дома блог страница 5237

КАКОВ НЕВЕРОЈАТЕН ПРЕСВРТ: Сакаа да тепаат велосипедист, но тогаш позади нив застанаа Руските Спетцназ!

Двајца мажи во Русија од непознати причини решија бесот да го истурат врз еден велосипедист, но ни одблиску не можеа да претпостават колку брзо ќе ги стигне казната за таквото однесување.

111

Имено, двајца мажи со качкети на главата, со џипот застанаа на сред пат, излегоа од возилото и тргнаа кон велосипедистот. Потоа од џипот излезе и уште еден човек, сакајќи да се пресмета со возачот кој застана позади нив.

Меѓутоа во тој момент, на автопатот застанува комбе од кое излегоа руски специјалци со пушки, ги фрлија на земја и потоа ги сместија во комебето, им го земаа џипот на насилниците и отидоа во непознат правец.
Целата акција се одвиваше неполни 15 секунди.

Погледнете го видеото:

Минхен во тотален хаос по нападот – Македонци сведочат за крвавиот хорор

gewyhearhtrjyt

Вистинска паника владее во Минхен. Македонци кои живеат и работат таму сведочат за нападот. Велат дека полицијата забранила движење надвор, летаат хеликоптери и се слушаат сирени на брза помош.

Германските власти преку медиумите најавиле дека во текот на ноќта можно е да се случат нови напади. Даниел Богатинов сведочи за Канал 5. Повеќе во видеото.

Диета според крвната група

Врската помеѓу храната и крвната група се темели на антигените. Консумирање на храна со лектини кои се некомпатибилни со антигенот на крвната група доведува до различни реакции во организмот и аглутинација. Затоа треба да се избегнуваат намирници кои имаат  некомпатибилни лектини со антигенот на крвната група.

 

krvna-grupa

Соодветниот план за прехрана за секоја крвна група овозможува: превенција на низа болести (карцином, кардиоваскуларни болести, дијабетес), намален процес на стареење, налување на телесната тежина ( го чисти организмот од токсичните материи и масти).

Во прехраната по крвни гупи, намирниците се поделени во 16 различни категории: месо и живина, морски плодови, млеко и јајца, масла и масти, јаткасти  плодови и семки, грав и мешункасти плодови, житарици,леб и пекарски производи, тестенини, овошје,зеленчук, билни чаеви, зачини и мешани напитоци. За секоја крвна група, намирниците се поделени како препорачани, неутрални или оние кои треба да се избегнуваат. Потоа се формираат листи на намирници за одредена намена (од намалување на вишокот килограми, до третман при болести).

О крвна група (ловци-собирачи):   прехраната би требало да се состои од намирници од животинско потекло и зеленчук. Намирниците на кои треба да се даде внимание се говедско, јагнешко, мисиркино, пилешко месо и риба. Исто така се дозволени сите видови на зеленчук и овошје, мешункасти плодови и зелјести плодови. Овие личности треба да избегнуваат млеко и млечни производи, леб и тесттенини од пченица, пченка.

А крвна група (фармери):  личностите кои припаѓаат на оваа крвна група треба да конзумираат големи количини на намирници од билно потекло: зеленчук, леќа, соја, грав, житарици, зрнесто овошје, сливи, а дозволено е и повремена конзумација на живина и ферментирани млечни производи. Од прехраната би требало да ги елиминираат сите месни производи, полномасни млечни производи, пиперка, домат, тропско овошје

Б крвна група (патувачи):  за оваа крвна група е дозволена најголема прехрамбена различност. Можат да конзумираат живина, риби, јагнешко и говедско месо, млечни производи, зеленчук, житарици, а во потполност треба да избегнуваат школки, шунка, сланина и пилешко месо. Треба да се ограничи внесот на говедско месо, пченица, ‘рж, домати и пченка.

АБ крвна група:  можат да јадат јагнешко, мисиркино месо, млечни производи, јајца, ориз, тофу, сирење, вишњи, а би требало да избегнуваат димено месо и да ограничат конзумација на говедско месо, пченица, пченка, тропско овошје.

Општо гледано, храната која се дефинира како препорачана за сите 4 крвни групи е свежа и различна храна. Меѓутоа, прехраната која ги исклучува одредени типови на намирници носи со себе недостатоци и ризици. Крвна група 0, на пример, е изложена на зголемен внес на месо и ризик од појава на кардиоваскуларни заболувања поради внесотѕ на голема количина на холестерол и заситени масни киселини во прехраната.

Долгорочната примена на оваа диета, може да резултира со намалување на хранливите материи потребни за добра здравствена состојба. Намалување на  млечните производи, на пример, ќе доведе до намалување на нивото на калциум, што може да доведе до ризик од појава на остеопороза. Избегнување на месо може да резултира со низок внес на железо, што може да доведе до анемија. Речиси сигурно, но тоа е затоа што секој тип на крвна група елиминира специфични групи на храна како што се лебот и житарките, млечни производи и месо или риба. Д-р D’Адамо не дава индикација за тоа колку тежина ќе ја изгуби, а тоа ќе зависи од тоа колку ќе  го ограничите внесот на одреден тип на храна.

 

TЕРОРИСТИЧКИ ПОКОЛ ВО ГЕРМАНИЈА: 15 луѓе убиени во трговски центар во Минхен

Cn-9TcNWgAAmirw

Инцидентот се случил во трговскиот центар Олимпиа во центарот на градот, а германските медиуми пренесуваат дека најмалку 15 луѓе го загубиле животот во пукањето. Според зборовите на очевидци страшниот злостор се случил кога маж влегол во трговскиот центар и отворил оган во кој усмртил најмалку 15 и повредил повеќе луѓе. 

Напаѓачот потоа се упатил кон железничката станица. Голем број на полицајци се наоѓаат на лице место, а околните улици се блокирани.

Според првичните проценки на полицијата се работи за терористички напад на борците на Исламска држава.

А.Г.

НЕВЕРОЈАТНО: Погледнете како изгледа средба на два океани – ВИДЕО

okean-650x433

Фотографијата го покажува местото каде се сретнуваат два океани во Заливот Алјаска. Иако фотографијата е вистинска, сепак постојат неколку заблуди што истата ги покажува.

Професорот Кен Бруланд од Калифорнија – Санта Круз универзитетот, за време на истражувањето на овој феномен истакнал дека, всушност, ние го гледаме вијанието на ледничките води во океанот.

Заблуда е дека овие две води не се мешаат. Моментот на фотографирање е од пресудна важност. Со текот на врмето, водите секако се мешаат и сликата не е иста.

Ледничките реки со ерозија, во текот на летото, во океаните внесуваат големи колични на глина заедно со минерали и метали.

Во оној момент кога реките се влеваат во огромните водени површини на океанот, тие се носени од силни океански струи во правец исток-запад.

Погледнете го видеото:

А.Г.

ВИДЕО – BЕЗМИСЛОСНА ТЕПАЧКА на две тинејџерки: Жестоко се пресметуваат, додека врсниците ги бодрат

Screenshot_1-109-640x380

На интернет кружи видео од брутална пресметка на две тинејџерки, додека нивните машки врсници со мобилен телефон ги снимаат и гласно навиваат.

Девојките не се штеделе, туку ги искористиле сите расположливе “оружја”…. влечење за коса, шамари и клоци, па и удирање на глава од бетон.

Видеото најверојатно е снимено во шкотскиот град Paisleyu.

Погледнете:

А.Г.

Жестока тепачка зад бизнис центарот во Прилеп

tepacka

Денеска околу 12:30 часот зад бизнис центарот во Прилеп настанала жестока крвава тепачка во која учевствувале три лица.

Според информациите кои ги добиваме од очевидци, расправијата на почеток настанала помеѓу две лица, при што едното со тула му ја разбило главата на другото лице.

Веднаш потоа дотрчал братот на повреденото лице, па првобитниот напаѓач бил жестоко претепан.

На лице место пристигнала полицијата, која работи на откривање на точните причини за настанување на расправијата.

 

 

Изградбата на нови канализациони линии во Прилеп е во полн ек, ивестиција од над 26 милиони евра

Инвестиција од 26 милиони евра овозможува изградба на нови канализациони линиии во Прилеп која е во полн ек.

 

naslovna-2-640x420

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и прилепскиот градоначалник Марјан Ристески вчера извршија надзор на градежните работи при што од страна на Ристески беше посочено дека до сега се изградени над 150 километри водоводна мрежа и огромен број на километри нова канализациона мрежа, при што следува и изградба на колекторски систем, прочистетелна станица со што силно ќе се влијаее врз заштита на животната средина.

Истовремено освен инфраструктурните градежни проекти од типот канализациона, патна и водоводна мрежа се инвестира после повеќедецениска запуштеност и на објектот на прилепската болница. Таму во моментот се во тек градежни работи во износ од над 70 милиони денари, повеќе блокови се средени, а градежните работи продолжуваат во полн ек. Се инвестира во медицинските оделенија, со потребната опрема, во нови тоалети и инсталации. Тодоров посочи дека претходно условите биле значително лоши но преку системско инвестирање тие зналително се подобруваат.

 

Груевски ги посети и градежните работи кои се во полн ек во рамките на болницата во интерниот и женскиот дел на болницата.

 

Пациентите задоволни од извршената реконструкција истакнуваа дека комплетно е променета сликата за Прилепската болница кде годишно се опслужуваат илјадници пациенти.

 

Груевски истовремено потенцираше преку постојаната комуникација со граѓаните се дојде и до предлогот за нови вработувања во здравството.

 

До крајот на месецот следува нов оглас за нови 350 вработувања на доктори и сестри токму во прилепската болница.

 

Да се разнежните: 92-годишна прабаба за прв пат ја гледа штотуку родената правнука – ВИДЕО

Бебето Пенелопа има само два дена и веќе може да се пофали со две преубави фотографии.
IMG_1443543853
Фотографијата на бебето Пенелопа и нејзината 92-годишна прабаба Мили од Вашингтон, ги растопи срцата на илјадници луѓе ширум светот.
Таткото на штотуку роденото девојче, Скот Мартин, е автор на овие фотографии на кои се гледа неговата баба, која е закована во кревет и нејзинато 5-то правнуче.
1443545654_beba1
– Бабата Мили, инаку учителка, ја држела во раце малата Пенелопа цел час. Тој момент на запознавање бил навистина посебен, раскажала сопругата на Скот, Џенифер.
Родителите велат дека Пенелопа е посебно бебе. Прв пат за неа слушнале во март месец, кога сеуште се наоѓала во стомак и имала 14 недели.

На ултразвукот се гледа како удира со рацете. Уверете се и самите:

А.Г.

ПОЧНАА И ТЕПАЧКИТЕ: Сопартијците го фрлиле уредникот на соросоидниот „Народен Глас“ во шахта во Прилеп!

По катастрофалниот договор кој го „издејствува“ Шеќеринска за СДСМ, тензиите помеѓу членството постојано се зголемуваат, а освен јавните напади по социјалните мрежи насилството се префрлило и на улиците и во штабовите на партијата.

sdsm-prilep11

Имено, во комуникација помеѓу двајца сопартијци од СДСМ се опишува начинот на кој членовите на прилепскиот огранок на СДСМ го нападнале, фрлиле во шахта и му ја затвориле уредникот на соросоидниот п(а)ортал Рубинчо „Народен Глас“.

13729089_10209614954792723_795481005613974659_n

Извор: Инфомакс