дома блог страница 5

Уште една причина за гордост: Прилепските ортопеди успешно изведоа две сложени операции!

Уште една убава вест за прилепското здравство и уште една потврда дека стручноста, посветеноста и континуираното усовршување носат нови можности за пациентите од Прилеп и поширокиот регион.

На Ортопедско-трауматолошкото одделение при Општата болница со проширена дејност – Прилеп успешно беа изведени две сложени хируршки интервенции со современи минимално инвазивни техники, кои за првпат се применуваат во оваа здравствена установа. Ова претставува значаен чекор напред во развојот на ортопедската хирургија во Прилеп и проширување на можностите за лекување на пациентите поблиску до својот дом.

Станува збор за две оперативни процедури кои бараат високо ниво на стручност, прецизност и тимска работа.

Првата е артродеза на скочниот зглоб, хируршка интервенција која се применува кај пациенти со напредната артроза и сериозно оштетување на зглобот. Нејзината цел е да се постигне стабилност, да се намали хроничната болка и да се подобри функционалноста на екстремитетот.

Втората интервенција е ретроградна остеосинтеза на бутната коска, современа оперативна метода за лекување скршеници во долниот дел на коската, со која се овозможува стабилна фиксација на коскените фрагменти и се создаваат услови за нивно правилно зараснување.

Она што ги прави овие интервенции особено значајни е примената на минимално инвазивен пристап, со поставување специјални импланти во внатрешниот канал на коската. Оваа техника овозможува подобро зачувување на околните меки ткива и помала оперативна траума, а во зависност од повредата и состојбата на пациентот, може да придонесе и за полесно постоперативно закрепнување.

Но, зад секоја ваква интервенција стојат знаење, искуство, одговорност и тим кој секојдневно работи за здравјето на пациентите.

Успешното воведување на новите оперативни методи е резултат на стручноста, посветеноста и континуираното усовршување на медицинскиот тим на Ортопедско-трауматолошкото одделение. Со тоа, прилепската болница ги проширува своите капацитети за лекување на сложени скршеници и сериозни дегенеративни заболувања на зглобовите.

Особено значајно е тоа што со воведувањето на овие процедури се отвораат нови можности пациентите да добијат современ хируршки третман во Прилеп, без потреба за упатување во друг медицински центар за интервенциите што отсега ќе можат да се изведуваат во локалната здравствена установа.

За пациентите, ваквите чекори значат повеќе можности за лекување поблиску до семејството, а за прилепското здравство – уште една потврда дека со вложување во знаењето и современите медицински методи може постојано да се напредува.

На првите пациенти кај кои беа применети новите оперативни техники им посакуваме брзо, успешно и целосно закрепнување!

Честитки за медицинскиот тим на Ортопедско-трауматолошкото одделение при прилепската болница за овој значаен професионален успех, со желба ваквите позитивни вести од прилепското здравство да станат сè почести.

Крушево доби ново возило за собирање и транспорт на комунален отпад

Општина Крушево продолжува со вложувањата во подобрување на комуналните услуги. Општината и комуналното претпријатие отсега располагаат со ново возило за собирање и транспорт на комунален отпад, со кое се очекува унапредување на услугите и одржувањето на јавната хигиена.

Информацијата ја објави градоначалникот на Општина Крушево, Нико Чонески, кој посочи дека набавката е уште еден чекор кон создавање почиста, поуредна и поздрава животна средина за сите граѓани.

„Со новото возило за собирање и транспорт на комунален отпад, правиме уште еден чекор кон почиста, поуредна и поздрава општина. Продолжуваме да вложуваме во подобри комунални услуги и поквалитетни услови за живот на сите наши сограѓани“, порача Чонески.

Ова е уште една инвестиција во општинските капацитети, откако пред само неколку дена градоначалникот информираше и за набавката на нов мини ровокопач-натоварувач со комплетна опрема, наменет за поефикасно извршување на комуналните активности и одржување на локалната инфраструктура.

Со новата механизација и возило, Општина Крушево ги зајакнува капацитетите за извршување на комуналните работи, со цел подобри услуги и поквалитетни услови за живот во Крушево и населените места.

Петра Лукароска распали за ветените, а нереализирани проекти на годишнината од мандатот

На денешен ден пред точно една година, Дејан Проданоски беше избран за градоначалник на Општина Прилеп. Граѓаните поверуваа во неговите предизборни ветувања за кои тогаш, исто како и денес, тврдевме дека се обична манипулација и список на желби на Проданоски и ДПМНЕ, а не изборна програма заснована на реални проекти – истакна на денешната прес конференција, претседателката на ОО СДСМ Прилеп, Петра Лукароска.

Прес конференцијата во целост за пренесуваме во продолжение:

• Уредување на речното корито, изградба на кејски ѕидови, пешачки патеки и поставување урбана опрема во должина од 4 и пол километри на Градска река;

• Враќање во функција на Универзална сала и сала „Македонија“ и изградба на нова спортска сала со 2.000 седишта на местото од „Соколана“;

• Изградба на спортско-рекреативен парк од 30.000 метри квадратни кај с.Волково и адреналински парк кај Старо Лагово, со скејт-парк, крос и картинг патеки;

• Реконструкција на улицата „Александар Македонски“ од раскрсницата „Чумовчани“, до село Ново Лагово;
• Изградба на обиколници „Исток“ и „Запад“;

• Комплетна реконструкција на театарот „Војдан Чернодрински“;

• Изградба на мост и пробивање на улицата „Победа“, како и кружен тек на мостот „Табана“;

• Нова детска градинка во населбата Рид;

• Изработка на нов Генерален урбанистички план и Детални урбанистички планови за делови од градот и населените места;

• Комплетно инфраструктурно уредување на нова населба „Градина“ на просторот на поранешните оранжерии;

• Изградба на кружни текови во населбата „Димо Наредникот“ и кај новата автобуска станица, како и нови катни гаражи;

• Изградба на трговски центар со забавен парк кај некогашната фабрика „Металец“

• Реконструкција и проширување на локалните патишта Тополчани-Канатларци, Мало Коњари-Кадино село, Бешиште-Полчиште.

Ова е само дел од големата и бесрамна изборна лага на Проданоски и ДПМНЕ. Огромни ветувања, никаква реализација.
Она коешто прилепчани го добија од новата општинска власт е продолжување на вртоглавиот пад и назадување на градот и населените места започнато од неговиот претходник, и тоа во секој сегмент од општественото живеење.
Нечист град потонат во темница, улици-ораници, јавни претпријатија заглавени во долгови, уништен спорт, затворен театар, загадена животна средина.

Добивме нетранспарентна локална власт, нефункционален општински Совет, незаинтересиран градоначалник за потребите и проблемите на граѓаните. Градоначалник неспособен да ги менаџира тековните обврски, кој ја манипулира јавноста, бега од советнички прашања но не и од прошетки по светот со општински пари.

Малку е да се каже дека граѓаните на општина Прилеп се разочарани од работењето, односно неработењето на градоначалникот Дејан Проданоски.

Едноставно речено, градоначалник кој располага со општински буџет „тежок“ 40 милиони евра, има обврска градот да го направи урбана средина со силна економија, развиен културно-општествен и спортски живот, општина во која младите луѓе ќе ја градат својата иднина.

Во овој момент Прилеп е далеку од сето тоа, најмногу по вина токму на Дејан Проданоски.

Ексклузивно: Дали двократен европски шампион ќе гостува во сала со пола расипани рефлектори и соблекувални без бојлер?

Ракометарите на РК Прилеп, во недела (25.10.), во рамките од осмото коло од Супер лигата, ќе го пречекаат двократниот европски шампион – екипата на РК Вардар.

Ако вардарци се навикнати да играат натпревари на големата сцена во спортски сали кои се вистински храмови, осветлени со стотици рефлектори, а така е и во голем број градови ширум државава, во Прилеп ќе ги пречека полутемна сала, а и соблекувални без бојлер?

Ова е она што го дознаваме од спортските работници и спортистите во Прилеп, кои со овој апел се надеваат дека раководството во СОУ “Ристе Ристески- Ричко” ќе смогне сили, и до недела ќе ја дотера салата за гостувањето на црвено-црните.

За пофалба, неодамна слична состојба со осветлувањето имаше и во ООУ “Добре Јованоски”, каде директорката експресно реагираше, па преку ноќ расипаните рефлектори беа сменети, а кошаркарите од Мега Баскет добија нормални услови за одигрување натпревари и обавување на своите тренинзи.

Кривогаштани најавува ослободување на самохраните родители од партиципација за градинка и 10.000ден. за секое новороденче

Во Мултимедијалниот центар Кривогаштани денес се одржа настан по повод Меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата, под мотото „Мали чекори создаваат големи промени“.

Во своето обраќање, градоначалникот на Општина Кривогаштани, Игор Каравилоски, ја нагласи важноста на соработката помеѓу институциите, невладиниот сектор и здруженијата на граѓани. Притоа, најави иницијативи за дополнителна поддршка на семејствата, со посебно внимание на самохраните родители и семејствата со новороденчиња.

Градоначалникот најави дека во следниот период ќе побара од Советот да се донесат одлуки за ослободување на самохраните родители од плаќање партиципација во детската градинка „Весело штркче“, во објектите во Кривогаштани и Обршани. Месечната партиципација сега изнесува 1.490 денари по дете, и е една од најниските во државата. Целта на иницијативата е да се намали финансискиот товар за овие родители и да им останат повеќе средства за другите потреби на нивните деца.

Воедно, за 2027 година беше најавено обезбедување повеќе средства во општинскиот буџет за еднократната помош за новороденчиња. Градоначалникот ќе побара од Советот да се зголемат сегашните износи. Помошта во моментот изнесува 6.000 денари за новороденче, а со посебна одлука е предвидена помош од 10.000 денари за новородено дете чија мајка е регистриран земјоделец.

Во освртот на реализираните активности, најпрво беше истакната соработката со Здружението „Центар за развој и едукација“ од Прилеп. Преку ова партнерство се обезбедуваат услугата „Помош и нега во домот“, бесплатни услуги од физиотерапевт и психолог, како и можност за логопедска поддршка. На располагање на жителите на општината е и Центарот за дневен престој на стари лица со активно стареење во Прилеп, а во тек се активности за воспоставување дневен центар за лица со попреченост со индивидуален третман, за подрачјето на Кривогаштани и Прилеп.

Преку проектот „ТРАНСАКТ“, во соработка со здружението, беа поделени и повеќе од 150 хуманитарни пакети со основни прехранбени производи и средства за хигиена за сограѓани во социјален ризик.

Во обраќањето беше нагласено дека поддршката треба да биде навремена и достапна, со почит кон достоинството на секој човек. Градоначалникот им се заблагодари на партнерските организации, установите, негувателите, стручните тимови, граѓаните и донаторите за нивниот придонес во помошта за луѓето на кои им е потребна.

Розов Октомври: Зад секоја дијагноза има приказна

Ракот на дојка не е само медицинска дијагноза. Тој отвора прашања за иднината, ги менува приоритетите и влијае врз животот на жената, но и врз луѓето што се дел од нејзината приказна.

Во таквите моменти, покрај точните информации и соодветното лекување, важни се и поддршката, разбирањето и чувството дека постои некој со кого може да се споделат стравовите и неизвесноста.

Токму затоа, Розов Октомври е повеќе од месец обоен во розово. Тој е потсетник дека зад секоја дијагноза на рак на дојка стои личност, семејство и приказна што заслужува внимание, поддршка и пристап до соодветна здравствена грижа.

Промените не треба да се игнорираат

Светската здравствена организација во 2026 година ја истакнува пораката „Секоја приказна е посебна, секој пат е важен“, со фокус на навремената дијагноза, квалитетното лекување и поддршката за лицата што се соочуваат со болеста.

Раното откривање и навременото поставување дијагноза се важни чекори во грижата за здравјето на дојките. Затоа е важно да го познавате своето тело и да обрнете внимание на промените што претходно не сте ги забележале.

Редовните лекарски прегледи и соодветните скрининг-прегледи, според возраста и индивидуалниот ризик, се важен дел од грижата за здравјето. Доколку забележите невообичаена промена, не го чекајте следниот рутински преглед за да се консултирате со лекар.

Навремената грижа е важна во секој чекор

Патот од првото сомневање до дијагнозата и лекувањето може да изгледа различно за секоја жена. За некого, тоа значи брза реакција по забележана промена; за друг, период на испитувања, неизвесност и потреба од дополнителна поддршка.

Затоа грижата не завршува со еден преглед. Важно е да постои пристап до соодветни медицински консултации, дијагностички испитувања и понатамошно лекување, кога тоа е потребно. Исто толку значајни се разбирањето, поддршката од блиските и чувството дека лицето не мора само да се справува со сите предизвици.

Подигнувањето на свеста за ракот на дојка значи и да разговараме отворено за овие теми, да споделуваме проверени информации и да ги охрабруваме жените да побараат медицински совет без одложување.

ОБД Минт Инс – Приватното здравствено осигурување како дел од грижата за себе

Грижата за здравјето подразбира и навремено размислување за пристапот до здравствени услуги. Приватното здравствено осигурување може да биде една од опциите што вреди да се разгледаат при планирањето на личната и семејната здравствена заштита.

Преку ОБД Минт Инс, можете да ги разгледате понудите за приватно здравствено осигурување од различни осигурителни компании и да споредите решенија според Вашите потреби.

На патот од првото сомневање до дијагнозата и понатамошното лекување, пристапот до соодветни здравствени услуги има значајна улога. Информираноста за достапните можности, навременото барање лекарски совет и разбирањето на условите за здравствена заштита се дел од одговорното планирање на грижата за себе.

Розов Октомври е потсетник што треба да трае цела година

Свеста за ракот на дојка не треба да трае само во октомври. Таа треба да се претвори во навика да се грижиме за себе, да не ги игнорираме промените, да ги следиме препораките на здравствените професионалци и да им бидеме поддршка на оние што минуваат низ тешки здравствени предизвици.

Секоја приказна е различна, но потребата од навремена и квалитетна здравствена грижа е заедничка. Овој Розов Октомври, направете простор за сопственото здравје и потсетете ги жените околу Вас дека не треба да ја одложуваат грижата за себе.

ОБД Минт Инс – информирајте се, споредете ги можностите и изберете приватно здравствено осигурување според Вашите потреби.

За повеќе информации, контактирајте нè на 15 107,  [email protected], или во една од нашите филијали низ државата.

Регулаторна одлучи: Од полноќ дизелот повторно ќе биде поскап од бензинот

Регулаторната комисија ги намали цените на бензините за 2,50 денари за литар, додека дизелот и екстра лесното масло поскапуваат за 2 денари.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 96 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 98 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ поскапува на 99 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 110,50 денари за литар.

Новите цени се утврдени во однос на претходната одлука од 13 октомври

Стоби Флипс со нов изглед и истиот препознатлив крцкав вкус (Фото/Видео)

По речиси 50 години препознатлив изглед, Стоби Флипс, најпознатиот и најпродаваниот производ на Витаминка, добива редизајнирано пакување, освежено во духот на современото време. Промената го задржува она што со децении е дел од неговата препознатливост, а оригиналниот вкус што го познаваат генерации потрошувачи, останува непроменет.

Во основата на редизајнот е идејата да се зачуваат корените и наследството на Стоби Флипс, а тие истовремено да добијат современ израз. Минатото и иднината се надоврзуваат едно на друго, она што со децении го прави производот препознатлив останува цврста основа, додека новиот изглед внесува свежина и го доближува Стоби Флипс до новите генерации.

Од оваа идеја произлегуваат и промените во дизајнот. Задржани се препознатливите елементи, меѓу кои и црвената боја, но тие се претставени на посвеж и посовремен начин. Освежено е и логото, а поголем акцент е ставен на главните карактеристики на производот – печени кикиритки, сончогледово масло и подготовка без пржење.

Врската со минатото му дава дополнително значење на новиот изглед. Стоби Флипс е дел од спомените и секојдневието на повеќе генерации, а редизајнот има цел да го зачува тоа чувство на блискост, без производот да остане визуелно врзан за едно време. Препознатливото крцкање и вкусот што многумина го поврзуваат со детството остануваат исти, додека изгледот се освежува во согласност со денешните трендови.

Промената ќе биде проследена со кампањата „Новиот изглед си крцка!“, која на едноставен начин ја пренесува суштината на редизајнот, нов изглед, истиот добро познат вкус.

Редизајнираното пакување постепено ќе биде достапно во продажната мрежа низ земјата.

Собранието ја донесе одлуката за продолжување на кризната состојба за нафта и нафтени деривати

Собранието денеска во рамки на 126. пленарна седница ја донесе одлука за продолжување на кризната состојба за уште шест месеци заради можноста за настанување на пореметување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати.

Со одлуката кризната состојба се продолжува до 20 април 2027 година.

Во рамки на 126. седница, пратениците ги донесоа и Законот за државна ревизија и одлуката за испраќање припадници на АРМ во меѓународната мисија Алтеа во Босна и Херцеговина.

Собранието го избра и Александар Наумовски, професор на Економскиот факултет во Скопје, за надворешен комисионер во Комисијата за хартии од вредност.

Собранието продолжува со работа по 125. пленарна седница.

Историски чекор за културната соработка меѓу Македонија и Кина – потпишан Меморандум на соработка со JFF Битола и SPAF и CSIAF 2026 од Кина

Пред бројни делегации, уметнички директори, претставници на водечки светски фестивали и дипломатски претставници од целиот свет, беше потпишан Меморандум за разбирање, соработка и размена помеѓу Џез фактори фестивалот од Битола и Кинеските партнери на конференцијата на SPAF и CSIAF 2026 во Шангај.

Официјалната церемонија на потпишување се одржа во преполната сала на конференцискиот центар „Њу Бунд 31“ во Шангај, со голем медиумски интерес и громогласен аплауз од присутните делегати. Овој чин претставува пресвртница и отвора сосема нова ера на културна дипломатија, уметничка размена и долгорочно стратешко партнерство.

Меморандумот го потпиша директорот на Џез фактори фестивалот, професорот Сашо Поповски, а покрај него и директорот на Џез фестивалот во Петровац, Црна Гора, Винко Михајловиќ, како и претставникот на Џез фестивалот во Албанија, Јилјет Аличка.

„Преку потпишување на овој важен документ за разбирање, соработка и размена, отвораме нови можности за меѓународно културно поврзување. По 3 години членство во меѓународната културна мрежа на Патот на свилата, продолжуваме да градиме мостови на пријателство преку културата и уметноста“, изјави директорот Сашо Поповски и додаде:

„Посебен акцент во нашата презентација оваа година ставивме на Националната џез-платформа на Македонија, нејзината улога во развојот, поврзувањето и промоцијата на македонската џез-сцена, како и на можностите за унапредување на соработката со кинеските културни институции, фестивали и музичари. Во рамките на нашите активности, посебно внимание посветивме и на можностите за академска соработка и универзитетска размена, преку поврзување на Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип со сродни високообразовни институции во Кина. Целта е да се отворат нови перспективи за размена на студенти и професори, заеднички едукативни и уметнички проекти, работилници, мастер-класови и истражувачки активности во областа на џезот и современата музика. Веруваме дека ваквите академски партнерства ќе придонесат кон унапредување на музичкото образование, меѓународната мобилност и долгорочното поврзување на македонската и кинеската музичка и академска заедница“.

Посебно место во презентацијата имаше и едукативната програма Jazz Factory for Kids, преку специјалниот проект:
„Jazz Bridges for Inclusive Futures – A European Model for Music, Diversity and Intercultural Collaboration“.

Проектот ја истакнува моќта на музиката како универзален јазик што ги поврзува децата, ги поттикнува инклузијата и креативноста и создава простор за прифаќање на различностите и меѓукултурен дијалог.

Важен дел од активностите во Шангај беа и подготовката за јубилејното, 10-то издание на Џез Фактори Фестивал Битола, кое ќе се одржи од 13 до 18 април 2027 година.

Screenshot

Потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу „Џез фактори фестивал“ од Битола и China SPAF претставува значаен чекор кон унапредување на меѓународната културна соработка, размена на уметнички искуства и создавање нови можности за поврзување на македонската и кинеската културна сцена. Значењето на овој меморандум не се сведува само на формално воспоставување партнерство меѓу два фестивала, туку се согледува и во можноста за долгорочна соработка, меѓусебна промоција и развој на нови културни иницијативи. Преку ваквите партнерства и Битола добива можност да ја зајакне својата позиција како град на културата, музиката и меѓународниот уметнички дијалог.

Преку соработката со China SPAF (China Shanghai International Arts Festival – Performing Arts Fair), „Џез фактори фестивал“ добива можност за поврзување со меѓународни фестивали, културни организации и професионалци од областа на изведувачките уметности. Ова партнерство е значајно за промоцијата на македонските џез-музичари, нивното вклучување во меѓународни програми и создавањето можности за настапи, гостувања и нови уметнички проекти. Преку сето ова се создава основа за

  • гостувања на кинески музичари на фестивалот во Битола;
  • претставување на македонски џез-уметници на фестивали и културни настани во Кина;
  • организирање заеднички концерти, музички резиденции и интеркултурни проекти;
  • реализација на мастер-класови, работилници и едукативни програми за млади музичари;
  • размена на професионални искуства во организацијата и продукцијата на меѓународни фестивали.
  • Преку гостувања на странски уметници, медиумска промоција и презентација на градот пред меѓународната публика, се создаваат можности за афирмација на Битола како културна и туристичка дестинација.
Screenshot

Првите конкретни проекти и гостувања веќе се најавени за претстојната фестивалска сезона и Џез фактори фестивалот наредната година. Со овој важен чекор се потврдува дека културата е мост кој ги спојува земјите, а Битола важен фактор и центар на меѓународната соработка.