дома блог страница 5222

ФОТО: Словенија во шок – Загинаа фудбалери на Марибор

Две лица загинаа, едно се бори за живот, а друго е полесно повредено во тешка сообраќајна несреќа која се случила денес во Марибор.

2

Како што пренесуваат медиумите во Словенија, оваа несреќа се случила откако автомобил кој што се движел со преголема брзина удрил директно во семафор.

3

Во автомобилот се наоѓале четири лица. Словенечката полиција потврди дека во автомобилот биле фудбалери на Марибор кои настапуваат во Б тимот. Тие се враќале од тренинг.

4

Оваа вест го потресе клубот, а нивните соиграчи се и понатаму во голем шок.

1

 

МАКЕДОНИЈА КАКО ДЕСТИНАЦИЈА: Велосипедска компанија направи прекрасно видео од Македонија како реклама за своите производи!

Светски познатиот велосипедист Анди Шустер, за потребите на велосипедската компанија „Фуџи“ направи промотивно видео кое го сними во Македонија кое ќе ве остави без зборови

velosipedist_fuji

Како што вели Шустер, кога прв пат дошол на таква идеја, да сними видео во Македонија луѓето го прашувале „Дали си го изгубил умот?!“, велејќи му „Што ќе правиш во таква земја? Премногу е опасно и нема што да се види“.

Анди бил упорен во намерата, па заедно со „Фуџи“ го направиле едно од најубавите видеа за Македонија, односно видео кое досега ниту една продукција од Македонија не успеа да го направи. Во своите записи за Македонија тој ќе напише:

Наоѓањето на забавни велосипедски патеки не е никаков предизвик. Фактот што 80% од Македонија е планинска, се гледа со секој фрлен поглед. Меѓу другото, не е невообичаено не е невообичаено додека се искачувате на врвовите да бидете опколени со звуците на минарето, со кое се запознавате со културата на верското малцинство, Муслиманите.

Македонија не остави без зборови, дотолку повеќе што дури и полицијата не поздравуваше додека се качував по ѕидиштата во градот. Сакам да им се заблагодарам на граѓаните на Мкаедонија за нивното искрено гостопримство и другарство со кое не почестија за време на нашето патување.

Фала (Тhank you) Македонија!

И така, еден велосипедист и еден кинематограф, за потребите на велосипедска компанија направија подобро промотивно видео за државата, отколку било која домашна продукција:

Се степаа двајца браќа, снаата го извлече најдебелиот крај

policija-8

Вчера околу 19,50 во Кочани, на ул. „9-ти Мај“, И.В.(40) додека се движел со неговото возило го пресретнал неговиот брат М.В.(37) и најпрво се нафрлил врз возилото, а преку отворениот прозор го фатил И.В по што почнал да го влече за раката со намера да го извади од истото.

Во тој момент И.В. се тргнал со возилото назад и го повлекол М.В. по што тој паднал и се здобил со тешка телесна повреда (скршеница на лева нога).

Потоа И.В излегол од возилото и настанала меѓусебна расправија во која со повреди во пределот на главата се здобила и сопругата на М.В – Ц. В. (31). М.В  бил пренесен  во МЦ Кочани, каде му била укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите бил префрлен во ГОБ-Скопје, а Ц.В. била пренесена во МЦ Кочани и била задржана на понатамошно лекување.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Доколку пронајдете повеќе од 5 разлики, тогаш сте вистински гениј – ФОТО

Screenshot_12-9

Научниците велат дека на оваа фотографија има вкупно девет разлики, а доколку пронајдете повеќе од 5 тогаш сте вистински гениј.

Дали можете да пронајдете барем 5 разлики?

 

Исчезнати четири лица во Македонија

srpska-policija

Исчезнаа четитри лица низ Македонија, две лица од Куманово и две од Скопје.

Во неделата во полциската станица во Куманово од страна на В.К. било пријавено дека во саботата од домот во непознат правец се оддалечил неговиот чичко 54-годишниот Н.К, исто така во оваа станица за исчезната била пријавена и 20-годишната А.Ш која во саботата во непознат правец се одалечила од својот дом.

Во полициската станица во Скопје било пријавено од страна на Р.К. (27) дека во неделата од домот во непознат правец се оддалечил неговиот 12 годишен син.  

Исто така и во полициската станца во Карпош било пријавено од страна на М.Л. (44) дека четвртокот од домот во непознат правец се оддалечил нејзиниот сопруг З.Л. (46). 

Полцијата интензивно трага по исчезнатите. 

Името Македонија ги вознемири и грчките олимпијци

Грција побарала од организаторот на Олимписките игри да биде сменета кратенката МКД во официјалните документи на Олимпијадата, и Бразил наводно ветил дека тоа ќе биде корегирано.

grcija

– Веќе интервениравме за прашањето за Скопје, затоа што Бразилците ја викаат Македонија, и не информираа дека тоа ќе се корегира, изјавил за „Катимерини“ Исидорос Кувелос, кој ја предводи грчката олимписка мисија.

И весникот „Етнос“ вчера информира дека тоа што бразилскиот организатор на Олимписките игри на официјалниот сајт го употебил името „Македонија“ наместо „ФИРОМ“, предизвикало бурни реакции од грчка страна.

– И покрај јасните инструкции од Грчкиот олимписки комитет дека соседната земја треба да се пишува како ФИРОМ, Бразилците го користат ‘МКД’ и рефренците на тоа име, особено на официјалниот сајт на Рио 2016“, пишува „Етнос“.

Според весникот, „прашањето го покренало Министерството за надворешни работи кое го информирало Кувелос и тој побарал да се користи името што е признаено од страна на ОН и Меѓународната олимписка комисија“.

ВИДЕО – Четиригодишно момче поради ретка болест изгледа како 80-годишник

Screenshot_1-640x420

Четиригодишно момче од Бангладеш изгледа како 80-годишник поради ретко пореметување од кое боледува. Бајазид Хосиан од Магура има згужвано лице, воспалени очи, брчки и болки во зглобовите, проблеми со мокрењето, а забите веќе му се ослабени и му паѓаат.

Ова необично боледување се нарекува прогерија, а се работи за повремено стареење, кое за време на првата или втората декада од животот завршува со смрт.

 

Позитивната страна на играта: Аутистично дете за прв пат излезе од дома поради Покемон Гоу (ВИДЕО)

Адам има аутизам и преферира да остане дома, наместо да биде надвор и во природа.

 

autizam-pokemon

Но, благодарение на играта Покемон Гоу, Адам за прв пат по 5 години изразил желба да излезе од дома.

Неговата мајка вели дека сега се чувствува поблиска со синот, бидејќи тој со неа излегува надвор и бара покемони.

-Како да го имам мојот син назад повторно, вели неговата мајка.

 

Во Крушево свечености за 113 годишнина од Илинденското востание

Свеченостите по повод 113 годишнината од Илинденското востание во Крушево почнаа изутрината со положување свежи цвеќиња на гробот на претседателот на Крушевската Република Никола Карев во Македониумот на Гумење и оддавање почит и на загинатите востаници во битката кај месноста Слива.

image-0-02-01-296dd3a97b9a7f9709ce7fbbc7645f8b530a163a820e91fb6694da3e3ea09f4c-V

Пред загинатите илинденци се поклонија бројни делегации: делегација на Владата на Република Македонија предводена од премиерот Емил Димитриев, делегација од кабинетот на претседателот предводена од Флора Јатифи, од Собранието на Република Македонија предводена од потпретседателот Рената Десковска, од Генералштабот предводена од генерал мајор Димче Петровски, од Министерството за одбрана предводена од секретарот Елизабета Чуповска Ристова.

Пред загинатите илинденци се поклонија и делегации на: манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ предводена од потпретседателот Манојил Јаковлевски, на градот Крушево од градоначалникот Ѓорѓи Дамчевски, делегација на ВМРО-ДПМНЕ, на СДСМ предводена од претседателот на партијата Зоран Заев и бројни други делегации.

Во црквата „Свети Никола“ во центарот на Крушево се служеше панихида во чест на илинденците со која чиноначалствуваше владиката Петар.

Делегациите се упатија на Мечкин Камен каде напладне е централниот народен собир на кој ќе говори премиерот Емил Димитриев.

Прилеп одбележа 102 години од почетокот на Првата светска војна

Во организација на Амбасадата на Руската федерација во Македонија, општина Прилеп и на Македонско руско друштво – Прилеп, денеска со пригодна церемонија во спомен на загинатите руски војници на Германските гробишта во Прилеп, беа одбележани 102 години од почетокот на Првата светска војна, односно влегување на Русија во таа војна.

 

prilep-prva-640x427

По тој повод делегација од Општина Прилеп положи свежо цвеќе и им одаде почит на загинатите руски војници. Во изјава за медиумите претставникот од Амбасадата на Руската федерација во Македонија ја истакна потребата од соработката на сите земји за воспоставување на стабилност и развој.

На овие гробиштата кои Германската амбасада ги ревитализираше во изминатите години, почиваат освен германски и руски војници и војници од Унгарија, Бугарија и од други држави.