дома блог страница 5071

Инвестиција вредна 1.214.000 евра за здравството во Прилеп

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски вчера промовира нови, значајни мерка во здравството.

bolnica_borka_taleski-640x426

Во Прилеп опфаќајки ја oпштата болница и здравствениот дом ќе се набават 161 медицински апарати со проценета вредност од 1.214.000 евра.

-Меѓу нив два нови автоклави, два апарати за анестезија, биполарен ресектоскоп, апарат за ехографија со кардилошка и линеарна сонда, хируршки механизми, апарат со лапароскопија, апарат за ехографија на абдомен, столб за лапароскопија, како и нов доплер за крвни садови и многу други апарати, рече Груевски.

Eве кои се добитниците на 3-то Ноемвриска награда во Општина Прилеп: Честитки од редакцијата на Маркукуле

14877868_10209479855064753_948795230_n

Награди – плакети по повод 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп се доделуваат на: ,,ВАСИДОРА” ДООЕЛ–Прилеп, СОУ,,Орде Чопела“, Радио Холидеј, ООУ „Кирил и Методиј“ од н.м Канатларци, ,,ФУТУРА”, Здруженија на прилепски пранители (Здружение ,,Прилепски Бранители”, Здружение ,,Карпалак”, Здружение на ,,Резервни воени старешини”-Прилеп), „Младински Совет“, „ТРИО-95” ДОО-Прилеп и Народна техника.

Награди – дипломи по повод 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп им се доделуваат на: Цветан Беличански, Илија Нестороски, Горанчо Котески, Дарко Штаргоски, Мери Мирческа, Александар Тодороски-Цандарот, Каролина Мицеска, Миле Јованоски, Дарко Неданоски и Славе Димоски.

Наградата за животно дело по повод З-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп, се доделува на Ѓорѓија Џорџ – Атанасоски за неговиот придонес во општествено-политичкиот, економскиот и културниот развој на Прилеп.

Оваа година се навршуваат точно 72 години од остварувањето на вековните стремежи за национална слобода, еден од најзначајните датуми за македонската престолнина и за градот Прилеп – 3-ти Ноември.

Еколошко-хуманитарна акција „Од народот за народот“, повторно во Прилеп

bc6b6a2ebbe078070adf8e7d4e0b1a784aadd7efd0f9564475pimgpsh_fullsize_distr

По барање на граѓаните на урбаните заедници, повторно ќе биде активиранa Еколошко-хуманитарната акција „Од народот за народот“, се со цел помош на сите оние семејства и поединци кои спаѓаат во социјално ранливите категории. Ќе се донира облека, обувки, мебел и куќни апарати кои се функционални и кои на други семејства ќе им бидат од корист.

05.11.2016 година (сабота) УЗ „Ѓогдере“ и УЗ „Гоце Делчев“

06.11.2016 година (недела) УЗ „Вишне“ и УЗ „Аличаир“

Телефони за пријавување:

070/351-823

048/412-000

Емотивно видео: Пронашол новороденче на патот кон работа, снимката стана хит на интeрнет

Несекојдневна емотивна приказна ни доаѓа од сојузната држава Јалиско во Мексико.

bebe-gif-700-768x395

Едно обично саботно утро Раул Марин Сеја пешки тргнал кон работа, меѓутоа, се случило нешто што во целост му го променило животот. Сеја на патот пронашол штотуку  родено бебе, замотано во ќебенце, со остаток од папочната врвка.

Веднаш повикал Брза Помош и бебето било пренесено во најблиската болница. Иако било фрлено на земја, докторите за цела среќа потврдиле дека во целост ќе закрепне.

Потпечен компир со колбаси

kompir-kolbasi-600x396

Компирот можете да го подготвите на разни начини, но ова е еден од најдобрите…

Состојки:

  • 1 килограм компири
  • 50 грама колбаси
  • 200 грама кромид
  • 300 грама морков
  • 1 децилитар масло
  • Сол
  • Магдонос – ситно исечкан

Подготовка:

  1. Исчистениот компир исечете го на тенки парчиња;
  2. Ситно исечкајте го и кром идот, морковот и колбасите;
  3. Додадете малку масло и сол, па се добро промешајте;
  4. Исечените колбаси и зеленчукот ставете ги на тепсија премачкана со масло;
  5. Ставете да се пече 50 минути на 190 степени;
  6. Јадењето е готово кога компирот ќе омекне. На готовото јадење наросете ситно исечкан магданос.

Министерството за култура ја укина забраната на ЗАМП

Министерството за култура донесе Решение за запирање од извршување на Одлуката на Собранието на ЗАМП со која се забранува емитување на авторски музички дела по пат на радиодифузно емитување.

received_10209478484270484

Соопштението на Министерството го пренесуваме во целост

Министерството за култура, во согласност со својата законска надлежност утврдена со Законот за авторското право и сродните права, по извршниот надзор над Одлуката на Собранието на ЗАМП бр. 493-1-0201 од 19.09.2016 година, донесе Решение за запирање од извршување на Одлуката на Собранието на ЗАМП со која се забранува емитување на авторски музички дела по пат на радиодифузно емитување.

Од надзорот на Министерството за култура над Одлуката на Собранието на ЗАМП се констатираше дека Одлуката не е во согласност со одредбите од Законот за авторското право и сродните права.

Во согласност со член 157 став 1 од Законот, доколку во спроведување на надзорот над актите на организацијата за колективно управување Министерството за култура оцени дека општ или поединечен акт не е во согласност со Законот, статутот, односно договорот за основање, со решение ќе го запре од извршување и ќе поведе постапка пред надлежниот суд за оцена на законитоста на актот.

Решението на Министерството со кое Одлуката на ЗАМП се запира од извршување влегува во сила со денот на донесувањето.

Во оваа прилика уште еднаш потсетуваме дека авторите на музички дела имаат право преку соодветната организација за колективно управување или индивидуално да забранат користење на нивните дела, но на начин и под услови кои се во согласност со Законот за авторското право и сродните права.

 

Гимназијалците од “Мирче Ацев” во посета на македонската Опера и балет

1810

Прилепските гимназијалци повторно ја посетија Македонската опера и балет. Овојпат имаа можност да ја проследат операта „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини. Операта со комично либрето, прекрасна сценографија, костимографија и професионална изведба предизвика посебен интерес кај  учениците.

sevilskiot-berber

1814

1804

1806

 

ВИДЕО: Прав мајстор – Погледнете каков гол Несторовски му даде синоќа на Каљари во Серија А

ilijanestorovskiucsampdoriavcittadirambymweexdl

Несторовски намали на 2:1 во 76 минута на гостувањето кај Каљари.

Иле го постигна 5-от погодок во Серија А, а неговиот клуб Палермо има вкупно 8 погодоци.

 

 

Забранет влез за трезни: Отворен првиот бар за пијани луѓе

studenti-pijani-foto-thinkstock-1450913492-810523

Во Амстердам е отворен првиот „бар за мамурлак“, ќе работи од петок до недела, а за да влезете потребно е да пројдете на алко тест.

На влезот на иновативниот ланч бар ќе ве дочекаат „инспектори“ кој со алко тест ќе проверат дали имате алкохол во крвта, а ако влезете ве чека се она што е потребно за добар одмор од пиењето, како што се витамини, игри, телевизија во кревет, свеж воздух.

-Добар душек, добра храна, забава и многу витамини е се што ви треба за добар одмор од пиењето, вели Џоп Вербунт, еден од мозоците на овој проект.

Мора да се напомене дека во овој бар не се точи алкохол.

 

НЕСТОРОВСКИ НЕ ЗАПИРА: Продолжуваат да се тресат мрежите во Сериа А

ilija-nestorovski-535x300-1474546915

И покрај тоа што Палермо не победува, а вечерва го забележа и четвртиот пораз во низа, нашиот Иле не се откажува и се обидува со крајни напори да му донесе нови бодови на тимот од Сицилија.

Палермо беше поразен на гостувањето кај Каљари со 2:1, а Несторовски го постигна својот 5-ти погодок во италијанската Сериа А.

“Нестор гол” не запира! Со оваа извонредна низа на погодоци, како и неверојатна форма со која располага, со сигурност дополнително ќе го привлече вниманието на останатите клубови низ Италија.

Само напред Иле!

Сите се гордееме!