дома блог страница 5236

ФОТО: Дали Љупка е најзгодната струмичанка?

Има 29 години и речиси 80.000 следбеници на социјалните мрежи кои струмичанката Љупка Митрова полека, но сигурно, ги освојува.

 

ljupka

Верувале или не, таа е мајка на две деца, 8-годишната Елена и 6-годишната Сандра и е во среќен брак со својот сопруг.

Таа вели дека започнала фотографиите да ги објавува без никаква намера да стане популарна, а сега светски познати модни страници ги преземаат и ги објавуваат.

Погледнете дел од нејзините фотографии.

 

5 1 2 3 4

ФОТО: Хрват продава опседната кукла која навечер му шепоти и не му дава да спие

Куклата се продава за само 13 евра, но никој не сака да ја купи.

received_10208614472710735

-Ја продавам оваа 100 години (можеби и повеќе) стара кукла, совршено сочувана, без никакви оштетувања, со оригиналната облека. Наводно е многу вредна, но не сакам веќе да ја имам во моја близина.

Ја чувам во кутија во подрумот бидејќи кучињата постојано лаат на неа, а исто така и ноќе ни шепоти со нежно гласче и не ни дава да спиеме.

Целосно е незапалива, во што и неколку пати се имам уверено. Веќе два пати ја подарив, но ми ја враќаа бидејќи луѓето се плашеа да бидат во нејзина близина. Се обидов да ја фрлам во контејнер, но потоа кога се враќав ја наоѓав на фотелја како никогаш да не била фрлена.

Еднаш повикавме поп да ја благослови, но му се слоши веднаш штом ја попрска со света вода и почна да се моли, па веднаш излезе од куќата и веќе никогаш не ни се јави. Сето ова ни е ногу стресно, па затоа одлучив да ја продадам за симболична цена“, изјавува несреќниот сопственик во огласот, со назнака: „Предност имаат купувачите надвор од Хрватска или далеку од Самобор и Загреб“.

Саботно кафе во Прилеп – 23.07.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”325″ gal_title=”СаботноПрилеп1″]

НАЈНОВО ОД ТОШО МАЛЕРОТ: “Пикник” e најновиот скеч на “БАТКA Production”

1111

Toшо Малерот и во далечната Австралија не го загубил сенсот за хумор и добар скеч.

Најновото видео на “БАТКА Production” е насловено како “Пинкник” и слатко ќе ве насмее.

Погледнете:

А.Г.

ВИДЕО – Кога ќе видите што ова момче работи со воланот ќе останете целосно запрепастени

Screenshot_4-96-640x349

Да се биде “профи” возач бара многу искуство, но и талент. Не може секој да го изведе ова што е снимено во ова видео.

Многу искусни возачи не би можеле да го изведат ова, ако говориме искрено. Секоја чест на момчето, а вас сигурно како и нас, ќе ве остави без здив.

Погледнете:

А.Г.

 

Додека сите береле тутун, чичкото ја силувал внуката – нов хорор во Прилеп

fwegherjhrtjd

Уште еден хорор ја потресе Македонија, маж извршил полови дејствија врз малолетно девојче од Прилеп.

– Вчера  во 10.30 часот во станицата во Прилеп 37-годишниот Ј.Т. заедно со нејзината петнаесетгодишна ќерка, пријавила дека летото 2012 година Б.Т. од с.Заполжани, братучед на нејзиниот сопруг, во период од две недели, во повеќе наврати, извршил полови напади врз нејзината ќерка, која тогаш имала 11 години. Според мајката на девојчето, во периодот додека таа и нејзиниот сопруг Т.Т. биле да берат тутун, неговиот братучед Б.Т. влегувал во нивната семејна куќа во с.Заполжани и, во собата каде што спиеле нивните деца, извршувал полови дејствија врз нивната малолетна ќерка. Тоа се случувало во период од две недели, се додека девојчето не му кажало на сторителот дека ќе го каже на нејзиниот татко. Оттогаш па се до 2015 година Б.Т. немал никаков физички контакт со девојчето. Во тој период и испраќал СМС пораки на мобилен телефон и пораки на Фејсбук. Истата, поради срам и страв не го пријавила делото. Во јули оваа година сторителот повторно во неколку наврати го повторил делото, соопштуваат од МВР

За настанот е запознаен Јавен обвинител.Полицијата  презема мерки за целосн расчистување на случајот.

ТРАНСФЕР НА ВЕКОТ ВО ИТАЛИЈА: Игуаин е нов фудбалер на Јувентус, ги мина медицинските прегледи

Веќе нема дилеми, Гонзало Игуаин е нов играч на италијанскиот шампион Јувентус. Медиумите од Апенините објавија дека Аргентинецот во Мадрид ги минал лекарските прегледи и најкасно до утре ќе биде официјализиран неговиот тансфер.

 

iguain2-615x400

Сите италијански медиуми точно напладне излегоа со ексклузивни информации дека е реализиран фудбалскиот трансфер на векот во Италија. Доказ за тоа дека трансферот навистина се случува е и ексклузивната фотографија која се појави од Мадрид, каде Гонзало вчера вечер ги минал медицинските прегледи во присуство на Марота.

125221108-2fd0ff78-35e4-4c28-a19d-a5d710d9ca75-640x360

Јувентус прифати да исплати 94 милиони евра, во две рати, на Наполи за трансферот на Аргентинецот, кој ќе потпише четиригодишен договор. Игуаин, како што тврди „Кориере дело спорт“ веќе изнајмил и стан во Торино. Неговата годишна плата во Јувентус ќе изнесува 7,5 милиони евра.

Од друга страна, токму реализацијата на овој трансфер, веќе се поизвесно го најавува и заминувањето на Пол Погба во Манчестер јунајтед. Потврда, според некои, за тоа е и фактот што Јувентус го тргнал Погба од сите свои промотивна материјали и службените страници на социјалните мрежи.

Ноќен живот во Прилеп – Club Calypso – 22.07.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”324″ gal_title=”KalipsoJuli”]

Прилепчанец од спелеолошкиот клуб „Златоврв ќе учевствува на тешка експедиција во Хрватска

DSC_6943

Членот на Спелеолошкиот клуб „Златоврв“ – Прилеп, Дарко Неданоски, во периодот од 23 јули до 6 август 2016 ќе учествува на спелеолошката експедиција „Северен Велебит“ во Хрватска. Експедицијата ќе опфаќа спелеолошки истражувања на доста тежок терен, Велебит Планина во Хрватска, позната по длабоки пропасти, вклучително и најдлабоката пропаст на Балканот, системот Лукина Јама-Тројама (-1431 m). Главните истражувања ќе бидат насочени кон истражување на нови канали во пропаста Словачка Јама (-1301 m), на длабочина поголема од 700 m, како и истражување на нови длабоки пропасти на масивот. За споредба, надлабоката пропаст во Македонија е Словачка Јама на Караџица, истражена до длабочина од 610 m.

DSC_0633

Експедицијата е во организација на Спелеолошкиот отсек на П.Д.С. „Велебит“ и Спелеолошкото друштво „Велебит“ од Загреб, во соработка со Комисијата за спелеологија при Хрватскиот планинарски сојуз и Загребскиот спелеолошки сојуз.

DSC_5069

Дарко Неданоски е веќе докажан македонски спелеолог, со активно учество во повеќе спелеолошки истражувања во Македонија и странство, како и учество на повеќе обуки и вежби за спасување во пештери во соседните држави.

Повеќе за експедицијата ќе најдете тука:

http://speleologija.hr/velebit2016

Повеќе за активностите на Дарко Неданоски и Спелеолошкиот клуб „Златоврв“ – Прилеп можете да најдете тука:

http://zlatovrv.speleo.mk/

https://www.facebook.com/skzlatovrv/

 

Челси со 50 милиони евра ќе се обиде да го доведе Кавани

edison-kavani-520x284

Премиерлигашот Челси наскоро ќе испрати официјална понуда за напаѓачот на Пари Сен Жермен, Едисон Кавани. Имено, раководството на „сините“ подготвило сума од 50 милиони евра за трансфер на уругвајскиот напаѓач, кој и во минатото беше поврзуван со трансфер во Премиер лигата.

Сепак, заминувањето на Ибрахимовиќ во Манчестер јунајтед остави простор за Кавани во тимот, а информациите од Франција говорат дека раководството на Французите се уште не е подготвено да го продаде напаѓачот.

Ситуацијата може да се промени доколку богатите сопственици го убедат Левандовски да дојде во тимот од Париз, и со тоа Кавани ќе биде присилен да си побара нов клуб, каде ќе има поголема минутажа.