Емотивно видео: Пронашол новороденче на патот кон работа, снимката стана хит на интeрнет

Несекојдневна емотивна приказна ни доаѓа од сојузната држава Јалиско во Мексико.

bebe-gif-700-768x395

Едно обично саботно утро Раул Марин Сеја пешки тргнал кон работа, меѓутоа, се случило нешто што во целост му го променило животот. Сеја на патот пронашол штотуку  родено бебе, замотано во ќебенце, со остаток од папочната врвка.

Веднаш повикал Брза Помош и бебето било пренесено во најблиската болница. Иако било фрлено на земја, докторите за цела среќа потврдиле дека во целост ќе закрепне.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.