дома блог страница 365

Авион се урна во фабрички комплекс во Германија, има мртви

Мал авион вчера се урна во комплекс на челичарница во северна Германија, при што загинаа пилотот и копилотот, соопшти полицијата.

Авионот полетал од аеродромот во Салцгитер-Драјт и се урнал набргу потоа на теренот на челичарницата Салцгитер, потврдил портпаролот на противпожарната служба.

Точната причина за несреќата првично беше непозната, но портпаролот на полицијата нагласи дека се претпоставува дека станува збор за несреќен случај, јави агенцијата ДПА

Клубовите бараат итен состанок со Антиќ – за доброто на македонската кошарка

Клубовите и првиот човек на Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ), Перо Антиќ, ќе имаат состанок за да изнајдат решение за иднината на мак-баскетот кој во моментов е стопиран заради долгови кон судиите.

Судиите стапија во штрајк, стартот на плеј-офот се одложи, па дојде реакција од клубовите кои побараа средба со првиот човек на мак-баскетот и судиите за да најдат некакво решение, за да не трпи кошарката.

„Согласно членот 27 од Статутот на КФМ, како клуб, член на Федерацијата и претседател на Здружението на клубовите од Втората лига мажи, а знаејќи ја ситуацијата во која сме вклучени не по наша вина, односно блокирани се сите првенства во организација на КФСМ, бараме итен состанок со сите вклучени страни во овој спор или раководството на КФМ, претседателите на сите здруженија и СК ма КФСМ, в понеделник, 14.04.2025 година во 12 часот, со единствена точка на дневен ред – изнаоѓање решение за продолжување на првенствата“, пишува во барањето потпишано од првиот човек на КК Ангели, Благоја Кечовски.

Судиите претходно во соопштение потенцираа дека даваат една недела да се исплатат сите долгови, а не делумно, како што нудеше Федерацијата.

Рација на полицијата во Битола: Затекнати 20 малолетници во угостителски објекти после полноќ

-Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола во рамки на планираните активности денеска (13.04.) во 00.30 часот извршија акциска контрола во повеќе угостителски објекти и објекти за забава во Битола кои што се детектирани како места каде што доаѓаат малолетни лица.

Притоа во клуб лоциран на улицата „Климент Охридски“ затекнати биле 16 деца, а во угостителски објект лоциран на булеварот „1-ви Мај“ биле затекнати уште четири деца, при што сите тие се предадени на родителите, а по документирање на случаите ќе следуваат соодветни пријави – информираат од МВР.

Маркукуле ексклузивно дознава: Вооружен грабеж утрово во казино во Прилеп – земена голема сума пари!

Утрово околу 08:00 часот во казино во катната гаража во центарот на Прилеп се случил вооружен грабеж.

Маркукуле дознава дека во градбежот се одземени парични средства во висина од околу 20.000 евра.

Засега не е познато за колкумина извршители станува збор и дали во моментот на грабежот имало и други лица во објектот, освен вработениот персонал.

Полицијата на лице место извршила увид и работи на пронаоѓање на сторителите.

Повеќе информации во текот на денот…

Последното влегување на Исус во Ерусалим: Православните христијани го празнуваат Цветници – За многу години!

Православните христијани денеска го празнуваат Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници.

Празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица, секогаш е една недела пред Велигден и се празнува во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери со цвеќе и врбови гранчиња, како и со својата облека, му го постилале патот.

Неделата, една седмица пред Велигден е празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица, што се празнува во спомен на влегувањето на Исус во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери кршеле цвеќе од дрвјата и врбови гранки и со нив, како и со својата облека му го постилале патот по кој минувал. Саботата пред Цветници се вика Лазарева Сабота или Лазарица, односно Лазара. Според преданието, во саботата умрел Лазар од Витанија, а во неделата Исус го воскреснал. Поради тоа во народот неделата се смета за поголем празник од саботата.

Според тогашните закони учител можело да биде само лице што наполнило триесет години. Исус веќе четврта година го проповедал своето учење, а бидејќи за Пасха мноштво народ доаѓал во Ерусалим за да го прослави празникот и Исус по четврти пат доаѓал како учител.

Но тогаш разбрал дека неговиот пријател Лазар од Витанија е тешко болен. Исус веднаш се упатил таму, но стигнал четири дена по неговата смрт и по погребот. Сестрите на Лазар, Марта и Марија, го прекориле Исуса велејќи му дека ако дојдел на време немало Лазар да умре. Марта му рекла: „Господи, ако беше Ти овде, немаше да умре брат ми. Но и сега знам што и да посакаш од Бога, Бог ќе ти даде“.

Легендата вели дека Бог сакал Лазар да умре за врз него да се манифестира силата Божја. Кога дошол до гробот, Исус го повикал Лазара: „Лазаре, излези надвор“. И Лазар веднаш излегол завиткан со платно на рацете и нозете и со крпа околу лицето. Сите што го виделе тоа се почудиле и поверувале дека Исус е синот Божји. Со овој чин Исус уште повеќе се здобил со слава. И пак се упатил кон Ерусалим.

Кога стигнал во подножјето на Маслиновата гора, Исус пратил двајца свои ученици во Витфагија за да му донесат осле (магаре) и ослица. Им рекол: „Одете во селоно, што е наспроти вас и веднаш ќе најдете врзана ослица и осле со неа; одврзете ги и доведете ми ги. А ако ви рече некој нешто, ќе му кажете дека му се потребни на Господа и веднаш ќе ги прати“.

Учениците ги донесле, а потоа ги ставиле на ослето своите облеки врз кои седнал Исус и така влегол во Ерусалим поздравен од мноштво народ. Ваквиот пречек на Исус во Ерусалим бил последица од неговата голема популарност меѓу народот уште повеќе зголемена по воскреснувањето на Лазара. Се поставува прашањето, зошто Исус во Ерусалим влегол качен на магаре?

Толкувачите на Светото Писмо истакнуваат дека кај источните народи магарето било симбол на мирот, наспроти коњите што служеле за водење војни. Магарето мирно му служело на човекот, како што и Исус му служел на народот. Пречекувајќи го Исуса воодушевениот народ со цвеќе, врбови гранки, но и со својата облека го постилал патот и пеел: „Осана на синот Давидов. Благословен е оној кој доаѓа во името Господово. Осана на вистините“.

Во спомен на ова свечено влегување на Исус во Ерусалим уште од најраните христијански времиња е востановен празникот Цветници кој, меѓутоа, се празнува од III век. На иконата овој чин е насликан како Исус јава на магаре, а неговите ученици и народот му го постилаат патот со цвеќе и облека.

Александар Волкановски влезе во историјата на УФЦ – Го врати шампионскиот појас на 35 години, натпреварот го следеше и Трамп (ВИДЕО)

Александар Волкановски повторно седна на шампионскиот трон во перо категоријата, откако со едногласна одлука на судиите го совлада Диего Лопез. Со оваа победа не само што го врати појасот во своја сопственост, туку и влезе во историјата на УФЦ.

Австралиецот со македонско потекло го доби дуелот со Лопес на поени. Судиите гласале со резултат 49:46, 49:46 и 48:47 во корист на Волкановски.

Натпреварот на Флорида го следеше и американскиот претседател, Доналд Трамп.

(ВИДЕО) Европската Комисија во Брисел додели прва награда на прилепчанец

Доан Сулејманоски од Прилеп ја доби првата награда за придонес во интеграција на Ромите во Македонија во областа на образованието. Наградата ја доделува Европската Комисија, a настанот се одржа на 10. април во Брисел.

-Нагрдата е заедничка и посветена на моите ученици, на нашето училиште, на колегите, на нашата Ромска заедница. Образованието е клучот за сите промени, па ако Ромите сакаме промена – никогаш не треба да се откажуваме од тоа. Времињата беа лоши, сега се добри, а допрва доаѓаат подобри времиња – напиша Доан на својот ФБ профил.

Во продолжение проследете го говорот на Сулејманоски по подигнувањето на наградата:

Државно во борење во Штип: Ангела и Тамара супериорни и обезбедија виза за Европско, ќе се води борба до крајот за одбрана на титулата

Денеска во Штип се одржа Државното првенство во борење до 17-годишна возраст, каде девојките од боречкиот клуб “7-ми Мај” од Прилеп одново забележаа одлични резултати.

Ангела Трајкоска до 57кг. и Тамара Цветкоска до 61кг., беа убедливо најдобри со по 5 победи и го освоија првото место во своите конкуренции. Со овие триумфи Ангела и Тамара си обезбедија и виза за Европското првенство У17.

Викторија Стојаноска освои второ место во категорија до 40кг, Анабела Стојаноста беше трета до 53кг, Јована Мидоска трета до 63кг., а Анамарија Мицкоска го освои третото место до 69кг.

Прилепскиот клуб екипно беше второпласиран, со што потфрли во мисијата за 5 од 5, но се’ уште има шанси за одбрана на шампионската титула.

Покрај успесите на борачките, за одбележување е и настапот на близнаците Аризанкоски, кои достојно ги бранеа боите на клубот во машка конкуренција до 45 кг., притоа освојуваќи едно сребро и едно петто место, во многу силна конкуренција.

На првенството свое учество имаа и прилепските судии, Душко Стојаноски и Илчо Маркоски кои ја делеа правдата.

Тренерот Стојанче Тушески е задоволен од резултатот, но и загрижен за одбраната на титулата, бидеќи силна конкуренција се јавува од редовите на Конче “Шампиони” и Вардар 1961.

И оваа година на пиедесталот! Владимир Ѓорѓиески од Прилеп се врати со бронза од Европското првенство во билјард (ВИДЕО)

Прилепчанецот Владимир Ѓорѓиески и репрезентативец на Македонија во билијард, од 29.03 до 09.04 се натпреваруваше со најдобрите играчи на најпрестижниот континентален самит, кој се одржа во главниот град на Естонија, Талин.

Освојувачот на бронзениот медал од последното Европско првенство, го повтори успехот и на ова првенство и одново не’ израдува со бронза.

Ѓорѓиески се натпреваруваше во категорија на спортисти со хендикеп во сите три дисциплини.

Владимир се занимава со билјард последните 20 години, учествувал на сите државни првенства кои се организирале од страна на нашата федерација. Минатата година на Sветското првенство во Лос Анџелес го освои 14-то место, со што стана првиот Македонец кој воопшто учествувал на Светско првенство.

Честитки и желби за уште поголеми успеси во иднина!

(ВИДЕО) Хаос во Србија: полицијата за раце и нозе влечеше луѓе кои ги блокираа автобусите за митингот на Вучиќ

Посериозен конфликт меѓу полицијата и граѓаните во Нови Пазар се случи откако студентите, според информациите од социјалните мрежи, го блокирале преминот на автобусите со приврзаници на СНС на пат кон митингот во Белград.

Студенти и граѓани седнаа на коловозот во обид да го блокираат минувањето на автобусите, но полицијата, според видеата објавени на социјалните мрежи, насилно интервенирала и почнала да ги отстранува од улицата, пишува Нова.

Насобраните извикуваа: „Срам ви е?“, „Срам да ви е“, додека полицајци, како што може да се види на видео снимките, влечеа некои граѓани за раце и за нозе.

Полицијата ја отстрани толпата од коловозот и дозволи автобусите да поминат.

Додека возилата поминуваа, граѓаните и студентите со негодување и свирежи им викаа „Чаци“.