дома блог страница 5149

ВИДЕО: Најлесен и најефикасен начин да ја исчистите тастатурата

tastatura-1-ff-600x401

Покрај прашината која вообичаено се собира на нашата тастатура, многу од луѓето имаат навика нешто да јадат и да се напијат пред компјутерот.

Иако внимаваме, може да се случи нешто да ни падне меѓу копчињата на тастатурата. Обично имаме навика да ја превртиме тастатурата и да удираме по неа додека нешто не испадне.

Меѓутоа постои полесен и поефикасен начин да се исчисти тастатурата.

 

Од каков маж треба да бегате, а кој ќе ве сака до крајот на животот?

8-12-660x300

Хороскоп кој ќе им се најде на сите жени кои се во потрага по љубов или се двоумат дали врската која моментално ја имаат е онаа вистинската.

Конечно одговор на најголемата љубовна дилема – дали да бегате од него или да останете до крајот на животот?

Еве кој маж е за првото, а кој за второто:

Жена Овен

Вие во љубовта: За вас љубовта е страст и возбуда. Сакате да флертувате и лесно ја освојувате целта. Откако еднаш ќе го освоите мажот кој го сакате, подготвени сте на се за да го задржите.

Проблеми во љубовта: Премногу се потпирате на инстинктите и одите со глава низ ѕид, наместо да направите пауза за анализирање. Обично жалите за својата импулсивност.

Сродна душа: Младите ловци како што се Стрелецот и Лавот се најдобар „плен“.

Не е за вас: Сентименталниот Рак може да ви ги раздвижи емоциите, но бара премногу.

Жена Бик

Вие во љубовта: Еден од најромантичните знаци кои сонуваат за совршен принц кој ќе ги држи за рака и ќе ги опсипува со подароци. За возврат, ќе ви биде задоволство да го разгалите. Не играте игри и не сакате мажи кои си играат со емоциите. Трпението и одлучноста ви се најдобри сојузници.

Проблеми во љубовта: Понекогаш сте многу резервирани кога треба да го подарите срцето некому. Ослободете се од стравовите за љубовта да може да започне.

Сродна душа: Машките Риби се привлечни за вашите емоции, но силните Скорпии прават срцето да ви заигра.

Не е за вас: Од зборувањето нема ништо корисно, а тоа е се што Близнаците можат да ви понудат ако се решите на љубовна врска со нив.

Жена Близнаци

Вие во љубовта: Мајстори во флерт, но не сакате никого да повредите. Сите го обожаваат начинот на кој се кикотите и си играте со косата. Но, и вие уживате додека ги играте овие игри и флертувате, барем додека не најдете маж покрај кој ќе сакате да се смирите.

Проблеми во љубовта: Потребен ви е простор и мажот кој се лепи за вас како пијавица нема шанси. Не сакате љубоморни момци, ниту оние кои се трудат да ве смират.

Сродна душа: Ве привлекуваат самостојните Водолии, но идеални за вас се Стрелците кои ќе го одржат вашиот авантуристички дух.

Не е за вас: Можеби физички ќе ве маѓепса некој Јарец, но тој едноставно не знае да се снајде со вашата независност.

Жена Рак

Вие во љубовта: Потребен ви е маж кој ќе знае да се мази како и вие, но во исто време ќе ги почитува вашите старомодни мислења. Важно ви е семејството да го сака вашиот партнер. За идеален состанок ја сметате вечерта помината дома, гледајќи филмови.

Проблеми во љубовта: Емоциите за вас се сè на светот, па ако случајно некој ве повреди се затворате во својот оклоп и патите во тишина, со големи количини чоколадо.

Сродна душа: Нежната страна на Девицата излегува на површина кога сте заедно.

Не е за вас: Мажот во знакот на Водолија ќе ве задржи заинтересирани, но ќе ви даде многу помалку отколку што очекувате.

Жена Лав

Вие во љубовта: Како Лавица, сакате да сте главни на поле љубов. Момците по малку се плашат од вашата самодоверба и независност додека не ве запознаат. Длабоко во душата сте дива мачка која сепак сака да има само еден маж до крајот на животот. Предани сте и тоа го очекувате за возврат.

Проблеми во љубовта: Понекогаш вашата гордост ви ја попречува љубовта затоа што тешко признавате каде сте згрешиле.

Сродна душа: Близнаците и Стрелците ви гаратираат возбудлива врска, но покрај Ракот се чувствувате најсигурно и сакано.

Не е за вас: Тргнете се подалеку од Девиците кои се ужасни критичари и ја плашат вашата самодоверба.

Жена Девица

Вие во љубовта: Љубовта за вас е приватна работа и не сакате да зборувате на таа тема. Вашиот љубовен стил е да оставите се под знак прашалник, попрво отколку да го направите првиот чекор. Мора тој да ви се доближи за да се отворите и да го импресионирате.

Проблеми во љубовта: Склони сте на брзо откачување, после само еден разговор. И понатаму би биле пријатели со бившите, но ако не размислуваат зрело како и вие, лесно одат во заборав.

Сродна душа: Ви одговара сензибилитетот на Јарците.

Не е за вас: Ве одбиваат луѓе кои се мајстори за драма. Пример – Лавови.

Жена Вага

Вие во љубовта: Вашите магични моќи ви дозволуваат да бидете со маж каков што ќе посакате и истиот ќе го натерате за секунда да се заљуби во вас. Но, тоа не значи дека не сте пребирливи, напротив. Момчето мора да изгледа добро и да знае да се облекува.

Проблеми во љубовта: Понекогаш премногу сте заљубени во самата љубов, без да ја сакате личноста која е покрај вас. Тоа е резултат на тоа што сте роден идеалист и го гледате само она што сакате да го видите.

Сродна душа: Ракот ќе ве обожава како ниту еден друг маж.

Не е за вас: Одолејте им на Овенот и на Водолијата затоа што не размислуваат толку романтично како вие.

Жена Скорпија

Вие во љубовта: Не се плашите да се борите за љубов. Штом фрлите око на некој, инстинктивно знаете што треба да правите за да го добиете. Сакате кога конците се во ваши раце. Емоциите ги држите заклучени додека не се осигурате дека може да му верувате. Потоа нема поинтензивна љубов од вашата.

Проблеми во љубовта: Вашата љубомора се гледа од километри. Ако и се предадете се претворате во чудовиште, затоа обидете се да ја чувате заклучена некаде подалеку од вашиот партнер.

Сродна душа: Слободно предајте им се на Рибите и Раковите.

Не е за вас: Потребно ви е многу поголемо внимание отколку што Стрелецот има да ви понуди.

Жена Стрелец

Вие во љубовта: Опуштени сте на тема љубов, па немате потреба од драми и заморувања. Сакате типови на мажи кои знаат како добро да се забавуваат, имаат авантуристички дух и се спонтани. Потребно е и да ви ги почитуваат мислењата такви какви што се. Длабоко во срцето копнеете по патувања, па често ве привлекуваат мажи со егзотичен изглед.

Проблеми во љубовта: Вашето срце без проблем оди од еден на друг маж, заради што може да стекнете лоша репутација. Во суштина, може да ви се верува, но момците се несигурни затоа што сте претерано искрени и кажувате се што мислите без цензура.

Сродна душа: Најдобро е да бирате мажи со слободен дух како Водолија или Близнаци.

Не е за вас: Мажите родени во знакот на Рак се премногу чувствителни и приземни за вас.

Жена Јарец

Вие во љубовта: За вас љубовта е сериозна работа. Нема шанса да го доведете вашето срце во опасност, освен ако не сте сигурни дека чувствата ви се возвратени. Сакате да ја испитувате околината, а потоа полека да запловите во врска. Во вашите романтични приказни голема улога имаат информациите и мислењата од пријателите.

Проблеми во љубовта: Кога еднаш ќе воспоставите љубовна врска, вие сте за долги патеки. Со вас раскинувањето е речиси невозможно заради вашата одлучност врската да успее.

Сродна душа: Бикот и Девицата ве разбираат подобро од било кој.

Не е за вас: Вашата внимателна природа ги одбива жестоките Лавови и Овни.

Жена Водолија

Вие во љубовта: Независни сте, па најголемата грешка која партнерот може да ја направи е да ја загрози вашата слобода. Не сакате љубовта да управува со вашиот живот. Во петок сакате да бидете со него, но затоа во сабота сакате да се журкате со пријателите. Ако тоа не му одговара, кажувате збогум.

Проблеми во љубовта: Внимавајте да не ги одбивате мажите премногу често, затоа што ретко кој повеќепати би се борел за нешто што нема цел.

Сродна душа: Момчето родено во знакот на Девица е добар избор затоа што и тој си ја сака слободата.

Не е за вас: Лавот кој сака да го обожавате не е добар избор, иако меѓу вас постои неверојатна хемија.

Жена Риби

Вие во љубовта: Вие сте романтичар кој целосно верува во сродни души. Всушност, подготвени сте да ја превртите земјата за да ја пронајдете вашата. Откако ќе ја најдете, ќе направите се за да ја сочувате, дури и по цена неговите потреби да дојдат пред вашите.

Проблеми во љубовта: Потребен ви е емотивен дечко кој ќе ги разбере вашите емоции. Ако не е на исра бранова должина како вас, се затворате и врската почнува да тоне во неразбирање и незадоволство.

Сродна душа: Ракот може да ви ги возврати емоциите кои ги имате подобро од било кој знак.

Не е за вас: Егоцентричниот Овен ужива во вашето внимание, но го искористува вашето срце.

Лино Червар ќе бара нови сили: Утре прозивка во Битола

14389816_10209075234029480_1927070792_n

Селекторот на македонската машка сениорска репрезентација, Лино Червар ќе прозива во понеделник на 19.IX.2016 година. Место на настанот овој пат е Битола, спортска сала “Младост”.
Целта на овoј собир на играчи само од домашното првенство е откривање и тестирање на новите, идни потенцијални репрезентативци, кои во иднина треба да ги бранат боите на националниот дрес.
press-lino-cervar
Меѓудругото, искусниот стратег ќе изврши и предавање, едукација за тренерите од локалните клубови како РК Прилеп, РК Пелистер и РК Еурофарм Работник, oдносно Томе Петрески, Страшо Илиески, Касим Каменица, Игор Николовски, Кире Поповски, Иван Марковски и Александар Зарков.
Ова е листата на повикани ракометари:
14374653_10209075235149508_1827554864_o

 

Ноќен живот во Прилеп: Спектакуларен настап на “Куку леле” пред прилепчани

[Best_Wordpress_Gallery id=”367″ gal_title=”SeptemvriNoken5″]

Лековита вода тече во Велес, неподвижните ги крева на нозе

Во стариот дел на Велес, близу месноста Долни Дуќани, се наоѓа извор на вода. За неа постои верување или легенда дека е лековита.

izvor_-_01

Велешанецот Ѓорѓи Стефанов заТелеграф.мк раскажува за лековитата моќ на изворот.

– Дојде жена на свои 40-45 години и започна да го уредува местото. Изворот беше обраснат во треви, имаше пијавици. Тие се лепеа за неа, за рацете, нозете, но таа неуморно работеше повеќе дена. Од мене побара штици, ѝ ги дадов за да го уреди кладенецот. Ми раскажа дека се вика Трајанка и дека е од Прилеп. Си имала мака што ја довела тука. И тоа на сон ѝ се јавил глас – раскажува Стефанов за порталот.

Трајанка, според кажувањето на Ѓорѓи, имала син, кој бил легнат в кревет, неподвижен. Таа и нејзиниот сопруг го носеле детето кај разни лекари, но чаре не се нашло. Биле и надвор од земјава, но синот останал да лежи неподвижен.

– Една ноќ на сон ѝ се јавил глас кој и порачал да оди во Велес. Ѝ рекол дека на место помеѓу три цркви и пат кој води веднаш по првата, лево има кладенец. Таа сонот му го раскажала на сопругот, кој не сакал да ја слуша. Тој им верувал на лекарите, не сакал да верува во вакви работи. Жената под влијание на мажот го занемарила сонот. Но, по некое време, сонот пак се повторил. Тоа било знак за Трајанка да го фати првиот автобус за Велес. Благодарение на јасните назнаки од сонот веднаш го пронашла изворот, иако никогаш не била во Велес – објаснува Ѓорѓи.

Повеќе информации и фотографии наТЕЛЕГРАФ.МК

Тепачка помеѓу хулиганите во Белград: Жежок судир помеѓу “Делии” и “Гробари” (ВИДЕО)

screenshot_2-68-640x403

Ново градско дерби, стари навики. Делии и Гробари по кој знае кој пат правеа хаос и се пресметуваа низ Белград пред и после вчерашниот натпревар помеѓу Црвена Ѕвезда и Партизан.

Група од речиси илјада навивачи на фудбалскиот клуб Црвена Ѕвезда се движела кон стадионот на Партизан, кога избила тепачка помеѓу овие две навивачки групи.

Откако дошло до судир полицијата интервенирала и се обидела да ги раздели “завоените” страни.

Пред овој инцидент до судир дошло и во Нов Белград.

 

А.Г.

НАЈЛАДНИОТ РУСИН НА СВЕТОТ: Си седеше и си ја пиеше пијачката додека околу него се случуваше мафијашка пресметка!

untitled

Кафанска тепачка на руски начин, има ли подобро? Момчето од видеото седеше само и пиеше пијачка и си ја гледаша својата работа, а потоа во кафаната влегоа група агресивни луѓе, па започна крвава тепачка со гостите кои седеа на соседната маса.

Реакцијата на овој непознат Русин е неверојатна. Останатите гости побегнаа веднаш, а тој си остана на масата, незаинтересиран за тоа што се случува околу него.

Дали е храбар или луд, одлучете си вие.

ЗАБРЗАНО СЕ „ВРАЌА“ ТРЕСКАВЕЦ

intenzivno_se_zastituva_treskavec

Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј продолжува со заштита на манастирскиот комплекс Трескавец, кој е  споменик на културата од 14 век. Стручните екипи подготвуваат проект за заштита на најстарите и автентични градби, црквата, трпезаријата и магерницата, по извршените истражувања во рамки на археологијата, архитектурата и ѕидното сликарство во црквата и трпезаријата, магерницата,.

Министерството за култура соопшти дека се почнати активностите на конзервација, реконструкција и реставрација на опожарените конаци на Трескавец.

Комплексот Трескавец е значаен културно-историски споменик изграден под Златоврв. Комплексот, кој е подигнат врз постаро култно место, го сочинуваат црквата Успение на Пресвета Богородица, изградена на темелите на ранохристијанска базилика, старата трпезарија, конаците со кулата, камбанаријата над влезот и други помошни згради.

Извор: Неделник Зенит

РЕПУБЛИКА: „Зекири подготвува косовски криминалци за изборни инциденти?“

Мухамед Зекири, висок функционер во опозициската СДСМ, деновиве престојувал на Косово каде се сретнал со лица од криминалното подземје на Косово, а кои поради нивните криминални и насилни активности и се познати и на македонската јавност, пишува Република.

 

1

Во Генерал Јанковиќ Зекири имал средба со косовските државјани Халил Љури, Самиај Ремзи- Мија, Вила Бурим, Шити Нусрет и Шити Емин, сите со дебели криминални досиеја, припадници на криминални екстремни и терористички групации, предизвикувачи на изборни инциденти во повеќе изборни циклуси во Македонија.

Халит Љури е извршител на повеќе кривични дела како разбојништво, насилство и други дела , Самиј Ремзи – Мија неодамна излегол од затвор во Косово, каде лежел заради разбојништво и убиство, додека Шити Нусрет и Емин се роднини на Шити Рамадан, убиен како припадник на терористичка група во село Бродец во полициската операција „Планинска бура“.

2 3 4 5 6

7

Се поставува прашањето, дали средбата на новопечениот висок функционер на СДСМ е во функција на ангажирање на овие криминалци и насилници од опозициската партија во предизборниот период за притисоци и заплашување на албанскиот електорат или нивно ангажирање за предизвикување посериозни инциденти од типот на кумановско Диво насеље, со цел дестабилизација и евентуално одложување на изборите од кои СДСМ сака по секоја цена да избега?

Дали токму ваквите задачи се причината зошто Зекири влезе во СДСМ, наместо во Беса, партнерите на СДСМ, кои му се идеолошки поблиски? Дали Зекири го информирал генералниот секретар на СДСМ при посетата во МВР за средбата со овие лица од криминалното косовско подземје?

10

Зекири е познат по радикалните ставови уште додека глумеше „независен“ новинар, злоупотребувајќи ја позицијата и секоја прилика да ја напаѓа полицијата и државата, отворено застанувајќи во одбрана на обвинетите во случаите како „Монструм“ и „Планинска бура“. Познати се неговите ставови против Израел за која вели дека е терористичка држава, како и неговата поддршка за дивеењето на кејот на Вардар и сквернавењето на споменикот на Цар Душан.

11

12

Притоа, даваше целосна поддршка на СДСМ и на Зоран Заев, преку нарачани интервјуа и пласирање на информации во вестите на албански јазик.

Гимназијата “Мирче Ацев” организираше уште еден успешен хуманитарен настан

14330130_594178070753830_9024617190803371693_n

Младинската Организација при СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп организираше уште еден успешен хуманитарен настан со цел да им се помогне на настраданите семејства од поплавите во Скопје.

Уште еднаш учениците на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп ја покажаа својата хуманост и желба да помогнат таму каде што е најпотребно.

Турнирот во мал фудбал се одржа на ден 16.09.2016(петок) во спортското игралиште на гимназијата. На турнирот учествуваа 20 екипи кои играа по „нокаут“ систем.

14322538_594177777420526_4981959961186156308_n

14330038_594177610753876_5936376444627200748_n

14355669_594178287420475_6701154721547663564_n

14379825_594178037420500_6823333897191247214_o

  • Првото место на турнирот им припадна на екипата „Бразил“
  • Второ место беа „Тигри“
  • Трето место екипата „Фудбалери
  •  За реализација на овој турнир најзаслужен беше секторот за спортски активности при Младинската Организација кој го сочинуваат Стефан Спиркоски, Илија Ристески, Александра Илиеска, Мариа Дисоска, Михаела Трајкоска, Марија Цветаноска, Доротеа Дамјаноска и претседателот Панче Патоски.