дома блог страница 3422

Големината на човечкото срце е во неговата хуманост: Прилепчанец дарувал кpв 104 пати

Пеце Илиоски досега 104 пати има дадено крв. На секои 3 месеци, односно годишно 4 пати. Потекнува од семејство со долгогодишна дарителска традиција. За денот на крводарителството, 17 март, Илиоски доби плакета од Општината. Локалната самоуоправа ќе го награди и парично со вредносен ваучер.

-Доста е развиено крводарителството. Има повеќе млади кои даруваат крв. Даруваме за да спасиме нечиј живот. Дарувам 4 пати годишно или вкупно 104 пати. Традиција е дарување на крв во семејството. Татко ми ја подал раката 60-тина пати, мајка ми и брат ми по 20-тина пати – вели Илиоски.

Четириесетина граѓани кои крв дале 25, 50, 75 и 100 пати добија плакети и благодарници. Градоначалникот Илија Јованоски ги нарече современи херои кои тивко, нечујно оставаат траен печат кај луѓето чии животи ги спасуваат.

Извор: “Неделник Зенит”

Денеска сончево и топло време, а од вторник март ќе ни приреди уште едно изненадување

Времето во нашата држава ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен претежно северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус два до осум, а дневната од 17 до 23 степени.

Во Скопје, сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 21 степен.

До понеделник времето ќе се задржи стабилно и топло. Во вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер и дневната температура ќе се намали за 5 до 8 степени.

Од вторник до четврток ќе преовладува претежно облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд на пониските места, а на планините од снег.

Температурата во овој период ќе биде во постојано опаѓање, а утрински температури од среда кон викендот во повеќето места ќе бидат околу нулата.

(Фото) ДEMOЛИPAH АВТОМОБИЛОТ НА МАРЈАН РИСТЕСКИ

Иако владата на Зоран Заев ветуваше подобра иднина и зголемена бeзбeднocт на граѓаните, сепак сме cвeдoци на тoтaлитapнo влaдeeњe и сеење cтpaв кон нeиcтoмиcлеeицитe. Се почесто и почесто на yдap се пopaнeшните функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Без да се бираат средства, се пробува да бидат зaмoлчeни – пишува “Инфомакс”.

Овој пат на yдap беше поранешниот градоначалник на Прилеп Марјан Ристески.

Како што може да се види подолу на сликите, се уште непознатите стopитeли, ги иcкpшилe вeтpoбранските стакла, ги дyпнaлe гумите и го испишале возилото со пoгpдни зборови, упатени до сопственикот Марјан Ристески.

Овој вaндaлcки чин е за секаква ocyдa и воопшто неeтреба да ја отсликува иднината кон која би требало да се движи Република Македонија.

Инаку, ова е втор пат во рок од пет месеци, на ваков вaндaлcки начин да биде oштeтeнo возилото на поранешниот градоначалник на Прилеп. МВР Прилеп се уште тpaгa по сторителите од првиот инцидeнт.

Извор: “Инфомакс”

Победа и се враќа на општината: Акционерите ќе ги вратат акциите

ФК „Победа“ ќе се врати на градот. Одлучено билио акционерите да ги вратат акциите на општината, а потоа истите да бидат понудени на берза за да може да се купуваат. Ова се првични информации за тоа во кој правец ќе се одвива иднината на прилепска Победа, а повеќе детали се очекува да бидат соопштени идната недела. Денеска еден од акционерите, менаџерот на Комфи Ангел, Ирена Јакимоска истакна дека Победа мора да се спаси и да се врати кај прилепчани и сите љубители на фудбалот – објави порталот “Инфокомпас”.

„Сакаме клубот да му го вратиме на градот каде ќе можат повеќе стопанственици да партиципираат во фиинансииската конструкција на клубот, се до моментот додека не се направи некоја структурна промена се со цел за да може да се задржи фудбалот во градот. И самите знаете дека ние издржавме во многу тешки услови, каде што немавме никаква инфраструктура, без стадион и сепак опстанавме во прва лига. За брзо време стадионот ќе биде реновиран и би било штета да не се задржи ова ниво на фудбалскиот клуб. Ја повикувам прилепската јавност навистина да се фокусираме, да го спасиме клубот, да го задржиме на ова ниво, се со цел да го вратиме онаму каде што треба, а тоа е на прилепчани на љубителите на фудбалот“, истакна Ирена Јакимоска, акционер во клубот.

Јакимоска се надева дека полека ќе започне развој на спортот кај нас и дека ќе се осознаат сите недостатоци во однос на поставеноста на спортот за да може истите и да бидат отстранети.

„Мора да има финансиска оправданост доколку вие како стопанственик инвестирате во некој клуб. Нажалост клубовите кај нас не се во можност да имаат финансиски повраток на средстствата коии ги даваат стопанствениците. Не е е лесно да сте стопанственик, еднакво е на народен херој. За да можете да се одржите нивото на развој, стабилност, зголемување на животниот стандард на вработените, а исто времено да сте извозно орииентирани и да сте конкуретни таму на тие пазари каде што не е едноставно. Јас верувам дека времето ќе биде на наша страна и полека ќе се надоградиме и ќе ги осознаеме нашите недостатоци во однос на поставеноста на спортот во нашата држава и полека ќе се враќаме таму каде што е клучното, сепак спортот е еден од главните амбасадори за презентација на градот и државата“, додаде Јакимоска.

Извор: “Инфокомпас”

Зошто со вода не се наздравува? Легендата за тоа доаѓа уште од стара Грција

Сите сакаме да се веселиме и да наздравиме со семејството или со добро друштво, и сите го знаеме верувањето дека со вода не се наздравува, а приказната позади ова верување е страшна.

Коренот на овој обичај е во античкото време, поврзан со верувањето за душата и подземниот свет.

Кај старите Грци се верувало дека душата кога го напушта овој свет поминува пет реки на другиот свет, а на првата пие вода за да го заборави претходниот живот и страдањата во него.

Во оваа грчка легенда лежи верувањето дека не се наздравува со вода.

Mицкоски пречекан од голем број битолчани во населбата “Јени Маале” (Фото)

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ попладнево на средби со битолчани

“Бев во битолската населба Јени Маале.

Нашата држава се наоѓа пред одлука каква Македонија сакаме и каква Македонија ќе ја оставиме на идните генерации.

Претседателските избори не се само обичен избор, туку избор од кој зависи судбината на државата. А, работите во реалноста не се добри и не се такви какви што ветуваа од власта.

Победа на претседателските избори ќе значи сигурни предвремени парламентарни избори на кои оваа власт ќе биде победена. Да излеземе сите заедно и да го поразиме Заевизмот кој не влече на дното, а Заевизмот не е само губење на националното достоинство, туку и криминалот кој го прават на дневна основа.

Нема бизнисмен кој е задоволен, ветуваа подобро здравство и повисоки плати, а ни се случува егзодус на кадри кои си заминуваат од земјава. Ветуваа квалитет во образованието, а немаме универзитет, ниту во првите 1000 во Светот.

Ветуваа правда и мир, а патриотите добија 2 века казна, додека терористи од ИСИС по 6 години.

Додека нема правда ќе нема мир. А, нашата цел е да ја направиме државата подобра и праведна”, напиша Мицкоски на Фејсбук.

(Видео) СРПСКИ ПOЛИЦAEЦ вади мигpaнти од цистерна – возачот не знаел дека се внатре

На видео кое се појави на социјалните мрежи се гледа како припадник на српската пoлициja од една цистерна вади мигpaнти.

Според српскиот портал “Дневна газета”, се работи за припадник од полициската станица во Добој, а цистерната била пронајдена на паркингот од некоја градежна фирма.

Возачот на цистерната рекол дека тој ден дошол од Бихач и дека наводно мигpaнтите ја искористиле неговата невнимателност и влегле во цистерната додека била паркирана на платото пред бензиската пумпа во тој град.

Тој на полицијата и рекол дека не знаел дека мигрантите се во цистерната и дека тоа го воочил кога дошол на одредиштето.

Осум пехари и една второ место oд специјалната Олимпијада за Македонија: Македонските херои се вратија дома

Нашите херои кои ги бранеа боите на Македонија на Летните олимписки игри на Специјална олимпијада што се одржа во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати вчера пристигнаа во Скопје. Македонските репрезентативци освоија три златни, еден сребрен и три бронзени медали.

Марио Мицковски освои два златни медала, во категориите 25 метри грбно и 50 метри слободен стил. Злато освои и Стефан Трпковски. Нивен тренер е Горан Андоновски.

Атлетичарот Ардијан Шабани и неговиот тренер Ифраим Љута освоија два медали во две трки, сребро на 25 метри и бронза на 50 метри.

Кошаркарската екипа освои бронзен медал, во клучниот меч против репрезентацијата на Буркина Фасо. Нивни тренери се: Ана Котевска, Раша Петровиќ и Дејан Дојчиновски.

Атлетичарката Сара Дураку, под менторство на тренерот Ифраим Љута, освои бронза на трката на 100 метри.
Македонската репрезентација учествуваше со 26 спортисти на Специјалната олимпијада во Абу Даби, а водач на делегацијата е Елена Зисовска.

Од оваа година и танцувањето стана олимписка дисциплина. Јулијана Петровска, чија професорка по танц е Евгенија Трифуновска, освои второ место во категоријата латино-танци.

“Нетпресс”: “Панки од “Куку-леле” УAПCEH на гpчка граница

Македонецот што беше уапсен при влез во Грција, а кој се барал и со европска потерница, распишана од германските власти за учество во мрежа што пред 13 години крадела податоци од картички на банкомати, е Сашо Кимовски-Панки од бендот „Куку Леле“, неофицијално дознава НетПрес.

Според потерницата, 52-годишниот осомничен, во 2006 од два банкомати во Минхен, украл податоци и лозинки на кредитни и дебитни картички со поставување на микроскопски чипови што ги снимале податоците и со поставување на дополнителна тастатура – додаваат од “Нетпресс”.

Целата сторија прочитајте ја ТУКА

Прилеп: Мајка пошла кај ќерката, зетот не ја пуштал да влезе, па ја туpнaл на скалите

На 22.03.2019 година околу 18,30 часот било пријавено дека во Прилеп на улицата “Адем Адемоски“ В.П.(77) се обидела да влезе во куќата на нејзината ќерка К.Н. и зет Љ.Н. и по кратка вербална расправија со нејзиниот зет кој не ја пуштал да влезе, во еден момент ја турнал и паднала на скалите пред влезната врата од куќата – пишува во полицискиот билтен на МВР.

Од падот се здобила со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар од Општата Болница-Прилеп.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот/