Прилепчанец од спелеолошкиот клуб „Златоврв ќе учевствува на тешка експедиција во Хрватска

DSC_6943

Членот на Спелеолошкиот клуб „Златоврв“ – Прилеп, Дарко Неданоски, во периодот од 23 јули до 6 август 2016 ќе учествува на спелеолошката експедиција „Северен Велебит“ во Хрватска. Експедицијата ќе опфаќа спелеолошки истражувања на доста тежок терен, Велебит Планина во Хрватска, позната по длабоки пропасти, вклучително и најдлабоката пропаст на Балканот, системот Лукина Јама-Тројама (-1431 m). Главните истражувања ќе бидат насочени кон истражување на нови канали во пропаста Словачка Јама (-1301 m), на длабочина поголема од 700 m, како и истражување на нови длабоки пропасти на масивот. За споредба, надлабоката пропаст во Македонија е Словачка Јама на Караџица, истражена до длабочина од 610 m.

DSC_0633

Експедицијата е во организација на Спелеолошкиот отсек на П.Д.С. „Велебит“ и Спелеолошкото друштво „Велебит“ од Загреб, во соработка со Комисијата за спелеологија при Хрватскиот планинарски сојуз и Загребскиот спелеолошки сојуз.

DSC_5069

Дарко Неданоски е веќе докажан македонски спелеолог, со активно учество во повеќе спелеолошки истражувања во Македонија и странство, како и учество на повеќе обуки и вежби за спасување во пештери во соседните држави.

Повеќе за експедицијата ќе најдете тука:

http://speleologija.hr/velebit2016

Повеќе за активностите на Дарко Неданоски и Спелеолошкиот клуб „Златоврв“ – Прилеп можете да најдете тука:

http://zlatovrv.speleo.mk/

https://www.facebook.com/skzlatovrv/

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.