дома блог страница 347

(ФОТО) Деца за пример! Ученици од ООУ “Кочо Рацин” Прилеп засадија 2.500 садници кај прилепско Мало Рувци

Денес, во организација на менаџерскиот тим, наставниците и учениците од ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп, во соработка со ЈП „Национални шуми“, реализираa значајна еко-акција за пошумување на опожарената површина во атарот на селото Мало Рувци.

-Засадивме 2.500 садници од црн бор, багрем, јасен и леска – симбол на нашата заедничка заложба за поздрава животна средина и поубаво утре. Оваа локација претрпе голема штета од пожари во изминатиот период, и беше време да го вратиме зеленилото што го изгуби. Голема благодарност до младите еко-херои, наставниот кадар, родителите и целата бизнис заедница за нивната поддршка. Ваков ангажман е доказ дека и најмалото дело може да направи голема промена. Продолжуваме заедно – за зелена иднина – напиша на социјалните мрежи градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.

Kaвадарци доживува целосна ренесанса: Мицкоски изврши увид на повеќе проекти (ФОТО)

Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска ја посетија Општина Кавадарци во рамки на теренските посети „Каде што срцето е дома“ и ќе извршат увид во градежни активности на повеќе проекти.

-Денеска ја посетив Општина Кавадарци и извршив увид во реализацијата на повеќе значајни инфраструктурни проекти кои директно го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните. Посетата опфати градежни активности на нов кружен тек на регионалниот пат Росоман-Кавадарци, целосна реконструкција и асфалтирање на улицата „8 Септември“, свечено отворање на нова спортска сала во село Сопот и пуштање во употреба на Регионалниот центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство, прв ваков објект наменет за сите општини од Вардарскиот регион. Покрај тоа, извршив увид и во градежните активности на водоводната и канализациона мрежа во месноста Моклиште, каде се реконструираат каптажи стари над седум децении. Сите овие проекти се резултат на заедничка соработка помеѓу централната и локалната власт, со поддршка од меѓународни партнери, и претставуваат инвестиции вредни повеќе од 100 милиони денари. Кавадарци расте, се развива и станува се подобро место за живеење – напиша Мицкоски.

Средба Николоски – Палминтери: Пријателските односи меѓу Македонија и Италија се потврдени, потребно е унапредување на економската соработка

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Италија, Паоло Палминтери.

На средбата вицепремиерот Николоски го запозна амбасадорот Палминтери со развојната програма на Владата и инвестициите во инфраструктурата. Се отворија прашања за меѓусебна соработка и подршка во делот на реализација на инфраструктурните проекти.

Исто така на средбата беа разменети мислења и ставови за актуелните политички и економски прашања во земјава и регионот. Вицепремиерот Николоски ја потврди добрата соработка со Италија и ја потеницра потребата од унапредување на билатералните односи, со посебен акцент на економската соработка.

Тој го запозна Амбасадорот и за реформскиот процес на земјата како дел од интеграциите и членството во Европската Унија.

Вицепремиерот Николоски изрази благодарност за досегашната соработка и подршката што ја овозможува Италија, а двајцата говорници се согласија на интензивирање на таквата соработка меѓу двете земји.

ЦУК: Oд недоизгасната првомајска скара изгореа куќа и штала

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало седум пожари на отворено во последното деноноќие, од кои еден на депонија во Прилепско, но пожарникарите гаснеле и други пожари во населени места и сите биле изгаснати.

-Посочуваме за еден пожар што е пример дека кога се пали оган на отворено е потребно да се биде внимателен. Конкретно, пожарникарите од територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Пробиштип, вчера од 13.55 до 18.00 часот со 2 ПП возила и 4 пожарникари интервенирале на запалена напуштена куќа и штала во с.Марчино. Причина за пожарот бил оставен недогаснат оган од страна на излетници кои го имале запалено во дворот. Заради ветер се разгорел и ја запалил околината, а потоа и шталата и куќата. Овој случај не опоменува и ни го повторува старото правило дека излетнички оган се гасне целосно пред да се замине и не се остава сам да догори, потсетуваат од ЦУК.

Милионски суми вложувања во образованието во Битола: ООУ “Стив Наумов” добива нова енергетски ефикасна фасада

Во тек е реконструкција на фасадата на ОУ „Стив Наумов“ во Битола, со поставување на нови изолациони материјали, со што училиштето ќе добие
нова, енергетски ефикасна фасада.

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски и дел од општинската администрација, извршија увид во градежните работи на терен и се
запознаа со динамиката на изведувањето на активностите. Според склучениот договор со изведувачот, предвидено е реконструкцијата да биде
завршена во текот на летниот распуст, а вредноста на овој зафат е 6.298.291 денари.

Со поставувањето на енергетски ефикасна фасада на ОУ „Стив Наумов“, се овозможуваат предуслови за поставувањето на топлински пумпи за греење, наместо сегашниот систем на екстра лесно масло за греење, како следен проект, кој треба да се реализира во текот на есенските месеци во училиштето. На овој начин, освен повисока енергетска ефикасност на училиштето, ќе се овозможи и поголема заштита на животната средина.

Со претходната реконструкција на покривот и поставувањето на фотонапонска електрична централа, ова училиште станува едно од
најенергетски ефикасните училишта во градот, со што се потврдува заложбата на градоначалникот Коњановски и локалната самоуправа, за
зголемување на енергетската ефикасност и заштитата на животната средина во општинските јавни објекти.

Се краде и од мртвите! Прилепчанка пријавила за украдена бронзена биста

-На 30.04.2025 во 11.20 часот во СВР Скопје, М.И.(71) од Прилеп пријавила дека од гробишта во село Драчево, скопско, била одземена една бронзена биста.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од МВР.

РФМ ја одреди цената на билетите за натпреварот со Литванија

Македонската машка ракометна репрезентација ја очекува завршница на квалификациите за Европското првенство, дуели со Естонија и Литванија од кои овој вториот се игра во Скопје во во СЦ „Јане Сандански“.

Истиот е закажан за 11 мај од 18 часот, а Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ја одреди цената на билетите за тој натпревар. Продажбата на влезницици започнува во петок, а истите се со цена од 200 и 300 денари.

Ќе можат да се набават на сите продажни места на МК Тикетс низ државата и на online на интернет-страницата на МК Тикетс (https://mktickets.mk)

НОВА ВЛТ ЏЕКПОТ ДОБИВКА: ПРЕМИУМ ЏЕКПОТ СО ФАНТАСТИЧНИОТ МЕРЦЕДЕС АМГ

Видеолотарија Касинос Австрија подготви супер изненадување за играчите на видеолотариските терминали. Од 01.05.2025 на видеолотариските терминали ја активираме новата ВЛТ џекпот добивка, ПРЕМИУМ ЏЕКПОТ со фантастичниот МЕРЦЕДЕС АМГ.

Видеолотарија Касинос Австрија подготви супер изненадување кај ВЛТ игрите на среќа. На задоволство на верните играчи на видеолотариските терминали, од 01.05.2025 активна е новата добивка ПРЕМИУМ ЏЕКПОТ со фантастичниот автомобил кој сите го посакуваат- МЕРЦЕДЕС АМГ

ПРЕМИУМ ЏЕКПОТ на ВЛТ е џекпот добивка од времен карактер, која може да се постигне само еднаш. Потребниот влог за постигнување на оваа добивка на видеолотариските терминали е 40 денари по спин, на која било игра. Возбудата почнува, а сите сакаме да дознаеме кој ќе се вози во оваа нова убавица- МЕРЦЕДЕС АМГ. Побарајте ја најблиската ВЛТ локација и забавувајте се одговорно.

Joвчески: Tрудот на работниците мора да биде ценет, заштитен и вреднуван

Денес го славиме 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, ден кој не потсетува дека зад секој напредок, зад секоја изградена институција, пат, фабрика или училиште, стои нечиј труд – трудот на човекот.

Овој ден е симбол на борбата за работнички права, за фер услови, за достоинство на трудот. Во оваа прилика, упатувам искрени честитки до сите работници во Општина Прилеп и пошироко, со уверување дека трудот мора да биде ценет, заштитен и вреднуван.

Како Локална самоуправа, наша обврска е да креираме политики и проекти кои ќе придонесат за подобри услови за живот и работа. Наша цел е да бидеме вистински партнер на работникот и гарант за неговото право на фер третман и социјална сигурност.

Апелирам до сите работодавци да покажат грижа, разбирање и почит кон своите вработени, да ги почитуваат законските одредби и да вложуваат во подобра работна средина. Само така можеме да градиме здраво и успешно општество.

Во овој празничен ден, ви посакувам здравје, мир и моменти поминати со вашите најблиски. Да не заборавиме дека со заедничка солидарност и меѓусебна поддршка можеме да постигнеме многу.

Во Битола преземени мерки за поголема заштита и безбедност во детските градинки

Во насока на зголемување на безбедноста и континуираната грижа за најмладите и највозрасните лица во општината, во заедничка соработка и
консултација со Дирекцијата за заштита и спасување, направен е увид во детските градинки и старските домови, кои се под општинска надлежност.

По извршениот увид во старскиот дом „Сју Рајдер“, донесен е заклучок дека се исполнети сите безбедносни мерки во однос на Законот за заштита и спасување и Правилникот за мерките заштита од пожар и експлозии.

Што се однесува до детските градинки, по извршениот увид во одредени клонови од двете јавни установи детски градинки, донесен е заклучок дека потребно е да се изврши дислокација на занималните со јасли, во рамките на објектите. Промена на занималните со јасли, следува по издадените насоки за побрза и поефикасна интервенција, за да се воспостават услови за безбедна евакуација во случај на опасност, согласно Законот за заштита и спасување и Правилникот за мерките заштита од пожар и експлозии.

Од страна на управата на градинките, известени се родителите и со заедничка соработка веднаш е постапено по однос на препораките и извршена е дислокација на занималните наменети за јасли.

Преку конкретното спроведување на препораките, Општина Битола уште еднаш покажува дека грижата за институциите кои што се во нејзина надлежност, особено за најмладите, е врвен приоритет во работењето.