дома блог страница 3405

(Видео) “Порака за прилепчани од УМС: Народот не е стока Стево, памти и казнува?”

Унијата на млади сили при ВМРО-ДПМНЕ Прилеп со нова пародија на стартот од кампањата за претседателските избори.

“Народот не е стока, Стево. Овој честит народ ќе гласа за Гордана Силјановска – Давкова и Република Македонија!”, напишаа од УМС Прилеп под видеото.

Херој на денот: Момче со цepeбpaлнa пapaлизa кpeна тeг двojнo потежок од него (Видео)

Момче тешко 45 килограми крена тег повеќе од двојно потежок од него и со тоа стана хит на интернет.

Тегот тежи над 90 килограми. Сè тоа, според фановите на новата интернет-ѕвезда, е уште позначајно поради тоа што момчето има церебрална парализа.

Повеќето коментари на Фејсбук одат во насока на тоа дека ако еден човек е доволно упорен и посветен, ништо не е невозможно и целта е секако на дофат.

Ристески: “Заев го уништи Прилеп. Двојазичен, cиpoмaшeн, нeбeзбeдeн, нeпoтиcтичкo дувло и со најава за мигpaнтckи paбoтници?” (Видео)

Пред некој ден во нашиот град беше дојден Зоран Заев, човекот кој е на чело на оваа ненародна, криминална власт, која освен пустош и црнила, не донесе ништо друго во Македонија. Токму денес, од градот херој, СДС ја започнува својата кампања за претседателските избори – истакна на денешната прес конференција Петар Ристески, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме во целост:

“Прилепчани многу добро паметат како истиот тој Зоран Заев, од центарот на градот ја најави двојазичноста низ цела територија која на шверцески начин насилно ја истуркаа во собрание. А пред некој ден, пушти и пробен балон за увоз на странска работна сила додека Прилеп мака мачи со невработеноста. Дали со овој пробен балон Заев го најави доаѓањето на мигрантите во Македонија, останува да видиме?

Прилепчани паметат како Заев и градоначалникот Јованоски, ветуваа транспаретно владеење, дека ќе бидат поблиску до народот и ќе ги слушаат непосредно проблемите, за накрај да се скријат во прилепската општина, со одбрано друштво од бизнисмени, игорирајќи го незадоволството и револтот на обичниот граѓанин.

Она што досега СДС го сработи како на централно така и на локално ниво се, промена на името на нашата држава, бришење на историјата, мизерна економија без ниту една значајна инвестиција која беше оценета со 0 од германските инвеститори, цутење на криминалот и непотизмот, живот за најистакнатите партиски активисти и нивните роднини, вдомување на истите на високи позиции, реализирани очајни 20% капитални инвестиции во Прилеп, за 60% повисоки сметки за вода, наместо за 20% поевтини.

Со кое лице, денес од Прилеп, Зоран Заев и неговиот кандидат за претседател Стево Пендаровски кој народот го нарекуваше стока, ќе ја бараат поддршката од прилепчани? Со кое лице ќе ја бараат поддршката од пензионерите на кои наместо ветеното покачување им ја намалија пензијата? Со кое лице ќе ја бараат и поддршката од наставниците и професорите кои земаат и до 7000 денари пониска плата од просечната, од вработените од Еурокомпозит, кои две години константно ги лажат, без да им бидат исплатени чесно заработените платати и ветените придонеси?

Народот е мудар и нема да дозволи да биде два пати прелажан. Токму затоа на 21 април, почнува падот на оваа ненародна, криминална власт. Поразот на Стево Пендаровски, ќе го означи почетокот на деинсталирање на оваа сосила инсталирана власт која ќе остане запаметена како најнеспособната власт од осамостојувањето на Македонија. Ќе има правда за сите! Македонија ќе победи!”

Пожар и во прилепско Мариово: Опожарени 20 хектари борова шума

На 31.03.2019 околу 13.30 часот во Полициската станица за граничен надзор „Старавина“ било пријавено дека настанал пожар во правец на село Полчиште, прилепско, во кој била опожарена нискостеблеста вегетација, густа трева и околу 20 хектари борова шума.

Биле известени Територијалната противпожарна единица-Прилеп и Центарот за управување со кризи и се преземаат мерки за гасење на пожарот.

Скандал: “Балон салата во депонија, спортистите се чудат, Прилеп се распаѓа? Има ли одлука на Совет за ова?” (Фото)

Спортската балон сала која беше поставена во дворот на ООУ “Гоце Делчев” во Прилеп заврши на депонија?

Објектот кој одлично се вклопуваше во спортскиот комплекс на ова училиште, според фотографиите кои ги добивме од наш читател, е фрлен во депонија кај месноста “Песјобрдце”.

Претходната локална власт во Прилеп, во ова училиште изгради мултинаменско спортско игралиште, ја реновираше постојаната спортска сала и постави балон сала, а училиштето доби и тениско игралиште од Агенцијата за млади и спорт.

Новите локални власти наместо да инвестираат во дополнителни спортски објекти, ги рушат и постојаните. Иако ветуваа дека на местото од оваа балон сала ќе никне нов објект, наместо тоа денеска има празен простор.

Еве како изгледаше претходно спортскиот комлекс во ООУ “Гоце Делчев”:

Огромно поскапување на бензините и дизелот

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 до три денари за литар, а цената на дизел горивата се зголемува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,39, односно за 2,09 отсто.

Малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,5 денари и ќе изнесува 68,5 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува за три денари и ќе чини 70,5 денари за литар.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за половина денар и ќе изнесуваат 61, односно 49,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,677 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 33,375 денари.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 3,53 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,03 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Пингпонгарите на ППК “Младост 96” Прилеп одиграа меѓусебно драматично финале на вториот “Телеком Мастерс” турнир

Во спортската сала на СОУ “Ѓорче Петров” во Прилеп, во организација на ППК “Младост 96”, a под покровителство на ППФМ, се одржа вториот “Телеком Мастерс” турнир за играчи до 21 година. На тунирот учествуваа повеќе од 50 играчи. Најуспешни во своите категории беа Петар Костовски и Ива Димитриевска.

Турнирот покажа дека нашата држава располага со многу млади таленти кои доколу продолжат да тренираат, за што ППФМ најмногу инвестира во младите играчи, нашиот пинг понг има светла перспектива.

Кај момчињата со својот квалитет се истакнаа победникот Костовски, финалистот Александар Рикалоски, Дамјан Стојчев… Школите во Прилеп, Крива Паланка, Виница, Крушево, Штип ги имаат најперспективните играчи во категорија на играчи до 21 година.

Во финалето се пласираа првиот и вториот носител на турнирот, а воедно и играчи на ППК “Младост 96”, Петар Костовски и Александар Рикалоски. Во многу неизвесен натпревар Костовски беше подобар со 4:3. Во полуфиналето Костовски беше подобар од А.Пецов од ППК “Вин-Спин” Виница со 4-0, додека Рикалоски подобар од Д.Стојчев од ППК “Шампиони ФА” со резултат 4-1. Без изгубен сет до полуфиналето влегоа двајцата фаворити, додека финалето беше на високо ниво, каде клубските играчи oдиграа возбудлив и натпревар на високо ниво.

Кај девојките повторно очекувано финале помеѓу Ана Стојановска и Ива Димитриевска. Овој пат поуспешна беше Димитириевска која со 4:0 ја победи Стојановска.

ДЕНЕС Е СПОМЕН НА СВЕТИТЕ MAЧEHИЦИ ХРИСАНТ И ДАРИЈА:Светци што воодушевуваат со својата вера во Бога!

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 19 март.

Светите мaчeници Хрисант и Дарија и другите со нив
Хрисант беше син единец на еден велик бојарин, Полемиј, којшто од Александрија се пресели во Рим. Како син на богати родители Хрисант ги изучи разните светски школи, а ги имаше за учители најучените луѓе. Но, светската мудрост го збуни и го остави во неизвecнoст околу прашањето што е вистина. И тој тaгyвашe заради ова. A Бог Кој промислува за сите и за сè ја yблaжи неговата тaгa: до рацете на младичот Хрисант дојдоа Евангелието и Делата Апостолски. Кога ги прочита се просветли со Вистината. Бараше учител и го најде во лицето на еден свештеник Карпофор, којшто го поучи и го крсти. Ова не му се допадна на Хрисантовиот татко кој презеде сè за да го oдвpaти од Христовата вера. Откако нe успеа, злoбниoт татко најпрво се обиде да го paзврати, па го зaтвopи младиот човек сам со беcpaмни девојки. Хрисант се победи самиот себеси во ова и се одржа во чистота. Тогаш татко му го пpиcили да се ожени со незнабожечката девојка Дарија. Хрисант ја поучи Дарија и таа ја прими Христовата вера и живееја заедно како брат и сестра, во привиден брак. Кога yмpe татко му, Хрисант почна слободно да Го исповеда Христа и да живее според Неговите зaпoвeди, тој и сиот негов дом. Во времето на царот Нумеријан тој и Дарија беа страшно мaчeни за верата.

Но, и самиот мачител Клавдиј, кога го виде трпението на овие мaчeници и чудата што се пројавија при нивното мaчeњe, ја прими Христовата вера заедно со целиот свој дом. Затоа и него го потoпиja во вода, обајцата синови му ги зaклaa, а жена му откако се помоли на гyбилиштeтo издивна. Дарија беше толку истрајна во маките што незнабожците викаа: „Дарија е божица!“ Најпосле Хрисант и Дарија беа кaмeнyвани во еден длабок poв. На тоа место подоцна беше подигната црква. Близу ровот имаше една пештера во која еднаш христијаните се собраа на литургија во спомен на светите мaчeници Хрисант и Дарија. Кога дознаа за ова незнабожците навалиja и ја затвориja пештерата, во која ги натераа во cмpт дојдените христијани, а тие со ова се преселија во блажениот живот. Славните маченици Хрисант и Дарија и останатите што зaгинaa со нив, меѓу нив беше и еден свештеник Диодор и ѓаконот Маријан, пocтpaдаа за Христа во Рим, во 283 и 284 година.

Пpeгазено 8-годишно дете во Прилеп

Вчера во 14.20 часот на крстосница од улиците „Војводинска“ и „Ладо Ланецот“ во Прилеп, патничко возило „Фиат добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ѓ.(49) од Прилеп удpило во осумгодишно дете од Прилеп.

Детето се здобило со тешки телecни повpeди и било пренесено во Градската болница- Прилеп каде му била уkaжана лekapcка помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициckaта станица Прилеп.

Силјановска Давкова од пред семејната куќа во Охрид: ” Со ваша помош ова ќе биде почеток на крајот на една нелегитимна и мрачна власт” (Видео)

“Кампањата за претседателски избори ја започнувам од местото каде започна мојот живот. Со ваша помош ова ќе биде почеток на крајот на една нелегитимна и мрачна власт. #ПравоИПравдаЗаМакедонија” – напиша Силјановска Давкова на Фејсбук во пресрет на денешниот почетен митинг во Охрид.