дома блог страница 5230

Се сруши кровот на концертот на Дино Мерлин, тапанарот во болница

Долго очекуваниот концерт на пејачот во Сански Мост е прекинат по еден час, откако тој и се обратил на публиката и побарал да го напуштат стадионот поради големото невреме.

dino-merlin

„Си одиме дома. За жал ова е невозможно. Ви благодарам. Ако даде Бог, ќе има напредна прилика и ќе имаме повеќе среќа. Ова е опасно по живот“ – кажал Дино Мерлин, додека во позадина свирела песната „Хајде ночас ми доџи“.

Но 15 минути откако концертот бил прекинат, кровот на бината се срушил и повреден бил тапанарот Амар Чешијар, кој во тој момент бил на бината. Тапанарот бил однесен во болница каде била констатирана повреда на ногата.

Сончево со температура до 33 степени

soncevo-vreme-640x341

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Попладне во западните и југозападните подрачја не е исклучена ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се движи од 11 до 18, а максималната температура од 26 до 33 степени. УВ индексот изнесува 8.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за краткотраен дожд. Температурата од 16 до 31 степени целзиусови.

ФОТО: Македонската убавица топлес на плажа

Катарина Ивановска ги спои работата и задоволството и деновиве се наоѓа во Марсеј.

 

katarina-ivanovska-640x361

Во францускиот град таа го снимаше новиот каталог за компанијата „Петар Хан“, а сега може и да се релаксира во друштво на нејзината најдобра пријателка од Скопје.

katarina-toples

Таа не пропушти повторно да се сонча без горниот дел на костимот за капење, на задоволство на сите нејзини „Инстаграм“ фанови.

ГАЛЕРИЈА – Крушево во духот пред Илинденското востание: Манифестацијата “Крушево етно град” привлече големо внимание

Традиционално, со поворка од 100-ина костимирани крушевчани во комити, Турци, чорбаџии, занаетчии, во староградска носија и носија од пред стотина години, синоќа во Крушево по осми пат започна манифестацијата „Крушево-етно град“.

[Best_Wordpress_Gallery id=”329″ gal_title=”ЕтноГрадКрушево”]

Во домот на културата во рамки на манифестацијата се одржа изложба на ракотворби кои ги прави здружението „Цвет“ од Крушево, со саем на книги и со изложба на младите полетни крушевчани кои сакаат да ги научат и усовршат занетите на нивните дедовци и баби. Меѓу нив е и 19- годишната крушевчанка Елена Атанасоска која изработува слики, фигури и мотиви од срма.

– Занаетот го научив од баба ми и од татко ми и сакам да го усовршам. Работењето со срма е напорно, не можеш повеќе од 3-4 часа одеднаш да работиш, но е многу креативно и инспирира, вели Атанасоска. 

Крушевчани, костимирани во поворката се горди што имаат богата традиција и сакаат да ја пренесат на младите. 

 Многу сум горда на богатата крушевска традиција и на историјата. Облечени сме во староградска носија што се чува кај нас дома во каселите од баба ми и нејзината мајка. Сега се обидуваме да шиеме  таква облека што потсетува од пред 100 години за да ги зачуваме традициите и да ги пренесеме на нашите деца, вели Агапи Чункоска, советничка во градскиот совет на Крушево. 

Манифестацијата синоќа ја отворија организаторите Историскиот музеј на Крушево и локалната самоуправа.

 Горди сме на исторјата и на оваа манифестација што се одржува по осми пат. Сакаме да потсетиме на славните настани околу Илинденското востание, но и за животот тогашен во Крушево за да не се заборави, рече директорот на Историски музеј – Крушево, Зоран Богески. 

Според градоначалникот  Ѓорѓи Дамчески, манифестацијата „Крушево –етно град“ стана бренд низ годините препознатлив во земјата и надвор од неа. 

 Ова е едно културно збиднување со кое сакаме да го доловиме духот на едно минато време од крајот на 19 и почетокот на 20 век, да го доловиме духот на занаетите и еснафот, мирисот на чаршијата. Истовремено да го презентираме целокупниот начин на живеење, културата, обичаите, облеката модата, традицијата, сега во својство на една нова улога на збогатена туристичка понуда на градот, истакна Дамчески, со што ја прогласи за отворена Манифестацијата. 

Синоќа, гостите на плоштадот во Крушево ги забавуваа Наум Петрески и Зуица Лазова. 

Манифестацијата „Крушево-етно град“ ќе трае до 31 јули со пречекот на коњаницата во градот. Овие денови преку низа културни настани, гостите ќе бидат запознати со архитектурата, со историјата, со знаменитостите и занаетите во Крушево.

ГАЛЕРИЈА – Бела Ноќ во Крушево: Градот пулсира во културен ритам

[Best_Wordpress_Gallery id=”328″ gal_title=”БелаНоќКрушево”]

Идејата на Крушево да пулсира во ритамот на културата , полека но сигурно се остварува. Целата активност на сите е насочена кон зголемување на бројот на културните манифестации и настани и збогатување на туристичката понуда.

Највисокиот Град на Балканот ја почитува културата , а и културните работници го почитуваат овој град. За тоа потврда е што досега во рамките на Крушево културно лето гостувале имиња како што се Љубојна, Тамара Тодевска, Влатко Стефаноски, Димитар Андоновски, Сара Мејс, Синтезис, Тони Зен, Влатко Лозаноски, Eye Cue, Нокаут, Суперхикс, Уска Кан , Миле Кузманоски, Блага Петреска, Ефто Пупиновски, Пламенка Трајковска и многу други еминентни имиња од класичната музика, како и фолклорни ансамбли, театарски претстави и Стенд Ап комедии со Сашко Коцев, Марјан Ѓорѓиоски, Весна Петрушевска ….

Оваа година исто така богата програма која започна со “Баскер Фест”, потоа “Krusevo Summer Festival”, кој се одржа на 21.07.2016, со дневна доза на креативен хумор на Маријан Ѓорѓиевски и Никола Тодороски, потоа концерти на Фолтин и Пепермин, кои донесоа одлична забава, а на 23.07 се одржа и традиционалната “Бела Ноќ”. Оваа година за забавата се погрижија добро познатиот Дј Никифор, пропратен со локалните Дј Естефано и Дј Пеце Укс.

Денеска започна и манифестацијата “Крушево етно град” па во наредните 5 дена Крушево ќе живее во деновите и во со ликот пред Илинденското востание.

Ова лето паралелно со сите активности од областа на културата, Македонија за прв пат е домакин на 19 Европско првенство во змејарство класа 1 и 7-то Светско првенство во змејарство класа 5. Во период до 31 јули, небото над Крушево ќе биде арена за овие значајни првенства во слободно летање. Благодарение на совршените услови кои ги нуди крушевското поднебје, одржувањето на овие две големи првенства ја ставаат Македонија и Крушево на мапата на најпосакувани дестинации за спортистите и поддржувачите на слободното летање од Европа и ширум светот.

Чинел 13 милијарди долари: Најновиот американски атомски носач на авион – НЕУПОТРЕБЛИВ?! – ВИДЕО

Nosac-aviona-Dzerald-r-Ford-600x405

Најновиот американски атомски носач на авиони “Џералд Р. Форд” (CVN-78), војската повторно не го прифати поради низа недостатоци..

Според информациите на американската телевизија CNN, челниците на Пентагон не се задоволни од пистата на бродот, системот за управување на воздушниот сообраќај, самоодбраната на носачот и полнењето со муниција.

Носачот на авиони сеуште не е спремен, без разлика на очекувањата дека тој ќе и се приклучи на морнарицата во септември.

Војската повторно го одложи преземањето на најскапиот брод на светот, чија вредност се проценува на 13 милијарди долари.

Новиот рок за бродот да биде ставен во употреба е почетокот на 2017 година, а неговата изградба започнала во 2009 година.

А.Г.

 

ВИДЕО – Преубавата Шехерезада маѓепсува со својот глас

berguzar-korel-halit-ergenc

Таа во приватниот живот му е сопруга на Величествениот (Халит Ергенч), а ние ја помниме како преубавата Шехерзад од истоимената турска серија, но и од серијата „Карадај“. Денеска пее и воодушевува со гласот.

 

ЗАПОЧНУВА КУЛТУРНОТО ЛЕТО ВО КРИВОГАШТАНИ

13620277_1367259323289206_7632325534272804351_n-480x336

Утре (Четврток 28.07.2016) со почеток во 20 часот, во центарот на Кривогаштани, ќе се одржи музички настан каде свои настапи ќе имаат виолинистката Пламенка Трајковска, која свој настап ќе има од 20 до 22 часот за веднаш потоа Рубинчо Благадуша и Позитив Бенд да ја збогатат вечерта со македонска песна.

Исто така ова лето во организација на општина Кривогаштани ќе се случат уште неколку културни и спортски настани, каде што веќе од 10-ти Август ќе започне традиционалниот ноќен турнир во мал фудбал на новото повеќенаменско игралиште во Кривогаштани, за некаде кон крајот на месец aвгуст да се одржи топлиот културен бран, каде гости на настанот ќе биде КУД “Дримкол” од Вевчани. Покрај овие активности во најава се уште неколку настани од забавен карактер, кои се во финална фаза на подготовка.

ВИДЕО – За сите што уживаат во возењето ролери ова е нешто што тешко се постигнува

sofija-roleri

Ролерите се популарно превозно средство за рекреација, адреналин и забава за многу млади луѓе.

Но, дали сте знаеле дека постојат натпреварувања во возење на ролери?

Софија Богданова од Москва е вистински виртуоз на ролери. Нејзините настапи се запрепастувачки и го одземаат здивот.

Погледнете ги овие магични движења на девојката која е троструки шампион во слободен стил на возење:

А.Г.

ВИСТИНСКИ ТРАНС – Гонзало Игуаин слета во Торино и предизвика вистинско лудило! (ФОТО+ВИДЕО)

22

Гонзало Игуаин слета во Торино. Новиот играч на Јувентус пристигна од редовите на Наполи за рекордни 94,7 милиони евра и предизвика вистински транс помеѓу навивачите на Старата Дама. Ова е третиот најскап трансфер во историјата на фудбалот.

Игуаин во ќе го носи бројот 9 на својот грб.

Откако успешно ги помина медицинските прегледи, на вратите на луксузниот медицински комплекс, го дочекаа одушевени навивачи и почнаа да го извикуваат името на својот нов миленик.

А.Г.