дома блог страница 5235

СЕ ДОУРЕДУВА УЛИЦА “МАКЕДОНСКИ ПРОСВЕТИТЕЛИ” ВО КРИВОГАШТАНИ

image-0-02-01-cf02fe0b8c3d4ccfdf73ffdfdedda38c16756848d2844d133f5ab8bad50e8de2-V-702x336

Улицата “Македонски Просветители” во Кривогаштани, доби парковско доуредување со дрворед од ниско растечки украсни дрвца, со што се уредува просторот помеѓу тротоарот и училишната ограда, што само ја надополнува одличната естетика која ја доби улицата после нејзиното асфалтирање во централниот дел на населеното место.

image-0-02-01-c3bc7b047b0e2141ef166a352f63ce03a20285483b74cc665437f0caf0e1bb95-V

Исто така општина Кривогаштани успеа да обезбеди средства за нејзино продолжување, со што улица “Македонски Просветители” ќе добие дополнување на тротоарските патеки и нов асфалт на уште дополнителни 300 метри, кои ќе поминуваат низ зелениот и сточниот пазар во Кривогаштани.

 

 

Пена Парти во Претор, уживање за младите: Преспа врие од туристи – ФОТО

13735294_10208377581331543_1103216876_n

Преспанското Езеро врие од туристи како во старите времиња. Пријатната вода на езерото, чистиот воздух, како и новите уредни плажи на преспанското крајбрежје, ги вратија туристите во огромен број.

Така беше и денеска, кога илјадници луѓе од Пелагонискиот регион, но и од подалечните краеви на државата беа дојдени во Преспа, да уживаат на песочните плажи.

Претор е секогаш најатрактивен и со традиција летувалиште, па таму е секогаш најполно.

Денеска посетителите уживаа и во Пена Парти, што насобра рој луѓе на едно место.

13844083_10208377584091612_1200515214_o 13814655_10208377576891432_1665409978_n 13815150_10208377576611425_1877052521_n 13815197_10208377579051486_1554813406_n 13815203_10208377579771504_1438135649_n 13815256_10208377579891507_1598660575_n 13816879_10208377580091512_1131144707_n 13816891_10208377578411470_537753790_n 13817007_10208377580331518_649517529_n 13817072_10208377576651426_1806622562_n 13819296_10208377580051511_642327668_n 13819673_10208377579171489_2101336503_n 13819827_10208377579851506_1979249581_n 13820368_10208377577451446_711527472_n 13820387_10208377579811505_1961813182_n 13820917_10208377578811480_1653615075_n 13823714_10208377580211515_1512725334_n 13833138_10208377584491622_329346955_o 13833475_10208377583451596_194849985_o

Прилеп се сеќава на великанот: 59 години од смртта на Методија Андонов – Ченто

Денеска Прилеп се сеќава на еден од најголемите  национални борци, дејци, политичари. Денес Прилеп и прилепчани се сеќаваат на првиот претседател на президиумот на АСНОМ, или на првиот претседател на Македонија.

images (1)

Роден е на 17 август 1902 година во Прилеп во близина на денешниот фудбалски стадион како прво здраво дете по неколкуте починати деца на неговите родители Андон, кој бил по потекло од прилепското село Леништа, и Захарија (Зака), која била по потекло од прилепското село Плетвар. Уште од најрана возраст, работел по прилепските тутунски и афионски полиња[се бара извор]. Во младоста бил одличен и истакнат гимнастичар. Завршил средно трговско училиште во Прилеп и во 1926 година отвора бакалско-угостителски дуќан и си обезбедува пристојна егзистенција. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучува граѓански брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Тоа предизвикува бурни реакции во конзервативната прилепска средина и по враќањето на младите во Прилеп, на 5 мај тие се казнети со по 20 дена затвор поради вонбрачно живеење. Со Василка, Ченто има четири деца, кои и денес се живи. Најстариот син, Илија Андонов – Ченто, во 1990-те има напишано биографија за својот татко.

Ченто ја прифатил и ја бранел македонската национална кауза уште од раната младост. Учествува на изборите во 1935 година како заменик кандидат, а на изборите во 1938 година и како кандидат на листата на Здружената опозиција, бранејќи ја македонската национална кауза и залагајќи се за поголема слобода на Македонците и отворање на училишта на македонски јазик. На изборите во 1938 година од вкупниот број гласови дадени за кандидатите на опозицијата, Ченто добива најмногу, но не бил избран за пратеник поради државната манипулација со изборниот систем.

127

Ченто бил еден од организаторите на Илинденските демонстрации во Прилеп (1940), за што бил затворен во затворот во Велика Кикинда. Во 1940 година се залага за воведување на мајчин македонски јазик во наставата во училиштата и повторно е затворен и интерниран во Баина Башта, при што е осуден на смрт. Дури и е одведен на стрелање, но е ослободен во последен момент на 15 април 1941 година.

Пред Втората светска војна повеќе пати бил претставник на прилепскиот трговски еснаф, а во периодот 1935 – 1940 е претставник на прилепските трговци во Индустриско-трговската комора во Скопје, каде што јавно истапил пред нападите на српската влада дека народот во Македонија не е благодарен на сите добродети што ги направила владата, велејќи дека доколку се остави Македонија на Македонците, тие од нејзе ќе направат цветна градина и развиена економска земја. За неколкуте вакви негови изјави било известено во Белград и тие биле оценети како сепаратистички и автономистички. Тој бил многу почитувана личност во прилепската чаршија.

Уште на почетокот на бугарската окупација, на 26 април, Ченто добива покана да соработува со бугарските окупаторски власти. Тој ја одбива поканата и наместо тоа одбира да соработува со оние што се залагаат за ослободување на Македонија од нејзините нови окупатори. Неговата продавница за алкохол во Прилеп станува свртилиште на комунистите од градот, поради што бугарските власти во 1942 година го интернираат прво во селото Мелница, близу бугарско-турската граница, а потоа во логорот „Чучулигово“, Петричко (Пиринска Македонија).

По неговото ослободување од интернација, Главниот штаб на НОВ и ПОМ на 21 август 1943 година му испраќа писмо во кое го повикува да се приклучи на НОБ. Во септември на два пати се среќава со својот сограѓанин Кузман Јосифоски – Питу, кој успева да го убеди да се приклучи на НОБ.

lll

На слободната територија во Дебарца, Охридско, Ченто преминува во октомври 1943 година. Именуван е за член на Главниот штаб, а по основањето на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ станува негов претседател. Како дел од Одборот учествува во подготовките и организацијата на свикувањето на АСНОМ. На почетокот од мај 1944 година тој, Емануел Чучков и Кирил Петрушев заминуваат за Вис на средба со Народниот комитет за ослободување на Југославија на чело со Јосип Броз Тито. Средбата се одржува на 24 јуни при што македонската делегација го поставува прашањето за обединување на Македонија по ослободувањето од окупацијата. Тито начелно се согласува, но не смета дека тоа треба да биде непосредна задача.

По враќањето на делегацијата од Вис, се привршуваат подготовките околу АСНОМ и на 2 август се одржува Првото заседание. На него Ченто е избран за претседател на Президиумот на АСНОМ на ова највисоко државно тело на Демократска Федерална Македонија (подоцна НР Македонија).

За време на извршување на својата функција, Методија Андонов – Ченто бил многу почитуван и сакан од народот и се залагал власта целосно да биде народна и народот да може слободно и преку истата врата преку која влегуваат службениците, да влегува во институциите. Според неговите лични сведоштва, Методија Андонов – Ченто бил многу почитуван и од самиот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито[се бара извор], кој успеал да го убеди да се кандидира за пратеник на изборите во 1946 година и покрај опструкциите кои му се правеле на Ченто од страна на КПМ (Лазар Колишевски).

Судирот со новата комунистичка власт

Првите несогласици на Ченто со комунистите, особено со Светозар Вукмановиќ – Темпо, почнуваат многу брзо по неговото преминување на слободна територија. Меѓу другото, Ченто упатува забелешки на содржината на Манифестот на Главниот штаб.[се бара извор]

По ослободувањето на земјата несогласиците со тогашниот македонски врв продолжуваат. Ченто се противи 15-от македонски корпус да оди на Сремскиот фронт, се залага за обединување и поголема самостојност на Македонија, се противи на враќање на имотот на избеганите српски колонисти и се залага за поголема финансиска независност и залагање за сопствен буџет на Македонија и на останатите југословенски републики. Комунистите пополека му ја одземаат реалната власт и поради несогласувањето со мерките што ги преземаат комунистите, Ченто на 14 март 1946 година поднесува оставка на функцијата претседател на Президиумот на Народното Собрание на Македонија.

Сака да се повлече од политиката и намира да живее во Прилеп, но на 14 јули е уапсен од полицијата пред својата куќа во Прилеп, а на 31 јули Министерството за внатрешни работи објавува дека Ченто бил уапсен поради обид за бегство во Грција. На 8 август против него е покренат обвинителен акт, а на 19 ноември е изведен пред суд во состав: Панта Марина (претседател) и Лазар Мојсов и Коле Чашуле, членови. Судењето трае доста кратко и по два дена, на 21 ноември, Ченто е осуден на 11 години затвор. Затворен е во скопскиот затвор „Идризово“ каде во најтешки услови бил во „специјалната ќелија“ и бил чуван од посебна стража и му биле дозволувани триесет минутни прошетки на одредено место во затворот и еднаш неделно биле дозволувани посети на членовите на неговото семејство. Додека бил во затвор, властите често му нуделе да признае и потпише дека згрешил и се покајува, по што животот ќе му бил наполно обезбеден.

Пуштен е условно на 4 септември 1955 година, по одлежани 9 години и 4 месеци затвор. Сепак затворскиот живот остава траги врз неговото здравје. Бара од Тито да му дадат пасош за да отиде да се лечи во Швајцарија, но бил одбиен. Осамен и во тешки болки и маки, Ченто на 24 јули 1957 умира од рак на желудникот, во својот дом во Прилеп. И по излегувањето од затворот не се откажал од идеите на самостојна и обединета Македонија.

13700152_10210435834359947_3199505315473439889_n

 

Долги години по смртта, Методија Андонов – Ченто бил табу тема и ретко бил спомнуван во историските книги и учебници, а и јавните разговори поврзани со него биле строго забранети. Во 1990 година, на барање на неговиот син Илија Андонов – Ченто, е обновен судскиот процес против него и на 22 октомври, по повторената кривична пресуда, Окружниот суд во Скопје ја укина пресудата од 1946 година. На 22 октомври, претседателот на Македонија постхумно го одликувал Ченто со „Орден на Република Македонија“, орден кој го имаат само поранешните претседатели на Македонија и три реномирани македонски институции.

Текстот е преземен од Wikipedia

Ноќен живот во Прилеп – DJ DEA – 23.07.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”326″ gal_title=”NokenDjDEA”]

Со отворена изложба на новосоздадените дела, синоќа заврши деветтата колонија Дрен

DSCN9991

Со отворањето на изложбата на новосоздадени дела синоќа (сабота) во изложбениот салон заврши деветтата колонија Дрен што ја организираше Центарот за култура ,,Марко Цепенков,, од Прилеп од 17 до 24 јули. Уметнците од Прилеп, Македонија, од Србија и од Русија создадоа дела кои ќе останат во трајно наследство на Центарот и на Прилеп..

DSCN9896

Уметниците ( Мирна Арсовска, Верче Николоска, Билјана Бинчев, Јошкин Шилјан, Мирослав Живковиќ, Снежана Манасиќ, Јелена Фрида Стошиќ, Марија Алексиќ, Рада Тихановскаја, Јасмина Рунеска, Ангел Миов, Силвија Шосева, Васил Костов, Емил Солески, Виолета Димеска, Марјан Стојаноски,Тони Чатлески)….. дружејќи и разменувајќи искуства создадоа креативни дела во повеќе уметности, кои освен прилепските љубители на ликовната ументост ќе можат да ги проследат и во другите градови.

DSCN9886

Директорот на Центарот Тони Чатлески на отворањето на изложбата посочи дека ова искуство ќе придонесе да се создаде една од најдобрите колонии не само во Македонија туку и на Балканот и дека Прилеп ќе стане центар на ликовната уметност.

DSCN9964

Колонијата Дрен беше во рамките на Прилепското културно лето.

ВИДЕО – Успеа да се преслечи пет пати во само пола минута

Screenshot_1-120-640x374

Сос и Викторија се пар кој прави неверојатни трикови, но овој посебно ќе ве воодушеви.

Како? Прашање кое ќе си го постават сите кога ќе видат колку една жена може да биде вешта во пресоблекувањето. Секако, тоа е само трик, но сепак, ќе останите без текст.

Погледнете го видеото:

А.Г.

ВИДЕО: Филмско апсење на најбарниот Србин на сите времиња

Властите во Перу во соработка со американската ДЕА го упасиле најбарниот Србин на сите времиња 57- годишниот Зоран Јакшиќ, за кого се верува дека бил финансиер и организатор на групата што шверцувала кокаин во Европа, вршела киднапирања и имала платени убијци.

 

apsenje-zoran-640x339

Групата била позната под името „Америка“, пренесуваат светските медиуми.

Јакшиќ бил сослушан во Лима, главниот град на Перу. Против него се распишани три меѓународни потерници.

Тој користел 46 лажни идентитети и 10 различни пасоши.

Јакшиќ го бараат дури 25 земји меѓу кои Германија, Аргентина, САД, Перу, БиХ, Грција, Австралија. Се подготвувал да побегне во Еквадор.

ВИДЕО – Директно од фронтот: Погледнете ја оваа жестока офанзива на борците на Асад врз терористите на ИД

Сириската армија ги објави најновите снимки на кои се гледа страшна офанзива на борците на Асад северо-источно од Дамаск врз борците на Исламска држава.

222

Преземањето на ова прво упориште е првиот чекор на планот за преземање на Сириско-Либанската граница.

А.Г.

Прилепчанка на Олимпијадата во Рио

123

Џудистката Катерина Николоска е една од шестте македонски учесници на претстојната Олимпијада во Рио де Жанеиро, Бразил. Долго време е членка на скопскиот клуб Миоки, меѓутоа израсна од ЏК Пролетер. Тогаш тренер и беше Славе Димитријоски, а и сега е прилепчанец – Игор Паскоски. Николоска настапува во категоријата до 63 килограми, каде е меѓу најдобрите на Балканот. Има многубројни медали на меѓународни натпрварувања. Оттука и очекувањата за добро претставување во Рио, каде конкуренцијата ќе биде мошне силна. Покрај неа, на Игрите ќе учествуваат уште: атлетичарите Дрита Исљами и Ристе Пандев, стрелецот Нина Балабан и пливачите Анастасија Богдановски и Марко Блажески.

Претходно учествуваа тројца прилепчани: стрелцот Дарко Насески (1996), атлетичарките Даниела Кулеска (2000) и Христина Ристеска (2012).

Извор: НЕДЕЛНИК ЗЕНИТ

По пучот, Истанбул е град без туристи, но со бесплатна храна, трамвај, метро и мобилни телефони

70392-91054-5594af5a-a766-4d8a-9c40-64394ecc8bfe

Истанбул, градот во кој вриеше како во кошница од туристи, по државниот удар кој се случи минатиот петок во Турција денес е празен град во кој на улиците има три вида полиција – обична, потоа „средна“ и специјалци со панцирни елеци и автоматски пушки, пишува во репортажата која ја објави „Јутарњи лист“.

Во средата претседателот Реџеп Таип Ердоган воведе тримесечна вонредна состојба како последица од неуспешниот воен удар.

Луѓето кои живеат во околината на Сината џамија и Аја Софија за весникот коментираат:

– Не е добро, нема луѓе, нема туристи по улиците. Но, затоа има полицајци и тоа многу – велат жителите на Истанбул кои се научени на врева.

Од друга страна пак оние малку туристи кои дошле во единствениот град на светот кој се протега на два континетни уживаат во привилегиите – билетите за јавениот превоз, метрото и трамвајот се бесплатни и така ќе биде уште два дена. Ердоган нуди и бесплатна храна и мобилни телефони.