанала поради отварањето на границите и прекумерните трошоци на некои држави членки, со премолчно одобрување на Комисијата, за која тврди дека требало да го спречи и едното и другото.

Двете најголеми европски достигнувања, заедничката валута и единствениот пазар кој е заштитен со Шенген зоната, се наоѓаат во опасност, предупредува Орбан и додава дека лично помогнал во спасувањето на Европа и начинот на живот на својот народ, со тоа што ги затворил границите на Унгарија за мигрантите.

 

Орбан предизвика бес кај претседателот на Европската комисија Жан – Клод Јункер, кога одби да го прифати неговиот предлог за системот на квоти за населување на мигранти кои пристугнуваат во Европа, подсетува француската агенција, додавајќи дека Орбан е најгласен источноевропски противник на муслиманските мигранти.

А.Г.

Тргна првиот бесплатен воз за “Пиво Фест” од Скопје

13695099_10208541186958637_585909716_n

Македонски Железници – Транспорт и оваа година излегоа во пресрет, па за време на четринаесеттото издание на “Пиво Фест”, ќе сообраќаат бесплатни возови од Скопје и Битола до Прилеп, за сите посетители кои имаат до 26 години.

Од Скопје веќе тргна првиот патнички воз со гости за фестивалот.

Во “Паркот на револуцијата” пак повторно има бесплатен кампинг простор, со обезбедени тоалети и тушови, како и кафе во утринските часови.