дома блог страница 5231

Посета на индустриска зона „Прилеп 1″ и новата населба “Градина”

_MG_0509

Моментално во индустриска зона „Прилеп 1“(Металец), се гради на големо. 7/8 домашни инвеститорите кои купија плацови во оваа индустриска зона ,преку јавно електронско надавање , интензивно градат , а локалната власт веќе инфрастурктурно го доредува овој простор. Изработката на сообраќајниците во оваа индустриска зона се со средства од Светска банка, како донација на градот за добро изведениот проект- авенијата на влезот од Прилеп.

_MG_0463

_MG_0451

_MG_0460

„Станува збор за донација од 130.000 евра гранд кој ќе биде комплетно употребен за изградба на една од главните улици кои ќе ги поврзува сите индустриски објекти во оваа индустриска зона. Во меѓувреме, со средства од локалната власт ќе бидат изградени и тротоари површини, осветлувањето,а претходно веќе се изгради водоводната и канализационата мрежа во оваа индустриска зона, се асфалтираа неколку улици – вели градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески – Дел од овие објекти веќе работат, но до крајот на годината очекуваме уште неколку од овие фирми, кои ги градат свои капацитети, да започнат со работа . Оваа зона ќе има капацитет до 2000 вработувања .Продадени се 21 парцела .Но некои од инвеститорите купуваа и по две парцели ,што значи дека очекуваме 12 објeкти да бидат изградени.,како и бензинска пумпа во иднина – додава градоначалникот“, Ристески.

_MG_0490

_MG_0486

Претходно беше изградена канализациона и водоводна мрежа , беше поставена електрична инсталација до самата зона, а сега се градат улиците и тротоари Се работи на улицата која ги поврзува поголемиот дел од објектите со должина од 377 метри ,со коловоз од 6 метри двострани тротоари .Улицата веќе се подготвува за асфалтирање ,а во следната фаза ќе се изврши улично осветлување, Љупчо Митрески од секторот за комунални дејности .

Индустриската зона „Прилеп 1„(Металец) е намена за изградба на објекти за лесна и не загадувача индустрија и преставува атрактивна индустриска зона која е добро поврзана со патниот и железничкиот сообрајќај.

_MG_0499

_MG_0506

_MG_0514

Градоначалникот Ристески направи увид и на населбата „Градина“ каде ги повика сите заинтересирани граѓани, особено младите до 35 години да го искористат проектот кој го нуди Владата на РМ и да аплицираат во наредните електронски надавања за купување на плацеви во населбата „Градина“. Општина Прилеп ќе ја уреди населбата со изградба на патната инфаструктура и асфалтирање на улиците, изградба на водовод, канализаиција, осветлување и изградба на тротоари.

Решаваме вечна дилема: Дали мобилните телефони привлекуваат гром или не?

Откако во Москва молња удри во мобилниот телефон на едно момче, додека тоа разговарало за време на бура, руските медиуми побараа стручно мислење.

mobilen-grom

– Колку што разбирам, мобилниот не е поопасен од велосипедот, скиите, или кој било друг предмет што во одреден момент луѓето го користат. Сметам дека нема некакво особено значење тоа дека тука се работи за мобилен. Едноставно, тоа е често употребуван предмет, којшто често се наоѓа близу нашата глава. Тоа е случајност, молњите се случуваат, и за жал од тоа загинуваат луѓе, рече Александар Гинсбург, доктор по физичко-математички науки на „Обухов”, Институтот за физика при Руската академија на науките.

Сепак, тој понатаму образложува дека и најмалата електрична енергија, која ја има во мобилните, е поопасна од изолацијата, на пример.

– Не треба за време на бура да се разговара на мобилен телефон, препорачува Гинсбург.

Почна манифестцијта „Крушево-етно град“

Традиционално, со поворка од 100-ина костимирани крушевчани во комити, Турци, чорбаџии, занаетчии, во староградска носија и носија од пред стотина години, синоќа во Крушево по осми пат започна манифестацијата „Крушево-етно град“.

krusevo

Во домот на културата во рамки на манифестацијата се одржа изложба на ракотворби кои ги прави здружението „Цвет“ од Крушево, со саем на книги и со изложба на младите полетни крушевчани кои сакаат да ги научат и усовршат занетите на нивните дедовци и баби. Меѓу нив е и 19- годишната крушевчанка Елена Атанасоска која изработува слики, фигури и мотиви од срма.

– Занаетот го научив од баба ми и од татко ми и сакам да го усовршам. Работењето со срма е напорно, не можеш повеќе од 3-4 часа одеднаш да работиш, но е многу креативно и инспирира, вели Атанасоска. 

Крушевчани, костимирани во поворката се горди што имаат богата традиција и сакаат да ја пренесат на младите. 

 Многу сум горда на богатата крушевска традиција и на историјата. Облечени сме во староградска носија што се чува кај нас дома во каселите од баба ми и нејзината мајка. Сега се обидуваме да шиеме  таква облека што потсетува од пред 100 години за да ги зачуваме традициите и да ги пренесеме на нашите деца, вели Агапи Чункоска, советничка во градскиот совет на Крушево. 

Манифестацијата синоќа ја отворија организаторите Историскиот музеј на Крушево и локалната самоуправа.

 Горди сме на исторјата и на оваа манифестација што се одржува по осми пат. Сакаме да потсетиме на славните настани околу Илинденското востание, но и за животот тогашен во Крушево за да не се заборави, рече директорот на Историски музеј – Крушево, Зоран Богески. 

Според градоначалникот  Ѓорѓи Дамчески, манифестацијата „Крушево –етно град“ стана бренд низ годините препознатлив во земјата и надвор од неа. 

 Ова е едно културно збиднување со кое сакаме да го доловиме духот на едно минато време од крајот на 19 и почетокот на 20 век, да го доловиме духот на занаетите и еснафот, мирисот на чаршијата. Истовремено да го презентираме целокупниот начин на живеење, културата, обичаите, облеката модата, традицијата, сега во својство на една нова улога на збогатена туристичка понуда на градот, истакна Дамчески, со што ја прогласи за отворена Манифестацијата. 

Синоќа, гостите на плоштадот во Крушево ги забавуваа Наум Петрески и Зуица Лазова. 

Манифестацијата „Крушево-етно град“ ќе трае до 31 јули со пречекот на коњаницата во градот. Овие денови преку низа културни настани, гостите ќе бидат запознати со архитектурата, со историјата, со знаменитостите и занаетите во Крушево.

Хорор во болница: Албанец запалил пациент, тројца мртви

Ценај Лефтер (57) влетал во одделението за дијализа на една болница во Тирана каде што предизвикал пожар во обид да убие еден маж, но во пожарот загинале две жени – пациентки и самиот Ценај. Мажот кој бил мета на Ценај е Д. Сарачи (38) и уште се бори за живот, јавуваат медиумите.

Pozar-u-albanskoj-bolnici1-620x350

Двете жени кои лежеле до креветот на кој бил Сарачи, подоцна се идентификувани како Саније Сулај и Хана мали. Двете имале по 55 години.

На снимката која се појави на интернет се гледа како Ценај во еден момент приоѓа на жртвата со шише бензин, го полева, но мажот успеал да го оттурне од себе пред да ја запали запалката. Потоа почнало се да гори.

По ова видео многумина се откажале од пушење цигари

1 (1)

Министерството за здравство во Тајланд направи видео чија цел е да ги одвикне луѓето од пушење цигари, а во него се користи смола соберена од донирани бели дробови од пушачи претворена во мастило.
Луѓето кои сакаат да престанат со пушењето ретко успеваат во првиот обид, покажало истражувањето на британската Организација за здравјето на срцето спроведено на 2000 пушачи.
Речиси една четвртина престанале да бројот колку пати се обиделе да се откажат од цигарите, а околу 40 проценти од нив имале најмалку 20 обиди кои резултирале со по неколку дена, а понекогаш и месец пред да продолжат.
Во просек, клучниот момент на екс- пушачите бил петтиот обид.
Дури десет проценти очајно посакуваат да се откажат од цигарите, но мислат дека се преслаби и премногу зависни, а токму тој страв е најчеста причина за откажување, објаснуваат експертите.

Сепак, со многу мотивација, добра волја и одлучност, не е невозможно да се остави пушењето, а експертите од Министерството за здравство на Тајланд се надеваат дека видеото ќе ги охрабри луѓето.

Врската ја криеше како змија нозете: Ќе се мажи најзгодната српска пејачка

123 (1)

Пејачката Радмила Манојловиќ никогаш не била посреќна и не го крие тоа. Атрактивната српска пејачка ќе стапне на лудиот камен, а веќе одбрала и венчаница за големиот ден.

– Зарем има нешто поубаво освен кога јавно можете да кажете, да таа е моја! Ако нема љубов секако тука не помага никаков лист хартија, вели Рада и додава дека е исполнета.

Таа долго време ја криеше врската по претходното раскинување.

Вооружен напад во трговски центар во Малме, едно лице е повредено

Еден маж е повреден од огнено оружје во трговски центар во Малме, во кварт каде живеат голем број мигранти.

malme

Нападот се случил во попладневните часови, а мажот кој е повреден е префрлен во болница.

Истрагата е  во тек, а шведската полиција ги испитува очевидците и го пребарува регионот.

ОФИЦИЈАЛНО-Направен третиот најголем трансфер во историјата на фудбалот: Сите 38 голови на Игуаин во сезоната 2015/16-ВИДЕО

Наполитанците ги бришат солзите, затоа што нивниот најдобар напаѓач премина во Торино.

48726_1-ap-osama-faisal_ff

Како што беше најавено пред една недела, денеска и официјално Гонзало Игуаин се пресели во редовите на италијанскиот шампион Јувентус.

Човекот кој за три години во Наполи на 104 меча постигна 71 погодок, денеска го реализираше трансферот вреден 94.4 милиони евра и стана играчот за кој е платен третиот најголем износ во фудбалската историја.

Во продолжение погледнете ги сите 38 погодоци на Игуаин во сезоната 2015/16 во дресот на Наполи:

А.Г.

ВИДЕО – Зеде кеса и ја наполни до пола со вода: Причина? Ова може да ви го спаси животот!

Screenshot_1-127

Иако 99% од нас нема никогаш да се најдат во дивина, секогаш е добро да се виде и научи нешто ново, а тоа посебно се однесува на нешта кои се од огромна важност и кои можат да ви го спасат животот во одредена ситуација.

Како што секој знае, огнот е една од најважните услови за да се остане жив. Во случај да се најдете без запалка, Грант Томсон ќе ви покаже како да запалите оган, користејќи пластична кеса и малку вода.

Погледнете го видеото:

А.Г.

Ќе ви го разубави денот: Распеаниот камионџија Андруш повторно пее од срце – ВИДЕО

111

Распеаниот камионџија Андруш повторно пее од срце и душа. Oвој пат за сите негови фанови ја испеа песната “Кажи кажи облаче ле бело”.

Погледнете ја оваа маестрална и полна со емоции изведба:

А.Г.