Решаваме вечна дилема: Дали мобилните телефони привлекуваат гром или не?

Откако во Москва молња удри во мобилниот телефон на едно момче, додека тоа разговарало за време на бура, руските медиуми побараа стручно мислење.

mobilen-grom

– Колку што разбирам, мобилниот не е поопасен од велосипедот, скиите, или кој било друг предмет што во одреден момент луѓето го користат. Сметам дека нема некакво особено значење тоа дека тука се работи за мобилен. Едноставно, тоа е често употребуван предмет, којшто често се наоѓа близу нашата глава. Тоа е случајност, молњите се случуваат, и за жал од тоа загинуваат луѓе, рече Александар Гинсбург, доктор по физичко-математички науки на „Обухов”, Институтот за физика при Руската академија на науките.

Сепак, тој понатаму образложува дека и најмалата електрична енергија, која ја има во мобилните, е поопасна од изолацијата, на пример.

– Не треба за време на бура да се разговара на мобилен телефон, препорачува Гинсбург.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.