дома блог страница 3404

“Ќе го заштитиме името со потпишувње на Клаузула за непроменливост!”

Професорката Гордана Силјановска Давкова ја започна претседателската трка од Охрид.

На големиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ професорката најави зачувување на името со потпишување на Клаузула за непроменливост.

“Јас ветувам дека ќе бидам претседател по свое, но ќе го почитувам Уставот и законите. Ќе водам економска дипломатија, културна дипломатија, спортска дипломатија кои се помоќни од традиционланата дипломатија. Но, за ова се потребни квалитетни, компетентни луѓе.

Оние кои нема да ја претставуваат Македонија на вистински начин, ќе ги отповикам.

Ќе го користам ветото секогаш кога се работи за неуставни закони и секогаш ќе ги аргументирам моите ставови. Ако не ги почитувааат ќе се обратам пред Собранието. За да докажам дека никој не е над Уставот.

Наместо еднаш ќе се обраќам постојано пред пратениците, за да адресирам горливи прашања. За егзодусот на младите, лекарите, заштита на човековата средина. Заштита на средината е безбедносно прашање.

Судиите во Уставниот суд кои имам право да ги предлагам, членовите на Советот за безбедност со кој ќе претседавам, ќе бидат олицетворение на знаење и компетентност. Само така Македонија ќе се европеизира.
Во надворешната политика и во одбраната, ќе водам сметка за заедничката надлежност. Консензусот е тогаш потребен и нужен, но доколку моите стратегии не наидат на прифаќање, ќе го информирам Собранието и граѓаните.

Јас не ги учам само студентите. Учам од нив. Јас не ве учам овде. Јас сум вашиот ученик.
Моите порти ќе бидат отворени за народот. Мојот легитимитет извира од граѓаните а не обратно”.

(Фото) Ципрас го чекаме со нова табла пред Влада – Битно аеродромот во Солун се вика Македонија

Владата вечерва ја постави плочата со новото име Република Северна Македонија пред влезот на зградата.

Името „Влада на Република Северна Македонија“ е преведено на три јазици, на македонски, албански и англиски.

Таблата со новото уставно име е поставена еден ден пред посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас, прв грчки премиер кој доаѓа во официјална посета на државата од осамостојувањето.

(Фото) Хамбургер вреден 800 евpa: Погледнете што има во него

Еден ресторан во Токио од денес нуди хамбургер вреден 800 евра како дел од прославата за доаѓањето на новиот цар на почетокот од мај.

Хамбургерот е тежок три килограми. Во него има телешко месо и црни тартуфи, а на горниот дел “златна прашина”.

“Сакаме да го прославиме доаѓањето на новиот цар и новата ера во Јапонија”, рече шефот на куњата на ресторанот, Патрик Шимада, Американец со јапонско потекло.

Хамбургерот кој е наречен “златен џиновски бургер” ќе ги чини гостите 100.000 јени (800 евра) и ќе биде на менито до крајот на јуни.

Фатен крушевчанец додека потпалувал шумски пожap

Полицијата во околината на Крушево привела маж, додека потпалувал шумски пожap. Токму во овој регион состојбата со пожapите е наjkpитична.

Според центарот за управување со kpизи, има активни пожapи во Битолскиот регион.

Пожapoт кој започна на вчера во атарот на с.Норово кон с.Селце, општина Крушево е сеуште активен. Гopи нискостеблеста дабова шума на површина од над 100 до 150 ха. Пожapoт и во текот на денот се шири зафаќајки и мешана нискостеблеста и висока дабова и букова шума. Заради ваквата состојба во утринските часови беше ангажиран хеликоптер од АРМ. Истиот е сеуште на терен и го гасне пожapoт, а во пладневните часови пристигна уште еден хеликоптер од АРМ и пожарот интензивно се гасне со двата хеликоптери. Приземно интервенираат пожapникари и вработени од ЈП Македонски шуми, ШС „Липа“ Крушево.

На територијата на општина Крушево активен е и пожapот кај с.Јакреново кој започна во синоќешните часови каде гори нискостеблеста дабова шума во површина од 0,5 ха., со тенденција на проширување.

Нов пожар има во атар на с.Врбоец, општина Крушево. Со пожарот зафатена е дабова и букова шума. На терен е упатена екипа пожapникари и вработени од ЈП Македонски шуми ПШС,,Липа,, Крушево, месно население, како и вработени во ЕЛС Крушево.

ВО ЖИВО: Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид

ВМРО-ДПМНЕ вечерва со митинг во Охрид ја започнува својата предизборна кампања за претстојните претседателски избори.

Митингот започнува во 20:00 часот, а на него ќе се обратат кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Митингот можете да го следите во живо на следниов линк:

Опстpykциja: Реки автобуси блokиpaни пред Охрид? Македонија се пресели вечерва во балканската убавица

Вечерва сите патишта водат кон Охрид. Професорката Гордана Силјановска Давкова ја започнува претceдателската kaмпања од Балкански Epусалим.

Она што беше за очекување во моментов се остварува? Опcтpykција од страна на власта и запирање на колони од автобуси кои пристигнуваат да и дадат поддршка на професорката?

(Видео) Мирно ловеше риби, а потоа фати нешто големо: Огромната риба за малку ќе го повлечеше во морето, но тој не се откажа

Џон Виздом од Флорида мирно ловеше од мост, кога за неговата јадица се фати огромна риба.

Јадицата не ја испушташе од раце, но не знаеше со што си има работа. Беше сигурен дека ќе биде голем улов, бидејќи беше потребна голема сила да се избори со рибата.

Трчаше по мостот кој го поврзува островот Санибел со Флорида, а другите рибари мораа да се тргнат од патот.

Иако можеше во секој момент да падне во вода, тој не се откажа. Набрзо и рибата се измори, па Џон мораше да влезе во вода како би ја извлекол:

Толку од убавото време – подгответе се за промена

Времето денеска во целата земја e сончево и малку потопло со мала локална облачност. Дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.

Дневните темепратури се движат во интеревалот од 14 до 25 Целзиусови степени.

Утре времето ќе биде малку до умерено облачно, во средината на денот и попладне со локален дожд претежно во планинските региони. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Дневните температури ќе бидат во Скопје 20 степени, Маврово 12, Охрид 14, Битола 17, Кавадарци 20, Берово 13, Крива Паланка 17, Дојран 23.

(Видео) ДИЈАСПОРАТА ОД СИДНЕЈ ПОРАЧА: Цел град ечеше ,,Едно име имаме”!

Едно име имаме ечеше среде Сиднеј, македонската дијаспора уште еднаш ја покажа љубовта кон својата татковина. Видеото е направено на 29 март во Сиднеј, Австралија.

Видео: “Градоначалникот два пати проверуваше дали Заев му личи на Тито!?”

Премиерот Зоран Заев пред неколку дена беше во посета на Прилеп, каде имаше средба со градоначалникот Јованоски и дел од претставниците на бизнис секторот во Прилеп и Битола.

После средбата во општина Прилеп, Заев беше запрашан од новинарка како го коментира тоа што претседателот на СДММ го спореди него со Јосип Броз Тито.

Прилепчани деновиве видеото го споделуваат на социјалните мрежи, а дел од нив се пошегуваа со градоначалникот Јованоски, дека два пати проверил дали Заев му личи на Тито.

Погледнете: