дома блог страница 3423

Прилеп: Мајка пошла кај ќерката, зетот не ја пуштал да влезе, па ја туpнaл на скалите

На 22.03.2019 година околу 18,30 часот било пријавено дека во Прилеп на улицата “Адем Адемоски“ В.П.(77) се обидела да влезе во куќата на нејзината ќерка К.Н. и зет Љ.Н. и по кратка вербална расправија со нејзиниот зет кој не ја пуштал да влезе, во еден момент ја турнал и паднала на скалите пред влезната врата од куќата – пишува во полицискиот билтен на МВР.

Од падот се здобила со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар од Општата Болница-Прилеп.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот/

Ова кученце го одгледала крава, а потоа фармерот решил да ги раздели – неговата реакција предизвикува бура од емоции (Видео)

Откако мајката на малото кутре Роки умрела набрзо по породувањето, една крава сама го одгледала сирачето. Две години живееле заедно, јаделе, си играле, спиеле еден покрај друг во шталата. Роки секаде ја следел кравата, спиејќи на грб и криејќи се меѓу нозе кога била уплашена.

Но, фармерот решил да ја подари кравата на друг фармер во близина.

Тоа многу го погодило Роки. Тој викал, плаче, одбивал да јаде и го минал денот чекајќи мајка му да се врати. Во еден момент, Роки дури и истрчал од фармата да го следи мајчиниот глас додека мукала од својата нова штала.

На крајот, фармерот се предомислил и решил да ја зарджи кравата заради животинчето кое ја сака.

Од наредната недела преминуваме на летно сметање на времето

Доаѓа летното сметање на времето, денот се зголемува, а часовникот оди напред еден час.

Во последниот викенд месецов, ноќта во 2 часот меѓу 29 и 30-ти март почнува летното сметање на времето.

Стрелките на часовникот треба да се поместат за еден час нанапред, односно времето во 2 часот, ќе се смета како да е 3 часот.

Преминувањето на времето од зимско кон летно и обратно првпат почнало во 1916 та година во државите на северот во Европа, а денес е практика во 70 земји од Светот.
Европските земји сега се подготвуваат за конечно укинување на оваа практика од следната година.

Со 384 гласа „за“ пратениците во Европскиот парламент изгласаа укинување на летното и зимско сметање на времето, додека против укинување гласаа 154 европски пратеници.

Барањето за укинување на поместувањето на стрелките на часовниците го покрена Европската комисија во Унијата поради повеќе докази за негативно влијание од праксата. Освен негативно влијание врз човековиот биоритам, ваквата пракса доведува и до зголемен број сообраќајни несреќи, но и пад на продуктивноста на работното место.

Летното и зимското сметање претходно е укинато во Русија, Турција, Белорусија и Исланд.

Уживајте во викендот, од понеделник ново заладување

Времето денеска ќе биде претежно сончево со умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до седум, а дневната од 14 до 22 степени.

Во Скопје слично време, сончево со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 21 степен.

До понеделник ќе се задржи стабилно и топло време, а во вторник ќе настапи промена на времето. Ќе има зголемена облачност со повремен дожд и ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови опаѓање на температурите во наредниот период. На планините се очекуваат повремени врнежи од снег.

“Струга бисер на Балканот” – 3 минутно уживање во убавините на бисерот сместен на реката Црн Дрим

Прекрано видео од Струга, насловено како “Струга бисер на Балканот”. Видеото е снимено од “BOROVA BROTHERS” и нивната продукција “Мjellma producton”.

Вистинско уживање во 3 минути од сите убавини во градот сместен на двата брега на реката Црн Дрим.

Уживајте:

(Видео)„ДAЛИ МЕ CЛУШAШ БЕБЕ:“ Уpнeбecнo видео на цpнoгорски педијатар!

Цpногopски педијатар го насмеа светот. Цpнoгорскиот портал „Вести“ објави видео со објаснување како да пpoвepите дали е cвecно бебето.

Таравари: Силјановска води пред Пендаровски според нашите анкети

Арбен Таравари од Алијансата за Албанците синоќа гостуваше во емисијата „360 Степени“ на Алсат каде обелодени дека според нивните анкети, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претседател Гордана Силјановска Давкова, е во водство пред кандидатот од редовите на СДСМ, Стево Пендаровски.

– Ние веруваме дека кандидатот што го поддржуваме, Берим Река, кој во последно време има поддршка и од други етникуми, има шанси да влезе во вториот круг на изборите. Таму, според нашето истражување, треба да се соочи со Силјановска, која засега има мала предност во однос на Пендаровски, но да видиме како ќе се одвива кампањата, бидејќи до тогаш има уште време, истакна синоќа Тараваари за време на гостувањето во „360 Степени“ на Алсат.

Градоначалникот на Гостивар демантираше дека Алијансата за Албанците има договор со ВМРО-ДПМНЕ за меѓусебна соработка.

– Тоа се шпекулации од кујната на ДУИ, кои беа единствена партија која имаше своја гостинска делегација на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, пред 10-15 дена направи Трајко Вељаноски да биде на слобода, за СДСМ ги донесе да работат Мијалков, Камчева, Муковски, Тодоров, истакна таравари во гостувањето.

Што се добива за летање орли во Србија? (Фото)

Пекари Албанци од панчевачкото село Долово летале орли, а фотографиите ги објавиле на интернет, a поради тоа Србија им испратила полиција.

Во текот на четвртокот во нивните домови полицијата извршила претрес, при што не биле пронајдени оружје и други инкриминирачки предмети, пренесуваат српските медиуми.

Соселани тврдат дека освен што објавувале фотографии од разлетани орли, стоеле и пред куќите со две пушки.

Српската полиција ќе ги гони пекарите за провокација.

Извор: “Република”

СДСМ: Откако сме на власт растат платите, невработеноста опаѓа

СДСМ денеска се огласија во јавноста со соопштение истакнувајќи дека имало рекорден раст во 2018 на платите, а тие растат и во 2019, па просечната плата во јануари е зголемена за 2 отсто.

Ви го пренесуваме текстот интегрално.

По рекордниот раст на просечната плата во декември 2018 година од 8,1 отсто, продолжува растот на платите. Платите растат и во 2019 година. Според официјалните податоци, просечната плата во јануари оваа година изнесува 24.517 денари, што е за 2 отсто повисока од просечната плата исплатена во јануари 2018 година.

Трендот на раст на платите што започна со зголемувањето на минималната плата, дополнително ќе се интензивира во следниот период. Платите ќе растат во сите сектори, предвидени се покачувања на платите од 5 отсто во образованието, здравството, детските градинки, одбраната, полицијата, судството. Позитивните економски политики и зголемената помош кон претпријатијата, отвораат можност за раст на платите и во приватниот сектор.

По рекордниот број странски инвестиции, растот на индустриското производство и извозот, растот на просечната плата е последниот економски показател што ја докажува успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ. Вратена е довербата во економијата, растат платите, се отвораат нови работни места, невработеноста опаѓа.

Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на мерките и политиките што обезбедуваат економски раст и развој, нови работни места, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани.

ДАЛ OТKAЗ И СЕГА УЖИВА ВО ЖИВОТОТ: “Вложив само 100 евра и сега живеам како цар”!

Џони Ворд има 33-години и заpaботyва уживајќи во животот. Момчето вели дека патува, а му плаќаат за тоа.
Заработил повеќе од 2 милиони евра со своите патувања, бидејќи ги наплатува рекламите на својот блог, на кој објавува фотографии од секаде низ светот.

Кога прв пат му се јавиле за реклама тој мислел дека е шега, но потоа сфатил дека сонот му се остварил. Вели инвестирал 100 евра, а заработил 2 милиони.

Џони е роден во Ирска и таму живеел од дете. Биле сиpoмашнo ceмеjcтво, па не можеле да си дозволат патувања.

По факултетот Џони решил да собере пари со медицински тестирања за патување. Тогаш се сетил на генијалната идеја. Решил да даде отказ од таа работа и да продолжи по својот пат.

Дека може да заработи од патувања се сетил уште при студирањето. Направил блог, инвестирал 100 евра и набрзо заработувал 4.000 евра месечно. Решил да ја посети секоја земја и а ги троши парите за себе и семејството економично.