СЕ ДОУРЕДУВА УЛИЦА “МАКЕДОНСКИ ПРОСВЕТИТЕЛИ” ВО КРИВОГАШТАНИ

image-0-02-01-cf02fe0b8c3d4ccfdf73ffdfdedda38c16756848d2844d133f5ab8bad50e8de2-V-702x336

Улицата “Македонски Просветители” во Кривогаштани, доби парковско доуредување со дрворед од ниско растечки украсни дрвца, со што се уредува просторот помеѓу тротоарот и училишната ограда, што само ја надополнува одличната естетика која ја доби улицата после нејзиното асфалтирање во централниот дел на населеното место.

image-0-02-01-c3bc7b047b0e2141ef166a352f63ce03a20285483b74cc665437f0caf0e1bb95-V

Исто така општина Кривогаштани успеа да обезбеди средства за нејзино продолжување, со што улица “Македонски Просветители” ќе добие дополнување на тротоарските патеки и нов асфалт на уште дополнителни 300 метри, кои ќе поминуваат низ зелениот и сточниот пазар во Кривогаштани.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.