дома блог страница 5224

Прилепска топлес сензација на Хаваи: Познатата пеачка се разголе – ФОТО

13619830_1184827418204954_5877469069414428217_n

Атрактивната прилепчанка Оливера Ѓоргоска редовно ги посветува внимание на своите фанови на социјалните мрежи иобјавува фотографии од нејзните летни авантури.

Најновите фотографии на нејзиниот профил на Фејсбук се од плажата Ваикики во Хаваи.
Прилепската пеачка го овековечила моментот на песочните плажи со топлес фотографија.

Инаку, Оливера повеќе од четири години живее во Америка поради усовршување на своите вокални способности и докторските студии.

1111

Крадците не мируваат летово: Прилепчанец жртва на тешка кражба

srpska-policija

Во текот на саботата, во периодот од 20 часот и 10 минути до 22 часот и 20 минути, улицата „Илија Компаниовски“ во Прилеп, засега непознат сторител извршил тешка кражба во куќата на Б.Ј.

Крадецот влегол насилно во куќата и одзел разновиден златен накит и пиштол калибар 7,65 мм.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на полицијата.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 

КОЊАНИЦАТА ОД ИЛИНДЕНСКИОТ МАРШ ДОЧЕКАНА ВО КРИВОГАШТАНИ

DSCN0090-702x336

Според најавеното вчера околу 13 часот во центарот на Кривогаштани пристигна коњаницата од ’’Илинденскиот марш’’ која веќе традиционално, организирано неколку години наназад свечено се дочекува од страна на градоначалникот на општината.

2

Триесет и петте коњаници беа поздравени од насобраните граѓани со топло добредојде по што добија заслужен одмор и им посакаа лесен пат до Крушево, со желби догодина повторно да ја посетет општина Кривогаштани, за што во знак на благодарност градоначалникот Тони Заткоски им врачи Благодарница на здружението ’’Илинденски Марш’’ од Ново Лисиче за посебни заслуги во одбележувањето на големиот верски и национален празник Илинден.

3

4

5

6

7

8

9

Македонија утре ќе ги одбележи двата историски Илиндена

Република Македонија утре ќе ги одбележи двата историски Илиндена – 113 години од почетокот на Илинденското востание и 72 години од Првото заседание на АСНОМ.

makedonija

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ќе присуствува и ќе се обрати на одбележувањето во Меморијалниот комплекс во Пелинце, а претседателот на Собранието Трајко Вељаноски во Скопје, пред споменикот на Методија Андонов-Ченто, претседател на Президиумот на АСНОМ.

Премиерот Емил Димитриев ќе ја предводи делегацијата на централното чествување на Мечкин Камен во Крушево. Таму ќе биде положено цвеќе на гробот на Никола Карев, на местото Слива и на споменикот на бранителите на Крушевската Република на Мечкин Камен, каде што ќе се одржи голем народен собир.

Во Крушево за Илинден традиционално ќе пристигна и коњаниците од Илинденски марш, а градот од денеска ќе биде домаќин на Научно-културните средби „Десет дена Крушевска Република“.

Почетокот на Илинденското востание го објавиле камбаните во Крушево на полноќ спроти Илинден 1903 година. Околу 800 востаници го ослободиле градот, а по два дена Никола Карев ја прогласил Крушевската Република и станал нејзин претседател… Слободната Република траела десет дена.

Под команда на Бахтијар-паша, 18-илјадна османлиска војска тргнала во акција за враќање на власта во Крушево. Последните истрели на Мечкин Камен и загинувањето на војводата Питу Гули, го означиле и крајот на Крушевската Република.

Четириесет и една година по Илинденското востание, во манастирот Св. Прохор Пчињски кај Куманово 115 делегати го одржале Првото заседание на АСНОМ (Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија), на кое е потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија. Заседанието го отворил Панко Брашнаров, најстариот делегат и сведок на двата Илиндена. Избран бил  Президиум на АСНОМ, под претседателство на Методија Андонов-Ченто.

Заседанието усвоило неколку документи со државнотворно значење, меѓу кои и Решението за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава и Декларацијата за основните права на човекот и граѓанинот на демократска Македонија.

Прилепчанка првенец на генерација на солунскиот универзитет

123

Ниту проблемот со името, ниту новата и непозната средина, ниту грчкиот јазик не беа пречка за прилепчанката Климентина Ѓоргиоска.

На почетокот беше прва Македонка на факултетот за политички науки на солунскиот универзитет Аристотел, а сега е прва Македонка првенец на генерација на државниот грчки универзитет. Со високиот просек,највисок меѓу дипломираните студенти ја доби титулата најдобра меѓу своите колеги. Ѓоргиоска за Канал 5, вели дека нејзиното искуство е пример за кршење на бариерите и стереотипите меѓу двете соседни земји и двата народи, пишува Канал 5.

Целосната сторија прочитајте ја ТУКА

 

Македонија утре ќе ги одбележи двата историски Илиндена

Република Македонија утре ќе ги одбележи двата историски Илиндена – 113 години од почетокот на Илинденското востание и 72 години од Првото заседание на АСНОМ.

 

1

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ќе присуствува и ќе се обрати на одбележувањето во Меморијалниот комплекс во Пелинце, а претседателот на Собранието Трајко Вељаноски во Скопје, пред споменикот на Методија Андонов-Ченто, претседател на Президиумот на АСНОМ.

Премиерот Емил Димитриев ќе ја предводи делегацијата на централното чествување на Мечкин Камен во Крушево. Таму ќе биде положено цвеќе на гробот на Никола Карев, на местото Слива и на споменикот на бранителите на Крушевската Република на Мечкин Камен, каде што ќе се одржи голем народен собир.

Во Крушево за Илинден традиционално ќе пристигна и коњаниците од Илинденски марш, а градот од денеска ќе биде домаќин на Научно-културните средби „Десет дена Крушевска Република“.

Почетокот на Илинденското востание го објавиле камбаните во Крушево на полноќ спроти Илинден 1903 година. Околу 800 востаници го ослободиле градот, а по два дена Никола Карев ја прогласил Крушевската Република и станал нејзин претседател… Слободната Република траела десет дена.

Под команда на Бахтијар-паша, 18-илјадна османлиска војска тргнала во акција за враќање на власта во Крушево. Последните истрели на Мечкин Камен и загинувањето на војводата Питу Гули, го означиле и крајот на Крушевската Република.

Четириесет и една година по Илинденското востание, во манастирот Св. Прохор Пчињски кај Куманово 115 делегати го одржале Првото заседание на АСНОМ (Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија), на кое е потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија. Заседанието го отворил Панко Брашнаров, најстариот делегат и сведок на двата Илиндена. Избран бил Президиум на АСНОМ, под претседателство на Методија Андонов-Ченто.

Заседанието усвоило неколку документи со државнотворно значење, меѓу кои и Решението за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава и Декларацијата за основните права на човекот и граѓанинот на демократска Македонија.

 

Семакедонска илинденска средба- Трново 2016

Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија – Битола, Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес, и годинава се организатори на Четириесет и петтата Светска Македонска Иселеничка Средба и на Триесет и шесттата Погранична средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, како една и единствена Семакедонска Средба Трново 2016.

trnovo-ilinden-1

Главен покровител на Семакедонската Средба во Трново е градоначалникот на општината Битола и истата е дел од Програмата за култура на општина Битола со одлука на Советот на општината во 2014 година.

Семакедонската Средба Трново 2016, ќе се одржи на 2 август 2016 година во дворот на македонската православна црква “Успение на Пресвета Богородица“ во битолското село Трново со почеток во 11.00 до 13.00 часот.

Присутните ќе ги поздрават Иван Џо Петрески претседател на Матицата на иселениците од Македонија, Силвана Ангелевска претседател на Советот на општина Битола, Христо Гаков претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија – Битола, Ташко Јованов претседател на Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН и Васко Наумовски пратеник во Собранието на Република Македонија.

Во името на организаторите на Семакедонската Средба, претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров ќе прочита Семакедонска Илинденска Декларација.

Во Семакедонската Илинденска Декларација се апелира на семакедонско помирување и обединување за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата!

Во Семакедонската Илинденска Декларација од името на Македонците во сите делови на Македонија и во целиот свет се бара безусловен крај на разговорите за разликата во државното име со Владата во Атина, продолжување на членството на Македонија во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под дрважното име Македонија, македонско државјанство за Македонците по потекло во светот и враќање на државјанствата, граѓанските права и имотите на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија од Балканските војни 1912-1913 и Граѓанската војна во Грција 1946-1949.

Од Владата на Република Македонија, присутните ќе ги поздрави потпретседателот на Владата на Република Македонија Никола Поповски, министер за надворешни работи.

Програмата ќе продолжи со богата културно-уметничка програма и општонародна веселба. Во културно-уметничката програма со македонски народни песни и ора ќе настапат културно-уметничкото друштво “Гоце Делчев“ од Битола и Македонското културно уметничко друштво од село Љаски, општина Гоце Делчев од Пиринскиот дел на Македонија, поетесата Виолета Сековска со рецитација за Македонија, а ќе пеат Круме Спасовски, Марија Станковска и Софија Кочовска.

Добредојдени се Македонците од сите делови на Македонија и од целиот свет, а поминот како и секогаш ќе биде незаборавен!

Сите верници од 8.00 до 10.00 часот можат да присуствуваат на утринската божествена литургија во црквата “Успение на Пресвета Богородица” на која ќе чиноначалствува парохискиот свештеник.

За битолчани општината Битола организира вонредна автобуска линија Битола-Трново и назад. Организаторите обезбедија автобуски превоз од цела Македонија за Трново и назад.

Посебен сообраќаен режим денеска и утре во Крушево

За безбедно и непречено празнување на Илинден, СВР Битола најави посебен сообраќаен режим за денеска и утре (1-ви и 2 август) во Крушево

krusevo

Вечер од 18 часот до полноќ ќе биде забранет сообраќајот за сите видови возила по главната сообраќајница во градот – од влезот на Крушево, место викано Стара бензинска, до крстосницата „Тагас“, а возилата можат да се движат заобиколно преку хотел „Монтана Палас“ до Спомен-куќата на Тодор Проески и месноста Гумење.

Сообраќајот по главната сообраќајница утре (2 август) ќе биде забранет  во периодот од 9 до 11 часот,  а од 10 до 13 часот ќе биде забранет сообраќајот од местото викано Бензинска пумпа до месноста Мечкин Камен.

Забраната за сообраќај за трактори, земјоделски машини и запрежни возила ќе важи за 1-ви и 2 август од 00.00 до 24 часот на регионалниот пат Прилеп – Крушево и Демир Хисар – Крушево, а утре ќе биде забранет сообраќајот за товарните моторни возила. Исто така, во двата дена (1-ви и 2 август) ќе биде забрането паркирање патнички и товарни моторни возила по главната сообраќајница во градот.

Посебен сообраќаен режим е најавен и за центарот на Скопје и во кумановско Пелинце, кој ќе важи само утре – 2 август.

Сообраќајниот режим во центарот на Скопје ќе почне во 9.30 часот, од кога затворени за сообраќај ќе бидат дел од улиците „11 Октомври“ и „Димитрија Чуповски“ – на потегот од крстосницата со бул. „Кочо Рацин“ до крстосницата со ул.„Васил Главинов“, потоа ул. „Филип Втори Македонски“ – од крстосницата пред хотелот „Холидеј Ин“ до Градска болница, како и ул. „Даме Груев“ – на потегот од крстосницата со ул. „Македонија“ до Собранието на Република Македонија.

Во Пелинце почетокот на празничната манифестација е закажан утре во 11 часот. МВР апелира до граѓаните кои планираат да присуствуваат на настанот во Меморијалниот центар во Пелинце да пристигнат до 10 часот, бидејки поради присуство на ВИП-гостите ќе биде применет посебен режим во сообраќајот со запирање на сите возила на магистралниот пат во правец од Крива Паланка кон Куманово и пропуштање на службените возила со првенство на минување.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќајот.

Трамп се заглави во лифт, го спасуваа пожарникари

Републиканскиот кандидат за претседател на САД Доналд Трамп бил спасен од лифт што се заглавил меѓу првиот и вториот кат во хотел во Колорадо Спрингс, јавува локалната противпожарна служба.

tramp-1-640x360

Оттаму се наведува дека добиле повик во петокот околу 13.30 часот по локално време да се спасат десетина лица меѓу кои и Трамп, што биле заглавени во хотелот „Мајнинг Ексчејнџ“ во склоп на одмаралиштето „Вајндхам Гранд Хотел енд Спа“, пренесува телевизиската мрежа Си Би Ес.

Пожарникарите го отвориле горниот отвор на лифтот и спуштиле скали во кабината, преку кои заглавените лица излегле од лифтот.

Беровчанец отишол да бере печурки – се шокирал од она што го нашол

policija-bistra

Отидол да бере печурки, но нашол нешто други. Беровчанец вчера во 10 часот и 30 минути на шумскиот пат на местото познато како „Гајски преслап“ во атар на Берово,  отишол да бере шечурки, а нашол пиштол.

Според податоците од полицијата, се работи за 44-годишниот Т.Б. кој пронашол пиштол калибар 7,62 мм и една рамка со три куршуми и веднаш ја известил полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.