[Best_Wordpress_Gallery id=”357″ gal_title=”VladoJaneski”]
Висок пораз за РК Прилеп во првиот натпревар во ЕХФ Купот – ГАЛЕРИЈА
Прилепчани претрпеа висок пораз на првиот од двата натпревари од првото коло во ЕХФ Купот. Швајцарскиот ПФАДИ Винтертур покажа голема супериорност и надмоќ над екипата на РК Прилеп.
Крајниот резултат на натпреварот беше 19:42, на полувреме беше 10:20.
Кај прилепчани предничеа Ѓорѓиески Пеце со 5 погодоци, а Бозароски Александар и Ангелоски Филип постигнаа по 4.
Повратниот дуел се игра вечерва од 19:00 часот во Универзалната сала во Прилеп и ќе претставува чиста формалност, имајќи ја во предвид високата разлика од 23 голови, што Швајцарците ја постигнаа при вчерашниот дуел.
[Best_Wordpress_Gallery id=”356″ gal_title=”PrilepVintertur”]
Министерството за одбрана на Република Македонија објави јавен оглас за прием на деведесет професионални војници
Врз основа на член 37 и член 39 од Законот за служба во Армијата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија, 6р. 36/10, 23/11, 47/11, 148/11, 55/12, 29/14, 33/15, 193/15 и 71/16), член 1 од Правилникот за начинот за спроведување на постапката за прием на кандидати за офицери, односно подофицери, професионални војници и цивилен персонал на служба во Армијата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија, бр. 1 65/201 4), Правилникот за начинот на вршење на селекција на лица за професионални војници во Специјалните единици на Армијата на Република Македонија бр. 014108/1 од 19. 08. 2014 година и Правилник за изменување на Правилникот за начинот на вршење на селекција на лица за професионални војници во Специјалните единици на Армијата на Република Македонија бр. 01 -306/1 од 13. 01. 2015 година и бр. 016543/1 од 20. 11. 2015 година, Министерството за одбрана на Република Македонија објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС
1 За прием на 90 (деведесет професионални војници за служба во Армијата на Република Македонија за работа на определено време со договор за вработување во времетраење од 3 години за:
– специјалните единици на Армијата на Република Македонија и
– други родови и служби на Армијата на Република Македонија.
2. Кандидатите за прием на професионални војници за служба во Армијата на Република Македонија од точката 1 на овој оглас треба да ги исполнуваат следните услови:
Општи услови:
– да се државјани на Република Македонија;
– да се полнолетни и
– да имаат посебна здравствена и физичка способност.
Посебни услови:
-да имаат завршено средно образование;
-да имаат завршено доброволно служење на воениот рок и
– да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионапни војници.
– Кандидатите за специјалните единици на Армијата на Република Македонија да поседуваат пливачка способност, изразена можност за пливање 50 метри во должина.
3. Кандидатите во текот на постапката за прием на професионални војници, ќе бидат писмено тестирани (општообразовен тест и психолошки тест), ќе биде проверенa нивната физичка способност, ќе им биде вршен интервју и ќе им бидат вршени здравствени прегледи од страна на посебни комисии формирани од Министерството за одбрана.
4. Кандидатите кои ќе ги поминат rope наведените проверки можат да пристапат кон селективен курс, со тоа што потребно е да дадат изјава за доброволно пристапување на селекција за избор на кандидати со неможност за барање на оштета од Министерството за одбрана во случај на повреда за време на спроведување на постапката за селекција и да склучат договор за спроведување на селективен курс.
5. При вработувањето ќе се води сметка за соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници со почитување на критериумите на стручност и компетентност.
6. Работното време е од 08, оо часот до 16. оо часот.
7. Платата изнесува од 18. 000. оо денари до 22. 000, оо денари.
8. Со избраните кандидати ќе се склучи договор за работа на определено време со времетраење на договорот од три години.
9. Јавниот оглас за прием на професионални војници ќе трае до 01 .10. 2016 дена од денот на објавувањето во дневните весници, a пријавите со потребните документи се поднесуваат во Секторот за цивилновоена соработка со регионални центри за одбрана во Одделенијата за одбрана за регионите за градовите/општините во Република Македонија.
10. Кон пријавата која се поднесува и заведува во Одделенијата за одбрана за регионите од точка 9 на овој оглас, кандидатите се должни да ги приложат во оригинал или заверена фотокопија следните документи: пријава, своерачно пополнет прашалник со изјава за морална, материјална и кривична одговорност за точноста на дадените податоци; диплома за завршено средно образование;
уверение за државјанство (не постаро од 6 месеци);
извод од матична книга на родените;
уверение дека не му е изречена мерка за безбедност забрана на вршење професија, дејност или должност (не постаро од 6 месеци);
уверение за отслужено доброволно служење на воен рок во АРМ; и
лекарско уверение за општа здравствена состојба на кандидатот (не постаро од 6 месеци);
1 1 Некомплетните и ненавремено доставени документи нема да се земаат во разгледување.
1 2. На кандидатите кои нема да бидат избрани по јавниот оглас и нема да засноваат работен однос во Министерството за одбрана како професионални војници на служба во Армијата на Република Македонија, документите ќе им бидат вратени преку Одделенијата за одбрана за регионот од точка 1 0 на овој оглас, каде што се поднесени.
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА
Православните Сиријци и под истрели не ја запираат молитвата
Православните Христијани во сирискиот град Алепо, редовно ги посетуваат богослуженијата без оглед на гранатирањата од страна на терористите.
„За време на нападите терористите убија 50 парохјани од нашиот храм. Сите се плашат од смртта. Но ако верувате, Господ ќе помогне. Дојдете на богослужба во недела. Ќе видите дека храмот е преполн, иако надвор гранатираат“, раскажа настојателот на храмот „Св. Пророк Илија“ во Алепо, отец Муса ал-Хеси.
Во локалната православна општина засолниште најдоа стотици жители. При споменатиот храм дејствува е хуманитарен центар во кој помагаат сите, без оглед на вероисповеданието. Тука, годишно 350 илјади луѓе бараат помош.
На сиромашните им се даваат семејни пакети, кои се состојат од најнеопходните производи, средства за лична хигиена, лекови. Дневно вакви пакети се раздаваат и до 400.
При црквата исто така функционира и болница чијшто небесен покровител е Св. Лука Кримски (Војнојасенецки).
„Ние даваме бесплатни медицински услуги. Во овој момент кај нас има 28 лекари со различни специјалности. Дневно третираме и до стотина луѓе, а годишно 35 илјади. Соработуваме со разни медицински организации“, раскажа монахињата Естир.
Од почетокот на војната, Православната Антиохиска Црква укажала помош на 3, 5 милиони луѓе. Храмот на Св. Пророк Илија во Алепо е најголемиот христијански центар.
Извор: Религија.мк
Одбележани 72 години од смртта на Методија Шаторов Шарло
Делегација од Општина Прилеп, Советот на Општина Прилеп, Сојузот на борци, претставници од политичките партии и група на граѓани денеска положија свежо цвеќе пред споменикот на Методија Шаторов Шарло одбележувајќи 72 години од смртта на познатиот македонски револуционер.
Илија Димески, потомок на Шарло во изјава за медиумите истакна дека Прилеп и Македонија се горди што имаат таков великан, непоколеблив борец за идеите за независна и самостојна Македонија, идеали кои ги следат новите генерации Македонци со новите приоритети.
Според Круме Соколоски, претседател на Сојузот на борците во Прилеп „Градот Прилеп му се оддолжи со поставување споменик на заслужниот свој сограѓанин, пред кој денеска положивме цвеќе и одбележавме 72 години од неговата смрт“.
Методија Шаторов – Шарло се залагал за самостојна и обединета држава на македонскиот народ. Покрај тоа, во архивите на некогашната Коминтерна се откриени документи според кои Методија Шаторов постојано се изјаснувал како Македонец. Тој уште се смета за еден од најзаслужните за тоа што Коминтерната и Бугарската комунистичка партија го признале постоењето на македонскиот народ.
ВИДЕО: СРЦЕТО ЌЕ ВИ СЕ РАСПАРА: Професор казнувал ученик затоа што каснел секој ден, но потоа ја дознал оваа вистина !
Фрустриран од фактот што еден ученик касни секој ден за на час, професорот одлучил да го казни.
На сите ни е јасно дека казната кој ја примени професорот не е прифатена во општеството но он а што го научи професорот е следното…
Зошто и покрај казните ученикот продолжил да касни ?
Кога ја дозна вистинската причина срцето му се распара.
Всушност, детето работело како разносувач на весници па морало секој ден малку да закасни.
Следниот ден детето наместо казна доби прегратка.
Во пештера во близина на Кичево пронајдени човечки черепи
По анонимна дојава дека во пештера помеѓу селата Тајмиште и Бачишта (кичевско), над Бачишка река има човечки черепи, основниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Гостивар издаде насоки за обезбедување на оперативна проверка за место положбата на пештерата позната под име „Череп“.
По добивање на оперативните сознанија од страна на Министерството за внатрешни работи – ПС Кичево, во текот на вчерашниот ден основниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Гостивар во придружба на началниците на Одделенијата за крим техника од Скопје, Охрид и Кичево, како и на полициски службеници од ПС – Кичево излезе на увид.
Увидот траеше до вечерните часови и поради стемнувањето истиот продолжи денеска. По Наредба на јавен обвинител за потребите на истрагата на увидот беа присутни и претставници од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, Крим техника од Охрид и Кичево, експерти од крим техника – Скопје и претставници од специјалната единица за потраги при Министерството за внатрешни работи.
Во пештерата која има неколку краци пронајдени и подигнати се неутврден број на човечки черепи и коски. Истрагата продолжува во наредните денови, пештерата по наредба на јавен обвинител ќе биде непрекинато обезбедена се до отповикување на наредбата. За секое ново сознание што нема да ја попречи истрагата, Основното јавно обвинителство – Гостивар ќе ја информира јавноста.
ВИДЕО: ТРОГАТЕЛНО: Куче со денови ја чека сопственичката пред вратата од болницата !
За кучето често се вели дека е најдобар пријател на човекот, а тоа уште еднаш се докажа дека е точно.
Сандра Иниеста девојка од Шпанија, по враќањето од одмор со својот татко и кучето Маја, морала да оди итно на операција откако добила големи болки во стомакот.
22 годишната девојка имала воспаление на слепото црево, а операцијата била успешна. Меѓутоа, Сандра веќе цела седмица лежи во болница, а нејзиното куче одбива да оди дома.
Двегодишното куче од расата Акита, веќе 6 дена лежи во болницата чекаќи ја својата сопственичка, и покрај обидите на таткото на Сандра да ја одведе дома.
ВИДЕО: ОД ЗАБАВА ДО ПРОФЕСИЈА: Од играње видео игри заработува како министер !
Тоа што го започнал како забава во компјутерницата на неговиот татко, денес за Никола стана и “професија”. Можеби ви звучи неверојатно некој да заработува од видео игри, но на ова 19 годишно момче тоа му тргн ало од рака.
Популарната игра “Counter Strike” му станала главен извор на заработка. Не сакал да каже колку точно заработува, но додал дека нема потреба повеќе да бара пари од родителите.
“Предобра работа, неможев да го замислам ова. Играм од прилика околу 6 саати во денот. Тоа време го поминувам со екипата. Но исто така играм сам 2 до 3 саати бидеќи сакам индивидуално да напредувам”.
Никола всушност е професионален играч. Моментално игра со еден германски тим кој освојува награди ширум во светот. На последниот турнир одржан во Атланта пред дв а месеци, се закитија со бронза.
“Јас само играв и сакав да напредувам во секој меч, во секоја рунда. Секогаш гледам само напред и тоа е тоа. Следниот турнир е во Лондон. На тој турнир ќе учествуваат 4 екипи а наградата е 100.000 долари. Се надевам дека ќе го освоиме тој турнир”.














































