НЕСТОРОВСКИ НЕ ЗАПИРА: Продолжуваат да се тресат мрежите во Сериа А

ilija-nestorovski-535x300-1474546915

И покрај тоа што Палермо не победува, а вечерва го забележа и четвртиот пораз во низа, нашиот Иле не се откажува и се обидува со крајни напори да му донесе нови бодови на тимот од Сицилија.

Палермо беше поразен на гостувањето кај Каљари со 2:1, а Несторовски го постигна својот 5-ти погодок во италијанската Сериа А.

“Нестор гол” не запира! Со оваа извонредна низа на погодоци, како и неверојатна форма со која располага, со сигурност дополнително ќе го привлече вниманието на останатите клубови низ Италија.

Само напред Иле!

Сите се гордееме!

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.