дома блог страница 5150

Опасен вирус се шири на Facebook – еве како да се спасите ако веќе сте се заразиле

facebook

Можеби забележавте дека во последните неколку дена, се повеќе Ваши пријатели закачуваат постови со наводни видеа со Вашата слика на вашиот профил на Facebook. Станува збор за вирус т.н. „крадец на идентитетот“ па може да се случи, доколку кликнете, да бидете редиректирани на страна која е идентична на Facebook каде од вас ќе се побара да се логирате повторно. На тој начин ќе ви го „пробијат“ пасвордот и ќе останете без Вашиот акаунт, или Вашите податоци можеби ќе бидат злоупотребени.

Интересно е што секој од Вас што ќе го кликне линкот, потоа се „инфицира“ со вирусот и истиот линк, автоматски им го споделува на своите пријатели закачувајќи го на нивниот профил.

Доколку сепак не можевте да и оддолеете на љубопитноста, и кликнавте на линкот, па сега го споделувате тагирајќи ги вашите пријатели, еве што треба да направите.

Доколку користите Chrome  кликнете ctrl+shift+delete и ќе ви се појави прозорче за бришење на историјата.

aaa

За корисниците на Mozilla командата е иста, ctrl+shift+delete, а прозорчето изгледа вака

bbb

На крај, селектирајте најгоре на прозорчето „the beginning of time“ за корисниците на Chrome и „everything“  за оние кои сурфаат преку Mozilla.

На крај исчистете и готово.  И друг пат, не кликајте се што ќе ви дојде пред маус.

Ако пак имате проблем со пријателите кои ви праќаат голем број видеа, најдобро ќе биде да наместите опција за да го прегледувате секој пост кој некој ќе сака да го закачи на вашиот ѕид.

 

 

ВИДЕО: Тајфунот донесе џиновска “месечина” по улиците на Кина

mjesec_balon

Силните ветрови на тајфунот Меранти донесоа нешто што ги преплаши граѓаните на Кина.

Ветровите на тајфунот Меранти кои ја погодија Кина турнале огромен балон во форма на месечина кој бил изложен во склоп на “Фестивалот на месечината”, на улиците на кинескиот град Фузхоа.

Ветровите го носеле балонот кој поминувал преку автомобили и луѓе но нема повредени во овој инцидент.

Супер-тајфунот Меранти, кој во средата го погодил Тајван, со ветрови кои се движеле со 370 километри на час, во четвртокот стигна и до кинескиот брег, во близина на градот Хианмена.

 

ВИДЕО: Зошто пламените јазици немаат сенка?

На училиште не учеа дека телата, кога се осветлени, оцртуваат сенка. Но, има еден исклучок – пламенот.

asas

Сенката секогаш се појавува на некоја одредена површина (ѕид, под), кога помеѓу истата и изворот на светлина стои предмет или тело, коешто блокира дел од зраците светлина. Но, ако тоа тело самото е извор на светлина, на пример – огнот, тоа нема да оцрта сенка на површината. Кога едно тело доволно ќе се загрее, тоа испушта светлина како последица на процесот на горење. И додека таа светлина не создава сенка, самиот предмет, или тело, односно изворот којшто гори – создава сенка.

За да би можеле да ја видиме сенката на пламенот, нам ни треба извор на светлина посилен од пламенот, на пример Сонцето. Ако запалиме свеќа и ја држиме високо пред ѕид или над под осветлен од Сонцето, ќе ја видиме сенката на пламенчето.

 

 

 

ВИДЕО: Заробени сте во автомобил кој тоне ? Еве како да излезете од него и да си го спасите животот

screenshot_11-15

Водата е можеби најмоќната природна сила. Би требало секој да го интересира што треба да се направи доколку некогаш се најдеме во ситуација да сме заробени во автомобил кој тоне во вода.

Многу од луѓето кои доживеале ваква ситуација ги затвораат сите прозори   очекуваќи да се направи некаков “воздушен простор” и да повикаат полиција. Ова е погрешно. Првите 30 секунди до 1 минута е критичен период во кој треба да се спасите.

Кога автомобилот потполно ќе потоне,  касно е и мали се шансите да ги отворите вратите. Со тоа  брзината на реакцијата е нај важна за  преживување.

Кога автомобилот ќе потоне потребно е најпрво да го тргнете појасот, да го отворите  прозорецот и во рок од 10 секунди да излезете. Тоа е потребно да се направи брзо бидеќи можно е и на задните седишта да  има патници.

 

Дали би сакале таа да ве чува ? Вака изгледа најубавата телохранителка во светот

75707_untitled_ff

Оваа убава кинескиња не е модел.  Не е ниту глумица. Таа е припадник на воените сили и беше одговорна за безбедноста на овогодинешниот Г20 самит.

Откако некои од фотографиите на Шу Ксин стигнаа до јавноста, таа стана вистински хит на социјалните мрежи. Таа е ангажирана во Народно ослободителната војска и родена е во градот Гијанг.

Шу Ксин е прогласена за наубава телохранителка во светот, а многу брзо ја сместија и во категоријата “најубави жени во војската”.

 

ГАФ НА ВЕСТИ: Хилари Клинтон прогласена за мртва

Новинар на њујоршката телевизија Еј-Би-Си-7 направи тежок лапсус кога објави дека кандидатката за претседател на САД од Демократската партија Хилари Клинтон- починала.

hilari-klinton-1

-Емисијата ја започнуваме со вонредни вести за смртта на Хилари Клинтон, рече водителот Џо Торес во емисијата, емитувана во неделата, а откако беше објавено дека на поранешната државна секретарка и се слошило.

Потоа тој рече дека докторите кај Хилари Клинтон дијагностицирале воспаление на градниот кош, и потоа со колешката продолжи да разговара за здравствената состојба на кандидатот на демократите.

– Во текот на воведот во приказната за здравјето на Хилари Клинтон емитувана во живот, Џо Торес ненамерно рече „смрт“ наместо „здравје“, информира потпаролот на ТВ станицата.

Според неговите зборови, јасно е од контекстот на приказната, информацијата на новинарот и графиката на екранот дека Клинтон е жива и дека се опоравува.

Александар Таневски: “Јуниор лигата“ е неопходен проект во делот на натпреварувањето, кој нуди одлична можност за напредокот на децата кои се занимаваат со ракомет

vardarfans-tanevski-aleksandar1-543x330

Пред нас е првата сезона од ракометната “Јуниор лига“ , а полека се ближи почетокот на новата натпреварувачка сезона. Се повеќе се зголемува интересот на ракометните школи да бидат дел од овој голем проект на ракометниот клуб Вардар кој им ги нуди сите услови за функционирање на лигата на највисоко можно ниво. Добрата и беспрекорна организација е препознаена од многу школи низ цела Македонија, кои се приближуваат кон овој проект, кој има за цел да ги соедини сите школи во земјава. РК Филип – Вардар и во новата сезона ќе биде дел од оваа лига. Во следново интервју имавме можност да разговараме со еден од предводниците на ова школа и еден од најзаслужните за квалитетот на играчите кои произлегуваат од тука. Се работи за Александар Таневски, кој со голема љубов им го пренесува своето знаење на неговите играчи кои се развиваат во подобри ракометари. Некои од нив се веќе дел од црвено-црното семејство.


-Анализираќи ја измината сезона од повеќе агли, генерално “Вардар Јуниор Лигата“ е неопходен проект пред се во делот на натпреварувањето. Првата година и првата сезона се веќе позади нас, на површина испливаа повеќе резултатски успеси, но и недостатоци. Во сезоната која следува, есенскиот дел се надеваме дека ќе продолжи спрема предвидениот календар на натпревари, а од оваа натпреварувачка сезона Академијата ни ја довери генерацијата 2000/2001 машки да се натпреварува во Прилеп со вкупно пријавените екипи во “Вардар Јуниор Лигата“. 
Моето лично мислење, во зависност од тоа дека повеќе од 10 години се натпреварувам во најразлични категории на РФМ, овој проект е повеќе од потребен заради зголемениот број на натпревари. Искуството стекнато од минатата сезона не направи поорганизирани, подобри во игра и во општата функционалност на нашата школа.

“Јуниор лигата“ несомнено го зголеми интересот кај децата во цела Македонија да започнат да се занимаваат со ракомет. Овој проект на ракометниот клуб Вардар им ги нуди сите услови и поволности на децата да се натпреваруваат во лигата во различни возрасни категории.

Земено во предвид погоре споменатото од нашите анализи, нормално е да има се повеќе интерес за учество во нашата школа. Зголемен е бројот на деца кои сакаат да бидат дел од “Вардар Јуниор Лигата“, реално и амбициите на секое дете кое тренира ракомет со тек на време му стануваат повисоки а “Јуниор Лигата“ нуди одлична можност за докажување во напредокот на децата.

vardarfans-fillip-vardar

РК Филип -Вардар беше една од најуспешните школи во дебитанската сезона на ова натпреварување.

-Не можам да го сокријам задоволството од напредокот на децата во сите категории, нашата цел за оваа сезона за разлика од минатата е да ги одбраниме сите резултати кои ги постигнавме и да се обидеме да напредуваме уште повеќе. Знаете никогаш не е доволно да се биде најдобар, секогаш треба дополнителен труд да се биде или остане најдобар.

На почетокот на месец септември стартуваа подготовките на оваа школа за новата натпреварувачка сезона во “Јуниор лигата“. Кој не се запишал, сеуште има време да го стори тоа и биде дел од една ракометна приказна.

-Подготовките ги започнавме скоро, на почетокот на овој месец. Од недела во недела се зголемува бројот на деца кои сакаат да се дел од нас, со самото тоа селектирањето сега не ни оди баш од рака затоа што веќе селектираните категории се надополнуваат. Се надевам дека на почетокот на следниот месец ќе имаме конечно селектирани екипи по генерации ипол, но тука не застануваме што значи дека сме се уште отворени за уписи на нови деца.

Неколку играчи од школата на РК Филип – Вардар се прекомандувани да работат и играат во младинските категории на ракометниот клуб Вардар. Квалитетната работа на тренерскиот тандем Таневски-Николовски дава резултат уште во првата сезона на “Јуниор лигата“.

За крај, како ефект од она што го работиме,на прашањето дали има деца кои заминале или се веќе дел од младинските погони на РК Вардар. Има и тоа оваа година 3 деца заминаа, минатата исто така, за тие што не знаат еве во најразлични категории од РК ФИЛИП – ВАРДАР во моментов имаме 5 деца, еден е репрезентативец а останатите се по млади и очекуваме во следниот преиод да се најдат на списокот на репрезентација на Македонија во соодветните категории, изјави Александар Таневски за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски

Во Прилеп банкар крадел пари од сметката на клиент

ПС Прилеп поднесе кривична пријава за Д.П.(54) од Прилеп вработен во Стопанска банка Битола поради постоење основи на сомнение за злоупотреба на службена положба и овластување.

 

pari-banka-640x434

Пријавениот како референт за работа со благајна ја злоупотребил службената положба на начин што без да добие налог за уплата и исплата од клиентот сопственик на штедна книшка во текот на 2015 година и на 2016 година во повеќе наврати вршел послужување – повлекување  парични средства од штедната книшка и нивно враќање по извесен временски период.

На 5 април годинава, на ист начин без да добие налог од имателот на сметката, пријавениот повлекол 571.000 денари, а кога на 7 април оштетениот-сопственик на штедната книшка отишол во експозитурата со намера да изврши повлекување на паричните средства, бил известен дека нема парични средства, иако тоа не било евидентирано во штедната книшка.

ВИДЕО: УРНЕБЕСНО: Има само 9 години и посилен е од 10 негови врсници заедно

untitled

Меалофа Тео е 9 годишен рагбист што стана сензација на интернет.

Видеото на “малиот рагбист” во рагби лигата за јуниори во Канбера, Австралија брзо се прошири по социјалните мрежи.
Тео искористуваќи ги својата сила и големина постигнува запрепастувачки ефект. Овие предности му овозможуваат лесно да ја помине линијата и да ја доведе победата на својот тим.
Ако не сте се насмеале денес, ова видео сигурно ќе ви го промени расположението.

Нова објава за продажба на парцели во „Индустриската зона – Прилеп 2“ и населбата „Градина“

_mg_4519

Со најновата објава која е во тек се информираат сите заинтересирани физички и правни лица дека се понудени на продажба седум нови градежни парцели со намена (Г3 и Г4 – сервиси и мало стопанство и стоваришта) во Индустриската зона „Прилеп 2“ која се наоѓа во населбата „Сточен пазар“ и дваесет нови парцели за домување (A1) во новата населба „Градина“.

_mg_4535

Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават електронски на следната интернет страна www.gradezno-zemjiste.mk за секое наддавање со посебен рок.

Почетна цена се градежна парцела е 61 денар од м2, со 10 денари чекор за наддавање за намена домување и 100 денари чекор за наредно наддавање за градежни парцели со намена стовариште и мало стопанство. Би можеле да учествуваат сите физички и правни лица жители на Република Македонија и странски лица, согласно Закон за градежно земјиште кои со комплетна и правилно пополнета електронска пријава со прилози треба да уплатат депозит кој изнесува 30% од вкупната почетна цена.

_mg_4538

Градоначалникот Марјан Ристески ги повика сите заинтересирани домашни и странски инвенститори и заинтересирани граѓани, да се пријават по електронски пат и да земат учество во елкетронското надавање.

Општина Прилеп е обврзана и веќе започна со уредување на населбата, со изградба на патната инфаструктура и асфалтирање на улиците, изградба на водовод, канализаиција, осветлување и изградба на тротоари.