дома блог страница 5227

Го допре дното во животот: Некогаш беше еден од најдобрите фудбалери во светот, денес член на локална банда во Рио

adriano-brazil-640x398

Од еден од најдобрите играчи, можеби најдобар напаѓач во еден период до бандите во Рио Де Жанеиро. Беше ѕвезда на бразилската репрезентација и Интер, но Адриано Леите Рибеиро е на работ на законот.

Иако има 34 години, години кога фудбалерите уште можат да бидат на врвот на кариерата, фудбалскиот живот за него е завршен.

Последен европски клуб во кој играше беше Рома, од каде замина во 2011 година. Се жалеше на носталгијата за Бразил, па се врати дома, но не постигна ништо, потпиша за Коринтианс, па Фламенго, па беше без договор, па играше за Атлетико Минеиро. Последен ангажман му беше во Мајами Јунајтед, но клубот го раскина договорот со него пред два месеци.

adriano-brazil-3

„Неговота мајка и семејството сакаат тој да го напушти Бразил и сите незгоди кои го наоѓаат таму. Ние ќе се грижиме за него и среќни сме што потпиша за нас“, изјавија од Мајами на почетокот на март, но само неколку месеци подоцна никој немаше причина за задоволство.

Фудбалерот кој сега живее во фавела во Бразил беше обвинет за трговија со дргоа и возење во пијана состојна, но не е лишен од слобода.

Притвор за жител на прилепско: Извршил полов напад и силувал девојчиња

pedofil

По предлог на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Прилеп, судија на претходна постапка од Основниот суд – Прилеп вчера му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на лице осомничено за сторени две кривични дела – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години и за Силување.

Осомничениот, 51-годишен жител на селото Заполжани се товари дека во повеќе наврати во периодот од 2012 до 2016 година извршил полови дејствија врз две малолетни девојчиња во ова село, притоа употребувајќи сила и сериозни закани за да ги спречи да го пријават.

Објавен трајлерот за “Големиот кинески ѕид”, најголемиот филм снимен во Кина

Дистрибутерската куќа “Una Film” го претстави ексклузивниот трајлер за филмот “Големиот кинески ѕид” (The Great Wall).

Со глобалната суперѕвезда Мет Дејмон во главна улога, а под режисерската палка на еден од најголемите визуелни стилисти на денешницата, Жанг Јимо, “Големиот кинески ѕид” говори за елитна сила која ќе го изгради најголемото упориште.

1

Ова е прва продукција на англиски јазик за Јимо и најголем филм кој што некогаш е снимен во Кина. Во филмот исто така играат: Јинг Тиан, Педро Паскал, Вилием Дафо и Енди Ло.

4

2

3

19 – годишната Бруна Лима испраќа поздрави од Копакабана – ФОТО

Бруна Лима, 19- годишна девојка од Бразил, може да се пофали со совршено тело за кое може да им се заблагодари на своите бразилски корени. Лима е фитнес модел, а на нејзиниот Инстаграм профил можат да се видат фотографии од теретана, но и од преубавите пејсажи на плажата Копакабана.

160729073.20_mn 160729073.1_mn 160729073.2_mn 160729073.3_mn 160729073.4_mn 160729073.5_mn 160729073.6_mn 160729073.8_mn 160729073.9_mn 160729073.10_mn 160729073.11_mn 160729073.12_mn 160729073.13_mn 160729073.14_mn 160729073.15_mn 160729073.16_mn 160729073.17_mn 160729073.18_mn 160729073.19_mn

МАКЕДОНИЈА СЕ ПРИКЛУЧУВА НА ГЛОБАЛНИТЕ ТЕКOВИ: Првиот дел од гасоводот завршен со свечена церемонија – продолжува гасификацијата!

– Заврши изградбата на гасоводот од Клечовце до Блок станица 5 Штип која се наоѓа меѓу селата Драгоево и Селце, инвестиција вредна 75 милиони долари.

Gruevski_gasovod

На свеченото одбележување на завршувањето на овој голем проект присуствуваа премиерот Емил Димитриев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, Костадин Берсењев од Амбасадата на Русија, кој е вршител на должност на работа за Русија во РМ, Михаил Хрјаков, генерален директор на Строј Трансгас од Москва и Крсте Миладинов, генерален директор на МЕР АД Скопје.

Премиерот Димитриев истакна дека денеска успешно заврши првата фаза од гасоводот односно успешно е завршена изградбата на првиот крак Клечовце-Штип.

– Вкупната должина на овој потег изнесува 61 километар, а изградбата на овој капитален проект претставува инвестиција од 75 милиони денари. Она што е уште позначајно со изградбата на оваа делница се овозможува забрзано ширење на целата гасоводна мрежа низ сите поголеми места низ државата. Па така, следниот крак од гасоводот, кој ќе почне да се гради веќе следниот месец, е кракот Штип-Неготино-Кавадарци. Паралено со трасата Штип-Неготино-Кавадарци во септември оваа година планирано е да почнат да се градат уште два крака од гасоводот и тоа трасата Кавадарци-Неготино-Прилеп до Битола, како и трасата Скопје-Тетово-Гостивар, рече Димитриев.

Тој истакна дека по изградбата на овие траси од гасоводната мрежа ќе следи и изградба на трасите Штип-Радовиш-Струмица-Гевгелија со што Македонија ќе се поврзе со Грција. Потоа трасата од Струмица преку Ново Село до границата, а со оваа траса Македонија ќе се поврзе со Бугарија. И трасата Гостивар-Кичево-Струга до Ќафасан и со оваа траса Македонија се поврзува со Албанија.

– Севкупно во период од четири години ќе се изградат нови 204 километри од македонскиот гасовод со вкупна инвестиција од преку 150 милиони евра. Ваквите капитални инвестиции и ваквата динамика на работа јасно говорат за нашиот фокус како Влада за што поскоро да ја изградиме гасоводната мрежа и што побрзо да го донесеме гасот како енергенс до сите компании и до секое домаќинство во Македонија, рече Димитриев.

Тој посочи дека изградбата на гасоводната мрежа низ земјава е од големо значење за економијата, за компаниите, конкурентноста на домашното производство и за подобрување на условите за водење бизнис во Македонија.

– Дополнително достапноста до гасот како енергенс ќе значи големи придобивки за народот, затоа што ќе се намалат трошоците за струја и греење, што директно ќе се одрази врз буџетот на граѓаните. На тој начин отвораме едно поглавје во економијата, ново поглавје во енергетскиот сектор и ново поглавје во севкупниот живот на граѓаните, рече Димитриев.

3

Вршителот на работите за Русија во Македонија од Руската Амбасада Костадин Берсењев истакна дека изградбата на првиот крак од магистралниот гасовод Клечовце-Штип-Кавадарци е уште еден голем проект на руско – македонската соработка, бидејќи овој крак, кој чини 75 милиони долари, од нив 60 милиони долари се средства за регулирање на клириншкиот долг којшто Русија го наследи од поранешниот Советски сојуз, а 15 милиони долари се средства од буџетот на Владата на Република Македонија.

– Со пуштање во употреба на новата гасоводна мрежа Македонија ќе може да добива природен гас не само од Бугарија, туку и од Србија и од Грција. Не помалку е важно и тоа дека македонските компании стекнаа бесценето практично искуство кое може да го искористат понатаму за изградба и обновување на објектите на гасоводната мрежа на Македонија, рече Костадин Берсењев.

4

Исто така, додаде дека ова ќе биде и цврст темел за реализирање на нови заеднички руско-македонски проекти во областа на енергетиката.

Во своето обраќање генералниот директор на Мер АД Скопје, Крсте Миладинов оцени дека изградбата на македонскиот гасовод од 61 километар и шест блок станици претставува еден од најголемите проекти коишто ги реализираше земјава.

1

– Проектот е завршница, но тој е предвесник на новите проекти. Можете да видите дека интензивно се подготвува изградбата на делницата Штип-Неготино-Кавадарци, која официјално започнува во средината на август. Со реализацијата на тие проекти се отвора и нова ера од кои придобивка ќе имаат стопанството и домаќинствата, а исто така ќе имаме и заштита на животната средина. За реализацијата на проектот соработувавме со Строј Трансгас од Москва. Оваа фирма нам ни подари пријателство и квалитет во изградбата на новиот гасовод, рече Миладинов.

2

Михаил Хрјаков рече дека соработката на фирмата „Строј Трансгас“ со македонските колеги е едно големо искуство и пријателство.

– Компанијата „Строј Трансгас“ реализира многу проекти во делот на енергетиката во многу држави. Ние сме многу горди бидејќи Македонија токму нам ни ја даде довербата да го градиме првиот крак од Клечовце до Штип, истакна Хрјаков.

Изградбата на оваа делница е дел од Проектот за изградба на Националниот гасоводен систем во Република Македонија, еден од најзначајните национални проекти.

 

Честитка од градоначалникот Ристески по повод Илинден

????????????????????????????????????

????????????????????????????????????

Почитувани Сограѓани,

Илинден, е симбол на победата на македонскиот непокор.
Денес, Република Македонија одбележува 113 години од Илинденското востание и 72 години од Првото заседание на АСНОМ.

Илинден е ден кога славиме и се потсетуваме на голем број револуционери и борци за независна Македонија, кои со својата крв ги испишаа најславните страници од историјата на македонскиот народ.

Празнувајќи го овој датум, да им се заблагодариме и да им оддадеме почит на сите знајни и незнајни херои од нашата историја, зашто врз темелите што тие ги поставија опстојува современа и самостојна Република Македонија.

Наша обврска е да продолжиме посветено да работиме на изградба на модерно, просперитетно и европско општество.

На сите жители на Општина Прилеп, како и на сите граѓани на Република Македонија им го честитам денешниот празник.

Нека ни е честит Илинден!

Да ни е вечна Република Македонија!

Привршува изградбата на камбанаријата во храмот Св.Петка

Во пресрет на големиот христијански парзник “СВ.Петка’, кој се слави на 8-ми август, се интензивираат активностите околу доуредувањето на овој православен храм, во населбата Точила .

1

„Привршува изградбата на Камбанаријата и партерното уредување на црквовниот двор , и на 8-ми август, на православниот празник „Св. Петка“ овој велелепен православен храм во населбата Точила, ќе добие комплетен, поубав изглед . Храмот „Св. Петка“ е една од најубавите новоизградени православни храмови во Прилеп ,изграден во чест на Св.Петка и во чест на загинатите 10 – ет прилепски бранители, кои токму на овој ден, 2001 година загинаа – истакна градоначалникот на Прилеп , Марјан Ристески.

6

3

4

5

Изгрдабата на црквата „Св. Петка“ во населбатаТочила започна пред 10 години. Пред две години црквата беше осветена според каноните на МПЦ, со сите црковни обреди, но таа сеуште се гради, доградува и уредува, како внатешно така и надворешно. Нејзината изградба започна со средства донирани од разни донатори, бизнис секторот, локалната самоуправа-Прилеп , од доброволните прилози на голем број добронамерници и почитувачи на верата, а за нејзината изградба беа организиран и неколку донаторски конференции и музички – спортски настани.

10

7

8

9

Крушево: Град со големо историско значење за нас Македонците, стана најпосакувана дестинација за летање змај во Европа

13718672_10153832658362984_1590271010850976095_n

Оние пољубопитните од вас кои би го изгуглале Крушево, сигурно наишле на податокот дека на ова место започнала македонската борба за слобода и независност. Дека секоја година на 2 август овде се празнува нашиот најголем национален празник.

И ова лето Крушево е празнично и свечено.

1238299_10201244784313667_96168920_n

После 30 години откако малата македонска змејарска зедница го откри Крушево и прв пат полета на крушевското небо, ова мало гратче ја доби огромната чест да биде домаќин на елитното 19-то Европско првенство во Змејарство класа 1 и на седмото светско првенство во Змејарство класа 5. Ја доби несекојдневната можност да ја пречека елитата на европските пилоти и светските шампиони кои претходните 2 недели го освојуваа македонското небо над Пелагониската долина, нашата летачка арена.

13718521_1351233974890709_7159589907124000079_n

1174949_10201244793473896_1611068818_n

13686727_1344037242291069_4900730300156926282_n

13700173_10153832658332984_6068314135517879315_n

Крушево го заслужува тоа, пред се затоа што од тука први полетаа токму змејовите. Овој голем спортски настан му даде шанса на ова мало место во срцето на Балканот да стане уште една нова змејарска дестинација.Шанса да докаже дека има потенцијал да биде едно од посакуваните места за летање со змеј во Европа.

13769415_1747217545537801_651964728743911892_n

13726711_1350492151631558_2832240697956239736_n

13726720_1350492381631535_1150570318436421929_n

13754139_1351234101557363_3502180376168162434_n

13754224_10153832658682984_2311773612713868094_n

13754271_10153832658102984_5614944453663219175_n

Во убавото Крушево, ова беа две возбудливи недели, полни со предизвици, сино небо, многу летање, многу успешни трки, убави дружби и секако освен во летањето пилотите уживаа во вкусната македонска крушевска храна и вино.

13770459_10153832658257984_1749445243603488369_n

 

13770461_1350491231631650_3077270609837141588_n

13775393_1747217495537806_5393492861792840521_n

13775892_10208578494091828_1049653313472444625_n

Популарната пејачка чии хитови сите ги знаеме е на смртна постела

ser-foto-profimedia-1469742927-958219oi89p98p89p89-800x541

Познатата пејачка Шер е отфрлена од семејството, но тоа не е најголемата трагедија која и се случува периодов.

Според пишувањата на странските таблоиди, познатата пејачка боледува од тешка и смртоносна болест, но засега не се познати повеќе детали.

Според пишувањата, фановите на Шер се потресени по оваа вест за неа.

Тигри и ренџери го ваделе телото – трупот на Бистра е на исчезнатиот татко

policija-3

Истрагата за таткото и синот од кои повеќе од десетина дена нема ни трага ни глас откако исчезнаа на падините на Бистра, за жал добива трагични размери. Таткото Љубомир и неговиот 50-годишен син Сашо пред 15 дена исчезнаа кај својата викендица во лазарополе, им се испразнија мобилните што уште повеќе ја отежна ситуацијата, и од нив нема ни трага ни глас. Пресврт во приказната направи наоѓањето на труп во фаза на распаѓање на планината, за кој за жал се верува дека е на еден од членовите на семејството.

Како што дознава Дневник, истражните органи утврдиле дека телото е на 78-годишниот Љубомир Мицевски кој исчезна со својот син.

– Сто години да баравме на тоа место немаше шанса да го најдеме. Човечка нога не стапнала на тоа место. Најверојатно таткото мислел дека по таа кривина ќе слезе на патот и паднал. Тоа е шума која веднаш има дол. Старецот паднал во стрмните карпи и поточето на висина од десетина метри, вели командирот Рефик Пајковски за Дневник.

Синот не е пронајден. Командирот вели Дај боже да го најдеме жив.

– 30 години сум во служба и не сум имал ваков случај. И специјалци со јажиња и кучиња го пребаруваат целиот терен. Чудно е што ни мршојадците не го пронашле. Го извадивме телото со маки, дури кај 22 часот. Побаравме помош од армијата, не можеше да се оди ни со хеликоптер ни со коњ. Тигрите и ренџерите се спуштиле прво со јажиња па пешки, вели командирот.

Се уште се трага по исчезнатиот син со надеж дека е жив.