дома блог страница 343

Гурмански старт на октомври со староградска музика во срцето на прилепската Стара чаршија – Резервирајте навреме!

Совршена кујна, амбиент со каков ретко кој во Македонија може да се пофали и секако одлична музика. Овој петок, најдобриот ресторан во Прилеп – РЕСТОРАН “ПОРТА” ве кани на ново гурманско уживање, заедно со секогаш добро музичките наштиманите “ТРИ МАЊИФИКО” – или како што ги нарекуваат, кавадарчаните со прилепски пасош.

Дојдете заедно да уживаме во староградските звуци во срцето на прилепската чаршија, и секако во врвната услуга и храна на РЕСТОРАН “ПОРТА”. Дојдете и станете дел од гастрономската приказна во која секој остава белег и има своја улога.

Петок, 03.октомври, почеток 20:00часот

Резервирајте навреме на телефонскиот број: 078 368 111

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ЗАЕДНО СО ВАРДАР – ВРЕМЕ Е ЗА ПОБЕДА!

Видеолотарија Касинос Австрија со гордост го поддржува македонскиот ракометен шампион РК Вардар, кој вечерва во рамки на 5. коло од Супер Машка Лига во ракомет, го игра големото дерби против својот вечен ривал, РК Еурофарм Пелистер. Натпреварот ќе се одржи во 19:00 часот во СЦ Јане Сандански, во големата сала.

Веруваме во тимот, во борбениот дух и во срцето на Вардар, кое никогаш не се предава. Денес повторно стоиме заедно – како едно семејство, со една цел: победа!

Нашата поддршка за Вардар е поддршка за спортот, за тимскиот дух и за победничката енергија која ја обединува цела Македонија. И оваа поддршка е дел од нашата мисијата да придонесеме за развој на македонската спортска култура и да ги охрабриме младите генерации да се посветат на спортскиот начин на живот.

Ајде Вардар, цела Македонија е со вас!

(Фото галерија) Кина низ очите на Марија Дулеска од Прилеп – Репортажа за патување кое ќе сакате да го доживеете

Пишува: Марија Дулеска – Доктор на науки по англиски јазик

Една од причините за посета на КИНА е желбата да видам друга цивилизација и сосема поинаков начин на живеење, да се сретнам со друга култура и со други вредности, обичаи и традиции. И има премногу што да се види и доживее, и уште премногу што останува невидено и неоткриено.

Стара, засебна цивилизација која држи до себе, по принципи, правила, должности. Има ред, поредок и дисциплина. Се почитува и цени напорната посветена работа, нема кражби и нема расфрлање на отпад. Целиот возен парк е нов. Животот се одвива во стокатници без тераси, и станот можеш да го изјамиш од државата на користење од 70 години, а не можеш да го купиш. Ако зградата е стара и ја сметаат за стара, ја уриваат и градат нова.

Сите три посетени града имаат огормен број на исти изградени стокатници. Се патуваше со ултра брзи возови кои движат со 350 км на час на огромни растојанија меѓу трите града. Инфраструктурата е доста солидна.

Посебно ме интересираше образованието. По однос на фактот што индекс на квалитет е Шангајската листа, лично како сопствник на училиштето “Англиски кај Марија” сакав да видам каков е образовниот систем таму, да се видат силните страни и да се воведат одредени новитети и промени, заради уште поголем квалитет во наставата.

Учениците се на училиште во Кина секој работен ден до 22 часот. Одат дома по завршување на часовите. На одреден датум од државата сите ученици полагаат завршен испит по определени критериуми. Оние ученици кои ќе го положат тој испит продолжуваат понатаму. Оние кои нема да го положат, се праќале во технички училишта, или почнуваат да работат на различни работни позиции.

Во Кина се цени традицијата. На улица своеволно можеш да сретнеш млади машки и женски личности облечени во стара традиционална кинеска облека. Обичниот граѓанин треба да знае 3000 симболи. Во симболот на кинеската азбука стои буквата комбинирана со симбол на гласот, односно интонацијата како се изговара таа буква комбинирана со друга буква да се состави збор. Поедуцираните Кинези препознаваат и користат 6000 букви (симболи) на кинеската азбука, а само мал број и над 6000.

Во Кина се забранети апликациите на социјалните мрежи – нема Facebook, Twitter, Instagram, имаат меѓусебна своја апликација, којашто ја користат за комуникација – WE CHAT.

Англиски јазик, или било кој друг светски и европски јазик не учат, па имав проблем при комуникација, заради тоа што требаше да се разбираме со пантомима и гестови.

За влез на плоштад се користи пасош, за влез во Забранетиот град се користи скенирање на лице, валутата е ЈУАН. За излез од државата треба да се побара виза од државата од кадешто живееш дека ти е дозволено да патуваш. Ако не добиеш виза од матичната земја за излез, нема да излезеш.

Шеќер и сол не се користат при исхрана, се јадат растенија, готвени корења, зеленчуци, карамелиизрано месо. Чоколадо едвај и најдов. Млечни производи нема. Има млеко од соја и ориз. Има ориз, зеленчуци секакви, кои не ги ни препознаваш, ракчиња… Специјалитет е кинсеката пајка, месото го готват во карамел сос.

Возниот парк се утврдува врз основа на бројот и буквите на регистарските таблички, се вози соодветно според прописи, над секој семафор има фотоапарати и постојано се слика. Електронските коли се обележани со зелени таблици, а останатите со сини таблици.

Политички избори нема. Власта се предавала на одредени високи кругови од претходните династии. Владее ред поредок, почит и дисциплина во сите свери.

Од сите три посетени града, најпосебен е Шангај, со сета своја грандиозност, бои, високи згради и модерен начин на живеење. Со технологија Кинезите се напред, во хотелите има роботи што носат нарачки по собите и се е добор и севкупно солидно организирано. Роботот си чека лифт, си влегува, си излегува, си движи слободно.

Посебна атракција нормално и едно од седумте светски чуда е Кинескиот ѕид. Многу специфично граден, скалилата се тешки за качување, не само заради кондиција, туку заради самите скали – три реда високи, два пониски, ред висок, три реда ниски, туку и тежината на слегување.

Слегувањето е поопасно од качувањето и посебно треба да се внимава. Дру свет, друга димензија. Цените се пристапни и не е прескапо. Убавата жена од Кина има мали стапала, кои посебно ги врзувале да не и растат и користат посебни креми со висок заштитен фактор, за да останат колку можат повеќе бели.

Многу Кинези се движат со велосипеди низ градот, а се користат и трицикли како затворени покриени мотори.

Дрвата не ги сечат, туку комплено ги откорнуваат сосе корен и ги пресадуваат. Имаше дрва стари и по стотици години, бележани со податоци запишани на картички.

Се пие многу чај без шеќер, во лето зелен чај, во зима црн чај.

Просечната страосна граница е 70 год.

Една главна мисла на Кинезите е секој ЈИНГ да си го најде својот ЈАНГ.

Посебно ја имаат разработено техниката на производство на свила од гасеници и производство на бисери од школки. Значи скоро од навидум ништото прават нешто и тоа доста вредно ценето и скапо.

И ние на Кинезите им бевме чудни по изглед, постојано не’ фотографираа и сакаа да дознаат кои сме и од каде сме. За Македонија немаа слушнато, но ако ја спомневме Србија, или поранешна Југославија, веднаш знаеја од кој дел на светот сме.

Посетивме пазар со над 10.000 продавници во Шангај, кадешто не можеш да излезеш, а да не купиш нешто. Има се’, a ценкањето за цена е составен дел на нивната работа.

Почит кон историјата, традицијата, културата, уметноста, строгите правила, добрата инфраструктура, напредната технологија, духовноста, вербата во енергијата на духот и задгробниот живот, негување на своите вредности, спиритуалноста, црвената боја за среќа… е дел од она што може да се нарече ИСТОК.

Патувањето е во организација на “Атлантик Турс” Кавадарци, во соработка со нашата Т.А “Дама Травел” на Давор Карески.

Моја посебна почит и благодарност!

Кина 2025 – Пекинг, Ши-Ан, Шангај.

Чонески: “Бројките се немилосрдни за Томе и неговото владеење во Крушево, за два мандати реализирал 3 пати помалку од неговите претходници” (ВИДЕО)

Томе Христоски како градоначалник на Крушево реализирал капитални инвестиции во вредност од 3 милиони евра за 8 годишен мандат, а неговите претходници за ист период имале 10 милиони евра, истакна во синоќешната дебата на ТВ 24, кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Нико Чонески.

-Замислете, кажавте дека пред вашето доаѓање Крушево било анонимно. Значи никој не слушнал во Македонија и во светот, сите слушнале откако вие дојдовте на власт. Не слушнале ни за Питу Гули, ни за Илинденоско востание, кога дојде Томе Христоски тогаш сите разбраа за Крушево. Кога зборуваме за капитални инвестиции, можеме да набројуваме и два дена кој колку направил или не направил, но важни се бројките.
Бројките се немилосрдни.нВо вкупна вредност, Томе Христоски реализирал капитални инвестиции во вредност од 3.000.000 евра за 8 годишен мандат. Ако ги споредиме тие бројки со 8 годишниот мандат на неговите претходници, таа сума е 10.000.000 евра. Значи претходните двајца градоначалници во нивните мандати за 8 години, реализирале капитални инвестиции од 10.000.000 евра, Томе Христоски за истото време во два мандати за 8 години, 3.000.000 евра. Значи на Томе Христоски ќе му требаат уште 4 мандати за да ги стаса неговите претходници
– рече во своето излагање Чонески.

Прв академски час на Економскиот факултет во Прилеп – Општината и бизнис секторот доделија стипендии на иднините студенти (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Во Економскиот факултет во Прилеп, денеска свечено беше одбележан првиот академски час.

Деканката на Факултетот, проф. д-р Татјана Спасеска им посака срдечно добредојде на новите бруцоши и упати честитки за направениот избор, со искрени желби за успешна академска година.

Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, проф. д-р Игор Неделковски ја поздрави 65-та генерација на бруцоши на најстарата високообразовна институција во рамките на Универзитетот и им упати порака континуирано да го надоградуваат знаењето и да ги користат мобилностите во рамките на алијансата COLOURS и активните меѓународни мрежи во коишто членува Факултетот.

Новата генерација студенти ја поздрави и градоначалникот на општина Прилеп, д-р Борче Јовчески во присуство на пратениците, а во името на Факултетското студентско собрание се обрати студентот Димитар Шопески.

Во текот на церемонијата свечено беа доделени стипендии од Општина Прилеп и стипендии од бизнис секторот односно од компаниите: Комфи Ангел, Прилепска пиварница, ВИК Македонија, Кули и Еуролинк осигурување за студентите запишани во прва година на прв циклус студии во академската 2025/26 год.

Од Економскиот факултет упатуваат голема благодарност до Ректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола, Општина Прилеп и претставниците на бизнис заедницата, коишто во континуитет го поддржуваат Економскиот факултет-Прилеп и го збогатија настанот со своето присуство.

Бронзен во Бразил и Дубаи, трет пат златен медал на Македонската хемиска Олимпијада – Гимназијалецот, Петар Мирчески е гордост на Прилеп и Македонија (ФОТО)

Секоја година во септември, Сојузот на хемичарите организира средба на која се споделуваат постигнувањата од меѓународните натпревари и се изразува благодарност до сите кои придонеле за нивниот успех. Оваа година настанот се одржа на 30 септември (вторник), во библиотеката на Институтот за хемија.

Гимназијата „Мирче Ацев“ oд Прилеп со гордост ги истакнува достигнувањата на својот ученик, Петар Мирчевски, кој по трет пат освои златен медал на Македонската хемиска олимпијада. Но, радоста не завршува тука – Петар уште повеќе не’ израдува со два бронзени медали: едниот од Менделевата хемиска олимпијада IMO 2025 во Бело Хоризонте, Бразил, и вториот од Меѓународната хемиска олимпијада IChO 2025 во Дубаи, ОАЕ. Со овие успеси, Петар постави нов рекорд за нашата гимназија, за градот Прилеп и за цела Македонија, со вкупно три бронзени и еден сребрен медал на светски олимпијади.

Сојузот на хемичарите изрази голема благодарност до општина Прилеп, која континуирано го поддржуваше Петар, обезбедувајќи максимален дозволен износ за пат, визи, котизација и други трошоци. На свеченото доделување на медалите, признание доби и менторот Блаже Димески, а благодарницата во името на општината ја прими заменик-градоначалникот Диме Бозоски.

Да му посакаме на Петар уште многу успеси како студент на ПМФ – Хемија, а на нашата гимназија и на општина Прилеп – да продолжат со поддршка и инспирација за новите генерации на млади таленти, поттикнувајќи ги да го следат патот на истражување, знаење и светски достигнувања.

Има идеја и визија за подобар и поубав Прилеп! Матеска ги кани граѓаните на средба во Амфитеатарот во Варош

Независните заслужуваат да бидат слушнати, независните заслужуваат некој да им помогне да допрат нивните идеи, предлози, решенија… Најмногу затоа што независните го немаат луксузот на партиите да користат големи средства од државата за платен политички маркетинг.

Најголем број од вас знаат дека во Прилеп на престојните избори, покрај предлогот за градоначалник од СДСМ, Петра Лукароска, на избирачкото ливче ќе има уште една дама. Станува збор за независната кандидатка Павлинче Матеска, вработена во Локалната самоуправа на општина Прилеп.

Матеска активно на социјалните мрежи ги собира симпатиите на своите сограѓани, преку реални предлози, разни решенија и сликовити објаснувања, за подобрување на животот во градот под Марковите Кули.

Нејзината визија за подобар град, граѓаните ќе имаат можност да ја слушнат овој петок (03.10.) со почеток од 18 часот во Амфитеатарот во населбата “ВАРОШ”.

-Ќе поразговараме за секојдневните проблеми на варошани, ќе видиме и ќе слушнеме како и дали до сега институциите си ги извршувале своите должности. За уреден Варош како најстара населба на Прилеп, препознатлив по големиот број на цркви. Да го направиме Варош туристичка атракција – напиша Матеска на социјалните мрежи.

Чонески: Владеењето на Томе во Крушево со закани и уцени завршува и нема да се повтори (ВИДЕО)

Мојата визија е мојот животен сон. Мојот животен сон e Крушево да биде место каде што ќе биде привилегија да се живее, налик на монденските градчиња по Алпите кои секој сака да ги посети, а никој не сака да си замине од нив – истакна во дебатата на ТВ 24, кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Крушево, Нико Чонески.

-Ние сакаме да менаџираме и да управуваме со општината, а не да владееме како до сега со непопуларни методи од типот на закани, притисоци и уцени. Тоа апсолутно ќе се смени и ветувам дека јас ќе се погрижам и никогаш да не се повтори. Нико Чонески за Еснафско Крушево, рече Чонески.

Лишен од слобода возач од Битола, возел мортус пијан

-На 01.10.2025 во 00:16 часот на ул.„Партизанска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода П.Т.(40) од Битола. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „пежо”со битолски регистарски ознаки, кое го управувал П.Т., и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,58 промили алкохол во крвта – информираат од МВР.

Нови музички доживувања, истата уникатна атмосфера – Викенд програма во Terasa Pub Club Прилеп

Во уникатниот простор на Pub Club Terasa, секоја вечер носи магија и создава моменти што остануваат во срцето.

Тука музиката добива посебен ритам, пијалокот се вкусува поинаку, а секоја дружба станува вистинско уживање.

На ова место, секоја ноќ е нова приказна, а секој викенд – вистинска авантура исполнета со радост, смеење и незаборавни спомени.

И овој викенд ве очекуваат две вечери исполнети со различни музички доживувања – за сите вкусови и расположенија.

Во петок, 03.10.2025, за прв пат во Terasa Pub Club ќе уживаме со одличниот состав од Битола – ARTIUM BAND.

Во сабота, 04.10.2025, Kaте и Илија од АCOUSTIC DUO ќе ве водат низ вечер исполнета со емоции, хармонија и акустичен звук што носи посебна магија.

Резервирајте навреме на: 070 304 967