дома блог страница 5225

Прочистете ги цревата, испеглајте го стомакот за една недела-еден оброк заменете со оваа салата

Салатата „Метла“ ужива голема популарност веќе неколку години по ред. Можеби не изгледа убаво и егзотично, но е драгоцена за оние кои сакаат да го исчистат организмот и да ослабнат. Во што е нејзината тајна?

salata

ХРАНА И ПИЈАЛАЦИ

Прочистете ги цревата, испеглајте го стомакот за една недела-еден оброк заменете со оваа салата

Салатата „Метла“ ужива голема популарност веќе неколку години по ред. Можеби не изгледа убаво и егзотично, но е драгоцена за оние кои сакаат да го исчистат организмот и да ослабнат. Во што е нејзината тајна?

salata

Основните компоненти на салатата (зеленчукот) го обогатуваат организмот со витамини и минерали, а поседуваат и влакна и петкини. Благодарение на ова, ова здраво јадење придонесува за исфрлање на фекалните наслаги, со што се намалува телесната тежина.

Класичниот рецепт на оваа салата содржи, зелка, цвекло, морков, лимонов сок и масло за јадење.

Подготовка: Нарендајте зелка, цвекло и морков во однос 3:1:1.Додајте зачински растенија по вкус. Изгмечете го зеленчукот да пушти сок. Додајте лимонов сок. По желба може да се додаде изгмечено лукче. Се залева со малку растително масло за јадење, ленено или маслиново.

Салата не е потребно да се соли, а ако не можете без соленкаст вкус ставете малку соја сос.

Ќе завладее жед, ќе се умира за капка вода: Карта на најпогодените земји

Како што земаат замав климатските промени, така вода ќе има се помалку во топлите краишта, додека регионите познати по врнежите ќе бидат уште побогати со вода.

zemjata-bez-voda-768x427

Прикажаната мапа се однесува на недостигот на вода до 2040 година, кога многу земји во светот ќе се соочуваат со сериозен недостиг на вода, се наведува во зивештајот на Светскиот институт за ресурси.

Околу 33 земји ќе мора да се озборат со „екстремно голем недостиг“. На Блискиот Исток се наоѓаат 14 земји кои ги очекува недостиг на вода, а на 9 им се заканува максимална опасност.

ОН предупредуваат дека до 2030 година половина од светската популација би мжело да трпи последици поради недостигот од вода.

За среќа, Македонија и регионот се наоѓаат во подрачје богато со вода, што значи дека во блсика иднина ќе располагаме со еден од најбараните ресурси на светот – изворот на живот.

Се отворија раните на Весна Петрушевска, актерката бесна: “Ако не пак да си молчиме!”

13266128102096370873827615672579740759474745nyj56u56u65-600x800

Весна Петрушевска по голготата која ја поминува со својата ќеркичка која беше жртва на полов напад, бесно се огласи на Фејсбук по веста за уште едно силувано детенце во Велес.

– Ако не пак да си помолчиме, Уште едно дете, и дури следниот ден кажало милото дете, оти нели жртвата е виновна….ужас !, напиша Весна.

untitlediuliu54l784o8745j48u58654u5564u5564u5565

Пет начини за ублажување на симптомите од сончаница

soncanica-768x432

Сончаницата е еден облик на топлотен удар, а настанува како резултат на директно изложување на главата и тилот на сонце.

Симптомите се покачена телесна температура (до 42 степен), црвена кожа на лицето, забрзано работење на срцето и краток и забрзан здив. Во полесните случаи се јав ува главоболка, проблеми со видор, вртоглавица и поспаност, а ако овие смптоми се игнорираат, со понатамошно изложување на сонце следува омалаксаност, зуење во ушите, проширени зеници и на крај кома и смрт.

Кај сончаницата поради силните топлотни бранови доаѓа до прегревање, па организмот испраќа повеќе крв  под кожата и во мозокот обидувајќи се  да се избори со петераната температура од околината. Тогаш доаѓа до промена во крвниот притисок затоа што срцето работи забрзано, а во потешките случаи  доа ѓа д набабрување на мозокот поради преголемото количество крв што се обидува да го олади.

Кај сончаницата е мошне важно да се реагира брзо. Првата помош се ладни облоги, престој во студена и затемнета просторија, а ако дојде до несвестица треба да се почека итната помош, а заблениот да се став и да лежи настрана и да го ослободите од вишокт облека и да го ставите под студен туш, но водата не стреба да биде ледена.

За заздравување ќе бидат потребни неклку дена, па важно е да не се излегува на сонце, да избирате храна што лесно се вари, а се препорачува да се зема храна што  б рзо и ефикасно ќе  ги надополнат течностите и електролититите. Тука спаѓаат сезонското вошје и зеленчук, пред се лубеница, диња и краставица.

Прочитајте кои се петте продукти што треба да ги консумирате за да ги намалите симптомите на сончаница…

Лубеница

Клуот е да се изберат продукти и оброци што се богати со течност и лесни, како лубеницата. Како што се смируваат симптомите, воведете медитеранска исхрана.

Банана

Електролитите се надокнадуваат со послена храна. Добар избор е и супата, без разлика дали се работи за супа од зеленчук или за пилешка, а бананата ќе го надополни калиумот.

Без кофеин

Кофеинските и алкохолни пијалаци никако не се препрачуваат затоа што предизвикуваат понатамошна дехидрација. И шеќерот во пијалците ја извлекува водата од организмот за да се разгради.

Студени облоги

Личноста што е погодена од сончаница треба да ја ставите во студена, но не во мраз студена вода, или да ја завиткате во ладни крпи. Сместете ја во студена просторија.

Изотоник

Помешајте од 3 до 40 грама багремов или ливадски мед, сок од половина или од еден помал лимо н и додадете четвртина лажичка сол и 0,5 литри вода. Оладете го пијалакот.

Четири податоци што никогаш не би требало да ги праќате под СМС или меил

smscheat-654x434

Најголемата грешка што можеме да ја направиме кога станува збор за нашите лични податоци е ако се однесуваме во стилот „тоа нема баш мене да ми се случи“.

Иако кражбата на идентитетот нхема да значи крај на с ветот, но ако тоа ви се случи м ожеби би посакале да  б иде крај на светот. Навистина не е пријатно кога б и почнале да ви пристигнуваат сметки за нешто што никогаш не сте го купиле. За да не ви се случи тоа еве на кои податоци треба да внимавате.

  1. ЕМБГ

Постојат добри причини зошто овој број е таен и никако не би смееле да го испратите по меил или СМС пораки.

  1. Податоци од кредитната картичка

Немојте да ги испраќате ниту по меил и немојте да го откривате ниту на страниците за кои не сте апсолутно сигурни дека се заштитени.

  1. Фотокопија од возачка дозвола или лична карта

Оној што поседува вакви копии може да ви направи голема штета.

  1. ПИН кодови и лозинки

Иако на голем број луѓе ова им звучи само по себе разбирливо, постојат многумина кои се однесуваат мошне опуштено со сопствените лични податоци. Кога ќе се случи да с танат жртва на кражба на податоци, обично премногу е доцна.

Затоа секогаш треба да го сведете на минимум откривањето на сопствените податоци, да ги прегледувате сите сметки што пристигнуваат и ако се открие проблем веднаш да дејствувате за да се контролира штетата.

Откриена е вистината за играта: После ова повеќе нема да играте Покемон Гоу

dlfpplf-640x433

Валентина Амелина е Русинка која е категорично е против играта “Pokemon GO” да се игра  во Русија.

Таа тврди дека играта е добро смислена алатка на американските разузнавачки служби.

Амелина испратила писмо до Федералната служба за безбедност на Русија во кое што детално објаснува зошто оваа игра е стратешки опасна и мора да биде забранета во Руската Федерација.

Авторите на играта се поврзани со “Google” кој пак е финансиран од службениот фонд на ЦИА, пишува Валентина Амелина, пренесува рускиот весник „Космомолскаја правда“.

-Тие на овој начин успеаја да решат разни картографски задачи, се обновуваат сите податоци за патиштата, базите и многу други работи. А некогаш мапите беа стратешки важни и дури беа државна тајна. Во цивилните мапи некогаш дури намерно беа пишувани неправилни податоци. Автомобили-роботи ги има насекаде низ улиците, ги зацртаа сите наши градови, возила и сега остана уште еден проблем – како да се „ѕирне“ во нашите домови, подруми, касарни, државни инсистуции. И ете, се создаде генијалната заразна игра Pokemon GO“, вели таа.

pokemon-1-640x372

Амелина пишува дека при бркањето на Покемони и обидите да ги фатиме, ние всушност им ги предаваме фотографиите од просториите во кои што се наоѓаме на ЦИА, па дури и географските координати.

-Ви честитам. Штотуку го снимивте целиот ваш стан. Со други зборови, тие нè следеа и сега продолжуваат да нè следат. А покрај доброволното картографирање на сè и сешто, се отвораат и уште многу други можности. Ако „самите знаете кој“ посака во овој момент да дознае што се случува во Државната дума, ќе започнат да вибрираат телефоните на пратениците, хигиеничарите, новинарите: Пикачу е во близина, ќе ви каже вашиот телефон. И пресреќните играчи ќе побрзаат да ги вклучат своите телефони, камерите и микрофоните, тврди таа.

ТРАГЕДИЈА: Загина 25 годишно момче во Прилеп

Tешка сообраќајна несреќа околу полноќ во Прилеп. Животот го загуби 25 годишен прилепчанец управувајќи со мотор.

zoki1

Несреќата се случила на улица Самоилова. Од засега непознати причини а најверојатно за да избегне полу легнат полицаец кој е поставен за намалување на брзината поради близина на средното економско училиште и основното училиште Рампо Левката возачот на автобусот преминал на крајната лева коловозна лента од улицата и удрил во моторциклистот.

Очевидци тврдат дека ударот бил многу силен од што моторџијата се здобил со сериозни повреди во главата и брзо паднал во кома.Обидите на лекарите во општата прилепска болница да го спасат 25 годишното момче биле залудни.

Од повредите во главата тоа починало. Истрагата допрва треба да утврди како е можно возач на автобус кој нокта превезувал  туристи да се одлучи наместо да ја намали брзината и полека да мине над легнатиот полицаец решил да го избегне да премине на неговата крајна лева страна од улицата со четири коловозни ленти и да удри во мотоциклистот.

Охрид „врие“ од туристи – Хотелските и приватните капацитети целосно исполнети

ohrid-sezona-2

Најголемиот туристички центар во државава, единствениот Охрид „врие“ од гости и туристи од земјава и странство.

Хотелските и приватните капацитети се исполнети до последно место. Гостите  кои уживаат долж охридската ривиера можат да се видат на секој чекор, по охридската чаршија, плажите, по рестораните и кафе баровите.

ohrid-sezona-1

Посетителите презадоволни од убавините на Охрид, но и од инфраструктурните зафати кои битно влијаат во привлечноста на градов.

Секоја година со семејството доаѓаме во Охрид. Градов  од година во година е се поубав и попривлечен. Евидентно е дека се работи, се гради и се разубавува Охрид. Преубава е оваа патека која води кон некогашниот хотел „Парк“. Плажите ви се средени,  шеталиштето, се е убаво тука, вели турист од Скопје кој секоја година летува во Охрид.

ohrid-sezona-4

Гостите задоволни од услугата, а и туристичките работници велат дека се бара место плус за да се ужива на Охридското Езеро.

Голем удел во успешноста на туристичката сезона имаат силните и прогресивни промотивни и маркетиншки активности кои  во изминативе три  години ги спроведува локалната самоуправа кои продолжуваат тековно. Секако во успешноста на сезоната  големо влијание  има и воспоставувањето на директните авио линии од охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ до светските дестинации и обратно за чие воведување голем удел и влијание имаше охридската локална власт.

ohrid-sezona-3

Културните содржини за сечиј вкус, бројните концерти на домашни и странски уметници  меѓу кои на Дино Мерлин, а и најавените на легендарниот гитарист Ал Ди Меола како и на рок групата „Продиџи“, традиционалните   фестивали и  внесувањето на нови содржини во туристичката понуда го прават Охрид  привлечен за сите генерации,  деца, млади и возрасни.

Охрид е  интересен и разнолик во својата понуда  за сите туристи . За едни градот  е привлечен поради езерото и културно – историските знаменитости, но многумина се почесто го посетуваат  и поради активните форми на туризам, околните планини и природата воопшто, кои се се поактуелни и се  во полн подем на развој.

Ноќен живот во Прилеп – Art Caffe – 30.07.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”331″ gal_title=”Ноќен живот во Прилеп – Art Caffe – 30.07.2016″]

Убиен полицаец во Куманово!

Полицаец од СВР Куманово е прободен со нож додека интервенирал за семејно насилство во кумановската населба Средорек. Од задобиените повреди полицаецот починал, објави порталот СДК.

policija-bistra

Убиството се случило пред 23 часот во сабота во семeјство каде било пријавено дека насилник ги малтрeтира домашните. Кога полицаецот влегол во куќата насилникот се нафрлил врз него и го пробол со нож во грбот. Од задобиените повреди полицаецот починал на лице место.

Поради сериозноста на повредата полицаецот починал пред да пристигне екипата за медицинска помош. Увидот е во тек, а напаѓачот е приведен.