дома блог страница 5181

СПЕКТАКУЛАРЕН ПРЕЧЕК ВО ТУРЦИЈА: Погледнете како Ердоган го пречека Македонскиот претседател!

111

Пред два дена, Македонскиот претседател на покана на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган присусвуваше на отварањето на третиот мост преку Босфорот, „Султан Селим“, кој е најширок во светот. На средбата која подоцна ја имаа двајцата претседатели било разговарано за безбедноста и соработката помеѓу двете земји.

Зајакнување на соработката со безбедносните служби во борбата против глобалниот, но и регионалниот тероризам, заеднички одговор на мигрантската криза, засилена билатерална и економска соработка меѓу Македонија и Турција, било договорено на работната средба на македонскиот претседател Ѓорге Иванов со неговиот домаќин, турскиот шеф на државата Реџеп Таип Ердоган во Истанбул.

Претседателите размениле и информации за актуелните политички и економски состојби во двете земји, при што Иванов ја истакнал поддршката на нормализацијата на состојбите во Турција. Тој порачал дека политичките цели треба да се постигнуваат единствено со дијалог и во согласност со волјата на граѓаните на избори.

Иванов изразил жалење и за серијата терористички напади во Турција, додека Ердоган упатил сочувство за настраданите во поплавите во Скопско.

Македонскиот претседател денеска со повеќе државници од регионот и од Блискиот Исток, ќе присуствува на отворањето на третиот мега мост на Босфорскиот теснец, што ги поврзува Европа и Азија, турска инвестиција од 4,5 милијарди евра.

 

Заврши интернационалниот Џез викенд во Прилеп – ГАЛЕРИЈА

Со синоќешниот настап на македонски виртуоз Влатко Стефановски и на хрватскиот џез- ансамбл „Франц Кафка“ во он-програмата, како и со свирката на турскиот маестрален џезист Џингис Ибрахим со проектот „Хај џез 3“ во оф- програмата, заврши петтото издание на Интернациоалниот џез-фестивал „Прилеп – Џез викенд“.

IMGL7396

Во изминатите три дена на летната сцена од ЦК „Марко Цепенков“ се претставија 10 ансамбли со 40 звучни домашни и странски имиња од светот на џез-музиката, а бројната посетеност докажа дека прилепчани имаат слух и за овој вид урбана музичка култура.

[Best_Wordpress_Gallery id=”352″ gal_title=”VlatkoStefanoski”]

Годинашниот јубилеен џез- викенд во Прилеп, всушност е заокружување на богатото Прилепско културно лето во чии рамки се одржаа бројни културни манифестации: изложби, концерти, театарски случувања и сл.

Баба и дедо ќе ги раздвојат по 62 години брак – ќе ви се скрши срцето

starci-73240ytj56u56u56

Германски брачен пар, Волф Готшалк (83) и неговата сопруга Анита (81), емигрирале во Канада од каде по 62 години заеднички живот мораат да се раздвојат поради тоа што немаат можност да бидат во ист старечки дом!

Парот се венчал 1954 година, а во бракот добиле син и две ќерки.

Сепак, по повеќе од шест децении заеднички живот, седум месеци се принудени да живеат еден без друг затоа што не постои дом за стари лица во кој двајцата можат да бидат сместени.

Волф се наоѓа на листата на чекање за прием во домот во кој е сместена неговата сопруга Анита, но од таа установа не им е кажано колку долго ќе мора да се надева.

Главниот проблем е неговотата здраствена ситуација, затоа што му е дијагностицирана деменција. Поради таа причина семејството секој ден ја носат Анита во старечкиот дом на нејзиниот сопруг, за да се видат барем и на половина час.

Медицинските работници соопштуваат дека случајот на Готшалк е приоритетен.

 

Ноќен живот во Прилеп – Jazz Club Take Five & Corner Pub – 27.08.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”351″ gal_title=”AvgustNoken6″]

Како секое утро да се разбудите со совршена фризура?

1

Колку би било добро секое утро да се разбудите со совршена фризура. Иако ви се чини дека е  невозможно, сепак постојат неколку трикови што може да ви помогнат за тоа.

Првото и основно правило што морате веднаш да го испочитувате е мошне едноставно, а тоа е памучната перница да ја замените со свилена или сатенска.

Дури и ако си легнете со совршено исфенирана коса, памукот во текот на ноќта се ќе расипе, затоа што ја упива влагата од косата и ќе ја направи посува и кршлива. Исто така доведува и до триење, а со тоа и до кршење и кинење.

Брановидна коса

Доколку отсекогаш сте сакале да имате брановидна коса како Жизел Бундшен, се што е потребно е пред спиење на измиената и исушена коса пред спиење да нанесете малку пена, долж целата коса и потоа да ја сплетете во цврста плетенка.

Волумен

За да го сочувате волуменот што го имате косата не Ви е потребен ниту супер  фен, тукуи само три витлери. Земете витлери со средна величина и извиткајте ја косата на средината од главата, попрскајте ја со некоја полесна верзија лак и тоа многу малку. По спиењето остатокот од косата извиткајте го со четка за  виткање, а потоа тргнете ги витлерите.

Целосно рамна коса

Измиената и исушената коса израмнете ја со пена за коса, а потоа заврзете ја и завиткајте ја во сатен. Вашата коса и наутро ќе биде рамна и ќе биде доволно само малку да ја поправите со пегла.

 

Најголемиот застапник на луѓето пред Бога: За многу години Голема Богородица

boiul78o78ol7o7

Денеска е Успение на Пресвета Богородица – Голема Богодорица.

Од повеќето празници посветени на пресвета Богородица овој е еден од најзначајните. Затоа народот овој празник го нарекува уште и Голема Богородица. Во македонските цркви и манастири можат да се сретнат прекрасни претстави на настанот што црквата го слави денес. Обично се наоѓаат над влезната западна врата на црквата. Инаку, самиот збор успение значи заспивање; поинаку кажано, не се слави смртта, туку вознесувањето на Богородица во небесните живеалишта. Се слави нејзиното заспивање, бидејќи таа не помина низ смртта како враќање на правот на правот. Веднаш по нејзината смрт таа е земена на небото во Христовите прегратки, вознесена е заедно со телото и станува прв и најголем застапник на луѓето пред Бога.

 

Брачен пар спасен од пуст остров откако била забележана нивната СОС порака

cnn1

Двајца луѓе биле спасени од пацифички пуст остров откако биле забележани од страна на американски хеликоптер кој ја прочитал нивната порака за помош.

Пилотот го забележал знакот напишан на земјата на островот Фају во Микронезија и веднаш ја известил поморската полиција.

Линус и Сабина Џек биле пријавени за исчезнати. Тие двајцата се 50 годишни. Линус и Сабина имале ограничен а количина на храна и биле без било каква заштитна опрема.

cnn2

cnn3

ПОМОГНЕТЕ СИ СЕБЕСИ: Ова се намирници кои помагаат за ракот на белите дробови

Kopriva-ff-600x400

Ако веќе не можете да се откажете од цигарите, без разлика на тоа што знаете какви штетни последици ви носат, обидете се да го намалите ризикот за заболување од рак на белите дробови.

Постојат голем број намирници кои се користат како би го исчистиле организмот од катран и го смалуваат ризикот од појава на инфекции.

Два до три пати неделно инхалирајте етерични масла од еукалиптус, пеперминт, рузмарин или мајчина душица.  Тоа помага да ги исчистите белите дробови од токсини и вишок на слуз. Загрејте вода и во неа додајте неколку капки од етерични масла. Вдишете од топлата пареа на водата и одма ќе се намалат проблемите со дишењето.

Како и сите други видови на чистење на организмот, чистењето на белите дробови вклучува корекција на исхраната. Здравата храна е важна бидеќи  ги забрзува природните механизми на чистење на телото и го зајакнува имунитетот. Се  препорачува да се внесува повеќе вода, овошје и зеленчук.

Магнезиумот е материјал кој во главно се препорачува на луѓе кои беледуваат од астма. Тој може да го зголеми капацитетот на белите дробови. Наједноставен начин на внесување на овој минерал е конзумирање на јаткасти плодови и грав.

Лутата храна како чили пиперките помага за разградување на вишокот на слуз во белите дробови. Поради тоа кога јадите лута храна може да забележите дека веднаш започнува да ви тече носот. На ист начин лутата храна делува и во разградување на вишокот на слуз и катран во белите дробови, помагаќи му на нашиот организам полесно да ги елиминира.

Ова се само некои од намирниците кои помагаат и делуваат како превенција за заштита на организмот.

Има 145 години: Ги погребал сите свои жени и деца, сега има само една желба

Овој маж ги надживеал своите десет браќа и сестри, четирите сопруги од кои последната починала во 1988 година.

nasjtar-maz

Мбах Готхо, маж од Индонезија тврди дека е најстариот човек на светот.

Според документите кои во Индонезија се признаени како веродостојни, Мбах има 145 години, а роден е на Нова година во 1870 година, пишува The Sun.

Сите негови браќа и сестри, сопруги и деца починале, а тој живее со помошта на внуците, правниците и праправнуците.

Ако неговите документи се вистински, тој е најстариот човек на светот. Според она што е познато досега рекордот е на Французинката Жана Калмент која живеела 122 години. Иако во Индонезија документите на Мбах се признати, се уште никој со сигурност не потврдил дека податоците на истите се вистинити.

-Само сакам да умрам, изјавил Мбах во едно телевизиско интервју.

Неговиот внук истакнал дека дедо му се подготвува за смртта од својата 122 година. Старецот времето го минува најмногу слушајќи радио, а последните три месеци внуците го хранат и бањаат бидејќи многу ослабел.

-Трпение, е одговорот на Мбах за прашањето која е тајната на долговечноста.

ВИДЕО: Нема да престанете да се смеете кога ќе видите како смеат овие бебиња

12121

Дали верувате дека бебињата имаат тајни шеги кои си ги раскажуваат еден на друг, како мама и тато не би ги разбрале? Веројатно да, откако ќе го погледнете ова видео.

Сами дешифрирајте што зборуваа или едноставно опуштете се и насмејте се убаво со нив.