дома блог страница 5228

Путин едвај се воздржа: Ја гушна Елена, а потоа се скрши! (ВИДЕО)

Владимир Путин го организираше традиционалниот прием во Кремљ за 114 спортисти пред тргнувањето на Олимписките игри во Рио.

 

putin-2

Меѓутоа, меѓу нив се најдоа и суспендираните натпреварувачи, меѓу кои беше и Елена Исинбаева. Таа нема да се натпреварува во Рио де Жанеиро бидејќи е суспендирана, а таа одлука ја потресе и неа и рускиот претседател! Солзите не изостанаа.

– Не отстранија без докази, нагло и грубо. Не ни дадоа шанса да се браниме и да докажеме дека не сме виновни – рече двојната олимписка шампионка во скок со стап, која се расплака пред Путин.

На основа на фотографиите од настанот можеме да заклучиме дека и Путин бил на раб на солзи.

Претседателот на неутешната Елена ѝ пружи прегратка и утеха, а во налет на емоции, за малку ќе се расплачеше.

Инаку, Елена Исинбаева поради забраната на ИОК не смее да настапи во Бразил, каде што планираше да ја заврши кариерата.

Какво време не очекува во август?

vremenska-prognoza-za-prestojniot-prodolzhen-vikend

Во август не очекуваат претежно сончеви денови и релативно виаоки температури.

Временската прогноза за секој ден во месец август можете да ја погледнете на табелата.

vremenska

Дали имате храброст да ја прочитате? Ова е најстрашната хорор приказна во само 2 реченици

Корисниците на Редит одржале натпревар во пишување на најстрашна кратка хорор приказна во две реченици.

horo-prikazni

Ова се резултатите-Најстрашните три хорор приказни во само две реченици:

„Мојата сестра ми вели дека мајка ми ја убила. Мајка ми вели дека немам сестра.“

„Го ставав синот во креветчето, кога наеднаш се сврте кон мене и ми рече: Тато, провери дали има чудовиште под мојот кревет? Знаев дека се плаши па погледнав под креветот за да му го отерам стравот, кога под креветот го гледам него како ме гледа и ми вели: Тато, провери дали некој лежи на мојот кревет.“

„Ја бакнав жена ми и ќерка ми за добра ноќ и легнав да спијам. Кога се разбудив бев во тапацирана соба, а медицинските сестри ми кажаа дека сум сонувал нешто.“

ФОТО: Позната блогерка платила сместување 1.200 евра, а завршила во нечистотија во Грција

Познатата српска блогерка Ивана Радовановиќ ужасната од сместувањето во хотелот Сити Центар на грчкиот остров Родос каде летува во аранжман на туристичката агенција од Белград, се пожалила во медиумите праќајќи им фотографии од трошната личност која нималку не е налик на она каква се проикажува на интернет, пишува српски „Телеграф“.

hotel2

Ивана рекла дека токму врз основа на фотографиите го избрала овој хотел, но тврд дека фотографиите не биле реални и дека вистинскиот апартман е исклучително валкан и неугледен.

– На девојката вработена во агенцијата, која и ни помогна да го избереме сместувањето, и нагласивме дека изгледот на собата не ни е важен, но дека чистотата на бањата е исклучителна битна. Пред се, поради тоа што имам чувствително лице ,  ја почнала приказната Ивана која на Родос допатувала на 23 јули.

Откако пристигнале на Родос и откако се сместиле во хотелот,ги дочекал, според нејзините зборови, вистински шок.

IMG_9782-e1469523877712

-Бањата беше повалкана од онаа јавната на Железничакта станица во Белград. Шокирани се јавивме кај агентот кој ни рече дека премногу сме очекувале од хотел со три ѕвезди. Кога му рековме дека фотографиите беа поинакви, тој не праша поради што им веруваме на фотографиите на интернет. Бевме упорни да не преместат и не префрлија во друга соба со идентична состојба на бањата. Валкано и неизмиено, го раскажува немилиот случај блогерката.

Ивана и нејзиното момче тврдат дека во агенцијата веднаш по нивниот повик ги тргнале фотографиите од бањата и убавите соби во хотелот Сити цнетар и поставиле стари фотографии.

– Нивниот агент ни рече дека „ним не им паѓа на памет да не префрлат во друг хотел , бидејќи сме платиле за овој“ – навела Ивана која тврди дека ја добила инфекцијата на лице место поради исклучително валкано сместување, пишува српски „Телеграф“.

Страшна сообраќајка утрово однесе уште еден млад живот

Основното јавно обвинителство – Гостивар изврши увид на местото на тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице.

policiska-lenta-640x426

Сообраќајната несреќа се случи утрово околу 2 часот и 30  минути во близина на зградата на судот во Гостивар, кога автомобил марка „голф“, со кој според првичните сознанија управувал 16-годишниот Б.А. удрил во мотоцикл управуван од 31-годишниот М.Б. Од ударот М.Б. се здобил со тешки телесни повреди и починал на лице место. Возачот на голфот и неговите тројца сопатници, како и сопатникот на мотоциклот не се повредени.

Надлежниот јавен обвинител издаде Наредба за обдукција на телото на починатиот, а нареди и анализи на крв и урина на сите учесници во сообраќајната несреќа. Исто така, со цел со сигурност да се потврди кој точно управувал со возилото и мотоциклот, надлежниот јавен обвинител нареди да бидат земени ДНК профили на сите учесници во сообраќајната несреќа, кои ќе бидат споредени со трагите пронајдени на лице место.

ФОТО: Згодна полицајка апси во бикини

Mikaela-Kellner

Кога шведската полицајка Микаела Келнер на инстаграм објави фотографија од своето прво апсење каде што таа е облечена во бикини, фотографијата за еден час се прошири неверојатно брзо по социјалните мрежи.

Таа со пријателите се сончала во еден парк во Стокхолм, кога им се приближал маж кој се претворал дека продава списанија за бездомници. Не сакал да прифати „не“ за одговор и заедно легнал со девојките на крпите. Веднаш станал сомнителен и Микаела ги предупредила пријателките да внимаваат.

Кога станал, една пријателка забележала дека и го нема мобилниот телефон. Немало време да се викне полиција, но Микаела и уште една нејзина пријателка, исто така полицајка го совладале крадецот.

Весна Петрушевска: За оние од Твитер што слушам делеле памет за мене, глејте си го…

Еве си седам со Кики и Мина по дома , почуствував потреба да ви се заблагодарам на сите кои изразивте подршка и кои сте со нас.Мина ме натера со нејзината храброст и доблест да напишам нешто што е многу важно… добив над 500 писма во инбокс од девојчиња , жени кои биле злоставувани и или не кажале никогаш затоа што мислеле дека се виновни и никогаш не го фатиле предаторот, напиша Весна Петрушевска.

vesna-bejbe

-Сите останати кои продавате демагогии како детето ќе се справи сигурно нема вие истите да се бавите со неа , туку јас и стручен тим.Јас сум среќна мајка што детето ми кажа се и препозна злосторник.Ах да и за оние од твитер што слушам делеле памет за мене , глејте си го оџакот да ви чури, јас се борам и цел живот го имам посветено на работи кои може да се разговара отворено за нив.Ќе се јават уште силувани девојчиња со нивните приказни , и треба да се казнат сторителите.Не треба сожалување, треба љубов, подршка, храброст и доследност!, напиша Петрушевска. 

Баба Милка ги растури социјалните мрежи:Погледнете како таа се бори против жештината

49117_12qas_ff

Видеото на баба Милка кое е објавено на Јутјуб каналот на “ТВ Локи”, oд местото Удбина во Србија, ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи.

Некои видеа се шират на интернет затоа што се духовити, некои затоа што се грозни, понекогаш ќе ве насмеат, а понекогаш ќе ве растажат и разбеснат.

Видеото на баба Милка не спаѓа во ниту една од наведените категории, туку е нешто посебно што ќе ви го одмори мозокот.

Погледнете ја бабата која ќе ве освои со еден збор и видете како таа се справува со жешкото време:

А.Г.

Судир во СДСМ: Рената Дескоска не гласаше за она што Радмила Шекеринска го договори

Членката на ИО на СДСМ и заменик претседател на Собранието на Република Македонија, Рената Дескоска денеска одби да одговори на повикот на координаторот на СДСМ, Горан Сугарески да влезе во салата и да го поддржи договорот што го склопи нејзината потпретседателка, Радмила Шекеринска.

 

123 (1)

Членката на ИО на СДСМ и заменик претседател на Собранието на Република Македонија, Рената Дескоска денеска одби да одговори на повикот на координаторот на СДСМ, Горан Сугарески да влезе во салата и да го поддржи договорот што го склопи нејзината потпретседателка, Радмила Шекеринска.

 

Собранието на Република македонија  во рамки на 113. седница ги изгласа измените и дополнувања на Законот за внатрешни работи, на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на Законот за кривична постапка, на Изборниот законик и на Законот за Влада, сите по скратена постапка.

Овие законски измени беа договорени од страна на претставниците на политичките партии потписници на Договорот од Пржино во насока на подготовка на одржување предвремени парламентарни избори и излез од политичката криза.

Дескоска попладнево директно го оспори кредибилитетот и капацитетот на заменик- претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска откако не гласаше за измените на пржинските закони договорени меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и одби да влезе во салата и за да го поддржи договорот на Шекеринска.

Ваквиот судир во редовите на СДСМ доаѓа откако изминатиов период договорот на Шекеринска претрпе силни критики од низа опозициски поддржувачи кои отворено застанаа против заменичката на Заев и упатија обинувања на нејзина сметка бидејќи сметаат дека договорот е поразителен за опозицијата.

123 1234 12345 123456 1234567 12345678 123456789 1234567890

ВИДЕО – Легендарниот битолчанец Паљо се прошета по танга во Аква парк Пробиштип

111

Кој не слушнал за Зоран Паљо од Битола, или е паднат од марс или не познава ниту еден легендарен лик во неговиот живот.

Човекот кој секојдневно ги засмева битолчани овој пат си направил мал излет до Аква парк во Пробиштип, а пуштањето по големите тобогани и другите лудории ги овековечил со хумористични видеа.

А.Г: