дома блог страница 3403

Рис, срна, дива мачка – Што сè уловија „фото замките“ во НП Маврово

Националниот парк Маврово на својот Фејсбук профил објави 40-тина фотографии од животните кои поставените фото – замки ги уловиле во шумите на паркот. Дива мачка, дива свиња, срна, рис и уште неколку животни може да се видат во албумот на националниот парк.

Брука: По идентитетот ни се урниса и химната?

Еден од главните пропусти што беше забележан при денешниот пречек на грчкиот премиер, Алексис Ципрас, пред Владата е тоа што не беше интонирана химната на Република Македонија. Тоа е вообичаена пракса при секоја официјална посета на висок функционер, а освен тоа се даваат и највисоки воени почести, што не беше случај овој пат.

Од Владата велат дека речиси сите протоколарни свечености биле изоставени затоа што доцнел авионот на Ципрас.

Фејсбук воведува ново правило – ако не се почитува, цената ќе биде голема

Со усвојување на членот 13 од Директивата, Европскиот парламент воведе „цензура“ на социјалните мрежи.

Овој член треба да обезбеди секоја објава на социјалните мрежи, да не ги руши авторските права, а предизвика голема полемика, бидејќи критичарите тврдат дека ова е обид за гушење на интернетот.

Адвокатот за авторски права Драган Милиќ вели дека овој член не забранува ништо што веќе не е забрането. Непочитувањето на нечии авторски права и дела, без оглед дали станува збор за фотографии или музика, и досега беше забрането на нашите и на меѓународните конвенции.

Милиќ објаснува дека платформите пред објавување мора да вршат проверка, дали со објавувањето на одреден пост или фотографија доаѓа до кршење на нечии авторски права, што многумина го толкуваат дека повеќе нема да може да се ретвитнуваат туѓи твитови.

-Споделувањето музика од Јутјуб, статус на Фејсбук или ретвитнување не се забранети, бидејќи корисникот кој ги објавил во подесувањето подесува дали ќе бидат дозволени. Исто така со споделувањата остануваат видливи податоци за изворот. Меѓутоа, симнување содржина која е заштитено авторско дело и негово повторно поставување на свој профил, носи одговорност – заклучува тој.

„Фејсбук“ воведува построги правила за политичко рекламирање и за Европската унија, со што социјална мрежа се подготвува за изборите за Европски парламент.

Со новите ограничувања ќе бидат запознаени сите рекламни агенции, соопшти компанијата и изрази надеж дека дополнителните проверки на идентитетот и локацијата ќе создадат реална бариера пред секој кој планира да ги искористи рекламите за надворешно мешање во изборите во одредена земја.

Ограничувањата се однесуваат на содржина поврзана со предизборна кампања на политичари или политички партии, како и за политички реклами кои имаат за цел агитирање или одвраќање на луѓето од гласање. Слични мерки беа воведени во последните месеци за изборите во Индонезија и Канада.

Фејсбук веќе воведе услов секој огласувач, кој сака да објави политичка реклама, да биде проверен и да го потврди својот идентитет и локација. Ако не биде одобрен, нема да има право да објави реклама. Овој вид на рекламирање исто така ќе биде обележан, а огласувачот ќе мора да покаже кој е изворот на финансирањето. Овие нови правила првично се воведуваат во САД, а во наредните месеци и во остатокот од светот.

(ВИДЕО) Гаф на Заев, се смееја и неговите поддржувачи: Турците се бореле против Османлиите

Во историското Крушево премиерот Зоран Заев ја промени историјата. Тој изјави дека на Мечкин Камен против Османлиите се бореле и Турците.

Контраверзната изјава или лапсузот не можеше да помине неприметно ниту кај поддржувачите на трибината. Жителите на Крушево не издржаа, па почнаа да се смеат.

Погледнете го видеото:

Репертоар на народниот театар “Војдан Чернодрински” од Прилеп

ЧЕТВРТОК, 04.04.2019 – 19.30 ч. „Демократија“, режија Кирил Петрески

ПЕТОК, 05.04.2019 – 20.00 ч. „Демократија“, режија Кирил Петрески

Од денеска попладне и во наредните денови, дожд и пониски температури

Пад на температурата за пет до седум степени и врнежи од дожд во наредните денови најавуваат метеоролозите.

Од денеска попладне, како што информираат од УХМР, следува период на променливо облачно време со локални врнежи од дожд и со умерен јужен ветер. Од среда дневните температури ќе се намалат за пет до седум степени.

Денеска минималната ќе се движи од минус два до пет, во среда од два до осум, четврток од еден до седум, петок од два до осум, сабота од три до девет и недела од четири до 10 степени. Дневната, пак, утре ќе биде во интервал од 13 до 23 степени, среда од 11 до 18 степени, четврток од 12 до 18, петок од 12 до 19, сабота од 13 до 19 степени и недела од 16 до 22 степени.

Народна банка распиша тендер за десетденарки со новото име на државава

Народна банка на Република Македонија распиша тендер за набавка на книжни пари изработени од полимер со апоенска вредност од 10 денари.

Во тендерската документција се вели дека дизајнот вклучува и промена на името Народна банка на Македонија во Народна банка на Република Северна Македонија, како и дека НБРМ се менува во НБРСМ секаде каде што се споменува на парите.

Критериум за доделување на договорот е најниската цена, а понудите ќе се отвараат на 15 мај.

Извор: “Република”

Видео: “Солзи сами капеа, кога ги виде Заев и Пендаровски, па си ја истури душата?”

Нов хвалоспев за Зоран Заев приредија симпатизерите и членовите на СДСМ. Имено овој пат на трибината на СДСМ во Прилеп, една од поддржувачките на СДСМ немаше зборови како да го пофали својот лидер Зоран Заев. Погледнето го ова ,,ежење”:

Извор: “Инфомакс”

После напорниот ден и успешниот митинг, Силјановска со младите на рокенрол музика (Фото)

“Нема поубав почеток од оној со младите. Хавана во Охрид е вечерва местото кај што се дружиме. Ве поканувам сите”, напиша Силјановска на Фејсбук.

Стаса казната за непотизмот, двојазичноста, новото име, пониските пензии, цената на водата? Катастрофален пречек за СДСМ?

Тажни лица ги пречекаа пречекаа Премиерот и “консензуалниот” претседателски кандидат Стево Пендаровски вечерва во Прилеп.

Ваков дебакл беше и за очекување имајќи предвид дека токму од Прилеп беше кажана најголемата предизборна лага на Зоран Заев.

Народот му даде црвен картон и од вечерва им е јасно што може да очекуваат на изборите.

Што се однесува до претседателскиот кандидат, народот добро памети што зборуваше Стево Пендаровски:

Доколку не се сеќавате што се ветуваа пред да дојдат на власт, погледнете одлична компилација на предизборни лаги ала СДС: