дома блог страница 5223

Вељаноски: Да се обединиме еднакво силно како на Илинден

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, денеска од пред споменикот на Методија Андонов-Ченто, претседателот на првиот президиум на АСНОМ, во Скопје, повика на единство и обединување, како што кажа, еднакво силно како што денес, на Илиден, е обединета Македонија.  Уште еднаш потенцираше дека за Македонија останува приоритет членството во НАТО и во ЕУ и вложувањето за развој на државата.

trajko-veljanoski-ilinden

– Како прв меѓу еднаквите пратеници – уште еднаш повикувам на обединување на сите политички структури зад големата идеја на Македонија. Повикувам на дополнително обновување на меѓусебната почит и разбирање помеѓу политичките партии. Тие не смеат да бидат непријатели и мораат да бидат конкуренти кои имаат иста цел. Македонија е нашата заедничка цел. Предолго народот е заложник на една ваква непринципилена политика, потенцираше Вељаноски осврнувајќи се на политичката криза во својот говор по повод националниот празник Илинден.

Македонија, како што кажа, повеќе од една година е предмет на еден непринципиелен политички однос кој ги разградува нејзините државотворни темели и под константен притисок за неправедна промена на основните начела на кои почива современата претставничка демократија. Моќта на граѓаните дадена на избори е под константен притисок и гласот на граѓаните даден на избори е во фаза на континуирана релативизација и обезвреднување, рече тој, додавајќи дека граѓаните излегоа на избори и гласаа и нивната волја е јасна и недвосмислена.

– Сепак наспроти сé, денес овој основен демократски постулат е под закана. Во жарот на политичката битка, опиени од желбата за власт – за жал постојат личности кои на грбот на народот настојуваат да ја приграбат Македонија. Мораме да бидеме јасни и недвосмислени и да кажеме: Доста е! Македонија не беше градена за да се растури, истакна Вељаноски.

Сите обиди за релативизирање на волјата на народот, додаде тој, ниту имале, ниту имаат ниту некогаш ќе имаат некаков успех и тие се осудени на пропаст и осуда. Тие, потсети, се осудени на пропаст и на осуда, а историјата е најдобриот судија за секого и за сé.

– Да не си помисли некој дека може да избега од судот на народот.  Наследството на секоја личност која добила одговорност да работи за народот е предмет на оценка токму од народот! Порано или подоцна, смета Вељаноски.

Да престанеме, рече тој, да го тормозиме народот и да направиме сé, оваа криза во која е втурната Македонија, да заврши што поскоро, да му го вратиме мандатот на народот, кој е единствениот праведен судија.

Претседателот на Собранието повика, обединети зад делото на сите македонски херои, уште посилно заеднички да ја градиме Македонија.

Единството, рече тој, е нашиот заеднички именител, заеднички стремеж и тоа е следна битка која мораме да ја добиеме.

Членството во НАТО е нашиот најголем приоритет, а нашиот нов Илинден ќе биде денот кога Република Македонија ќе се интегрира во ЕУ.

– Свесни сме за консталациите кои се причината за овој наш застој, заради што продолжуваме и со напорите за надминување и на последната пречка за наше целосно интегрирање во Алијансата. Продолжуваме со разговорите со Република Грција за надминување на наметнатиот проблем со нашето уставно име. Веруваме дека нашите грчки соседи ќе разберат дека Република Македонија и македонскиот народ, ниту биле, ниту некогаш ќе бидат закана за Република Грција, рече тој.

Во однос на ЕУ, Вељаноски посочи дека таа не е совршен, но е најдобриот проект за  Македонија. – Вкупниот државен развој продолжува да биде нашиот најголем предизвик, потенцираше тој.

Како во историското Крушево и во Пелинце, така денес и во Скопје се прославува и со достоинство се слави Илинден. Во центарот на градот, собрани пред споменикот на еден од најголемите великани на нашата нова историја, потенцираше претседателот на Собранието, креваме уште еден глас за слобода и за демократија, си споменуваме за жртвата на борците од подалечната и од поновата историја на нашата татковина.

– Методија Андонов – Ченто, големиот великан на Македонија е симболот на сите извојувани победи во периодот после 1945 година кои се темелот на времето кое денес го живееме. Собрани тука ја демонстираме нашата искрена почит и кон неговото наследство, како и кон наследството на сите оние македонски патриоти кои заради својата антикомунистичка демократска идеологија се најдоа на немилост на делови од тогашната социјалистичка власт, рече Вељаноски.

Еднакво значајно е, истакна тој, и затоа го славиме делото и на оваа генерација македонски патриоти кои сонуваа за независна Македонија во периодот на социјализмот,  го славиме делото на редици македонски синови и ќерки кои заради идеја и збор, мораа да издржуваат тешки казни по казаматите во Идризово или на Голи Оток.

Тука, во Скопје, рече Вељаноски, се акумулира целата енергија и на Пелинце и на Крушево и на сите значајни историски меѓници низ цела Македонија, најсилно се вкрстуваат наследствата на партизаните, делата на илинденците, но и жртвата на комунистите и на антикомунистите.

– На главниот плоштад на македонската држава, денес, но и секој ден, најсилно вибрира пулсот на целата славна македонска историја. Тој пулс е одлика на единството на Македонија, и одговорот на сите поделби и раздори кои биле присутни во минатото и конечно, тој пулс е и повик за сплотеност во иднината помеѓу сите кога станува збор за иднината на Македонија, рече Вељаноски.

За Методија Андонов-Ченто, рече дека бил личност која не направи компромис со своите идеали за независна, самостојна и демократска држава.

– Борецот во НОВ не беше разбран од страна на луѓето со кои рамо до рамо војуваше за Татковината. Некој, во тие времиња, не сакаше да ги прифати неговите големи идеи за демократија, за поголема самостојност и за поголемо достоинство на Македонија. За жал, таквите негови ставови, овој човек мораше да ги плати со најскапото – со својот живот, потсети Вељаноски.

Овој голем великан на вториот македонски илинден, додаде тој, беше рехабилитиран од страна на институциите на демократска Македонија и повторно беше јавно и со гордост прославуван од народот.

–  Простуваме, но не забораваме, рече Вељаноски.

Во непосредна близина, продолжи тој се наоѓа споменикот на Неџат Аголи, човекот, кој, исто така, е голем симбол на вториот Илинден, истакна правник, партизан и член на  АСНОМ, министер во првата Влада на ослободена Македонија. Аголи, кажа Вељаноски, бил борец за права и за соживот, но, како и Ченто, осуден и осуетен од страна на делови од тогашниот комунистички систем. – Сепак, денес, историјата повторно докажа дека е најдобриот судија. И неговото дело, како борец за Македонија, денес и во иднина ќе се почитува, посочи тој.

Љубовта кон Татковината, потенцираше претседателот на Собранието, не познава етничко потекло или верска припадност.

– Оваа лекција на илинденците, преку примерот со Аголи, треба постојано да нé потсетува дека меѓуетничките односи се сржта на Македонија. Во историјата остануваат забележани безбројни дела кога рамо до рамо Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Бошњаците и сите други ја бранеле Државата, рече Вељаноски.

Потсети и на делото на Питу Гули, големиот македонски револуционер со влашко потекло – чиј споменик е, исто така, во непосредна близина.

– Граѓаните на Македонија, независно од своите меѓусебни разлики сакаат да живеат во мир и во благосостојба. Политичарите, пак, слично како и борците за Македонија во минатото, мораат да испорачаат конкретни резултати што остануваат кога ќе заминеме, рече Вељаноски.

Во својот говор Вељаноски спомена и за делата на уште двајца значајни личности, кои ја обележуваат денешнината. Драган Богдановски, како што кажа е припадник на политичката десница, а проф. д-р Славко Милосавлевски, припадник на политичката левица во Македонија.

– Првиот е протеран и малтретиран како македонски патриот, додека вториот е маргинализиран и избркан од работа на правниот факултет во Скопје затоа што бил либерал! Првиот ги постави темелите на она што денес е модерна политичка десница, додека вториот ги постави темелите на она што денес е модерна политичка левица во Македонија! Двајцата осуетени и прогонети во минатото, но, исто така, заедно, денес полека се вгнездуваат во историјата, рече Вељаноски.

Нивното наследство, како и времето во кое се бореле и твореле, според претседателот на Собранието, говори дека, она што денес се случува, со молскавично темпо – ќе се претвори во народно минато.

Семејна трагедија: Го убил својот единствен син по расправија за имот

59-годишниот Велимир Џуровиќ после жестока караница, пред два дена го убил својот 31 годишен син Рака Џуровиќ со куршум од ловечка пушка.

ubistvo-crna-gora

На семејната трагедија, која се случи околу 19:30 во населбата Глуха во Вирпазар и претходеле повеќегодишни семејни несогласување помеѓу татко и синот, околу имотот.

Според неофицијалните информации, двајцата актери во моментот на трагедија биле под дејство на алкохол, а проблемите почнале прво во куќата каде таткото и синот по кој знае кој пат вербало се скарале, за на крај да заврши трагично со пукање од ловечка пушка во градите на несреќниот маж, кој починал на пат кон Клиничкиот центар во Подгорица.

Целата сцена се одиграла пред очите на домашните, кои не ни претпоставувале дека едно од вообичаените несогласувања меѓу таткото и синот ќе заврши кобно. Според неофицијални сознанија, несогласувањата меѓу нив двајца биле се поголеми во последно време, а неколку пати морала да интервенира и полицијата.

По налог на дежурниот обвинител од Подгорица, увид на лице место направила полицијата, која го уапсила Велимир Џуровиќ. Од сведоците кои присуствувале на оваа трагедија земени се изјави, а пушката од која е пукано е земена на вештачење. Несреќниот Рака бил единствен син на убиецот.

Москва: Спречен напад врз Алепо, убиени 800 екстремисти

Руската војска соопшти дека е спречен обид на околу пет илјади екстремисти да покренат офанзива југозападно од Алепо, со цел пробивање на опсадата на тој сириски град и оти во операцијата се убиени над 800 екстремисти.

alepo

Началникот на главниот операциски оддел на Генералштабот на руската војска, Сергеј Рудској изјави дека тоа се случило во неделата и оти бунтовниците загубиле 14 тенкови, десет други оклопни возила и 60 возила опремени со оружје.

Според него офанзивата е покрената под раководство на групата Џабат ал Нусра.

Тој додаде дека изминатата недела над 250 лица загинале, а 900 се ранети во четири терористички напади во околината на Алепо.

Сирискиот центар за мониторинг на човековите права во меѓувреме соопшти дека најмалку 28 цивили, меѓу кои шест деца загинале во ракетен напад на сириските бунтовнички групи врз Алепо во изминатите 24 часа.

Центарот, чие седиште е во Лондон, нагласи дека цивилите се убиени во југозападниот дел на градот, кој е под контрола на владините сили.

Директорот на Центарот Абдел Рахман изјави дека меѓу загинатите има шест деца и осум жени.

Би-Би-Си јави дека деца во Алепо палат гуми во обид да направат „зона забранета за летови“ над овој град, кој е под опсада.

Децата на тој начин се обидуваат да создадат „димна завеса“ во надеж дека ќе се намали видливоста за бомбардерите.

Новинарот Рами Џарах, кој ги следи случувањата во Сирија наведува дека палењето гуми дава ефект и оти тоа е добра диверзија.

Народен лек за зголемување на хемоглобинот

sok-cveklo-2

Од овие состојки ќе добиете 1 литар вкусна и мошне здрава и лековите смеса.

Намалувањето на хемоглобинот во крвта, независно од бројот на еритроцити, црвени крвни клетки го намалува капацитетот на крвта да го пренесува кислородот и доведува до анемија.

Во народната медицина постојат повеќе рецепти за зголемување на хемоглобинот во крвта.

Еден од нив е препорачан и од самите лекари, а исклучително е добар за зголемување на хемоглобинот, кревање на нивото на крвните клетки и за подобрување на комплетната крвна слика.

За подготовка на овој природен лек ќе ви биде потребно 200 мл мед, 200 гр ореви, 200 гр суво грозје, 200 мл сок од морков, 200 мл сок од цвекло и 2 лимона.

Подготовка:

Измијте ги лимоните, исечете ги на половина и извадете ги семките. Измелете ги во машина за мелење месо и ставете ги во сад.

Додадете мед, сок од цвекло и од морков, па добро промешајте. На крајот додадете и ситно исечкани ореви и суво грозје и се добро соединете.

Ќе добиете едно литро вкусна и доста здрава лековита смеса. Чувајте ја во фридижер. Земајте три пати дневно по една супена лажица пред јадење.

Пророштво на Старец Илирион: Доаѓаат тешки времиња, луѓето поради сиромаштво ќе ги продаваат душите

Старецот Илирион изрекол застрашувачко пророштво за времињата кои доаѓаат, а за кои вели дека ќе бидат незамисливо тешки.

ilarion

-Доаѓаат тешки времења, бидејќи ја снемува верата. Поради сиромаштво, заради храна и облека, луѓето ќе ја продаваат душата. Светот ќе стане зол, ќе го снема милосрдието и љубовта меѓу луѓето. Свештениците и луѓето ќе станат исти и ќе нема кој да ги поучува верниците – рекол тој.

Тој вели дека ќе царуваат парите и страственото настојување да се живее изживувајќи се, а никој нема да се грижи за човековата душа.

Тој прорекол дека злото ќе се шири со невидена брзина и не може ни да се замисли колку ќе биде тешко, посебно за нашите деца.

-Нашите деца ќе бидат неподготвени за тие тешки времиња, па поради тоа ќе станат плен на многу зла – рекол Иларион.

Ново разубавување во центарлното училиште ООУ “Блаже Конески” во Прилеп

2016-07-29-11233

Со сопствени приходи се реновираат ѕидовите во ходникот на првиот кат во централното училиште О.О.У “Блаже Конески” – Прилеп. Врз фасадната цигла се поставува  гипс картон, се глетова и молерисува со благо тонирана боја, заради подобрување на здравствените, хигиенските, техничките и естетските услови во училиштето, по најновите стандарди за сите 935 ученици и 84 вработени.

2016-07-29-11235

2016-07-29-11234

Висината на сопствените приходи изнесува 235.000 денари.

Во понатамошниот период се планираат да се реализираат уште проекти, а во моментот има 5 нови готови предлог проекти кои чекаат на идна реализација.

2016-07-29-11238

2016-07-29-11237

Фатени командосите кои сакале да го убијат Ердоган: Ќе молат да ги убиеме (ФОТО)

Турските специјални сили уапсија 11 избегани командоси кои наводно имале план да го заробат или убијат турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на пучот.

komandosi-turcija

Од Владата порачаа дека „нема да ја видат сончевата светлина додека се живи“. Потрагата по командосите траела повеќе од две недели, а се пронајдени со помош на дронови и хеликоптери во шумски предел во околината на Мармарис.

komandosi-turcija2

Уапсените се дел од групата која наводно го нападна хотелот каде Ердоган беше на одмор. Операцијата за апсење на командосите е изведена за време на ноќта е и продолжение на досега спроведените активности во кои се отпуштени над 1.000 војници. Од државните институции веќе се затворени или отпушени десетици илјади лица.

komandosi-turcija1

Министерот за економија Нихат Зејбекчи е уште еден во низата турски официјани лица кои продолжуваат со острата реториката во знакот на одмаздата.

komandosi-turcija3

-Ќе ги натераме да молат. Ќе ги ставиме во дупки, такви казни има да трпат во тие дупки што нема да го видат сонцето додека се живи. Никогаш повеќе нема да слушнат човечки глас. Ќе молат да ги убие, вели

Автомобил усмрти мечка кај Групчин

1

Сообраќајна несреќа во која е усмртена мечка, а две лица се повредени се случила вчера вечерта на автопатот Тетово-Скопје, во близина на Групчин.

До несреќата дошло кога комбе со германски таблички управувано од А.Ф од Скопје се судрило со патничко возило „сеат леон“ управувано од М.В. при што автомобилот удрил во мечка. Животното е усмртено по ударот на лице место.

Со телесни повреди се здобиле М.В. и неговата сопатничка Л.М, кои со Итна медицинска помош се префрлени на Клиника во Тетово, а потоа пренесени во Скопје, по што се пуштени на домашно лекување.

Увид на лице место извршиле екипи на СВР Тетово.

Голем концерт на мега популарниот Игор Џамбазов

IGOR DZAMBAZOV.docx..fn

На 1-ви август во Крушево, ден спроти големиот македонски празник „Илинден“, во склоп на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“, Голем концерт ќе одржи мега популарниот Игор Џамбазов заедно со „Гуру Харе Бенд“.

Концертот ќе се одржи во понеделник на 1-ви август на платото на Гумење со почеток во 21:30

Македонците и Србите избегаа од Паралија

Поради голема наезда од медузи десетици илјади Македонци и Срби ја напуштија грчка Паралија, пишува дневниот весник „Вест“.

paralia-

-За два дена, имавме неколку контакти со мали и со поголеми медузи и јадежот е незгоден и пече. Мораме да внимаваме кога ги внесуваме децата во вода. Медузите најмногу ги има на длабочина од еден метар и поплитко, токму таму каде што сите се капеме – велат семејствата Спасоевиќ од Ниш и Стојановски од Скопје.

Паралија и плажата „Олимпик бич“се познати по присуството на медузи, кои во овие плитки води особено се присутни од 20 јули и таму се мрестат сè до половината на август.