дома блог страница 5190

ВИДЕО: Како во Русија се камуфлира воз со 46 вагони да стане невидлив за непријателот .

voz-printskrin-jutjub

ТВ каналот на руското Министерство за одбрана емитуваше специјална емисија за методите на камуфлирање на руската војска. На емисијата беа прикажани од камуфлажи од чадни завеси на боиште до најсовремени камуфлажни средства.

Исто така, демонстрирано е камуфлирање на воз со 46 вагони.

 

 

ВИДЕО: Gmail заминува во историјата, сите масовно преминуваат на Google Inbox

Доколку сеуште користите gmail, време е да размислите за нешто помодерно и подобро.

gmail

Во никој случај не е gmail лош, туку едноставно Google Inbox е многу подобар.

Првенствено Google Inbox е многу попрегледен, подобро организиран и има опции кои Gmail ги нема, а најверојатно нема ни да ги добие.

Со Google Inbox ќе можете:

-Отповикате веќе испратен мејл,

-Попрегледно да ги имате контактите,

-Да пишувате потсетници

-Да добивате информации за патувања и попусти

-Апликации со кои ќе го подесувате вашиот инбокс,

-Ќе го засакате Newsletter повторно

-Ќе можете да закажувате мејлови

-И да работите од Вибер.

Погледнете:

 

Најобемни инвестиции за модернизирање на АРМ од нејзиното постоење

Речиси 300 милиони евра се инвестираат за нова опрема и модернизација на Армијата која ќе се спроведе во повеќегодишен период што ќе преставува прва темелна модернизација за прв пат од постоењето на вооружените армиски сили. Транспортери, оклопни возила, набавка на опрема за специјални задачи, подобрување на капацитетите на противоздушната одбрана, ремонт за транспортните и борбените хеликоптери. Ова е дел од предвидената опрема и модернизација во АРМ.

arm-vojska-768x386 (1)

Владата преку министерството за одбрана  го стартува новиот циклус инвестиции за набавка на нова опрема, техника како и ремонт на постоечките капацитети со кои располага војската.

-Набавка на опрема од аспект на подобрување на капацитетите на противвоздушната одбрана, ремонт на транспортните и борбените хеликоптери, набавка за опрема на абхо единиците. Еден широк фронт на набавки кој треба да се случат и се од огромно значење за функционирање на ова Министерство, истакна премиерот Емил Димитриев во најавата за донесената одлука за модернизација на АРМ.

Реформите (преструктуирањето и опремувањето со современа воена опрема и вооружување) на Армијата на Република Македонија и нејзина трансформација во модерна вооружена сила се спроведува согласно националните потреби како и според барањата и стандардите на НАТО, како согласно потребите за  учество во Заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУ.

– Тоа е согласно НАТО стандардите. Ние со овој чекор апсолутно се вклопуваме во политиките на НАТО. По светската економска и европската должничка криза сега има економско заздравување и затоа започнува нов циклус на инвестиции. АРМ ужива голема поддршка, додаде Димитриев.

АРМ во изминатите години е опремена претежно со застарена воена опрема и вооружување. Истата е обезбедена преку набавки на користена воена опрема и вооружување и преку донации од пријателски земји. Процесот на замена на оклопните возила започна уште во октомври 2014 година.

Во октомври/ноември минатата година се формирани 12 Интегрирани проектни тимови со задача да подготват на проекти за набавка на потребните средства и опрема за секоја одделна група на средства согласно планот за модернизација. Секој тим, вкупно над 100 експерти од одбраната имаа за цел да направат анализи на моменталната состојба на средствата и опремата со кои располага АРМ, да ги  согледаат оперативните побарувања на единиците, да направат анализа на можните начини за надминување на недостатокот на способностите, да ги дефинираат тактичко-техничките карактеристики на потребните средства и опрема. Притоа внимавано е опремата да биде во согласност со потребите и НАТО стандардите и партнерските цели.

Компаниите кои се повикуваат на тендер се од НАТО земјите членки и земји кои се НАТО партнери се директни производители, односно не се оди со посредници.Техничката комисија врши евалуација на техничките карактеристики на понудите. Се внимав на цената, но и на квалитетот на опремата. Доколку има непрезицни елементи, испуштени податоци за одредени технички елементи, се упатуваат прашања до производителите на дадената опрема.

Германците прават залихи од храна за вонредни ситуации

Ова е прв пат по завршувањето на „Студената војна„ германската влада да сугерира создавање неопхдни залихи од храна и вода.

germanija-hrana-voda-640x360

Германската влада ги советува Германците да прават залихи од храна и вода во своите домаќинства, за евентуално вонредни ситуации.

На луѓето им се препорачува да имаат дома залиха од храна за најмалку десет , како и вода за пет денови, по два литри дневно за секој човек во семејството.

Ваквата сугестија се дава со образложение дека во случај на некоја поголема национална катастрофа би можело да дојде до блокирање на работата  на службите за вонредни ситуации кои во такви услови не би можеле брзо да им помогнат на луѓето.

Според  „Франкфунтер Алгемајне Цајтунг „ владата во Берлин има изработено целосно  нов концепт за цивилна заштита.

Во него се сугерира дека е малку веројатен  напад врз германската територија кој би барал  конвенционална одбрана од страна на државата, но дека тоа не значи оти треба да се отфрлат и мерките за цивилна заштита, за кои се смета дека на Германија и се неопходни.

Министерот за внатрешни работи Томас де Мазиер изјави дека земјата мора да биде подготвена од потенцијалната закана-водата и храната да бидат загадени, или за можноста да дојде до нарушување во испораката на гас и нафта.

Ова е прв пат по завршувањето на „Студената војна„ германската влада да сугерира создавање неопхдни залихи од храна и вода.

Програмата за цивилна заштита ќе се најде утре  пред пратениците на германскиот Бундестаг (Парламентот) но неколку партии од опозицијата  веќе  ја критикуваат владата во Берлин.

Според нивното мислење, новиот концепт на цивилна заштита претставува пример за „паничарење„ што е сосема непотребно и може да има спротивен ефект.

Состојбите во цивилната заштита во земјата не е разгледувана уште од 1995 година.

Во Германија постојат околу две илјади јавни бункери и засолништа, уште од времето на постоењето на Западна Германија.

Во источниот дел од земјата, каде функционираше Германската демократска држава (ГДР) постои посебен систем на мрежа од вакви бункери.

Специјален нуклеарен бункер е изграден во близината на Бон, кој беше главен град на државата пред повторното обединување на Германија.

Германските медиуми забележуваат дека земјата се уште чува залихи од јајца во прав и грав и грашак, на тајна локација, за потребите од националната безбедност, како и дека тие редовно се проверуваат и обновуваат.

Целовечерен концерт на етно групата “Баклава” во Прилеп

baklava (2)

Во среда 24 август од 20.30 часот во големата сала од ЦК,,Марко Цепенков,, целовечерен концерт ќе одржи етно групата Баклава. Концертот е во рамките на манифестацијата Прилепско културно лето што ја реализира ЦК,,Марко Цепенков,, години наназад, а која завршува идната недела.

ЗА ЕТНО ГРУПАТА„ БАКЛАВА“

Групата „ Баклава “ е основана во 2005 година, како резултат на спојот на индивидуалните музички искустава на нејзините членови во различни проекти. Со минималистички музички концепт, клучниот предизвик е создавање на авторска музика во жив дијалог со естетските дострели на светската музика.

Како четворка именувањето на „ Баклава “ не беше земено само како синоним на турскиот, исклучителни благ деликатес , туку како синоним на ромб, совршената геометриска форма , или пак бојата на картите. Во исто време, баклавата е вообичаен симбол на македонската изворна традиција , претставувајќи еднаквост, сплотеност на културните разлики во уметноста и четирите страни на светот. „Баклава “ има три различни изданија од традиционална до светска музика , преработки и авторски песни, мешавина од повеќе јазици и музички стилови…Додека нивниот прв албум „ Баклава“ е концертен , „Калемар“е нивниот прв студиски албум, и е создаден од композиции од самите членови.

На третиот албум нарелчен „Me mankas mucho” (Многу ми недостигаш), ќе сведочите на едно преплетување на мелодијата од различни народи , култури и религии. По многу настапи , албуми , неколку музички спотови, свој документарец, тие имаат неклоку песни и во филмот „ Трето полувреме“. Вообичаено на сцена можете да ги видите Елена Христова ( вокал), Дејан Сибиновски ( деф) , Дејан Теодосиевски ( виолончело) и Ѓорѓи Клинчаров (тамбура). Групата „ Баклава“ имаат настапувано во Данска, Фанција , Германија, Чешка , Белгија, Романија, Турција, Србија, Италија…

Од денес достапна е нова опција на Фејсбук

fb

Новата опција која од  денес е достапна на Фејсбук, овозможува емитување во живо за две лица во исто време.

Почетната верзија ќе биде достапна за корисниците на “Facebook Mentions” апликацијата на iOS и ќе бара верификација на двата корисници.

Сите неверифицирани корисници во САД, оваа опција ќе можат да ја користат од септември, а во остатокот од светот, би требало да биде достапна од октомври или ноември.

А.Г.

 

УБАВИ И СМРТОНОСНИ: Овие убавици би го дале својот живот за Асад и Сирија – ВИДЕО

Sirija-Jutjub

Сириската армија во своите редови има голем број на жени. Овие денови голем број девојки пристапиле кон CAA, со цел да ја поддржат борбата против терористите во јужниот дел на градот Алепо.

Во Дарај  војува една цела женска единица, позната под називот CAA. Женската единица се наоѓа рамо до рамо со Републичката гарда.

Погледнете ги овие убави, но смртоносни девојки:

А.Г.

Пријателите на загинатиот моторџија кај Д.Капија: Го молевме да преспие и да не вози сам

“Го молевме да преспие и да не вози сам до Кавадарци. Заедно бевме во саботата на забава во Струмица. Не успеавме да го убедиме да остане со нас.”

kosta-stojanov

фото: Фејсбук

Вака со многу тага сведочи за ДневникЃоре Абрашев од Велес, за последните мигови на 25-годишниот кавадарчанец Kоста Стојанов, кој загина на патот Демир Kапија-Неготино. Тој вечерта имал тешка сообраќајна несреќа, а неговите пријатели неколку часа го бараа преку социјалните мрежи. Тие постираа негова фотографија и бараа да им се помогне во потрагата по нивниот пријател, но, за жал, по неколку часа постираа информација дека моторџијата бил пронајден мртов.

– Изгубив многу драг другар, брат, пријател. Беше предобар, прекрасна личност, се дружевме десетина години. На никој ништо му нема згрешено, се нема скарано со никој. Се дружевме прекрасно сите што бевме присутни во Струмица, како впрочем на сите мотособири што се организираат. Ми раскажуваше дека има девојка со која е три години. Сите го молевме да не оди во тоа време, му дадов место во шатор и вреќичка, само да не си заминува во глува доба -вели тој заДневник.

Додава дека се двоумел, но одлучил да си оди, што било кобно за него.

– Пиевме онака човечки, со мерка. Неколкупати се двоумеше – да остане или да си оди. Влегов во шаторот и му реков и тој да легне да спие за да се одмори. Рече ќе поседам уште малку. После тоа, наместо да си легне, решил да си замине сам во ноќта. Жално – ни рече Абрашев. Тој нагласи дека ова е многу тешка загуба за сите.

– Многу ми е тешко и, за жал, повеќе не можам да зборувам, бидејќи нема зборови со кои би можела да се опише тагата во овие моменти. Ќе остане спомен и болка во нашите срца -додаде Абрашев, со кого Kоста ја има и една од неколкуте последни фотографии, кои на социјалната мрежа „Фејсбук“ ги сподели нивниот пријател кавадарчанецот Митко Димов.

Деталите за потрагата и каде беше пронајден Коста може да прочитате ТУКА

Oткриен е лек против рак!? Повеќе од 50.000 пациенти сведочат дека ова ги излечило

gggg

Австријскиот лекар Рудолф Бреус е најпознат по пронаоѓањето на природни лекови за рак. После година дена проучуцање развил диета со сок во траење од 42 дена, дизајнирана да убие рак кој започнал да се развива. Повеќе од 50.000 пациенти имале успешно лечење со оваа диета.

Се  што е потребно да  порција од овој чудесен сок е:

Состојки:

 

1 цвекло

1 морков

1 стапче целер

1/2 компир

1 роквица

Начин на подготовка:

Состојките сите заедно миксајте ги во соковник, додека  добиете сок..

 

Состојките во сокот се внимателно одбрани поради способностите кои ги имаат за борба против опасни болести.

А.Г.

Швајнштајгер се договори со нов клуб, на потег е Јунајтед

Germany's Bastian Schweinsteiger celebrates with Germany coach Joachim Loew after scoring his side’s second goal during the Euro 2016 Group C soccer match between Germany and Ukraine at the Pierre Mauroy stadium in Villeneuve d’Ascq, near Lille, France, Sunday, June 12, 2016. (AP Photo/Geert Vanden Wijngaert)

Медиумите пренесуваат дека германецот си најде нов клуб, но останува дали Манчестер Јунајтед ќе се откаже од неговите услуги.

Germany's Bastian Schweinsteiger celebrates with Germany coach Joachim Loew after scoring his side’s second goal during the Euro 2016 Group C soccer match between Germany and Ukraine at the Pierre Mauroy stadium in Villeneuve d’Ascq, near Lille, France, Sunday, June 12, 2016. (AP Photo/Geert Vanden Wijngaert)

Доколку Јунајтед се откаже од неговите услуги ќе мора да му исплати, или одштета, или 17 милиони фунти, доколку во наредните две години остане на “Олд Трафорд”.

Meдиумите во Италија пишуваат дека, Германецот се договорил со Јувентус.

Во Јуве би добивал по 4 милиони евра по сезона, што е дупло помалку од она што го зема во Манчестер, но би добил шанса за игра и освежување на својата играчка кариера.

Јувентус секако сака да го донесе без обештетување,  што е и нормално. Тие знаат дека Јунајтед сака да спаси пари, кои мораат да му ги исплатат на популарниот Швајни.

Сега на потег се Англичаните, во случај да дадат дозвола, би заштедиле на неговата плата, што не е занемарлива работа.

Од друга страна, во Италија мислењата поделени. Дел сметаат дека ова е добар потег и би значел нов трансфер како оној на Пирло, а други тврдат дека овој потег на “старата дама” е погрешен.

А.Г.