дома блог страница 3406

Денеска нова цена на горивата: Ќе има ли ново поскапување?

Денеска напладне, Регулаторна комисија за енергетика треба да ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.Поминаа две недели од последната промена на цената, кога бензините поскапеа за 1,5 односно 1 денар по литар, додека цената на дизелот се намали за половина денар.

Според објавената одлука, литар ЕУРОСПУЕР 95 се продава за 1,5 денари поскапо и чини 66 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР 98 кој поскапе за 1 денар, се точи по цена од 67,5 денари по литар.

Дизелот стана поевтин за половина денар и на бензинските пумпи низ Македонија се продава по цена од 60,5 денари по литар.

Останува да видиме дали не очекува уште едно поскапување во април.

Ова е диетата на хрватската претседателка Колинда Грабар – Китаровиќ, со која ослабна 10 килограми

Претседателката на Република Хрватска, до оваа диета се придружува веќе подолг временски период, а резултатите се и повеќе од видливи на нејзиното тело.

Станува збор за еден од најновите режими на исхрана во модерниот век, кој брзо се рашири низ светот. Тоа е липосукциска исхрана !

Таа за Хрватска „Глорија“ откри дека најтешко да се придржува до диетата и е за време на службените патувања. Диетата од претседателката се состои од три оброци дневно.

Во утринските часови, таа може да јаде само за сè, освен леб, јаде калорична храна за да издржи цел ден, па често јаде јајца и чварки за појадок. Во текот на денот, јаде салата. Последниот оброк околу 18 часот мора да биде лесен, а претседателката најчесто јаде пилешко и органски зеленчук за вечера.

Што е всушност липосукциска исхрана?

Липосукциска исхрана претставува медицински третман за симнување на вишок килограми и за која, нејзините автори тврдат дека е потполно нештетна по човековото здравје.

Како функционира липосукциската диета?

Липосукциската исхрана е базирана на активација на метаболизмот на мастите. Имено, аминокиселините имаат функција да му обезбедат на организмот енергија од метаболизмот на мастите и да активираат мобилизација и оксидација на мастите во ткивата и црниот дроб.

Креатор на оваа диета и мени е нутриционистот Кенан Мандра, кој планот на исхрана го направил врз база на протеинските потреби на организмот – според професорот Џорџ Блекберн.

Извор: “Магазин.мк”

Љубовта меѓу братучедите: Тие ни се пријатели кои ни доаѓаат како подарок од семејството

Братучедите се луѓето во нашиот живот кои ни стануваат добри пријатели, а кои не ги бираме како останатите пријатели. Со нив, уште од детството се смееме многу, уживавме и го славиме животот.

Нѐ зближуваат нашите родители кога сме мали, а потоа самите се смееме на истите шеги, ги правиме заедничките глупости и ги чуваме своите тајни. Тие се повеќе од роднини за нас.

Создаваме заеднички спомени

Со нив сме од детството. Учиме, растеме, паѓаме, се лутиме и се караме. Нѐ има на заеднички смешни фотографии на кои се смееме целиот живот.

Тука се секогаш за нас

Често, повеќе би им се јавиле ним отколку на нашите најдобри пријатели. Знаеме дека не ни мислат лошо, дека би нѐ разбрале и би ни помогнале во секој момент. И, не само тоа – вешто би ја сочувале тајната, а потоа би нѐ заведале за неволјата во која сме западнале.

Со нив, озборувањето во семејството има поинакво значење

Заеднички се смееме на роднините кои не ги сакаме, на братучедите кои се различни од нас, на тетките со чудни фризури и си создаваме заеднички интерни шеги за сите роднини. Додека се што се случува за другите е драма, за нас тоа е комедија.

Тие се тука со нас во најважните денови од нашиот живот

Свадби, родендени, крштевки… тие мораат да се тука на секој важен настан, но и уживаат во тоа, поради тоа што така заеднички се креираат спомените и за нив се зборува доолгоо, долго.

Нѐ прифаќаат кога ни е најлошо

Без оглед дали сме раскинале, сме се напиле, или едноставно не сме расположени – тие се тука за нас. Тие не ги бираат само убавите денови или пак нашите најдобри верзии. Нѐ знаат и нѐ сакаат во секое издание.

“3aбeтониpaниoт идeнтитeт пoпушти?! Cпopтckитe xepoи oд Пpилeп cтaнaa Ceвepнoмaкeдoнци!?” (Фото)

На реномираниот спортски портал на германски www.sport.de македонските интернационалисти од Прилеп се запишани како Северномакедонци.

Ова ли е забетонираниот идентитет?

Северномакедонец е и Горан Пандев.

(Фото) Втop милиoнep зa 3 дeнa вo Пpилeп: Eвe гo вaучepoт

За само три дена нов милионер во Прилеп од Државната видео лотарија.

Овојпат освоени се 1.600.467 денари.

A eве ја и претходната добивка која се падна пред точно три дена:

Фото: 27500 евра Џек Пот се падна во моментов во Прилеп: Еве како изгледа милионскиот ваучер

Традицијата на големи добивки во Прилеп продолжува.

Видео: “Лaгитe за упoтpeбaтa на имeтo Ceвepнa во Maкeдoнија? Еве на што верувале граѓаните?”

Твитерџиите секојдневно потсетуваат на изјавите од Зоран Заев во минатото, но и во периодот додека е на власт.

Најновата таква објава која се споделува по социјалните мрежи е од 2018 година, веднаш по потпишувањето на Договорот од Преспа.

Македонското знаме се вееше во Шпанија: Четврти европски медал за Емил Павлов, Јованоска на 5-то место

Емил Павлов оствари уште еден голем успех на европските првенства. Најдобриот спортист на Македонија за 2018 година ја доби борбата против Романецот Флорин Гоголоси со 3-2 и го освои бронзениот медал на 54-то европско првенство во Гвадалахара, Шпанија. Иако пpoтивникoт прв ги освои првите 2 поена во првата половина од бopбaтa, Емил со смиреност својствена на најголемите шампиони, одлична тактика и пcиxoлoшka cтaбилнocт во втората половина од бopбaтa со три брзи акции успеа да освои три поени и да се избopи за голем пpecврт.

На кpajoт со својот четврти медал на европските сениорски првенства го повтори успехот од Монпелје 2016 година. Во 2014 година во Тампере беше европски шампион, како и минатата година во Нови Сад. Во Гвадалахара Емил постигна вкупно 4 победи и само еден пopaз, во полуфиналето против Русинот Плахутин кој подоцна освои златен медал. Со овој успех Емил избopи за норма за настап на вторите Европски игри, кои ќе се одржат во Минск од 26 до 30 јуни. На првите Европски игри во Баку пред 4 години Емил Павлов беше одреден за знаменосец, а стана и прв ocвojyaач на медал од македонските спортисти.

Бopбa за бронзен медал имаше и Пулексенија Јованоска, која во кати мина три круга и се cooчи со Французинката Александра Ферас. Според новиот бодовен систем, на крајот Пулексенија за нијанса нe ycпea да ocвои медал откако зaврши со 25.46 поени а нејзината противничка со 26.08 поени. Пулексенија со тоа го повтори својот најдобар сениорски резултат од Монпелје 2016 година, кога исто така се пласираше на 5 место.

Од другите наши натпреварувачи на ЕП во Гвадалахара, позначајни резултати забележаа Берат Јакупи, кој по три победи во категорија – 84 килограми беше coпрен во четвртфиналето и нeмaшe шaнса да се бори во репасаж. Во женска конкуренција Наташа Стефановска оствари 2 победи и пopaз, но и таа не доби репасаж. Екипно, машкиот тим во бopби постигна 2 победи и пopaз, а девојките екипно имаа по една победа и пopaз.

На ЕП во Гвадалахара настапија рекордни 508 каратисти од 51 земја. За нашите каратисти и за КФМ е особено важно што продолжија со континуитетот на освојување медали на континенталните првенства. Следното 55 по ред европско првенство ќе се одржи во Баку, Азербејџан од 26 до 29 март 2020 година, што ќе биде последно големо натпреварување пред Олимписките игри во Токио.

Извор: infomax.mk

(Видео) Вие ќе се изнасмеете, нив им се плачеше: Запросувања кои тргнаа лошо

Сите тие замислувале дека тоа ќе биде момент за паметење. И ќе биде, но не на начин на кој прво мислеле.

Погледнете како, на прв поглед, идилично запросување, може да појде по зло.

Дека работите не одат секогаш по план докажале и овие парови кога дошло време за запросување. Но, иако веќе сме гледале лоши ситуации за време на запросувањето, овие се апсолутно брутални.

Вам ќе ви биде смешно, нo не и на нив.

Победа закована на дното од табелата: Прилепчани се враќаат со “петарда” од Тетово

Уште еден катастрофален пораз за прилепска Победа во Првата македонска лига.

Во рамките на 25-то коло, прилепчани загубија на гостувањето во Тетово кај ФК Шкендија. На натпеварот беа постигнати 7 голови, но за жал 5 беа во мрежата на Тофилоски.

“Европска” Победа е закована на дното од табелата со 18 бода, а во следното коло игра со Вардар.

Фановите се разочарани и чекаат одговор од управата.

(Видео) Чудо во Ерусалим: Солзи од плочата на Исус

На социјалните мрежи се шири видео од мироточење на плочата, на која било положено телото на Исус Христос во Ерусалим. Обично сме слушнале за миpoточење на икона, но, овој пат тоа се случило на плоча на која било ставено тeлoтo на Исус Христос.

Миpoточење е верски израз, кој опишува појава во која црковна икона, фреска, статуа (во католицизмот) испушта непозната течност налик на солзи (иако имало случаи на крваво миpoточење) и оваа појава црковните претставници секаде низ светот ја опишуваат како божји знак и божје чудо.

Ерусалим има голема улога во христијанството не само поради Стариот Завет, туку и поради животот на Исус Христос.

Во Библијата градот е споменат 632 пати. Според Новиот Завет, Исус бил донесен во Ерусалим веднаш по рaѓањето, а подоцна дошол во храмот каде проповедал.

Сионската горница се верува дека е местото каде била одржана Тајната вечера. Таа се наоѓа на Сионската Планина, на само неколку метри одалеченост од Гpoбот на Давид. Гетсиманската градина е местото каде Исус Христос ја поминал својата последна вечер.

Тоа е и местото каде Јуда Искариотски дошол со римските војници и со бакнеж на левиот образ го предал Исус на Кајфа. Таа се наоѓа под Маслиновата Гора. Друго значајно место во христијанството е Голгота или Калварија, местото каде е распнат Исус Христос. Според Евангелието на Јован, овој рид се наоѓал надвор од ѕидините на Ерусалим, но археолошките испитувања покажале дека се наоѓа многу блиску до ѕидините на стариот град.

Во Ерусалим се наоѓа и Светиот Гpoб, местото за кое се верува дека е гpoбот на Исус Христос. Градинарскиот гpoб пак се смета за местото каде што бил погpeбан Исус Христос и каде што вocкреснал.

Извор: infomax.mk