Вечерва околу полноќ страшна сообраќајна незгода се случи кај матичното одделение во Прилеп. Автобус кој според очевидци избегнувал лежечки полицаец, удрил во моторциклист и за малку ќе го прегазел. Повредениот моторциклист бил облеан во крв и за малку не завршил под колцето од автобусот. Полицијата на лице место ги испитува точните причини за настанувањето на несреќата.
Филип е Македонецот кој со масло од канабис го победи ракот
Филип Достовски е еден од македонците кој својот втор живот му го должи на маслото од канабис.
Достовски бил дијагностициран со рак на 15 годишна возраст, по неколкуте неуспешни обиди да се излекува со конвенционални лекови се обидел со маслото од канабис, по што ракот целосно исчезнал. Тврди не се станува зависен од маслото, а успехот е кај над 70 проценти од болните.
Судии, лекари, адвокати и полицајци се само дел од луѓето кои ги користат предностите на овој вид на лекување, во голем дел со голема успешност. Различни видови на рак, мултиплекс склероза, епилепсија, ХИВ, па дури и различни видови на повреди се болестите каде маслото од канабис може да помогне.
Погледнете што за оваа проблематика во интервју за Сител Телевизија раскажува Филип Достовски член и активист на Зелена Алтернатива
Саботно кафе во Прилеп – 30.07.2016
[Best_Wordpress_Gallery id=”330″ gal_title=”Саботно кафе во Прилеп – 30.07.2016″]
ИЗМАМА НА ВЕКОТ: Платил 3,7 милиони долари за една вечер со Меган Фокс
Ју Мартин Ксу, бизнисмен од Кина, кој барал љубов на погрешни места, пред извесно време бил „ограбен“ од извесна „ескорт агенција“, за ни помалку, ни повеќе, туку 3,7 милиони долари.
Овој не така бистар деловен човек тврди дека платил за секс со топ-моделот Кендис Свенепол и со глумицата Меган Фокс, позната по филмовите од серијалот филмови „Трансформери“.
Сосема (не)очекувано, ниту една од овие две убавици не се појавила на догорените состаноци, па незадоволниот клиент одлучил да ја тужи агенцијата.
Од агенцијата сепак, не признаваат дека го измамиле Ксу, но нивната одбрана за на суд се уште се подготвува. За расплетот на целата оваа ситуација ќе треба да почекаме.
Јадете луто и намалете го ризикот од канцер
Честото конзумирање лута храна го намалува ризикот од канцер. Внесете повеќе свежа и сушена лута чили пиперка во вашата исхрана, затоа што јадењето лута храна на дневна основа сега е поврзано со понизок ризик од смрт заради канцер, срцеви заболувања или болести на белите дробови и дијабетес.
Учесниците во истражувањето објавено од страна на Бритиш медикал журнал, кои јаделе лута храна скоро секој ден, имале за споредба 14 проценти помал ризик од смрт во споредба со оние кои конзумирале зачинета храна помалку од еднаш неделно. Оваа поврзаност е иста и кај мажите и кај жените, а е поизразена кај оние кои не конзумираат алкохол.
Честото конзумирање зачинета (лута) храна е исто така поврзана со помал ризик за смрт од канцери, ослабено срце и болести на респираторниот систем, а ова е поизразено кај жените отколку кај мажите – забележале научниците во студијата која беше објавена во Бритиш медикал журнал (БМЏ).
Свежите и сушените лути чили пиперчиња се најчесто користените лути зачини кај оние кои пријавиле дека јаделе лута храна во текот на неделата. Меѓународен тим, предводен од истражувачи во Кинеската академија за медицински науки ја истражувале поврзаноста на конзумирањето на лута храна како дел од секојдневната исхрана, и севкупните ризици и причини за смртност.
Тие во истражувањето вклучиле 487,375 учесници на возраст помеѓу 30 и 79 годишна возраст. Сите учесници пополниле прашалник за тоа што генерално јадат, за физичката состојба, и за конзумирањето на лута храна, црвено месо, зеленчук и алкохол. Во споредба со учесниците кои јадат лута храна помалку од еднаш неделно, оние кои конзумирале лута храна еднаш и два пати неделно имале 10 процени помал ризик од смрт.
Оние кои јадат лута храна три до пет, шест, па и седум дена во неделата, имале 14 проценти помала веројатност за смртност.
Некои од биоактивните состојки по се изгледа се двигатели за оваа поврзаност – објаснуваат авторите и додаваат дека свежиот чили е побогат со капсаицин, витамин Ц и други корисни состојки.
Авторите повикуваат повеќе научници да се вклучат, со што може „да доведе до посовремени препораки за исхраната и до развој на функционална храна“. Претходни истражувања упатуваа дека корисните ефекти од лутата храна и нивната биоактивна состојка, наречена капсаицин, помагаат против дебелеењето, се антиоксиданси, се антивоспалителни и имаат против канцерогени својства.
ДОЗНАЈТЕ ПРЕД ДА ОДИТЕ НА ОДМОР: Што да направите доколку настрадате од медуза?! (ВИДЕО)
Во тек се летните одмори а повеќето се одлучуваат за на море, а дали сте се запрашале што треба да направите доколку ве гризне медуза…
Местото каде што ве гризнала медузата треба да го замиете со вински оцет или алкохол. Раната немојте да ја замивате со слатка вода, доколку е таа блиску очите, на лицето, устата, како и на гениталите, во тој случај побарајте лекарска помош.
Во случај само на допир со медуза, местото затријте го само со песок.
Еве што треба да направите:
Нов злостор ја потресе Македонија – силувано 10 годишно дете во Велес

СВР Велес поднесе кривична пријава против лицето Е.З. (19) од с.Мелница, велешко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело полов напад врз дете .
Пријавениот во средата, 27 јули, околу 19.00 часот во с.Мелница го пресретнал десетгодишното дете, кое се враќало од локалната продавница во с.Мелница кон дома, го кренал во раце и го однел во сокак кој се наоѓал подалеку од домот на детето, каде што го извршил половиот напад.
После насилниот сексуален акт пријавениот побегнал , а детето заминало дома. Од срам не кажало никому.
Наредниот ден неговата мајка забележала дека детето е изнемоштено и не може да се движи, по што разговарала со детето и детето кажало што се случило.
Истиот ден настанот бил пријавен во СВР Велес, бил извршен лекарски преглед на детето во ЈЗУ„Општа болница“ Велес, а по консултации со Јавен обвинител детето заедно со неговата мајка е однесно на преглед во Судска медицина – Скопје .
Пријавеното лице е приведено вчера наутро во 06.30 часот.
Интервју со Д-р Панче Дамески: Прв доктор на науки по ветеринарна медицина од Прилеп
Кога ќе затаните пред човек кој има толку големо интелектуално искуство зад себе и вложено толку многу труд во развојот на својата персона, едноставно не може, а да не направите одлично интервју, кое би било водич за успех на многумина. Д-р Панче Дамески е прв доктор по ветеринарна медицина од Прилеп и втор доктор по ветеринарна хирургија од Македонија, кој своето звање го стекна на реномираниот универзитет во Загреб. Исто така своето професионално искуство и интелектуален бекраунд го има ставено во корист на граѓаните и исполнување на нивните барања и потреби, преку политички ангажман во владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ.
Др Панче Дамески вие сте втор доктор на науки по ветеринарна медицина во Република Македонија. Откријте ни на која тема беше докторскиот труд, каде се одвиваше одбраната на истиот и што ве поттикна да го достигнете ова високо општествено одликување и да станете доктор на науки?
Најнапред да се заблагодарам за честа која ми ја укажавте да дадам интервју за најпопуларниот портал во градот маркукуле. Тука би напоменал дека јас сум прв доктор на науки по ветеринарна медицина од Прилеп, или втор доктор од областа ветеринарна медицина – хирургија во Македонија. Мојот докторат го почнав и го завршив на реномираниот универзитет во Загреб и на уште подобриот ветеринарен факултет во хрватската престолнина, кој е еден од најдобрите ветеринарни факултети во централна Европа. Дел од испитувањата за трудот ги работевме овде во Прилеп, но најголемиот дел се одвиваше на ветеринарниот факултет во Загреб и во хрватскиот ветеринарен институт, а временскиот интервал во кој го завршив докторскиот труд беше 4 години. Она што особено ме поттикна да го достигнам докторското звање е тоа што јас долго време работев како ветеринарен доктор во нашиот град, при што во 2000-та година магистрирав исто така на ветеринарниот факултет во Загреб, додека пак од 2012 година работам како асистент на ветеринарниот факултет во Битола, по предметот хирургија-ортопедија и офтомологија. Па согласно законот за високо образование, потребен е докторски труд за да се стане професор на факултет.
Истата година ги запишав докторските студии и во еден рекорден рок би рекол, го завршив. Таа година во Загреб се запишавме околу 50 докторанти, и би рекол дека сум помеѓу први 5 кои ги завршиле докторските студии.
Што е ваша најголема поддршка, нешто што секогаш ве турка да чекорите напред?
Целиот успех кој го имам на полето на ветеринарната медицина, меѓутоа и на политички план, каде што остварив и добра политичка кариера, можам да кажам дека пред се е заслуга на поддршката на моето семејство, на мојата сопруга, децата, но и на мојата амбиција, бидејќи верував во тоа што го работам, го сакам тоа што го работам, па кога сте посветени на својата работа, дали е тоа на професионален или политички план, успехот е секогаш гарантиран.
Освен на професионален план, на полето на ветеринарната медицина, вие сте и политички активен, бевте пратеник во Собранието на Република Македонија и сеуште сте достојни и ги браните политиките на владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Прилеп и тогаш и денес има репрезентативни пратеници во Парламентот, и затоа го доби овој нов европски лик. Тешко ли беше да се изборите за градот од каде доаѓате, како одеше комуникацијата со ресорните министерствата и воопшто со централната власт?
Јас бев пратеник во три мандати и тоа: од 2006 до 2008, потоа од 2008 до 2011 и бев повторно на листата во 2011 година, каде што влегов во Парламентот во периодот од 2013 до 2014 година. Кога ќе се вратам наназат пред 10 години, кога прв пат станав пратеник, навистина беше тешко, бидејќи го затекнавме градот во една многу незавидна положба од секаков аспект. Дали да зборуваме за инфраструктурниот дел, за поставеност на образованието, поставеност на здравството …., се беше запоставено и заборавено. Мојот мотив особено произлегуваше од тоа што јас ја познавав состојбата во земјоделито, поради секојдневните контакти со земјоделците од општина Прилеп, при што особено ми беше криво тоа што со нивната макотрпна работа, земјоделците не можеа да обезбедат егзистенција за своите семејства. Поради тоа мораше да се направи нешто за целосни, системски да се сменат работите. Соработката беше одлична, како со ресорните министерства, така и со локалната самоуправа, па со таква добра поставена вертикала се направи доста за градот. Секогаш може повеќе, но факт е дека прилепските пратеници, ние кои бевме, и оние кои сега се во Парламентот, работат посветено и обезбедивме доста средства за развој на градот.
Република Македонија поминува низ најтешкиот период од осамостојувањето на политички план. Наметнатата криза која предолго трае, со последниот договор по кој знае кој пат се ветува дека ќе се разреши. Кое е вашето мислење за однесувањето на опозицијата предводена од СДСМ и дали сметате дека конечно ќе се придржуваат кон она што скоро беше договорено?
За жал морам да кажам дека на овие простори во Европа, нема ниту еден сличен пример на вакво однесување на опозиција. Улогата на опозицијата е да биде коректор на власта, меѓутоа со вакво девијантно и деструктивно однесување, со ваква негативна политика, без минимално чувство на одговорност кон граѓаните, не може да се дојде на власт. Тоа мора да го знаат опозиционерите. Сепак, за жал структурата и составот на овие луѓе е далеку од она што беше во периодот 2006-2008, кога постоеа многу поконструктивни луѓе во истата партија, која и тогаш беше во опозиција. Имавме заеднички залагања за градот, дискусии, нивни предлози кои беа прифатени од наша страна, меѓутоа ова што се прави сега, ова уништување, е неприфатливо за најголем дел од граѓаните. Се надевам дека ќе сфатат дека ова што го работат е на штета на државата, на штета на граѓаните, и тоа ќе се докажи на следните избори. Цената што ја плативме е преголема, очекувам што поскоро да се распишат изборите и што поскоро да продолжиме да работиме кон главните цели за државата, а тоа е зачленување на државата во евроатланските структури. Искрено не верувам дека СДСМ ќе се придржува кон она што е договорено, што беше и очигледно дека во изминатиот период СДСМ бега од избори. Факт е дека се свесни дека не ја уживаат поддршката кај граѓаните и очекуваат по некои други патишта, со некоја друга помош, преку некои несвојствени сили да ја добијат власта.
Вие сте секојдневно со граѓаните, во постојан контакт за нивните проблеми и секојдневни соочувања. Што е она што граѓаните го бараат од вас и дали ваквите игри на ставање на партиските интереси на прво место на СДСМ се во главен интерес на граѓаните?
Најголем дел од граѓаните, притоа зборувам за оние граѓани кои не ги интересира политика, неопределените граѓани, бараат да заврши ова, да се стави крај на ова лудило наметнато од страна на опозицијата. Затоа е добро што побрзо да ги имаме тие избори и се надевам дека со најновите законски измени кои ги изгласа Собранието, ќе се отвори патот кон избори и за брзо време ќе се вратиме во некоја нормала на делување на сите државни институции.
Бевте претседател на Кинолошкото друштво Прилеп и организиравте прекрасни изложби за кучиња од многу раси. Како сте задоволни од ваквите изложби и заинтересираноста за истите и дали постојат во Прилеп вистински љубители и одгледувачи на различни раси на кучиња?
Кинологија е мое хоби кое е нераскинливо поврзано со мојата професија. Целиот живот ми е поврзан со кучињата, со нивното лекување, меѓутоа и како кинолошки стручњак, како кинолошки судија со оценување на квалитетот на кучињата. Прилеп е еден од најголемите кинолошки центри, не само во Македонија, туку и пошироко во регионот. Традицијата на организирање на изложби потекнува многу одамна, при што првите кинолошки манифестации во Прилеп се одржани уште во 60-тите години, па тој континуитет на работа на кинолошкото друштво е задржан со децении. Долго време бев претседател на Кинолошкото друштво Прилеп, каде што организиравме доста квалитетни меѓународни манифестации, кои беа посетени од излагачи од голем број на земји од Европа, па дури и излагачи од други континенти. Прилепчани се одлични љубители на кучиња, имаме одлични одгледувачи на кучиња, доста одговорни кон здравјето на кучињата, но имаме и доста добри излагачи кои победувале на многу меѓународни изложби. Тука со задоволство можам да кажам веќе имаме европски шампион од расата Шарпланинец кој потекнува од Прилеп.
Дали добар одгледувач на кучиња може да развие и добар бизнис од тоа?
Во поразвиените земји, одреден процент на одгледувачи можат да егзистираат од одгледувањето и продавањето на кучиња. Сепак Македонија е доста ограничена од кинолошки аспект. Од една страна ја имаме Албанија која е кинолошки неразвиена, таа единствена земја каде не постои кинолошка организација, Грција долго време немаше развиено кинологија, Бугарија влегува во истата група, па единствено нашите одгледувачи можат да комуницираат со своите истомисленици од Србија. Но, пазарот е премал, за разлика од една Словенија која е опкружена со кинолошки веле сили: Италија, Австрија, Германија …., па така кинолозите од Словенија можат многу полесно да комуницираат и да ги продадат своите кучиња. Како резултат на тоа во Македонија постојат само исклучоци кои одгледувањето на кучиња можат да го искористат за бизнис.
Колку често се одржуваат изложби во нашиот град?
Во Прилеп имаме една меѓународна изложба, која претходно традиционално ја одржувавме околу 11-ти Октомври, а последниве години се одржува пред Велигден. Веќе од следната година ќе имаме две изложби и верувам дека тоа е придонесе кон поголема афирмација и посетеност на изложбите во Прилеп. Значи според календарот Прилеп ги има тие две изложби, а во Македонија на годишно се одржуваат некаде околу 20-25 изложби, и дополнително се одржуваат изложби за одредени раси.
Кон што се насочени вашите понатамошни животни стремежи како на професионален, така и на политички план?
Најпрво и најискрено би сакал оваа агонија да заврши и се надевам дека Македонија во најскоро време ќе ја надмине оваа криза и ќе почнеме со тој долгоочекуван економски раст и добробит на сите граѓани на државата. Се надевам дека барем приближно ќе го имаме животот и стандардот на европските земји. Историските разлики постоеле од секогаш, не можеме да кажеме дека пред 100 години сне биле најбогата земја во Европа, па сега за 100 години сне станале сиромашни. Меѓутоа, треба да направиме се, таа разлика да се намали. Колгу брзо ќе го сториме тоа, зависи од нас Македонците, а зависи и од опозиционерските политичари, кои треба да сфатат дека и тие треба да работат за доброто на граѓаните и државата. Инаку на свој план очекувам и понатаму да се занимавам со ветеринарната медицина, спроведувајќи многу научни испитувања, а со тоа и придонес во развојот на ветеринарната медицина. Секако би посакал добро здравје за сите прилепчани и на сите граѓани на Република Македонија и се надевам дека наредното интервју ќе ни биде за попријатни теми од областа на политиката, при што се надевам дека до тогаш и ние Македонците ќе покажеме дека можеме да имаме едно национално единство.
Нам ни беше мило и ви посакуваме многу успех, како на професионален, така и на политички план, и се надеваме дека наредно ќе разговараме за нови научни трудови напишани од ваша страна.
Подготви: Александар Георгиоски
Убиен сопственикот на познато кафуле
Крвав настан утрово ја потресе Србија. Пред 10 часот утрово во Нови Белград во населбата Белвил се случило убиство. Според досегашните информации на српскиот портал Курир, бил убиен сопственик на познато кафуле, и тоа пред очите на ќерка си и сопругата.
Сведоци велат дека се слушале истрели и дека настанала паника. Делувало како да се пука од Калашников.
Повеќе детали се најавени за подоцна.






































