дома блог страница 5072

ОСТРОВ НА СМРТТА: Копале дупка за да пронајдат богатство а таму ги дочека пекол (ФОТО)

potraga-za-blagom-oak-island-4-660x330

Постојат многу приказни за острови  со скриени богатства, но ретки се луѓето кои ќе соберат храброст и ќе се обидат да ги откријат богатствата. Така е и со Храстовиот остров на кој луѓето кои барале богатство за секогаш останале таму.

Потрагата започнала во далечната 1795 година кога 18 годишниот Даниел Мекгинис видел светлина од  насоката каде се  наоѓа островот. На средината на островот пронашол дупка. Се вратил воодушевен а потоа со пријателите  Џон Смит  и Ентони Воганем повторно тргнал во авантура.

Кога се спуштиле во дупката на островот започнале со копање. На секои три метри пронаоѓале нешто ново а тоа за нив биле знаци дека во дупката има нешто вредно.

potraga-za-blagom-oak-island-3

Оваа вест стигнала и до локалните весници, па после овие момчиња дупката ја посетиле луѓе од компанијата “Onslov Company”. Тие на 27 метри длабочина пронашле карпа со необичен симбол.

Новиот обид се случил во 1961 година од страна на компанијата “Turo”. Вработените во оваа фирма  копале дупка, а потоа се случил пекол- дното се рушило и тогаш се случил првиот смртен случај.

4

Во 20 век се случиле уште 4 смртни случаи, па никој  уште нема откриено што се наоѓа на мистериозниот остров.

Постојат различни верувања. Едни веруваат дека таму се наоѓаат Шекспировите дела, други дека таму се наоѓа масонското богатство а трети дека таму се наоѓаат драгоценостите на Марија Антоанета.

 

Ф.Г.

Тимот во “Counter Strike GO” на прилепчанецот Димитар Андоноски го освои Балканот

14875027_1589971417696700_885468658_n

Tимот “Levelone” во кој покрај прилепчанецот Димитар Андоноски (NVD), членуваат уште и Анел Цековиќ (NENO), Семих Камил (osama), Јован Деребаноски (N1GHTMARE)  и Кристијан Куковски (KiLLerA), го освои првото место на балканскиот турнир во Приштина.

Во саботата во полуфиналниот меч, во амфитеатарот “TEATRI ODA”, пред 200 гледачи и повеќе од 500 луѓе кои мечот го следеле онлајн, нашите момци победија со 2:0 во мапи против домашниот тим “KOSOVA5”.

Наредниот ден во големото финале, македонските кантерџии на истата локација победија со 3:0 против “GameZone.

14877662_1589972991029876_254678924_n

“Каизен ММА Акдемија” од Белград ги претстави своите техники пред прилепските борци

14914912_1143054499063695_604445515_n

Во Прилеп се одржа семинар за микс боречки вештини – ММА, каде главен  инструктор беше Марк Лајхнер. Прилепските борци од клубот “Максам Фајт” задоволни од прикажаното при што  имаа што да научат.

14877157_1143053805730431_793957673_n

“Целта на овој семинар беше промоција на ММА спортот, едукација на членови, борци и тренери. Инструкторот Марк Лајхнер презентираше и демонстрираше дел од своето големо искуство. Беа обработени неколку техники, варијации, дрилови, спаринг борби. Семинарот помина во најдобар ред, а учесниците беа задоволни од прикажаното. Ние како организатор и домаќини на семинарот сме презадоволни од гостувањето на Марк Лајхнер и од сите учесници. Договорена е понатамошна тесна соработка со “Каизен Академијата” во Белград. Наши членови-натпреварувачи, тренери, ќе одат на тренинг и обука во Белград, заеднички тренинзи и спаринг борби, припреми за следни борби, а сето тоа ќе се одвива по договор и под водство на инструкторот Марк Лајхнер, кој повторно ќе дојде во Прилеп за следни семинари”, изјавуваат од прилепскиот клуб “Максам Фајт”.

14872533_1143054549063690_873957652_n

ФОТО: Славната актерка и на 51 година е секс бомба

dkhfhgsdgdsfgdf

Британската глумица и манекенка Елизабет Харли неодамна наполни 51 година, но од фотографиите во бикини која таа редовно ги споделува на социјалните мрежи можеме да забележиме дека изгледа далеку помлада.

Харли има своја линија на костими за капење, а таа сама впрочем е најдобар промотер на истата, објавувајќи фотографии од најновите модели додека ги носи во своето перфектно обликувано тело.

А кога ќе и здосади од костими популарната Британка се соблекува потполно гола и позира во када.

Нешто такво се случи и овојпат кога манекенката на Инстаграм објави фотографија во секси издание кое што за неколку часа собра повеќе од 15 илјади лајкови од фановите што ја следат.

2 3

 

Ни се приближува голем астероид: Научниците откриваат колку е опасно

asteroid-e1440197686258-600x368-1

Голем астероид вечерва многу ќе и се приближи на Земјата.

За среќа нема да удри во нас, а научниците се прилично сигурни во ова. Ова е откриено со помош на новата алатка на НАСА со која се откриваат потенцијално опасните астероиди.

 

Алатката е компјутерската програма “Скаут”, а тестирана е во лабораторијата на НАСА во Калифорнија.

НАСА има неколку телескопи кои го скнираат небото барајќи објекти. Со помош на новата програма може да се процени, кои од тие објекти се опасни.

Ф.Г.

 

ВИДЕО: Дали се сеќавате ? Беше најсилното дете на светот, а сега…

richard-sendrak-1-620x350-620x330

Како дете од 8 години имаше тело подобро од половина од бодибилдерите во Америка, но сега 15 години покасно изгледа многу поразлично.

Ричард Сендрак беше најсилното момче на светот пред 15 години. Вежбал секој ден со својот татко и изгради тело кое ретко се гледа.

Сепак по 15 години тој се занимава со друга работа и неговото тело не изгледа толку добро.

herkules-2

Сега има 23 години има брада, долга коса и не е повеќе “Херкулес”.

 

ВИДЕО: До каде може да оди технологијата? Создаден е робот кој се поти кога ќе се загрее

screen_shot_2016-10-16_at_2-29-33_pm

Роботите и луѓето од сега имаат уште една заедничка карактеристика, се загреваат и се се потат кога вежбаат. Роботот со име “Кенгур”, кој  го направиле научниците од Универзитетот во Токио, опремен е со систем за лачење.

Како што му служи потењето на човечкиот организам за разладување, така и Кенгур започнува да се поти кога прави склекови. На тој начин го разладува погонскиот систем и спречува моторите да прегорат, како што можете да видите во ова видео.

Ф.Г.

Ќерката на Цеца станува пејачка: Ова ќе биде нејзиното уметничко име

1

Анастасија често објавува видеа на кои ги пее познатите хитови на својата мајка, но и на други познати пејачи.

-Во потрага сум по две песни кои Таша ќе ги пее. Ќе бидат во современ и брз ритам. Сите дома го слушаме новиот албум на Ана Николиќ и тој е добра насока за Таша, рече Цеца.

https://www.instagram.com/p/BBqrZScMZuy/

 

Старец пронашол 95.000 долари кои неговата жена со години ги криела: Нејзината причина добро ќе ве насмее!

pariiiii-85003

Стар брачен пар живеел заедно 50 години, и никогаш не постоело никаков сомнеж дека едниот крие нешто од другиот… Но работите биле малку поинакви.
Имено, сопругата од својот маж барала никогаш да не отвара една кутија за чевли која стоела на горната полица од нивниот ормар.
Нејзиниот маж ја послушал и никогаш не ја погледнал содржината на мистериозната кутија. Но, еден ден неговата сопруга се разболела и одлучила да му открие една тајна на својот маж и побарала да ја однесе во болница.
Кога се вратил дома тој ја пронашол кутијата и ја отворил. Во неа имало две плетени кукли и купче со пари во износ од 95.000 долари!
kuklii
Но зошто? Како?- шокирано се прашувал нејзиниот маж. Пред да се венчаме мојата баба ми раскажа една приказна и ми даде совет кога и да се расправаме да не бидам лута и да не се расправам, туку да седнам и да почнам да ткаам кукла. Тоа ќе ме смири.
Старецот доживеал шок. Во старата кутија се наоѓале само 2 кукли. Тоа значело дека за сите тие години таа само 2 пати била лута на него. Цврсто ја прегрнал и ја прашал – А од каде ти се сите овие пари?
„Ах…да“ – рекла со насмевка на лицето…„Тие пари ги добив од продавање на кукли.”

Овие рибари уловиле необично чудовиште со огромна уста

cudoviste-620x330

Огромното суштество кое беше фатено во мрежите долго е 5 метри, тешко околу еден тон, а припаѓа на видот кој е откриен пред 40 години.

Овој вид на ајкула живее во водите покрај Јапонија, Тајван и Филипините, а се храни со планктони.

Може да порасне до неверојатни димензии, плива обично со отворена уста на длабочина од 600 метри.

untitled

Ф.Г.