дома блог страница 374

“Враќај се и организирај, пепел остана” – Ристески објави фотографија на “Пивофест”, граѓаните му испратија јасна порака (ФОТО)

Фестивалот на скарата и пивото во Прилеп – популарниот “Пивофест”, не може да се замисли без присуство на човекот во чие време истиот стана бред на градот под Марковите Кули. Можеби не го измисли, но додека Ристески беше на чело на локалната самоуправа, “Пивофест” стана масовна манифестација која во Прилеп носеше и по 300-400 000 посетители во четирите фестивалски денови.

На сцената во тие години настапија имиња како: Цеца, Дино Мерлин, Жељко Јоксимовиќ, Лепа Брена, Здраво Чолиќ, Северина, огромен број други познати музички имиња од домашната и балканската естрада, но и имиња како популарните изведувачи од Романија Fly Projec, INNA, потоа грчкото диџеј дуо Bang La Deck…. и.т.н.

Ристески всушност е синоним за пивскиот фестивал во Прилеп, а тоа се гледа и од објавената фотографија на социјалните мрежи, каде собра илјадници лајкови и коментари од неговите сограѓани.

Во коментарите граѓаните очигледно го бараат актуелниот заменик министер за економија и труд, да се врати на местото прв човек на општината.

Ова се само дел од коментарите под неговата фотографија:

“На здравје, нема поуспешен градоначалник од тебе, штета, го запустија и тоа што го направи во градов, треба одржување”,

“На здравје Марјан и битно е да се знае дека ти си основач на оваа манифестација и во твое време беа најубавите денови со најмногу гости и најдобри музичари и најмногу профит за град Прилеп”,

“Ние прилепчани очекуваме добра вест, единствениот кој може да го врати сјајот на Прилеп да може да го гласаме повторно за градоначалник”,

“Вратете се градоначалниче, децава не знаат што прават. Во ваше време се беше под конец”.

“Дај боже наредната година вие да го отворите фестивалот”

“Те чекаме како нов градоначалник на Прилеп, се уништи градов без тебе, врати му го сјајот”

“На здравје и пиво наздравје и скара. Се убаво само никогаш не е поубаво од кога беше ти градоначалник. Убаво беше и за млади и за стари. Чисти улици расположени лица низ градот. Како градоначалник на секој граѓанин им излегуваше во пресрет. Беше вреден и ценет меѓу своите сограѓани затоа што ти го заслужуваше тоа. Сега е се штама. Не важат ни молби ни нови проекти ниту корисни активности од обичните граѓани односно од некои невладини здруженија кои не себично им помагаја на сиромашно загрозените семејства, кои и денес се барани…
Поздрав и секоја почит за ГРАДОНАЧАЛНИК КАКОВ ШТО БЕВТЕ ВИЕ ЗА ПРИЛЕП И ПРИЛЕПСКО”

“Враќај се и организирај, пепел остана”

Не излегувајте ако немате потреба: Температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 40 степени.

Во текот на новата работна седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура на повеќе места ќе надминува 35 степени, а наместа и 40 степени Целзиусови.

(ВИДЕО СПОРЕДБА) “Пивофест” во Прилеп и Илинденски прослави во Егејска Македонија

21. издание на фестивалот на скарата и пивото во Прилеп вечерва ќе го има своето финале. Оваа година популарниот “Пивофест” трае 3 дена, а за најголеми “ѕвезди” на фестивалската сцена беа најавени Харис Џиновиќ и Никола Роквиќ.

Прилепчани се со поделени мислења, од такви кои сметаат дека потребен е нов концепт, алтернативни сцени со различна музика од турбо фолкот, до такви кои сметаат дека фестивалот треба да ја промени локацијата, дека речиси и да го изгубил сјајот и дека е потребна далеку повеќе време поминато во организација за одново да достигне нова кулминација.

Освен прилепчани, фестивалот со Прилеп го коментираат и граѓани од останатите градови, менаџери, музички имиња… Вчера и денеска се прави споредба со македонските собири во село Овчарани – Егејска Македонија, каде деновиве започнаа традиционалните Илинденски прослави.

“Во слободна Македонија и во поробена Македонија! Сами дадете одговор”, стои во описот на една од објавите на ФБ која стана вирална.

Велат: “Света Недала поканила толку гости за нејзината слава” – Tака беше и оваа година во манастирот во прилепско Крушевица (ВИДЕО)

На два километри од селото Крушевица во Мариово, едно скромно манастирче наречено Света Недела секоја година привлекува за празникот многу многу гости. Велат, Света Недала поканила толку гости за нејзината слава.

Така беше и оваа година! Денеска кога светата црква го празнува споменот за Света великомаченичка Недела, во манастирот кај село Крушевица вриеше од народ.

Се пееја македонски песни, се виеше оро… Еден прекрасен празничен ден во недопрената мариовска прирорда, каде уживаа сите, и млади и стари.

За музичкиот дел се погрижија естрадните пејачи Елена Јовческа и Оливер Лозаноски, а друштво им правеја и Кире Мената со Марјан Ртоски.

Нека е за многу години и напомош!

Единствениот Македонец кој ги искачил сите врвови над 8000м: Сашко Кедев утрово го искачи врвот Г1 во Пакистан

Македонскиот кардиолог д-р Сашко Кедев утрово го искачи Г1 (Пакистан) и стана првиот Македонец и единствен во поширокиот регион кој ги искачи сите 14 врвови од над 8000м и највисоките врвови на сите 7 континенти (7 Summits).

Сашко Кедев утрово се искачи на врвот Гашербрум I (8 080 м) во Пакистан и стана првиот Македонец и единствен во поширокиот регион кој ги освои сите 14 врвови над 8 000 метри и највисоките врвови на сите седум континенти.

Тимот на експедицијата G1 предводен од „Имеџин Непал“ денеска во 10:44 часот по локално време успешно се искачи на Гашербрум. Во тимот покрај Кедев, беа и Ванг Жонг од Кина и непалските алпинисти Дава Гјалје Шерпа и Нгима Нуру Шерпа.

Врвот Г1 на д-р Кедев го означува завршувањето на сите 14 осумилјадници – историски прв за Македонија!, стои во објавата на „Имеџин Непал“.

-Врвот означува историска пресвртница за д-р Сашко Кедев, кој сега стана првиот алпинист од Македонија кој ги искачил сите 14 врвови високи 8 000 метри во светот. Г1, 11-тата највисока планина на Земјата, беше последниот предизвик на неговото патување низ највисоките врвови во светот. Д-р Сашко Кедев: Пионер во македонскиот алпинизам Достигнувањето на д-р Кедев го сместува меѓу најелитните алпинисти во светот. Со Г1, тој сега ги искачил сите 14 осумилјадници: Еверест, К2, Канченџунга, Лхоце, Макалу, Чо Оју, Дхаулагири, Манаслу, Нанга Парбат, Анапурна, Шишапангма, Брод Пик, Гашербрум II, а сега и Гашербрум I наведува „Имеџин Непал“.

Пивофестот има надеж за следните години…ќе се враќа стариот сјај (ФОТО)

Фестивалот на скарата и пивото во Прилеп – популарниот “Пивофест”, не може да се замисли без присуство на човекот во чие време истиот стана бред на градот под Марковите Кули. Можеби не го измисли, но додека Ристески беше на чело на локалната самоуправа, “Пивофест” стана масовна манифестација која во Прилеп носеше и по 300-400 000 посетители во четирите фестивалски денови.

На сцената во тие години настапија имиња како: Цеца, Дино Мерлин, Жељко Јоксимовиќ, Лепа Брена, Здраво Чолиќ, Северина, огромен број други познати музички имиња од домашната и балканската естрада, но и имиња како популарните изведувачи од Романија Fly Projec, INNA, потоа грчкото диџеј дуо Bang La Deck…. и.т.н.

Ристески всушност е синоним за пивскиот фестивал во Прилеп, а тоа се гледа и од објавената фотографија на социјалните мрежи, каде собра илјадници лајкови и коментари од неговите сограѓани.

Наздравје Прилеп, наздравје Македонијо!

Приведени двајца прилепчани кои го нарушувале јавниот ред и мир

-На 19.07 во 03.00 часот, на Бул.„Гоце Делчев“ во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода О.И.(46) од Прилеп бидејќи истиот го нарушувал јавниот ред и мир.

Исто така на 19.07. во 01.10 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп на улицата „Сотка Ѓорѓиоски“ во Прилеп го лишиле од слобода и Р.С.(40) од Прилеп бидејќи истиот го нарушувал јавниот ред и мир.

По документирање на двата настани против лицата ќе следуваат соодветни поднесоци – информираат од СВР Битола.

Ноќ кога аплаузите го сопреа времето – Магична вечер во Битола што ја помести границата меѓу уметноста и вечноста (Фото галерија)

Во четвртокот вечерта, под ореолот на стотици рефлектори и во срцето на кабарето каде секој здив е трансформација – Gold Felicia – Битола го прослави својот четврти роденден. Но ова не беше роденден. Беше премиера на вечноста.

Четири години. Над 420 кабаре вечери. Секоја како отворена врата кон свет исполнет со уметност, страст и неуморна визија. Под водството на уметниците Никола Пројчевски и Катерина Јовановиќ, оваа вечер се претвори во свечен чин на возвишување – на културата, на сонот, на сè што значи уметност.

Момент кој не се повторува – туку останува. Врежан во сеќавањата на сите што беа таму. На сцената не се славеше само патот изминат, туку се возвиши визијата што ја менува културната иднина на целиот регион.

Врвот на вечерта беше обележан со премиерата на ексклузивно авторско дело, создадено исклучиво за оваа ноќ – единствено, неповторливо, незаборавно. Тоа не беше обична точка во програмата, туку сржта на еден универзум што го гради Gold Felicia – од љубов, од пожртвуваност, од верба дека уметноста може да биде живот.

Тим од соништата стоеше зад ова дело:

Композитор: Димитар Андоновски

Кореографија: Бобан Русески, Симона В. Карадакоски и Илија Карадакоски

Костими: Андреј Ѓоргиевски – Папаз

Изведба: Ансамблот на Gold Felicia

Продукција: 77 Entertainment

Секој тон, секој чекор, секој поглед на сцената – беше молитва. Аплаузите не беа само звучен знак на одобрување – тие беа сведоштво дека уметноста може да го запре времето. И таа ноќ, времето навистина се поколеба… и застана.

Минатото како светилник – иднината како пламен што веќе гори.

На сцената на Gold Felicia – Битола, низ годините настапуваа имиња што оставиле неизбришлива трага на балканската сцена – Чолиќ, Брена, Карлеуша, Пријовиќ, Џамбазов, Каролина. Но оваа ноќ ѝ припаѓаше на иднината – нов глас, нова кореографија, нова ера. Еден нов артистички универзум што се раѓа од истата страст, но со нов здив и нова храброст.

И токму кога срцата беа најполни, беше објавена веста што сите ја чекаа – новото лице на магијата:

Gold Felicia – Тетово

Хотел. Спа. Ексклузивен ресторан. Казино со жива игра.

Една дестинација – безброј искуства.

Нова сцена. Нова визија. Нова точка на мапата на културата и луксузот.

Вечноста не ја бележи датум, туку трепетот во градите. Таа не доаѓа – таа се чувствува.

Gold Felicia уште еднаш докажа дека не е само кабаре – туку жив организам од страст, автентичност и трансформација. Тоа е место каде аплаузот станува молитва, каде рефлекторот е сведок, а секоја вечер – цел универзум.

Погледнете дел од магијата што се случи зад завесата. Повеќе видеа и фотографиите од ноќта кога уметноста го сопре времето ве чекаат на следниот линк: https://bit.ly/Goldfelicia

На здравје за сите што веруваат во уметноста. И до следниот пат – под уште посилна светлина.

Идиш на “Пиво Фест” во Прилеп?! Овде ќе добиеш најдобро добредојде во градот под Maрковите Кули (ФОТО)

Доаѓате на “Пиво Фест” во Прилеп? Првата станица на влезот во градот, задолжително мора да ви биде ресторан Beer ti & ja! Сместен на влезот во Прилеп од страната на Скопје, овој ресторан нуди гурманско добредојде за сите гости.

Менито нуди богат избор на традиционални прилепски јадења, коленица, гулаш, како и познатиот „ширден“, сервирани со селектирани македонски вина и разладени пијалаци.

Ќе ве пречека совршено климатизиран амбиент, буквално се што треба за одличен прв впечаток при посетата на Прилеп.

Наша препорака:

-Не пропуштајте да пробате лескавица со домашен кајмак што се топи во уста

-Домашни колбаси со мирис што не простува — мораш да пробаш!

-Ако сте за чорба, во Beer ti & ја ќе ја пробате најдобрата во градот

-Секогаш пресна риба….

Сето тоа заедно со ладно пиво, за совршено уживање во фестивалските денови во Прилеп!

Ако пак се’ уште не сте тргнати на пат, резервирајте пред време на тел.бр. +389 75 443 833

Наздравје народе!

Подгответе се за нов топлотен бран: Температурите ќе надминат 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северoзападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 37 степени.

УХМР најави дека под влијание на топла воздушна маса од југ, од утре следува период на сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Особено топло време се очекува во текот на следната работна седмица, кога дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени Целзиусови, на повеќе места ќе надминува 35, а наместа ќе биде и над 40 степени.