дома блог страница 5229

ФОТО: Весна Петрушевска ги живее најтешките мигови – бара смртна казна за педофилите

13406749102097554234210883083685127300254452nuyk67i6776

Весна Петрушевска емотивно се разголе на социјалната мрежа Фејсбук и доби поддршка од нејзините пријатели и македонската јавност. Таа напиша емотивен статус кој никого не остави рамнодушен, за нејзината ќеркичка која преживеала хорор викендов.

Весна побара смрттна казна за педофилите кои за жал ги има на секој чекор.

Повеќе за грозоморниот настан кој се случл на нејзината ќеркичка прочитајте ТУКА

untitledytj5564u856uh4565u45564u5564u5564u56

 

ВИДЕО кое ќе ве “убие” oд смеа: Нашинци од Аустралија после 11 години се враќаат и велат дека е многу измодерено

111

Нашинците од далечните краеви, особено оние од прекуокеанска Аустралија секогаш биле хит кога си доаѓале во домовината. Така и ова семејство после цели 11 години решило да се врати на корените и да ја осети “измодерената” како што велат Преспа.

А, како било порано погледнете, ќе ви кажат:

А.Г.

Кога ќе видите што овој бармен работи со сите овие чаши ќе паднете од столица! (ВИДЕО)

За да бидете врвен шанкер, морате да поседувате некои прилично импресивни вештини. Не треба само во главата да имате целосна енциклопедија, туку мора да знаете како да ги импресионирате вашите муштерии.

Screenshot_17

Запознајте го Фил Трабер, вешт шанкер кој е вистински мајстор во својата професија.

Погледнете го овој мајстор на дело и уверете се и самите, ќе сакате да го изгледате видеото до самиот крај.

A.Г.

ВИДЕО – Ова е најлошиот скок во базен што некогаш е виден

Screenshot_5-94

Сне биле сведоци на многу убави скокови во базен, но овој не е еден од нив. Баксуз или идиот, проценете сами.

Всушност, човекот сакаше да скокни во базен, па се качил на пластична столица. Она што ќе му се случи во продолжение, ќе ве насмее до солзи.

Погледнете го видеото:

А.Г.

ЗДРУЖЕНИЕТО ”ПРИЛЕПСКИ БРАНИТЕЛИ” ВО ПОСЕТА НА ГРАДОНАЧАЛИКОТ НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

DSCN0016-702x336

Претставникот на здружението ”ПРИЛЕПСКИ БРАНИТЕЛИ”, Гоце Стефаноски, денеска беше во посета на кабинетот на градоначалникот на општина Кривогаштани.

Тој изрази благодарност до градоначалникот на општина Кривогаштани Тони Заткоски за досегашните заложби за интересите на здружението ”ПРИЛЕПСКИ БРАНИТЕЛИ”, со што уште еднаш се докажува залагањето и помошта на градоначалникот на општината, во повеќе свери од општественото живеење.

 

Божјото царство манастирот Писокал во село Кален, за Илинден широко ги отвора портите

13672492_10208402692919317_360170195_n

Манастирот се наоѓа во живописната и недопрена природа на почетокот на Мариово, веднаш после превојот Слива од десната страна на патот Прилеп-Витолиште, на оддалеченост од 18 километри од Прилеп. Писокал е поранешно село кое во 1873 година имало 46 жители во 9 домаќинства, а во 1900 имало 90 жители. Селото Писокал згаснало, запрел плачот на децата, крикот на добитокот и црковната камбана, под притисокот и палежот на Турците и Србите, во почетокот од минатото столетие.

Се запретале во пепел огништата, се преселил животниот пламен и ритамот на срцата со болка во душата. Се исселиле жителите во денешното село Чумово. Според легендата, момата Илина ја изградила црквата, на денешното место, одмарајќи се од жетварската мака. По дремката, и исчезнале опинците и калците. Го побарала на помош Свети Илија, а тој на празникот, и ја вратил “рубата”. За благодарност, таа ја кренала црквата, наречена Свети Илија, а местото го крстила Писокал, по прекрасно, навезените први, калци како напишани.

13866764_10208402692999319_832752198_n

Инаку, црковниот одбор вели дека црквата е обновена со дарови на населението, кое го посетува местото . Се одмора во студените сенки, по неколку дена, полнејќи ги дробовите со чист ладен воздух и активирајќи пријатни чувства на сите сетила. Кренат е конак со неколку соби, опремени за ноќевање, има трпезарија и кујна за подготовка на храна за слава за над илјада луѓе.

13820494_10208402692839315_467914414_n

Одборот се жали што црквата и конакот, кои наликуваат на комплекс, немаат струја. Така понекогаш ноќе палат генератор. Божјото царство Писокал ќе ги рашири рацете да подари убавина и да освежи очи на сите добронамерници на празникот Свети Илија. Рајската красота се распослала низ зелената дабова шума под превојот Слива. Зелената ладовина на августовското сончево утро привлекува повеќе гости околу црквата. Се надеваме дека реки народ ќе го исполнат дворот. Дел од луѓето ќе се поклонат на олтарот низ свештеничката празнична литургија, ќе палат свеќи, посакуваат здравје, берикет и благодет.

13867085_10208402691639285_810014089_n

13871960_10208402692039295_2040942396_n

Многу народ, не само родум од Писокал или Кален, или Бонче, не само од Чумово и Штавица, туку и од Прилеп и од другите краишта на Мариово, и овој втори август, и овој Илинден, се надеваме дека ќе го посети манастирот Писокал. Вечерната Литургија на 01.08 ке почне во 18 часот и 30 минути, додека денската на 02.08 во 07 часот и 30 минути. Потоа ќе екни песна од групата “Соната Бенд”, вечерта на 01.08.2016, додека дента на 02.08.2016 година гостите ќе ги забавува групата “Балканика бенд”.

13672054_10208402691879291_521280278_n

Нови 350 вработувања во здравството: Првите огласи многу наскоро

Team of young medical doctors smiling at camera, isolated on white.

Team of young medical doctors smiling at camera, isolated on white.

Планирани се 350 нови вработувања во здравството, потврди претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски и додаде дека процесот за нивно вработување започнува уште следната недела.

-Првиот оглас ќе започне веќе следната недела, а секоја болница ќе објави сопствен оглас. Овие вработувања на различен медицински персонал ќе претставуваат силно зајакнување на македонското здравство, истакна Груевски.

Од планираните 350 вработувања во зависност од потребите на медицинските установи ќе бидат вработени доктори, медицински сестри, лаборанти и друг персонал.

И ОВОЈ АВГУСТ ЌЕ СЕ ОДРЖИ “ПРИЛЕП ЏЕЗ ВИКЕНД”

^A6FA8C87D8607097654B16BAC8B90C10E7DE06462EF7987C6A^pimgpsh_fullsize_distr

Неколкумина прилепчани вљубеници во модерната JAZZ музика, а со желба за збогатување на музичкиот живот во градот , иницираа манифестацијата која ја нарекоа “Прилеп џез викенд”.

^1323AE1A710BC804A1F5B36519A79EBCE05801E73035C33AD6^pimgpsh_fullsize_distr

И оваа година во последниот викенд од август месец ќе се одржи 5-от по ред “Прилеп џез викенд”, koј според програмата ветува одлична забава и уживање во џез звуците на музичари од Македонија и регионот.

12 3 4 5 6 7 8 10 11

Фестивалот и оваа година е поддржан од Локалната самоуправа на општина Прилеп, како дел од циклусот на летни фестивали и случувања, што одлично се вклопува во богатата фестивалска понуда на градот во летниот период.

^673A8E68FD09ABDE7AEBFE6435A17B9389FEE47DBFCBC9EC73^pimgpsh_fullsize_distr

Холанѓанка пронајдена мртва во комплексот „Свети Стефан“ во Охрид

Во комплексот Свети Стефан вчера попладне непознато женско лице било пронајдено починато.

policija-3

Од полицијата информираат дека истото со возило било префрлено во Центарот за кардиоваскуларни болести во Св.Стефан каде доктор констатирал смрт над лицето без видливи траги на насилство.

-Од увидна екипа екипа на СВР Охрид бил извршен увид на местото на настанот и било констатирано дека се работи за Ф.С.  (35) од Холандија, која престојувала во хотел заедно со нејзиниот сопруг Д.Х.Х. (43) од Холандија. По наредба на Јавен обвинител бил извршен увид и во собата во која престојувала починатата, информираат од полицијата.

Во текот на денешниот ден над телото на починатата ќе биде извршена обдукција во Медицински центар Битола, Оддел за судска медицина.

“Не сум виновна нели мамо” – Весна Петрушевска во тага, нејзината ќеркичка преживеа пекол

policija-3

Мојата Мина е најхраброто дете на овој свет, последниве пет дена ми покажа како се соопштува вистината, како да се соочи со најголемото зло што може да му се случи на едно дете, да ги издржи сите предизвици,да ми откине парче од моето срце полно со очај, чемер, бес, лудило и на крај да ми соопшти:Јас ова го кажав за да не им се случува на другите дечиња ,не сум виновна нели мамо?…

untitledytj56u6h56u56u56u56u56u56

Овој потресен статус на социјалната мрежа Фејсбук го сподели актерката Весна Петрушевска, со што јавно раскажа за храброста на нејзината ќеркичка по траумите кои ги доживеала. Според коментарите на статусот на актерката, нејзината ќеркичка е детето кое беше нападнато од маж во саботата кај Млечниот ресторан во Капиштец.

Полицијата информираше дека му е одреден притвор на монструмот кој ја потресе македонската јавност. Според податоците, додека 11-годишното девојче возело велосипед по булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улица „Анкарска“, застанало до едно непознато машко лице, кое се движело пеш, на возраст од околу 40 години, и му побарало 20 денари. Сторителот ѝ рекол дека ќе ѝ даде, но дека треба да појде со него до блиската гаража, на што таа се согласила. Наместо 20 сторителот и дал 500 денари и ја однел во гаражата каде го извршил половиот напад, по што заминал и и рекол да не кажува никому.

Утрински пишува дека изминатиот викенд, кога се случил грозоморниот настан, девојчето било на гости кај Млечниот ресторан во Капиштец. Притворениот педофил живеел во најблиското соседство и добро го познавал девојчето.

– „Дајте им го сето време на овој свет, оти кога ќе помислам што се случувало кога се соочила со монструм, ми оди да ги срушам сите планини на овој свет, да ја гушнам и никогаш да не ја пуштам. Моето дете е херој и секогаш верувајте на нивната љубов и искреност. Моето дете кое ги сака сите луѓе и им верува бескрајно“, напиша Весна во емотивниот статус со кој си ја отвори душата.

Весна не сакала да го коментира настанот телефонски за екипата на Утрински.

Навистина ужасно.