дома блог страница 5246

ВИДЕО – ГРАДОТ ПРЕПОЛН: Прилеп спремен за третата фестивалска ноќ, дождот нема да направи проблем!

Градот под Марковите Кули е спремен за големата кулминација која ќе се случува вечерва на фестивалот на скарата и пивото.

Дождот кој и попладнево силно почна да паѓа нема да претставува проблем, како што беше случај и вчера, кога екипите на комуналните претпријатија, ЈКП Комуналец и ЈКП Водовод и канализација, експресно се справија со насобраната вода во центарот на градот.

Вчерашната ноќ донесе илјадна публика пред фестивалската сцена, а вечерва и утре се очекува најмалку три пати повеќе од вчерашните слики.

Сите патишта водат кон Прилеп, планинскиот превој Плетвар денеска е речиси блокиран од возила. Гости во текот на целиот ден пристигнуваат и од Битола, Охрид, Ресен …..

_DSC2431Markukule

_DSC2397Markukule

_DSC2422Markukule

На железничката станица пак пристигнуваат бесплатните возови на Македонски Железници со многу патници желни за забава.

Третата вечер на Пиво Фест ќе ја одбележат настапите на Миле Кузманоски, Радмила Манојлович и Аца Лукас.

Се очекува една бура од прекрасна атмосфера, публика од сите генерации, многу испиено пиво и изедени тони скара.

Прилеп ве очекува!

Тука е забавата и не заборавајте, ЕДЕН Е ФЕСТИВАЛОТ !

 

А.Г.

Изложба “MUTE + UNFORBIDDEN COLORS” во недела во домот за култура во Прилеп

MUTE_info1

Изложбата MUTE + UNFORBIDDEN COLORS е авторска поставка навизуелниот уметник Мирна Арсовска и историчарот на уметност ДејанБуѓевац под заедничко име THE EX-ORPHANS.

Инсталацијата содржи две видео остварувања и еден поетски текст насловен како „Смртта знае“.

Поставката претставува еден вид на социо-визуелна „документација“, во која на еден „воајеристички“ начин преку два статични и идентични кадри се набљудува одредена банална „состојба“ како што е „човечки грб во лежечка состојба, потпрен на внатрешната страна на прозорецот“.

Истовремено, во позадина на двата видеа се слушаат разни звуци, почнувајќи од безгрижни гласови/комуникации на возрасни и деца, автомобилски звуци, но и неколку истрели кои на еден кревок и невознемирувачки начин, уште повеќе ја потврдуваат естетизираната немост и статичната тишина на видео сликата…

Двосмислените мизансцени делуваат како да се извадоци од филмови, но на крајот, тие се само реалниот живот; факт кој понекогаш е опкружен со одредена поетска нежност.

MUTE_info3

Овие „вињети на немоста“, овие „мали“ и естетизирани визуелни „сценарија“, кондензирани до извесна безначајна напнатост, формираат композициски сегменти кои со својот сензибилизиран колорит потсетуваат на одредени маниристички аспекти од историјата на уметноста.

Исечените кадри кои се по малку меланхолично рафинирани, поседуваат суптилна „театралност“, текстура која содржи сликарски конвенции, мек сликарски ефект, дифузна светлина во комбинација со кревки детали, пригушени бои…

Освен една фокусирана поетска индиферентност од страна на авторите, целата поставка во тематска смисла нема јасна и „препознатлива“ експлицитност, но е отворена за разни интерпретации од психо-социјален, интимен, културен и уметнички аспект…

Визуелни кадри кои исполнети со необјасниво чувство на копнеж, ја преиспитуваат исто така,  и сега веќе дискутабилната граница/разлика помеѓу јавното и она што се смета за приватност.

Во прашање е несвесна и кревка нијанса од нашето секојдневно постоење, подигната на ниво на остаток/недостиг/вишок кој не претендира, но е секогаш присутен како неодреденост или „чисто време“ (Жил Делез)…

 

ФОТО – Во Прилеп законот важи подеднакво за сите !

13692656_10208459743188422_2368190018488758500_n

Беспрекорната организација на овогодинешниот Пиво Фест не може ништо да ја наруши. Тоа го видовме и вчера кога последиците од силното невреме беа експресно санирани од јавните комунални претпријатија.

Ниту за ваквите луксузни лимузини кои се непрописно паркирани нема да има простување. Тоа го видоа денес посетителите кои уживаа во денското разладување со пиво на штандовите.

Пајак службата си ја врши работата, а законот важи подеднакво за сите.

ВЕЧЕРВА НА ПИВО ФЕСТ: ЌЕ ГРМИ СЦЕНАТА – Настапуваат Аца Лукас, Радмила Манојлович и Миле Кузманоски

Tретата фестивалска вечер на Пиво Фест во Прилеп ќе ја одбележат настапите на Аца Лукас, Радмила Манојлович и нашата мега популарна ѕвезда Миле Кузманоски.

mile-kuzmanovski

Фестивалската вечер започнува со настапот на Миле Кузманоски, а публиката одново ќе ужива во големите македонски хитови на нашата мега популарна ѕвезда.

Aтмосферата особено ќе добие на интензитет кога на сцената ќе излезе атрактивната српска пејачка Радмила Манојлович.

Radmila-Manojlovic

Нема да постои некој во публиката што ќе одолее на сексапилот на популарната Рада.

Големото финале на третата вечер на фестивалот на скарата и пивото во Прилеп ќе го приреди балканската ѕвезда Аца Лукас.

Прилеп ве очекува!

НАЗДРАВЈЕ !

ФОТО – Изненадување на вечерта: Антонија Гиговска со моќен вокал ја разнесе сцената на Пиво Фест

_DSC2228Markukule

Антониа Гиговска, девојката која се натпреваруваше на “Пинковите Ѕвездички”, синоќа на втората фестивалска вечер на Пиво Фест, со моќен вокал буквално ја разнесе сцената.

На покана за нејзиниот учител во натпреварувањето Хари Мата Хари, Антониа за миг го украде неговото шоу.

Хари беше во стручното жири на балканскиот натпревар „Пинкови ѕвездички“ и постојано ја фалеше Антониа, а понекогаш и даваше совети и ја учеше како треба.

Синоќа Антониа беше таа која му покажа на балканскиот заводник како се предводи неколку илјадна публика, која беше фасцинирана од нејзината изведба.

Антониа стигна до супер финалето на “Пинковите Ѕвездички” и го освои 7-то место, но нејзиниот синоќешен настап говори дека го заслужила првото.

_DSC2226Markukule

_DSC2211Markukule

_DSC2214Markukule

_DSC2219Markukule

 

ВИДЕО – Силниот дожд не беше проблем за лудата забава на Пиво Фест

6299-hari-mata-hari-ona-shto-vcera-go-doziveavme-moze-da-se-stavi-vo-kategorija--spektakl-960x600-15

Силниот дожд кој синоќа после полноќ започна да паѓа, не беше проблем за лудата забава на втората фестивалска вечер на Пиво Фест да продолжи.

За време на настапот на балканскиот шармер Хари Мата Хари, дождот само за миг ја излади вжештената атмосфера, но публиката не ја напушти позицијата, напротив уште пожестоко и со уште повеќе енергија, на цел глас ги пееше големите хитови.

ЕДЕН Е ФЕСТИВАЛОТ!

Погледнете дел од лудата забава:

 

Хари Мата Хари: Она што вчера го доживеавме може да се стави во категорија – спектакл

6299-hari-mata-hari-ona-shto-vcera-go-doziveavme-moze-da-se-stavi-vo-kategorija--spektakl-960x600-46

Триесет години го работам ова и имам право да судам – она што вчера го доживеавме може да се стави во категорија – спектакл. Тоа се доживува еднаш на неколку години.

Вака Хари Мата Хари на денешната прес-конференција ги сподели впечатоците од втората вечер на „Пивофест 2016“, која навистина беше спектакуларна.

6299-hari-mata-hari-ona-shto-vcera-go-doziveavme-moze-da-se-stavi-vo-kategorija--spektakl-960x600-24

6299-hari-mata-hari-ona-shto-vcera-go-doziveavme-moze-da-se-stavi-vo-kategorija--spektakl-960x600-18

Вечерта почна со заразниот ритам на „Самостални референти“, а потоа и долго очекуваниот настап на Каролина на фестивалот конечно се случи. Македонското девојче за првпат настапи на големата сцена во Прилеп и ги оправда сите очекувања на публиката. Песните се пееја во еден глас, а Каролина постојано беше блиску до нејзините обожаватели.

Подоцна на сцената излезе и босанската ѕвезда Хари Мата Хари, кој повеќе од еден час ги пееше сите негови хитови, а ни дождот кој повторно почна да паѓа не го исплаши.

6299-hari-mata-hari-ona-shto-vcera-go-doziveavme-moze-da-se-stavi-vo-kategorija--spektakl-960x600-54

6299-hari-mata-hari-ona-shto-vcera-go-doziveavme-moze-da-se-stavi-vo-kategorija--spektakl-960x600-47

– Добро е што имаше дожд, моите песни така го постигнаа оној вистински ефект. И јас излегов на дождот, почна да паѓа некаде на крај на настапот и така ни го даде најдоброто – изјави Хари.

Изненадување на вечерта беше и младата Антониа Гиговска од „Ѕвездичките на Пинк“, која заедно со Хари го изведе дуетот „Не могу ти речи шта је туга“.

Вистинскиот бум вечерва, сепак, го постигнаа гостите од Грција. За време на настапот на „Банг ла декс“ публиката збесна. Се соблекуваа водените маици, се скокаше, се лудуваше до раните утрински часови.

6299-hari-mata-hari-ona-shto-vcera-go-doziveavme-moze-da-se-stavi-vo-kategorija--spektakl-960x600-14

6299-hari-mata-hari-ona-shto-vcera-go-doziveavme-moze-da-se-stavi-vo-kategorija--spektakl-960x600-15

– Она што е најдобро е што дождот всушност ги остави оние кои навистина сакаат да се журкаат, а тие за изненадување беа навистина многу – рече утрово водителот Жаре.

Денеска, пак, се очекува најголемата гужва. На сцената ќе настапуваат балканските ѕвезди Аца Лукас и Рада Манојловиќ, но забавата ќе започне со еден од омилените македонски фолк-пејачи.

– Нормално дека сме возбудени за настапите на Аца и на Рада, но јас со нетрпение го очекувам настапот на Миле Кузмановски, кој ми е омилен пејач – призна градоначалникот Марјан Ристески.

Tој додаде дека е многу среќен што времето не ги исплаши гостите, бидејќи нема простор за грижа. Службите на градот, како Јавното комунално претпријатие, Водовод и канализација и Паркинзи, се подготвени да ја санираат било која временска непогода.

ФОТО – Балканскиот шармер ја маѓепса илјадната публика на втората фестивалска ноќ на Пиво Фест

_DSC2155Markukule

Единствениот и вечер балкански шармер со неверојатна и моќна изведба ги стопли срцата на илјадната публика на втората фестивалска вечер на Пиво Фест.

На неговиот настап играа и пееја сите, од најмладо до најстаро. Вечните хитови на Хари Мата Хари и песните од новиот албум, одекнуваа од грлата на огромната публика.

_DSC2199Markukule

_DSC2144Markukule

_DSC2145Markukule

_DSC2149Markukule

_DSC2163Markukule

 

_DSC2170Markukule

 

ФОТО – СТРАШНО И МОЌНО: Грците ја “вивнаа во воздух” сцената на Пиво Фест

_DSC2292Markukule

Финалето на втората фестивалска вечер на Пиво Фест го приреди диџеј дуото од Грција Bang La Decks. Ниту силниот дожд кој почна да паѓа некаде после полноќ, не ги спречи да приредат спектакл кој долго ќе се памети во Прилеп.

Илјадната публика лудуваше на сетот кој го приредија двајцата “фантоми”, кои беа изненадени од неверојатниот пречек, па во неколку наврати се заблагодаруваа на македонската публика. Во музиката нема политика, тоа беше очигледно и синоќа во Прилеп.

Кренати раце во воздух, чаши со пиво кои летаа во воздух и вжештена атмосфера. Bang La Decks беа вистински погодок.

_DSC2268Markukule _DSC2284Markukule _DSC2286Markukule _DSC2290Markukule _DSC2292Markukule _DSC2307Markukule _DSC2310Markukule _DSC2314Markukule _DSC2318Markukule _DSC2324Markukule _DSC2328Markukule _DSC2335Markukule _DSC2338Markukule

ГАЛЕРИЈА: Втора вечер Пиво Фест: Вистинска кулминација во Прилеп !

[Best_Wordpress_Gallery id=”317″ gal_title=”pivofest3″]