“Мети со класнето” oригинална еко акција на професорка од Битола: Направија вистинско чудо во интерес на сите граѓани (Фото галерија)

Професорката Марија Магдалена Петковска Микаровска, заедно со дечките од нејзиниот клас во средното медицинско училиште “Јован Калаузи” oд Битола и повеќемина други млади и професори кои доброволно се пријавиле на повикот, вчера направија еко акција во која го чистеа просторот позади новиот пазар во Битола. Акцијата повеќе од успешна, а мисијата хумана и од корист за сите граѓани. Ваквите акции треба да бидат мотив за сите вработени во просветно-образовниот систем, но и за сите оние кои без грам совест ја загадуваат околината во која живеат. Од нас за дечките, професорката и сите ангажирани чиста петка, со надеж дека ќе го предизвикаат вниманието на нивните колеги и врсници насекаде низ Македонија.

Професорката оригинална и во името на акцијата, која беше насловена како “Мети со класнето”.

„Се собравме околу 60 луѓе. Winners!!!!! Не ми се веруваше искрено, сите со максимум мотивација за работа. Исчистивме голем дел од ѓубрето. Втора 6 на ниво на задачата. Имавме родители на децата, имавме луѓе кои го виделе повикот и сакаа да помогнат. Имаше случајни минувачи кои се приклучија и такви кои не гледаа како да сме вонземјани. Дојдоа од правен факултет, од другите класови каде што предавам, од Геосфера, класниот Мите со цел еден клас од горната гимназија, од млади хуманисти, од театар итн. Од нас за нас. “, напиша на Фејсбук професорката Марија-Магдалена Петковска Микаровска.

Професорката пишува дека по објавата за чистење се приклучиле и други граѓани, а пишува и дека од својата плата издвоила средства за да купат вреќи и нараквици за чистење на депонијата.

Секоја чест, немаме зборови со кои можеме доволно да ги пофалиме!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.