дома блог страница 5221

На чекањето му дојде крајот: Погба открива каде дефинитивно ја продолжува кариерата! (ВИДЕО)

Ова ќе ја зачуди целата фудбалска јавност!

51389_pogbica_ff

На сагата околу Пол Погба по се изгледа и доаѓа крајот, итоа на еден неочекуван начин.

Поголемиот дел на фудбалската јавност сметаше дека Манчестер Јунајтед или Реал Мадрид имаат огромни шанси да го доведат во своите редови, но работите не изгледаат така.

Двајца италијански навивачи кои водат емисија во Њујорк, го пронашле Погба во “големото јаболко” и го запрашаа дали останува во Јувентус.

Пол кратко и јасно им одговори: “Да, останувам!”

A.Г.

ВИДЕО – Дебелата мачка Ширли секој ден плива за да ослабе 3 килограми

Дебелата мачка Ширли е 11-годишна мачка од англискиот град Плимут, која стана популарна по тоа што секојдневно плива за да намали 3 килограми.

100930_untitled-2_iff

Сопственичката на овој љубимец Розалин Еирес, рекла дека Ширли прво била тешка 7,1 килограм, а од февруари успеала да ослабе еден килограм, благодарејќи на строгата диета и пливањето во базен, пренесувам BBC.

Овој тренинг, Ширли го има еднаш на две недели, а целта е како што се наведува, да изгуби уште два килограми, поради можно загрозување на здравјето.

Интересно е тоа што хидротерапијата во базен, во овој град, е наменета за кучиња, а Ширли е прва мачка која ги наводени своите шепи. Како изгледа еден тренинг можете да видете во видеото кое следи:

А.Г.

 

Свадба како од филм во Берово – Македонка и Индиец стапија во брак

Судбоносно „Да„ кажаа Индиец и Македонка.

svadba-indiska-640x427

Марија и Арвин ја крунисаа својата љубов со брак. Тие направија незаборавна свадба во Берово со низа македонски и индиски обичаи.

27 22 23 24 24 (1) 25 26

svadba-indiska-18 svadba-indiska-2 svadba-indiska-2 (1) svadba-indiska-3 svadba-indiska-4 svadba-indiska-5-640x853 svadba-indiska-17

Вакво нешто не сте слушнале: Јапонци пеат македонска народна песна (ВИДЕО)

Браво за храброста и огромно браво за успешно совладаниот македонски јазик! Секоја чест за овие луѓе кои наежија многу битолчани и останати гости кои беа дел од фестивалот „Илинденски денови“ во Битола.

 

japonci-belo-lice-640x314

Имаме богат македонски фолклор, музика за душа, а кога ќе чуете некоја стара македонска песна во изведба на странец сигурно ви доаѓа убаво на душата.

Овој пат група од Јапонци ја пеат песната „Бело лице љубам јас“ во рамките на трета фестивалска вечер на „Илинденските денови“ во Битола. Нивната изведба е толку оригинална, така што успеаа набрзо да допрат до многумина.

Уживајте во прекрасната изведба:

Одличен трик за љубителите на шпагети, домати и здрава храна – ВИДЕО

Screenshot_3-2-640x414

Aко сте љубители на шпагети, домат, здрава храна, или едноставно немате поим со готвење и секој пат се надевате дека можете да припремите храна, а да не уклучите шпорет, тогаш овој трик е за вас. Сосот од домати, е најпопуларен сос за шпагети на светот, може да се направи на 1001 начин, но постои само еден начин да го направите, а притоа да не готвите ништо.

Тоа подразбира ситно сецкање или мелење на свежите домати. За да го направите тоа, доматите прво морате да ги излупите, што и не е лесна работа и секогаш постои можност да останете без дел од прстите.

Затоа трикот со рендање е толку генијален, не само тоа што нема готвење, туку рендето ќе го излупи доматот за вас. Се што треба да направите е доматот да го пресечете на два дела и потоа да го изрендате како на видеото. Во рацете ќе ви остане кората на доматот, а долу ќе добиете совршен сок. Додајте малку маслиново масло, зачинете по желба, сол и бибер и измешајте ја смесата со зготвени шпагети.

Се е готово за неколку минути и ќе нема потреба од повикување на пожарникари или итна помош!

Погледнете го видеото:

А.Г.

ПРВО КОЛО И ПЕЛАГОНИСКО ДЕРБИ: Ќе “гори” Тумбе кафе во Битола

13882149_1189678717766012_4431805706294780130_n

Првото коло во Првата македонска фудбалска лига ќе помине во знакот на Пелагониското дерби, помеѓу екипите на ФК Победа и ФК Пелистер. Стариот сјај на македонскиот фудбал се враќа, најфудбалските градови во Македонија, Прилеп и Битола, имаат за што да живеат.

На стадионот “Тумбе кафе” во Битола, Победа ќе го има приматот домаќин поради градежните зафати на стадионот “Гоце Делчев” во Прилеп.

Терминот за одигрување на натпреварот е недела, 07.08 со почеток од 17:30 часот.

Навивачката група “Мајмуни” ве повикува да бидете дел од навивачкиот караван и заедно да навиваме за минатогодишниот шампион во втората лига и шампионски со победа да ја започнеме новата сезона.

 

НИЦА ДЕНЕС – СИНОНИМ ЗА ТРАГЕДИЈА – EKСКЛУЗИВНИ ФОТОГРАФИИ

13867087_10208450316549878_639454155_n

После минатомесечниот масакр во францускиот град Ница, кога во терористички напад, радикален исламист со камион влета во толпа и усмрти 84, а рани повеќе од 100 луѓе, градот на француската обала е претворен во цветна градина, каде секојдневно се оддава помен за загинатите.

Ова се ексклузивни фотографии од секојдневието во Ница. Плачот сеуште се слуша од семејствата на загинатите и сите минувачи, кои секој ден положуваат цвеќе и палат свеќи на местото каде се случи овој грозоморен чин.

15 јули 2016 година, ќе биде запомнет како црн облак во француската историја, ден кога радикализмот и тероризмот пповторно го покажаа своето темно лице, одземајќи невини животи.

Фотографиите се направени денес, од читател кој сакаше да ги сподели со нас страотните спомени  кои ги остава глобалната закана што го тресе светот, а тоа е радикалниот тероризам и фундаментализам.

Терористичкиот напад во Ница е втор голем удар врз француската државност, после минатогодишниот напад во Париз, каде загинаа 130 луѓе.

13937017_10208450315509852_1312848132_n

13871941_10208450316509877_1577978830_n

13874851_10208450315589854_959831040_n

 

 

13933040_10208450314989839_1119658712_n

13933174_10208450316429875_1214016482_n

13933325_10208450315269846_1494428459_n

Градоначалникот на Прилеп меѓу верниците во манастирите „Св.Илија“, во Кален и Витолиште

Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, вчера ги посети манастирите „Св. Илија“ во н.м.Кален и во н.м.Витолиште, во Мариово, каде присуствуваше на богослужбата по повод големиот верски празник Св.Илија.

2

Овие два манастири, на овој голем ден за Македонскиот народ и за православните христијани беа посетени од голем број верници, кои се помолија за здравје и благосостојба. При оваа посета на манастирските комплекси кои го носат името на денешниот светец, во овие две населени места во Мариово, градоначалникот истакна:

„Илинден и АСНОМ се темелите на поставувањето на оваа денешна Македонија, самостојна и независна, за која се бореле нашите предци. Многу борци, многу револуционери го дале својот живот за оваа денешна Македонија и тоа треба максимално да го почитуваме.

Нашата денешна борба како Македонци, е да го зачуваме суверенитетот и интегритетот на Р.Македонија.“ рече тој.

6

1

3

Воедно на овој ден, на сите Македонци и верници тој им посака просперитет и им го честита големиот национален празник Илинден.
4

7

Македонската полиција се зајакнува со нови полицајци

policijapozar2

Втората фаза од селекцијата за прием на кандидати за полициски службеници денеска ќе се одржи во касарната во населбата Ѓорче Петров.

Предвидено е да се спроведат проверки на физичката подготвеност на дел од пријавените кандидати.

ВИДЕО: Погледнете во каков луксуз ужива во затворот озогласениот нарко-бос

untitled4gg87r45y8455y455y44554y554y4455y45

Бразилскиот нарко-бос кој е еден од најозогласените во светот, ја издржува својата осумгодишна казна затвор. Харвис Чименеса Павоа ужива во луксуз во затворската ќелија.